Свети Писма
Учење и Завети 94


Поглавје 94

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 2 Август, 1833. Хајрим Смит, Рејнолдс Кахун, и Џаред Картер се назначени како Црковен комитет за градба.

1–9, Господ дава една заповед поврзана со издигнувањето на дом за делото на Претседателството; 10–12, Еден дом за принтање треба да биде изграден; 13–17, Одредени наследства се назначени.

1 И повторно, вистина, Јас ви велам на вас Мои пријатели, една заповед Јас ви давам, да започнете едно дело на положување и подготвување на почеток и основа на градот за колот на Сион, овде во земјата Киртланд, почнувајќи со Мојот дом.

2 И ете, мора да биде направено според моделот која Јас сум ви го дал.

3 И нека првото земјиште на југ биде посветено при Мене за градење на дом за претседателството, за делото на претседателството, во стекнување на откровенија; и за делото на служење од претседателството, во сите нешта во врска со црквата и царството.

4 Вистина, Јас ви велам, дека ќе биде изградено педесет и пет со шеесет и пет стапала во широчина таму и во должина таму, во внатрешен двор.

5 И ќе постои помал двор и повисок двор, според моделот кој јас ќе ви го дадам оттука натаму.

6 И ќе биде посветено на Господ од основата таму, според наредбата на свештенството, според моделот кој ќе ви биде даден оттука натаму.

7 И ќе биде целосно посветен при Господ за делото на претседателство.

8 И вие нема да дозволите било какво нечисто нешто да влезе во него; и Мојата слава ќе биде таму, и Моето присуство ќе виде таму.

9 Но ако влезе во него било какво нечисто нешто, Мојата слава нема да биде таму; и Моето присуство нема да влезе.

10 И повторно, вистина Јас ви велам, второто земјиште на југ ќе биде посветено при Мене за градење на дом при Мене, за дело на принтање на преводот на Моите свети писма, и сите нешта кои Јас ќе ви ги заповедам.

11 И ќе биде педесет и пет по шеесет и пет стапала во широчина таму и должината таму, во внатрешниот двор, и ќе има понизок и повисок двор.

12 И овој дом ќе му биде посветен на Господ од основата тамошна, за дело на принтање, во сите нешта кои Јас ќе ви ги заповедам, да биде свет, неизвалкан, според моделот во сите нешта како што ќе ви биде дадено.

13 И на третото земјиште Мојот слуга Хајрим Смит ќе го прими неговото наследство.

14 И на првото и второто земјиште на север Моите слуги Рејнолдс Кахун и Џаред Картер ќе го примаат нивното наследтво—

15 За да можат да го прават делото кое Јас им го назначив, да се биде комитет да се изградат Мои домови, според заповедите, кои Јас, Господ Бог, сум ви ги дал.

16 Овие две куќи не треба да се изградени додека Јас не ви дадам заповед во врска со нив.

17 И сега Јас не ви давам повеќе во ова време. Амин.