Свети Писма
Учење и Завети 56


Поглавје 56

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 15 Јуни, 1831. Ова откровение го казнува Езра Таир зашто не послушал поранешно откровение („заповедта“ за која се посочува во стих 8), што Џозеф Смит ја беше примил за него, што го упати Таир во врска со должностите на фармата на Фредерик Г. Вилијамс, каде што живее. Следното откровение исто така го отповика повикот на Таир да патува до Мисури со Томас Б. Марш (видете поглавје 52:22).

1–2, Светците мораат да го земат нивниот крст и да го следат Господ да стекнат спасение; 3–13, Господ заповеда и отповикува, и непослушните се отфрлени; 14–17, Тешко на богатите кои не им помагаат на сиромашните, и тешко на сиромашните чии срца не се скршени; 18–20, Благословени се сиромашните кои се чисти во срцето, зашто тие ќе ја наследат земјата.

1 Послушајте, О вие луѓе кои го проповедате Мое име, кажа Господ вашиот Бог; зашто ете, Мојот гнев е распален против побунетите, и ќе дознаат за Мојата рака и Мојот презир, во денот на посета и бес врз нациите.

2 И тој што нема да го земе неговиот крст и ме следи Мене, и ги одржува Моите заповеди, истиот нема да биде спасен.

3 Ете, Јас, Господ, заповеда; и тој што нема да послуша ќе биде отсечен во Моето одредено време, откако Јас сум заповедал и заповедта е прекршена.

4 Затоа, Јас, Господ, заповедам и отповикувам, како што ми се чини добро; и сето ова да биде одговорено врз главите на побунетите, кажа Господ.

5 Затоа, Јас ја отповикувам заповедта која им беше дадена на Моите слуги Томас Б. Марш и Ерза Таир, и дадам нова заповед при Мојот слуга Томас, дека ќе патува брзо до земјата на Мисури, и Мојот слуга Села Џ. Грифин исто ќе оди со него.

6 Зашто ете, Јас ја отповикувам заповедта која беше дадена на Моите слуги Села Џ. Грифин и Нувел Најт, како последица за вкочанетоста на Мојот народ кои се во Томпсон, и нинвите бунтовници.

7 Затоа, нека Мојот слуга Нувел Најт остана со нив; и онолку колку што сакаат можат да одат, кои се покајнички пред Мене, и да бидат водени од него до земјата која Јас ја назначив.

8 И повторно, вистина Јас ви велам, дека Мојот слуга Езра Таир мора да се покае од неговата гордост, и од неговата себичност, и да ја слуша претходната заповеда која Јас сум му ја дал во врска со местото каде што тој живее.

9 И ако го стори тоа, како што нема поделби направени врз земјата, тој ќе биде назначен да оди во земјата Мисури;

10 Во спротивно тој ќе ги прими парите кои тој ги платил, и ќе го напушти местото, и ќе биде отсечен од Мојата црква, кажа Господ Бог на војските;

11 И иако небесата и земјата минуваат, овие зборови нема да поминат, туку ќе бидат исполнети.

12 И ако Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., мора да ги плати парите, ете, Јас, Господ, ќе му платам во земјата Мисури, за оние од кои ќе примат да бидат наградени повторно според тоа што го прават;

13 Зашто според тоа што сторат тие ќе примаат, дури и во земјата на нивно наследство.

14 Ете, така кажа Господ при Мојот народ—имате многу работи да правите и да се покаете; зашто ете, вашите гревови дошле при Мене, и не се простени, зашто барате да се советувате на ваши начини.

15 И вашите срца не се задоволни. И не ја слушате вистината, туку имате задоволство во неправедноста.

16 Тешко на вас богати луѓе, кои нема да им дадете од вашиот имот на сиромашните, за ваше богатство ќе ги расипе вашите души; и ова ќе биде вашето оплакување на денот на посета, и на пресуда, и на презир: Жетвата е помината, летото заврши, и Мојата душа не е спасена!

17 Тешко на вас сиромашни луѓе, чии срца не се скршени, чии духови не се покајнички, и чии стомаци не се задоволени, и чии раце не се оставени од положување на имотите на други луѓе, чии очи се полни со алчност, и кои нема да работат со сопствени раце!

18 Но благословени се тие сиромашни кои се чисти во срце, чии срца се скршени, и чии духови се покајнички, зашто тие ќе го видат царството на Бог како доаѓа до моќ и голема слава за нивно избавување; зашто плодноста на земјата ќе биде нивна.

19 Зашто ете, Господ ќе дојде, и Неговата надокнада ќе биде со Него, и Тој ќе ги награди секој човек, и сиромашниот ќе се радува;

20 И нивните поколанија ќе ја наследат земјата од поколение до поколение, засекогаш и секогаш. И сега Јас ставам крај на говорењето на вас. Дури и така. Амин.