Свети Писма
Учење и Завети 3


Поглавје 3

Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот, во Хармони, Пенсилванија, Јули 1828, во врска со загубата на 116 страници од ракопис преведени од првиот дел на Книгата на Мормон, кој беше наречен книгата на Лехи. Пророкот неодлучно беше дозволил овие страници да преминат од негов посед во посед на Мартин Харис, кој беше служел за краток период како писар во преводот на Книгата на Мормон. Откровението беше дадено преку Урим и Тумим. (Видете поглавје 10.)

1–4, Правецот на Господ е еден вечен круг; 5–15, Џозеф Смит мора или да се покае или да го изгуби дарот за преведување; 16–20, Книгата на Мормон се појавува да го спаси потомството на Лехи.

1 Делата, и плановите, и целите на Бог не можат да бидат поништени, ниту да станат ништожност.

2 Зашто Бог не чекори по криви патишта, ниту се врти на десната страна ни на левата, ниту варира од тоа што Тој го вели, затоа Неговите патишта се прави, и Неговиот правец е еден вечен круг.

3 Запомни, запомни дека не е делото на Бог што е спречено, туку делото на човекот;

4 Зашто иако еден човек може да има многу откровенија, и да има моќ да прави многу моќни дела, сепак ако тој се фали со неговата сопствена сила, и ги смета за ништо советите на Бог, и го следи гласот на сопствената волја и телесни желби, тој мора да падне и да ја навлече одмаздата на еден праведен Бог врз него.

5 Ете, на вас ви беа доверени овие нешта, но колку строги беа вашите заповеди; и исто така запомнете ги ветувањата кои беа направени на вас, ако не ги прекршевте.

6 И ете, колку често вие ги престапувавте заповедите и законите на Бог, и тргнавте по убедувањата од луѓето.

7 Зашто, ете, не требаше да се плашите од човекот повеќе од Бог. Иако човекот ги смета за ништо советите на Бог, и ги презира Неговите зборови—

8 Сепак требаше да бидете верни; и тој би ја испружил Неговата рака и би ве поддржала против сите огнени стрели на непријателот; и тој би бил со вас во секој момент на неволја.

9 Ете, ти си Џозеф, и ти беше одбран да ја правиш работата на Господ, но поради престап, ако не си свесен ти ќе паднеш.

10 Но запомни, Бог е милостив; затоа, покај се за тоа што си го направил што е спротивно на заповедите кои јас ти го дадов, и ти си сеуште одбран, и повторно си повикан за делото;

11 Само ако го направиш ова, ти ќе бидеш избавен и ќе станеш како другите луѓе, и повеќе нема да имаш дар.

12 И кога ти го достави тоа кое Бог ти беше дал вид и моќ да го преведуваш, ти доставуваш тоа што е свето во рацете на еден пакосен човек,

13 Кој ги сметаше за ништо советите на Бог, и ги прекршил најсветите ветувања кои беа направени пред Бог, и зависеше врз неговата сопствена проценка и се фалеше во неговата сопствена мудрост.

14 И ова е причината зошто ти си ги изгубил твоите привилегии за една сезона—

15 Зашто ти си дозволил советот на твојот управник да биде згазен од почетокот.

16 Сепак, Моето дело ќе продолжи напред, бидејќи онолку колку што знаењето за еден Спасител дошол во светот преку сведоштво на Евреите, дури и така знаењето на еден Спасител ќе дојде при Мојот народ—

17 А за Нефитите, и за Јакобитите, и за Јозефитите, и за Зорамитите, преку сведоштвото на нивните татковци—

18 И ова сведоштво ќе дојде до знаењето на Ламанитите, и на Лемуилитите, и на Исмаилитите, кои западнаа во неверување поради беззаконието на нивните татковци, на кои Господ им дозволи да ги уништат нивните браќа Нефитите, поради нивните беззаконија и нивните одвратности.

19 И за ова сама цел се овие плочи сочувани, кои ги содржат овие записи—за тие ветувања на Господ да би можеле да бидат исполнети, кои тој ги склучи со Неговиот народ;

20 И за Ламанитите да можатда дојдат до знаењето за нивните татковци, и за тие да можат да ги знаат ветувањата на Господ, и тие да можат да веруваат во евангелието и да се потпрат врз заслугите на Исус Христос, и да бидат прославени преку вера во Негово име, и за тоа преку неговото покајание да можат да бидат спасени. Амин.