Свети Писма
Учење и Завети 26


Поглавје 26

Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот, Оливер Каудери, и Џон Витмер, во Хармони, Пенсилванија, Јули 1830 (види налсов на поглавје 24).

1, На нив им е учено да ги проучуваат светите писма и да проповедуваат; 2, Законот на заедничка согласност е потврден.

1 Ете, Јас ви велам дека ќе дозволувате вашето време да биде посветено за проучување на записите, и на проповедање, и за потврдување на црквата во Колзвил, и за извршувањето на вашите работи на земјата, како што е потребно, додека да не одите на запад да ја одржите наредната конференција; и тогаш ќе ви биде кажано што да правите.

2 И сите нешта ќе бидат направени преку заедничка согласност во црквата, со многу молитва и вера, зашто сите нешта ќе ги добиете со вера. Амин.