Свети Писма
Учење и Завети 51


Поглавје 51

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Томпсон, Охајо, 20 Мај, 1831. Во ова време Светците кои мигрират од источните држави започнаа да пристигнуваат во Охајо, и стана неопходно да се направат дефинитивни распоредувања за нивното населување. Бидејќи овој потфат припаѓаше особено на службата на епископот, Епископ Едвард Партриџ бараше упатства за делото, и Пророкот го праша Господ.

1–8, Едвард Партриџ е назначен да ги регулира управувања и имоти; 9–12, Светците треба да се справат со чесност и да добиват подеднакво; 13–15, Тие треба да имаат епископско складиште и да организираат имоти според законот на Господ; 16–20, Охајо ќе биде привремено место за собирање.

1 Послушајте ме Мене, кажа Господ вашиот Бог, и Јас ќе му говорам на Мојот слуга Едвард Партриџ, и ќе му дадам упатства; зашто потребно е дека тој ќе прими упатства како да го организира овој народ.

2 Зашто потребно е тие да се организирани според Моите закони; ако во споротивно, ќе бидат отсечени.

3 Затоа, нека Мојот слуга Едвард Партриџ, и оние кои тој ги беше одбрал, во кои сум многу задоволен, назначуваат за овој народ нивните делови, секој човек еднаков според неговото семејство, според неговите околности и неговите желби и потреби.

4 И нека Мојот слуга Едвард Партриџ, кога ќе назначи човек на неговиот дел, му дава еден натпис кој ќе му го обезбедина него неговиот дел, за тој да ја држи, и тоа ова право и наследство на црквата, додека не престапи и не се смета за вреден преку гласот на црквата, според законите и заветите на црквата, да припаѓа на црквата.

5 И ако тој престапува и не се смета за вреден да припаѓа во црквата, ќе нема моќ да го земе тој дел кој тој го беше посветил при епископот за сиромашните и загрозените на Мојата црква; затоа, тој нема да го задржи дарот, туку само ќе го има правото на тој дел кој е доделен на него.

6 И така сите нешта ќе бидат осигурени, според тие закони на земјата.

7 И нека тоа што припаѓа на Неговиот народ биде назначено на овој народ.

8 И парите кои останаа за овој народ—нека има еден пратеник назначен на овој народ, да ги земе парите да обезбеди храна и облека, според барањата на овој народ.

9 И секој човек нека се справи чесно, и нека биде ист како сите други луѓе, и нека го прими истото, за да можете да бидете едно, и тоа како што Јас ви заповедав.

10 И нека тоа што му припаѓа на овој народ не биде одземено и дадено на друга црква.

11 Затоа, ако друга црква добие пари од оваа црква, нека платат на ова црква пак според тоа што ќе се договорат;

12 И ова ќе биде сторено преку епископ или пратеник, кој ќе биде назначен преку гласот на црквата.

13 И повторно, нека епископот назначи едно складиште при оваа црква; и нека сите нешта и пари и месо, што се повеќе од тоа што е потребно за барањата на овој народ, бидат зачувани во рацете на епископот.

14 И нека си резервира за самиот себеси според неговите барања, и барањата на неговото семејство, штом ќе биде вработен правејќи ја оваа работа.

15 И така Јас им давам на овој народ привилегија на организирање на себеси според Моите закони.

16 И Јас ја посветувам при нив оваа земја за краток период, додека Јас, Господ, не обезбедам за нив во спротивно, и им заповедам да одат оттука;

17 И часот и денот не им е даден на нив, затоа нека делуваат врз оваа земја со годините, и ова ќе се претвори на нив за нивно добро.

18 Ете, ова ќе биде еден пример на Мојот слуга Едвард Партриџ, на други места, во сите цркви.

19 И кој и да е верен, и праведен и мудар управник ќе влезе во радоста на неговиот Господ, и ќе наследи вечен живот.

20 Вистина, Јас ти велам на тебе, Јас сум Исус Христос, кој доаѓа брзо, во еден час што вие не мислите. Дури и така. Амин.