Свети Писма
Учење и Завети 103


Поглавје 103

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 24 Февруари, 1834. Ова откровение беше добиено после пристигнувањето во Киртланд, Охајо, од Парли П. Прат и Лијман Вајт, кои беа дошле од Мисури да се советуваат со Пророкот за помош и обновување на Светците во нивните земји во Округот Џексон.

1–4, Зошто Господ дозволува Светците во Округот Џексон да бидат прогонувани; 5–10, Светците ќе преовладаат ако ги одржуваат заповедите; 11–20, Искупувањето на Сион ќе дојде со моќ, и Господ ќе го стори тоа пред Неговиот народ; 21–28, Светците ќе се соберат во Сион, и тие кои ќе ги положат нивните животи ќе ги најдат повторно; 29–40, Разновидни браќа се повикани да организираат Кампот на Сион и да одат во Сион; им е ветено победа ако се верни.

1 Вистина Јас ви велам, Мои пријатели, Јас ќе ви дадам откровение и заповед, за да можете да знаете како да делувате при изведувањето на вашите должности во врска со спасение и искупување на вашите браќа, кои беа распрснати во земјата Сион;

2 Бидејќи беа водени и удрени од рацете на Моите непријатели, врз кои Јас ќе излеам Мојот бес без мерка во Мое сопствено време.

3 Зашто Јас им дозволив досега, за тие да може да ја исполнат мерката на беззаконието, за нивните чаши да може да се полни;

4 И сите тие кои се наречат по Моето име може да бидат прекорени за кратка сезона со болна и жална прекорување, поради тоа што не слушале заедно при принципите и заповедите кои Јас им ги дадов.

5 Но вистина Јас ви велам, дека Јас дадов декрет кој Мојот народ ќе го оствари, онолку колку што од овој сам час ќе го слушат советот кој Јас, нивниот Господ, ќе им го дадам.

6 Ете, тие, бидејќи Јас го одредив тоа ќе, започнат да преовладуваат против Моите непријатели, од овој сам час.

7 И преку послушување да ги пазат зборовите кои Јас, Господ нивниот Бог, ќе им ги кажам на нив, тие никогаш нема да престанат да преовладуваат освен ако царствата на светот се потчинети под Моите стапала, и земјата им е дадена на светците, да ја поседуваат засекогаш и секогаш.

8 Но онолку колку што тие не ги одржуваат Моите заповеди, и не ги послушуваат Моите зборови, царствата на светот ќе преовладат против нив.

9 Зашто тие беа поставени да бидат една светлина при светот, и да бидат спасители на луѓето;

10 И онолку колку што не се спасители на луѓето, тие се како сол која го загубила вкусот, и оттука не се добри за ништо туку само да бидат фрлени и згазени под стапалото на човекот.

11 Но вистина Јас ви велам, Јас наредив дека вашите браќа кои беа распрснати ќе се вратат во земјите на нивно наследство, и ќе ги градат пустите места на Сион.

12 Зошто после многу неволји, како што Јас реков во поранешна заповед, доаѓа благослов.

13 Ете, ова е благословот кој Јас го ветив после вашите мачења, и мачењата на вашите браќа—вашето искупување, и искупувањето на вашите браќа, дури и нивното обновување во земјата на Сион, да бидат воспоставени, не повеќе да бидат згазени.

14 Сепак, ако го загадуваат нивното наследство тие ќе бидат прегазени; зошто Јас нема да ги заштедам ако го загадуваат нивното наследства.

15 Ете, Јас ти велам на тебе, искупувањето на Сион мора да се случи преку моќ;

16 Затоа, Јас ќе кренам врз Мојот народ еден човек, кој ќе води како Мојсеј ги води децата на Израел.

17 Зашто вие сте децата на Израел, и од потомството на Авраам, и мора да бидете изведени од ропство преку моќта на испружената рака.

18 И како што вашите татковци беа водени прво, дури и така ќе се случи искупувањето на Сион.

19 Затоа, нека вашите срца не се онесвестат, зашто Јас не ви велам како што им велев на вашите татковци: Мојот ангел ќе оди пред вас, но не Моето присуство.

20 Но Јас ви велам: Моите ангели ќе одат пред вас, и исто Моето присуство, и со време вие ќе ја поседувате добрата земја.

21 Вистина, вистина, Јас ви велам, дека Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., е човек на кого Јас сум го споредив со слугата кому господарот на лозјето му зборуваше во парабола која Јас сум ви ја дал.

22 Затоа нека Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., каже при силата на Мојот дом, Моите млади луѓе и средно возрасни—Соберете се заедно при земјата на Сион, врз земјата која Јас ја купив со пари кои ми беа посветени на Мене.

23 И нека сите цркви испратат мудри луѓе со нивните пари, и купат земји дури и како што Јас сум им заповедал.

24 И онолку колку што непријателите доаѓаат против вас да ве одведат од Моите божествени земји, кои Јас сум ги посветил на земјата на Сион, дури и од сопствените земји после овие сведоштва, кои вие сте ги собрале против Мене, вие ќе ги проколнете.

25 И кого и да проколнувате, Јас ќе го проколнам, а вие ќе ме одмаздите Мене од Моите непријатели.

26 И Моето присуство ќе биде со вас дури и кога во одмазда на Мене од Моите непријатели, при третото и четвртото поколение на оние кои ме мразат.

27 Нека ниту еден човек не се плаши да го положи животот за Мое добро; зашто кој и да го положи животот за Мое добро ќе го најде повторно.

28 И кој и да не е спремен да го положи неговиот живот за Мое добро не е Мој ученик.

29 Тоа е Мојата волја дека Мојот слуга Сидни Ригдон ќе го крене својот глас во собранијата во источните земји, во подготвување на црквите да ги одржуваат заповедите кои Јас сум им ги дал при обновување и искупување на Сион.

30 Тоа е Мојата волја дека Мојот слуга Парли П. Прат и Мојот слуга Лиман Вајт нема да се вратат во земјата на нивните браќа, додека тие не ги стекнат компаниите да одат при земјата Сион, по десет, или по дваесет, или по педесет, или по сто, додека тие стекнат број од петстотини за сила на Мојот дом.

31 Ете ова е Мојата волја; барајте и ќе добиете; но луѓето не секогаш ја прават Мојата волја.

32 Затоа, ако не можете да соберете петстотини, барајте трудољубиво дека можете да соберете триста.

33 И ако не можете да соберете триста, барајте трудољубиво за можеви вие да соберет сто.

34 Но вистина, Јас ви велам, една заповед ви ја давам, дека нема да одите горе во земјата на Сион додека не сте стекнале една стотина од Мојот дом, да одите со Мене во земјата Сион.

35 Затоа, како што Јас ви кажав, барајте и ќе добиете: молете се за можеби Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., може да оди со вас, и представа на среде Мојот народ; и го организира Моето царство врз посветената земја, и ги воспостави децата на Сион врз законите и заповедите кои биле и кои ќе бидат дадена на вас.

36 Сета победа и слава треба да се оставри преку вашето трудољубивост, верност, и молитви на вера.

37 Нека Мојот слуга Парли П. Прат патува со Мојот слуга Џозеф Смит, Јун.

38 Нека Мојот слуга Лајман Вајт патува со Мојот слуга Сидни Ригдон.

39 Нека Мојот слуга Хајрим Смит патува со Мојот слуга Фредерик Г. Вилијамс.

40 Нека Мојот слуга Орсон Хајд патува со Мојот слуга Орсон Прат, каде и Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., да ги советува нив, при стекнување на тие заповеди кои Јас сум ви ги дал, и остави го остатокот во Моите раце. Дури и така. Амин.