Свети Писма
Учење и Завети 16


Поглавје 16

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Питер Витмер Јун., кај Фајет, Њујорк, Јуни 1829 (види наслов на поглавје 14). Петар Витмер Јун. подоцна стана еден од Осумте Сведоци на Книгата на Мормон.

1–2, Раката на Господ е врз целата земја; 3–6, Да се проповеда евангелието и да се спасуваат души е работата што е највредна.

1 Послушај, Мој слуга Петар, и слушни ги зборовите на Исус Христос, твојот Господ и твојот Иксупител.

2 Зашто ете, Јас ти говорам со острина и со моќ, зашто Мојата рака е врз сета земја.

3 И Јас ќе ти го кажам тоа што ниту еден човек не го знае освен Јас и ти сами—

4 Зашто многу пати си посакувал од Мене тоа што би било највредно за тебе.

5 Ете, благословен си ти за ова нешто, и за тоа што ги говори Моите зборови кои Јас сум ти ги дал според Моите заповеди.

6 И сега, ете, Јас ти велам на тебе, дека тоа што е од најголема вредност при тебе ќе биде да објавиш покајание на овој народ, за да можеш да донесеш души при Мене, за да можеш да почиваш со нив во царството на Мојот Отец. Амин.