Свети Писма
Учење и Завети 100


Поглавје 100

Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот и Сидни Ригдон, кај Перисбург, Њујорк, 12 Октомври, 1833. Двајцата браќа, бидејќи беа отсутни од нивните семејства неколку дена, почувствуваа некоја грижа за нив.

1–4, Џозеф и Сидни да проповедаат евангелие за спасение на душите; 5–8, Ќе им биде дадено на нив во самиот час што да кажат; 9–12, Сидни треба да биде портпарол и Џозеф треба да биде откровител и моќен во сведоштво; 13–17, Господ ќе крене еден чист народ, и послушните ќе бидат спасени.

1 Вистина, така ви кажа Господ на вас, Мои пријатели Сидни и Џозеф, вашите семејства се добри; тие се во Мои раце, и Јас ќе го правам тоа што ми се чини добро; зашто во Мене е сета моќ.

2 Затоа, следете ме, и слушајте го советот кој јас ќе ти го дадам.

3 Ете, и гледајте, Јас имам многу луѓе во ова место, во регионите наоколу; и ефективна врата ќе биде отворена во регионите наоколу во источните земји.

4 Затоа, Јас, Господ, сум дозволил да дојдете во ова место; зашто така беше целисходно во Мене за спасение на душите.

5 Затоа, вистина Јас ви велам, кренете ги вашите гласови при овој народ; говорете за мислите кои Јас ќе ги ставам во срцето, и нема да бидете збунети пред луѓето;

6 Зашто ќе ви биде дадено на вас во истиот час, да, во истиот момент, што да кажете.

7 Но една заповед Јас ќе ви дадам, дека вие ќе прогласувате што и да прогласувате во Мое име, во свеченоста на срце, во духот на питомоста, во сите нешта.

8 И Јас ви давам едно ветување, дека онолку колку што вие ќе направите вака Светиот Дух ќе биде излеан прогласувајќе сведоштво за сите нешта што и да кажете.

9 И тоа е целисходно во Мене, дека вие, Мојот слуга Сидни, треба да е еден портпарол при овој народ; да, вистина, Јас ќе те одредам при овој повик, дури и да се биде портпарол при Мојот слуга Џозеф.

10 И Јас ќе му дадам на него моќ да биде моќен во сведоштво.

11 И Јас ќе ти дадам на тебе моќ да бидеш моќен во образложување на сите свети писма, да бидеш портпарол за него, и тој ќе биде еден откровител при тебе, за ти да можеш да ја знаеш сигурноста на сите нешта што се однесуваат на нештата на Моето царство на земјата.

12 Затоа, продолжете со вашето патување и нека вашите срца се радуваат; зашто ете, и гледајте, Јас сум со вас дури и до крајот.

13 И сега Јас ви давам збор во врска со Сион. Сион ќе биде искупен, иако таа е прекорена за кратка сезона.

14 Вашите браќа, Моите слуги Орсон Хајд и Џон Гоулд се во Мои раце; и доколку тие ги одржуваат Моите заповеди тие ќе бидат спасени.

15 Затоа, нека вашите срца бидат утешени; зашто сите нешта треба да делуваат заедно за добро за нив кои чекорат исправено, и за осветувањето на црквата.

16 Зашто Јас ќе кренам при себеси еден чист народ, кој ќе ми служи во праведност;

17 И сите кои повикуваат врз името на Господ, и ги одржуваат Неговите заповеди, ќе бидат спасени. Дури и така. Амин.