Свети Писма
Учење и Завети 28


Поглавје 28

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Оливер Каудери, кај Фајет, Њујорк, Септември 1830. Хајрим Пејџ, еден член на Црквата, имал одреден камен и прогласувал да добие откровенија со негова помош во врска со градењето на Сион и редот на Црквата. Неколку членови беа измамени од овие тврдења, и дури Оливер Каудери беше така погрешно под влијание. Само пред одредена конференција, Пророкот искрено го прашал Господ во врска со работата, и ова откровение следува.

1–7, Џозеф Смит ги држи клучевите на мистериите, и само тој прима откровенија за Црквата; 8–10, Оливер Каудери треба да проповеда на Ламанитите; 11–16, Сатаната го беше измамил Хајрам Пејџ и му дал лажни откровенија.

1 Ете, Јас ти велам тебе, Оливер, дека ќе биде дадено да бидеш слушнат во Црквата во сите нешта какви и да ги поучуваш преку Утешителот, во врска со откровенијата и заповедите кои Јас сум ги дал.

2 Но, ете, вистина, вистина, Јас ти велам на тебе, никој нема да биде назначен да добива откровенија во оваа црква освен Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., зашто тој ги добива дури и како Мојсеј.

3 А ти ќе бидеш послушен на нештата кои Јас ќе му ги дадам, дури и како Арон, да ги објави верно заповедите и откровенијата, со моќ и власт при црквата.

4 И ако ти си воден во било кое време од Утешителот да говориш или поучуваш, или во сите времиња преку начинот на заповед при црквата, ти можеш да го направиш.

5 Но ти нема да пишуваш преку начин на заповед, туку преку мудрост;

6 И ти нема да му заповедаш на него кој е на твоето чело, и на челото на црквата;

7 Зашто Јас му дадов на него клучевите од мистериите, и откровенијата кои се запечатени, додека да не им назначам некој друг на нив на негово место.

8 И сега, ете, Јас ти велам дека ќе одиш при Ламанитите и ќе го проповедаш Моето евангелие на нив; и онолку колку што ги примаат твоите учења ќе направиш Мојата црква да се воспостави меѓу нив; и ќе имаш откровенија, но не пишувај ги по начинот на заповед.

9 И сега, ете, Јас ти велам дека не е откриено, и ниту еден човек не знае каде градот Сион ќе биде изграден, но ќе биде даден после ова. Ете, Јас ти велам дека ќе биде на границите кај Ламанитите.

10 Ти нема да го напуштиш ова место додека не е после конференцијата; и Мојот слуга Џозеф ќе биде назначен да претседава над конференцијата преку нејзиниот глас, и тоа што тој ќе ти го каже на тебе ти ќе го кажеш.

11 И повторно, ти ќе го земеш брат ти, Хајрим Пејџ, помеѓу него и тебе сами, и ќе му кажеш дека тие нешта кои ги напишал од тој камен не се од Мене и дека Сатаната го измамил него;

12 Зашто, ете, овие нешта не му биле назначени на него, ниту ќе има нешто назначено на некој од оваа црква спротивно на заветите на црквата.

13 Зашто сите нешта мора да бидат направени со ред, и преку заедничка согласост во црквата, преку молитва на вера.

14 И ти ќе помогнеш да се средат сите овие нешта, според заветите на црквата, пред да го земеш ова патување помеѓу Ламанитите.

15 И ќе биде дадено на тебе од времето кога ќе одиш, до времето кога ќе се вратиш што ќе направиш ти.

16 И мораш да ја отвориш твојата уста цело време, објавувајќи го Моето евангелие со звук на радост. Амин.