Свети Писма
Учење и Завети 42


Поглавје 42

Откровение дадено во два дела преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 9 и 23 Февруари, 1831. Првиот дел, сочинувајќи се од стиховите 1 до 72, беше примен во присуство на дванаесет старешини и во исполнувањето на ветувањето на Господ претходно дадено дека „законот“ би бил даден во Охајо (види поглавје 38:32). Втората порција се состои од стиховите 73 до 93. Пророкот го опишува ова откровение како „прифаќање на законот на Црквата.“

1–10, Старешините се повикани да го проповедаат евангелието, крштаваат преобратеници, и да ја изградат Црквата; 11–12, Тие мора да бидат повикани и одредени за да ги поучуваат принципите на евангелието пронајдено во светите писма; 13–17, Тие треба да проповедаат и пророкуваат од моќта на Духот; 18–29, Светците се заповедани да не убиваат, крадат, лажат, копнеат, извршуваат прељуба, или да зборат злобно еден против друг; 30–39, Закони за управување на осветувањето на имоти се пуштени; 40–42, Гордоста и безделничењето се осудени; 43–52, Болните треба да бидат излекувани преку послужување и преку вера; 53–60, Светите писма управуваат со Црквата и треба да му се прогласени на светот; 61–69, Глетката на Новиот Ерусалим и мистериите на царството ќе бидат откриени; 70–73, Осветени имоти треба да се употребени да ја поддржат Црковните службеници; 74–93, Закони кои управуваат со разврта, прељуба, убивање, крадење, и признание на гревови се пуштени.

1 Послушајте, О вие старешини на Црквата, кои сте се собрале заедно во Мое име, дури и Исус Христос Синот на живиот Бог, Спасителот на Светот; се додека верувате во Моето име и ги запазувате Моите заповеди.

2 Повторно Јас ви велам, слушајте и послушајте го законот кој Јас ќе ви го дадам.

3 Зашто вистина Јас велам, како што сте се собрале заедно според заповедите кои што Јас ви ги заповедав, и се согласувавте во однесување на ова едно нешто, и го прашавте Отецот во Мое име, дури и така вие ќе добиете.

4 Ете, вистина Јас ви велам, Јас ви ја давам оваа прва заповед, дека ќе одите напред во Мое име, сите вие, освен Моите слуги Џозеф Смит, Јун., и Сидни Ригдон.

5 И Јас им давам заповед на нив да одат напред за малку време, и ќе им биде дадено преку моќта на Духот кога ќе се вратат.

6 И ќе одите напред со моќта на Мојот Дух, проповедајќи го Моето евангелие, два по два, во Мое име, кренејќи ги вашите гласови како звук на труба, објавувајќи го Моето слово како ангели на Бог.

7 И ќе одите напред крштавајќи со вода, велејќи: Покајте се, покајте се, зашто небесното царство е блиску.

8 И од ова место ќе одите понатаму во регионите на запад; и колку што ќе најдете кои ќе ве примат вие ќе ја изградете Мојата црква во секој регион—

9 Додека да не дојде времето кога ќе биде откриено на вас од високо, кога градот на Новиот Ерусалим ќе биде подготвен, за да можете да бидете собрани како едно, за да можете да бидете Мој народ и Јас ќе бидам ваш Бог.

10 Но, вистина Јас ви велам, дека Мојот слуга Едвард Партриџ ќе стане во службата во која сум го назначив. И ќе се счучи, дека ако престапува друг ќе биде назначен на неговото место. Дури и така. Амин.

11 Повторно Јас ви велам, дека нема да му биде дадено на никој да оди напред и да го проповеда Моето евангелие, или да ја изгради Мојата црква, освен ако е одреден од некој кој има власт, и ѝ е познато на црквата дека тој има власт и бил правилно одреден од главите на Црквата.

12 И повторно, старешините, свештениците и учителите на оваа црква ќе ги поучуваат принципите на Моето евангелие, кои се во Библијата и Книгата на Мормон, во која е целината на евангелието.

13 И тие ќе ги послушуваат заветите и црковни статии да ги прават, и овие ќе бидат нивни поучувања, како ќе бидат упатени од Духот.

14 И Духот ќе ви биде даден преку молитвата на вера и ако не го примите Духот вие нема да поучувате.

15 И сето ова ќе гледате да го правите како што Јас заповедав во врска со вашето учење, додека целината на Моите свети писма не е дадена.

16 И кога ги кренете вашите гласови преку Утешителот, вие ќе зборувате и пророкувате како што ми се чини добро;

17 Зашто, ете, Утешителот ги знае сите нешта, и прогласи сведоштво за Отецот и за Синот.

18 И сега, ете, Јас ѝ зборам на црквата. Не убивајте; и тој што убива нема да има прошка во овој свет, ниту во светот кој следи.

19 И повторно, Јас велам, не убивајте; но тој што убива ќе умре.

20 Не крадете; и тој што краде и не се покае ќе биде отфрлен.

21 Не лажете; и тој што лаже и не се покае ќе биде отфрлен.

22 Треба да ја љубите вашата жена со сето срце, и треба да се потпрете при неа и никого друг.

23 И тој што ќе гледа жена со копнеж кон неа ќе ја негира вербата, и нема да го има Духот; и ако не се покае ќе биде отфрлен.

24 Не вршете прељуба; и тој што врши прељуба, и не се покае, ќе биде отфрлен.

25 Но тој што ивзвршил прељуба и се покае со сето негово срце, и го напушти тоа, и не го прави повеќе, вие ќе проштава;

26 Но ако го прави тоа повторно, нема да му биде простено, туку ќе биде отфрлен.

27 Не зборувајте лошо за вашиот сосед, ниту да му направите лошо.

28 Вие знаете Моите закони во врска со овие нешта се дадени во светите писма, тој што се греши и не се покае ќе биде отрфлен.

29 Ако вие ме љубите ќе ми служите и ги одржувате сите Мои заповеди.

30 И ете, вие ќе се сетите на сиромашните, и го осветите од вашите имоти за нивната поддршка тоа што го имате да им го споделите на нив, со завет и дело што не може да се прекрши.

31 И онолку колку што се споделувате од вашата субстанца за сиромашните, толку ќе го направите тоа за Мене; и ќе бидат легнати пред епископот на Мојата црква и неговите совентици, двајца од старешините, или високите свештеници, такви што тој ќе ги назначи или веќе ги назначи и одвои за таа цел.

32 И ќе се случи, дека откако ќе бидат положени пред епископот на Мојата црква, и после тој да ги прими овие сведоштва во врска со осветувањето на имотите на Мојата црква, дека не можат да бидат одземени од црквата, согласно со Моите заповеди, секој човек ќе биде одговорен при Мене, еден управник врз својот имот, или тоа што тој го прими од посветување, колку што е доволно за себеси и семејството.

33 И повторно, ако ќе има имоти во рацете на црквата, или било кој индивидуалец во неа, повеќе од тоа што е потребно за нивна поддршка после ова прво посветување, кои се остаток да бидат посветени на епископот, тоа ќе биде чувано да им послужи на оние кои немаат, од време на време, за секој човек кој има потреба може да биде целосно снабден и да прими според неговите барања.

34 Затоа, остатокот ќе биде чуван во Моето складиште, да им послужи на сиромашните и на загрозените, како што ќе биде назначено од високите свештеници на црквата, и епископот и неговиот совет;

35 И за целта да се купуваат земји за јавната корист на црквата, и за изградувањето на куќи за обожавање, и изградувањето на Новиот Ерусалим кој после ќе биде откриен—

36 За Мојот заветен народ да може да се собере во еден во тој ден кога Јас ќе дојдам до Мојот храм. И ова го направам за спасението на Мојот народ.

37 И ќе се случи, дека тој што греши и не се покае ќе биде отфрлен од црквата, и нема повторно да го прими тоа што е осветено за сиромашните и загрозните на Мојата црква, односно со други зборови, за Мене—

38 За онолку колку што му го правите на најмалите на овие, ќе ми го правите на Мене.

39 Зашто ќе се случи, тоа што Јас го зборев од устите на Моите пророци ќе биде исполнето; зашто Јас ќе ги осветам богатствата од оние кои го прифаќаат Моето евангелие помеѓу Неевреите при сиромашните на Мојот народ кои се од домот на Израел.

40 И повторно, не бидете горделиви во вашите срца; направи сите ваши облеки да бидат чисти, и нивната убавина да биде убавината на вашите сопствени раце;

41 И нека сите нешта бидат направени во чистотија пред Мене.

42 Не бидете мрзливи; зашто тој што е мрзлив нема да го јаде лебот ниту ги носи облеките на работникот.

43 И било кој помеѓу вас да биде болен, и нема вера да биде исцелуван, сепак верува, ќе биде негуван со сета нежност, со тревки и млака храна, и тоа не од раката на непријател.

44 И старешините на црквата, двајца или повеќе, ќе бидат повикани, и ќе се молат за нив и ќе ги положат нивните раце врз нив во Мое име; и ако умрат ќе умрат при Мене, и ако живеат ќе живеат при Мене.

45 Вие ќе живеете заедно во љубов, толку што ќе цимолите за загубата на оние кои умираат, и посебно за оние кои немат надеж на величествено воскреснување.

46 И ќе се случи тие кои умираат во Мене нема да вкусат од смртта, зашто ќе биде слатко за нив;

47 И тие кои не умраат во Мене, тешко на нив, зашто нивната смрт е горка.

48 И повторно, ќе се случи дека тој што има вера во Мене да биде исцелен, и не е назначен при смрт, ќе биде исцелен.

49 Тој што има вера да види ќе види.

50 Тој што има вера да слуша ќе слуша.

51 Тромавите кој имаат вера да скокнат ќе скокнат.

52 И оние кои немаат вера да ги прават овие нешта, сепак веруваат во Мене, имаат моќ да станат Мои синови; и колку што тие не ги скршат Моите закони вие ќе ги преземете нивните слабости.

53 Вие ќе стоите на место на вашето управување.

54 Не земете ги облеките на вашиот брат; ќе платите за тоа што ќе го добиете од вашиот брат.

55 И ако стекнете повеќе од тоа што би било за вашата потпора, треба да му го дадете на Моето складиште, за сите нешта да може да бидат според тоа што Јас го реков.

56 Вие ќе варате, и Моите свети писма ќе бидат дадени како што Јас назначив, и тие ќе бидат сочувани во безбедност;

57 И тое е целисходно дека вие треба да го одржувате вашиот мир во врска со нив, и да не ги поучувате додека да не ги примите целосно.

58 И ви давам на вас заповед дека ќе ги поучувате при сите луѓе; зашто тие ќе бидат поучувани при сите нации, колена, јазици, и луѓе.

59 Вие ќе ги земете нештата што сте ги примиле, кои ви биле дадени во Моите свети писма како закон, да биде Мој закон да се управува црквата;

60 И тој што прави според овие нешта ќе биде спасен, и тој што не ги прави ќе биде проколнат ако така продолжи.

61 Ако барате, ќе добиете откровение врз откровение, знаење врз знаење, за да можете да ги знаете мистериите и мирни нешта—тоа што носи радост, тоа што носи вечен живот.

62 Вие ќе барате, и ќе ви биде откриено во Мое одредено време каде Новиот Ерусалим ќе биде изграден.

63 И ете, ќе се случи дека Моите слуги ќе бидат испратени на исток и на запад, на север и на југ.

64 И дури и сега, нека тој кој оди на исток да ги поучува тие кои ќе бидат преобратени да бегаат на запад, и ова како последица на тоа што доаѓа на земјата, и на тајните сојузи.

65 Ете, вие ќе ги пазите сите овие нешта, и голема ќе биде вашата награда; зашто на вас ви е дадено да знаете за мистериите на царстовото, но на светот не му е дадено да ги знае.

66 Вие ќе ги пазите законите кои сте ги примиле и бидете верни.

67 И вие од тука натаму ќе ја примите црковни завети, такви што ќе бидат доволни да ве воспостават, и овде и во Новиот Ерусалим.

68 Затоа, тој што му фали мудрост, нека бара од Мене, и ќе му дадам слободно и нема да го прекорам.

69 Кренете ги вашите глави и радувајте се, зашто на вас царството, односно со други зборови, клучевите на црквата ви биле дадени. Дури и така. Амин.

70 Свештениците и учителите ќе го имаат нивната управувања, дури и како членовите.

71 И старешините или високите свештеници кои се назначени да му помагаат на епископот како советници во сите нешта, ќе ги имаат нивните семејства поддржани од имотот кој е осветен на епископот, за доброто на сиромавите, и за други цели, како што е претходно спомнато;

72 Или ќе добијат праведна исплата за сите нивни услуги, или управништво или друго, како што е најдобро или одлучено од советниците и епископот.

73 И епископот, исто, ќе ја добие неговата поддржка, или праведна исплата за сите негови услуги во црквата.

74 Ете, вистина Јас ви велам, дека било која личност помеѓу вас, која ја тргнала нивната друшка за цел на разврат, односно со други зборови, ако сведочат пред тебе со сета понизност на срцето дека ова е случајот, нема да ги исфрлите од помеѓу вас;

75 Но ако пронајдете дека било која личност ја напуштила друшката со цел на прељубата, и тие самите се прекршувачи, и нивната друшка е жива, тие ќе бидат отфрлени од помеѓу вас.

76 И повторно, Јас ви велам на вас, дека вие ќе бидете внимателни и совесни, со сето прашање, за да не ги примите такви помеѓу вас ако се венчани;

77 И ако тие не се венчани, тие ќе се покајат за сите нивни гревови или нема да ги примите.

78 И повторно, секоја личност која припаѓа на оваа црква на Христос, ќе гледа да ги запазува сите заповеди и завети на црквата.

79 И ќе се случи дека ако некоја личност помеѓу вас ќе убие тие ќе бидат избавени и управувани според законите на земјата; зашто запомнете дека тој нема простување; и ќе биде докажано според законите на земјата.

80 И ако било која жена или маж изврши прељуба, тој или таа ќе биде суден пред две старешини на црквата, или повеќе, и секој збор ќе биде воспоставен спротив него или неа преку два сведоци на црквата, и не е на непријателот; но ако има повеќе од два сведока тоа е подобро.

81 Но тој или таа ќе бидат осудени од устите на два сведока; и старешините ќе го остават случајот пред црквата, и црквата ќе ги крене нивните раце против неа или него, да бидат управувани според законот на Бог.

82 И ако може да биде, неопходно е епископот да биде присутен исто така.

83 И така ќе правите во сите случаи кои ќе дојдат пред вас.

84 И ако маж или жена ќе краде, тој или таа ќе биде предаден според законот на земјата.

85 И ако тој или таа украде, тој или таа ќе биде издаден според законот на земјата.

86 И ако тој или таа лаже, тој или таа ќе биде издаден според законот на земјата.

87 И ако тој или таа прави било кој вид беззаконие, тој или таа ќе биде издаден според законот, и тоа од Бог.

88 И ако вашиот брат или сестра ќе ве навреди, вие ќе го одведете него или неа помеѓу вас и него или неа сами; и ако тој или таа признае вие ќе бидете помирени.

89 И ако тој или таа не признае вие ќе го предадете него или неа во црквата, не на членовите, туку на старешините. И ќе биде направено на состанок, и не пред светот.

90 И ако вашиот брат или сестра навреди многумина, тој или таа ќе биде укорен пред многумина.

91 И ако било кој навреди отворено, тој или таа ќе биде отворено прекорен, за тој или таа да бидат засрамени. И ако тој или таа не признае, тој или таа ќе биде избавен според законот на Бог.

92 Ако некој навреди во тајност, тој или таа ќе биде прекорен во тајност, за тој или таа да има можност да му признае во тајност на него или неа кому тој или таа го навредил, и на Бог, за Црквата да не збори со прекор за него или неа.

93 И така ќе се однесувате во сите нешта.