Свети Писма
Учење и Завети 57


Поглавје 57

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Сион, Џексон Округ, Мисури, 20 Јули, 1831. Во согласност со заповедта на Господ да се патува во Мисури, каде што Тој би ја открил „земјата на ваше наследство“ (поглавје 52), старешините беа патувале од Охајо до западната граница на Мисури. Џозеф Смит ја размислуваше состојбата на Ламанитите и се прашуваше: „Кога дивината ќе цвета како роза? Кога Сион ќе изгради нејзина слава, и каде Твојот храм ќе стои, на кои сите нации ќе дојдат во последните денови?“ Последователно тој прими ова откровение.

1–3, Независност, Мисури, е местото за Градот Сион и храмот; 4–7, Светците треба да купуваат земји и примаат наследства во таа област; 8–16, Сидни Гилберт треба да воспостави една продавница, Вилијам В. Фелпс треба да биде копирач, а Оливер Каудери треба да уредува материјал за објавување.

1 Послушајте, О вие старешини на Мојата црква, кажа Господ вашиот Бог, кои се собрале заедно, според Моите заповеди, во оваа земја, која е земја на Мисури, која е земја која Јас ја назначив и посветив за собирање на светците.

2 Затоа, ова е земјата на ветување, и местото за градот на Сион.

3 И така кажа Господ вашиот Бог, ако примите мудрост еве ви мудрост. Ете, местото кое сега се нарекува Независност е централно место; и место за храм лежи на запад, врз една парцела која не е далеку од судницата.

4 Затоа, мудро е земјата да биде купена од светците, и исто секој имот кој лежи на запад, дури и до линијата која лежи помеѓу Евреи и Неевреи;

5 И исто секој имот кој граничи со прериите, онолку колку што Моите ученици можат да купат земји. Ете, ова е мудрост, дека тие можат да ја стекнат за вечно наследство.

6 И нека Мојот слуга Сидни Гилберт стои во службата на која Јас му заповедав, да добие пари, да биде пратеник при црквата, да купува земји во сите области наоколу, колку што може да се направи во праведност, и колку што мудроста може да упати.

7 И нека Мојот слуга Едвард Партриџ стои во службата на која го одредив, и го подели при светците нивното наследство, и тоа како што Јас заповедав; и исто тие кои ги назначил да му помагат.

8 И повторно, вистина Јас ви велам, нека Мојот слуга Сидни Гилберт се насади себе во ова место, и воспостави една продавница, за да може да продава стоки без измама, за да може да стекне пари да купи земја за доброто на светците, и да може да стекне било какви нешта што на учениците ќе им треба да ги насади во нивно наследство.

9 И исто предизвикувајте го Мојот слуга Сидни Гилберт да стекна лиценца—ете овде е мудрост, и кој и да чита нека разбира—за да може да му испрати стоки исто на народот, дури преку кој и да сака тој да биде службеници вработени во негова служба;

10 И така обезбедете ги Моите светци, за Моето евангелие да може да биде проповедано при тие кои седат во темнина и во регионот и сенката на смртта.

11 И повторно, вистина Јас ви велам, нека Мојот слуга Вилијам В. Фелпс биде насаден на ова место, и биде воспоставено како еден копирач при црквата.

12 И еве, ако светот ги добива неговите пишувања—ете еве мудрост—нека задржи сè што може да стекне во праведност, за доброто на светците.

13 И нека Мојот слуга Оливер Каудери му помага на него, и тоа како што Јас заповедував, во било кое место на кое ќе го назначам, да копира, и да поправи, и да одбира, за сите нешта да може да биде правилно пред Мене, и ќе биде докажано преку Духот преку него.

14 И така нека оние за кои сум говорел бидат насадени во земјата Сион, колку што можат побрзо, со нивните семејства, да ги направат оние нешта така како што сум говорел.

15 И сега во врска со ова собирање—Нека епископот и пратеникот направат подготовки за тие семејства кои биле заповедани да дојдат на оваа земја, колку што е можно побрзо, и насади ги во нивното наследство.

16 И при остатокот и на старешините и на членовите понатамошни упатства ќе бидат дадени понатаму. Дури и така. Амин.