Свети Писма
Учење и Завети 32


Поглавје 32

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Парли П. Прат и Зиба Питерсон, во Манчестер, Њујорк, раниот Октомври во 1830. Големи интереси и желби беа почувствувани од старешините во врска со Ламанитите, за чии предвидени благослови Црквата беше дознала од Книгата на Мормон. Како последица, молба беше упатена за Господ да ја посочува Неговата волја за тоа дали старешините треба да бидат испратени во тоа време до Индиските племиња на Запад. Откровението следеше.

1–3, Парли П. Прат и Зиба Питерсон се повикани да им проповедаат на Ламанитите и да ги придружуваат Оливер Каудери и Питер Витмер Јун.; 4–5, Тие треба да се молат за разбирање на светите писма.

1 И сега во врска со Мојот слуга Парли П. Прат, ете, Јас му велам дека како што живеам Јас сакам тој да го објави Моето евангелие и научи за Мене, и да биде питом и понизен во срцето.

2 И тоа што Јас му го назначив е дека тој ќе оди со Моите слуги, Оливер Каудери и Петар Витмер, Јун., во дивината помеѓу Ламанитите.

3 И Зиба Питерсон исто ќе оди со нив; и Јас самиот ќе одам со нив и ќе бидам во нивна средина; и Јас сум нивен адвокат со Отецот, и ништо нема да преовлада против нив.

4 И тие ќе обрнат внимание на тоа што е напишано, и нема да се преправаат за ниту едно друго откровение; и тие ќе се молат често за да можам да им го откријам истото на нивното разбирање.

5 И тие ќе обрнат внимание овие зборови и нема да си поигруваат, и Јас ќе ги благословам. Амин.