Свети Писма
Учење и Завети 78


Поглавје 78

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 1 Март, 1832. На тој ден, Пророкот и други водачи беа се собрале да дискутираат Црковена работа. Ова откровение на почетокот го упати Пророкот, Сидни Ригдон, и Невел К. Витни да патува во Мисури и да ги организира напорите за Црковна трговија и објавување од создавање на „фирма“ која би ги надгледувале овие напори, создавајќи фондови за воспоставувањето на Сион и за корист на сиромавите. Ова фирма, позната како Обединета Фирма, беше организирана во Април 1832 и распуштена во 1834, (види поглавје 82). Во некое време после растурањето, под упатство на Џозеф Смит, фразата, „аферите на складиштето на сиромавите“ ја заменија „воспоставувања на трговија и објавување“ во откровение, и зборот „ред“ го замени зборот „фирма.“

1–4, Светците треба да организираат и воспостават складиште; 5–12, Мудра корист за нивните имоти ќе водат до спасение; 13–14, Црквата треба да биде независна од земни моќи; 15–16, Михаил (Адам) служи под упатството на Светиот (Христос); 17–22, Благословени се верните, зошто тие ќе ги наследат сите нешта.

1 Господ му зборуваше на Џозеф Смит, Јун., велејќи: Послушајте ме Мене, вели Господ вашиот Бог, кои сте одредени при високото свештенство на Мојата црква, кои сте се собрале самите себеси;

2 И слушајте го советот на тој што ве одреди од нагоре, кои ќе ги зборите во вашите уши словата на мудроста, за спасение да може да биде пред вас во тоа што вие сте го покажале пред Мене, кажа Господ Бог.

3 Зашто вистина Јас ви велам, времето дојде, и сега се ближи; и ете, и гледајте, мора да постои организацијата на Мојот народ, во управување и воспоставување на работите на скалдиштето за сиромавите од Мојот народ, и на ова место и во земјата на Сион—

4 За долготрајно и вечно воспоставување и наредба во Мојата црква, да ја напредувацелта, со која се обврзавте, за спасението на човештво, и за славата на вашиот Отец кој е на небесата;

5 За да можете да бидете еднаков во врските на небесните нешта, да, и земни нешта исто, за стекнувањето на небесни нешта.

6 Зашто ако не сте еднакви во земните нешта вие не можете да бидете еднакви востекнувањето на небесни нешта;

7 Зашто ако сакате да ви дадам место во селестијалниот свет, вие морате да се подготвите себеси преку правење на нештата кои сум ви ги заповедал и ги барал од вас.

8 И еве, вистина така кажа Господ, тоа е целисходно за сите нешта да се направени при Мојата слава, преку вие кои сте споени заедно во овој ред;

9 Или, со други зборови, нека Мојот слуга Невел К. Витни и Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., и Мојот слуга Сидни Ригдон седат на совет со светците кои се во Сион;

10 Во спротивно Сатаната бара да ги заврти нивните срца подалеку од вистината, за тие да станат слепи и не ги разбираат нештата кои се подготвени за нив.

11 Затоа, една заповед ви давам Јас, да се подготвите и се организирате со врска односно вечен завет кој не може да биде скршен.

12 И тој што го крши ќе ја изгуби неговата служба и позиција во црквата, и ќе биде предаден на ударите на Сатаната до денот на откупувањето.

13 Ете, ова е подготовката со која Јас ве подготвувам, и основата, и примерот кој Јас ви го давам, преку која можете да ги исполните заповедите кои ви се дадени;

14 За преку Мојата промисла, без оглед на мачењето кое ќе падне врз вас, за црквата да може да стои независна врз сите други суштества под селестијалниот свет;

15 За да можете да дојдете при круната подготвена за вас, и да бидат владетели врз многу царства, кажа Господ Бог, Светиот од Сион, кој беше воспоставил основи за Адам-онди-Аман;

16 Кој го беше назначил Михаил како вашиот принц, и ги воспостави неговите стапала, и го постави високо, и му даде клучеви за спасение под советот и упатството на Светиот, кој е без почеток на деновите и крајот на животот.

17 Вистина, вистина, Јас ви велам, вие сте мали деца, и вие немате сеуште разбрано колку големи благослови Отецот има во Неговите сопствени раце и подготвува за вас;

18 И вие не можете да ги носите сите нешта сега; сепак, бидете со добра радост, зашто Јас ќе ве водам напред. Царството е ваше и благословите таму се ваши, и богатствата на вечноста се ваши.

19 И тој што ги примил сите нешта со благодарност ќе биде возвишен; и нештата на оваа земја ќе му бидат додадени, дури и стократно, да, повеќе.

20 Затоа нештата кои Јас ги заповедав, кажа вашиот Искупител, дури и Синот Аман, кој ги подготвува сите нешта пред да ве земе;

21 Зашто тие се црквата на Првородениот, и Тој ќе ве земе во облакот, и му ја назначи на секој човек неговата порција.

22 И тој што е верен и мудар управник ќе ги наследи сите нешта. Амин.