Свети Писма
Учење и Завети 133


Поглавје 133

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Хајрим, Охајо, 3 Ноември, 1831. Предлагајќи го ова откровение, историјата на Џозеф Смит објавува, „Во ова време постоеја многу нешта кои Старешините сакаа да ги дознаат во врска со проповедање на Евангелието на жителите на земјата, и во врска со собирот; и со цел да се чекори во вистинската светлина, и да се добива упатства од небесата, на 3ти Ноември, 1831, јас го прашав Господ и го добив следното важно откровение.“ Ова поглавје беше додадено прво во книгата на Учење и Завети како додаток и последователно му беше назначено број на поглавје.

1–6, На Светците им е заповедано да се подготват за Второто Доаѓање; 7–16, На сите луѓе им е заповедано да избегаат од Вавилон, да дојдат во Сион, и да се подготват за големиот ден на Господ; 17–35, Тој ќе стои врз Планината Сион, континентите ќе станат една земја, и загубените племиња на Израел ќе се вратат; 36–40, Евангелието беше обновено преку Џозеф Смит да проповеда во целиот свет; 41–51, Господ ќе се симне со одмазда врз пакосните; 52–56, Тоа ќе биде година на Неговите искупени; 57–74, Евангелието ќе биде испратено да ги спаси Светците и за уништување на пакосните.

1 Послушајте, О вие народе од Мојата црква, кажа Господ вашиот Бог, и слушнете го словото на Господ во врска со вас—

2 Господ кој ненадејно ќе дојде во Неговиот храм; Господ кој ќе се симне врз светот со една клетва да суди; да, врз сите нации кои го забораваат Бог, и врз сите непобожни врз вас.

3 Зашто тој ќе направи гола негова света рака во очите на нациите, и сите краишта на земјата ќе го гледаат спасението на нивниот Бог.

4 Затоа, подгответе се, подгответе се, О Мој народе; осветете се; соберете се заедно, О вие народе на Мојата црква, врз земјата на Сион, сите вие на кои не ви било заповедано да останете.

5 Излезете вие од Вавилон. Бидете вие чисти кои ги носите садовите на Господ.

6 Повикајте ги вашите свечени собранија, и зборувајте често едни до други. И нека секој човек го повика името на Господ.

7 Да, вистина ви велам повторно, времето дојде кога гласот на Господ е при вас: Излезете вие од Вавилон; соберете се од помеѓу наците, од четирите ветришта, од еден крај на небесата до другиот.

8 Испратете ги старешините на Мојата црква при нациите кои се далеку; при островите на морето; испратете во странски земји; повикајте сите нации, прво врз Неевреите, а потоа врз Евреите.

9 И ете, и гледајте, ова ќе биде нивен плач, и гласот на Господ при сиот народ: Одете вие напред во земјата на Сион, за границите на Мојот народ да се прошират, и за нејзините колови да се засилуваат, и за Сион да оди при регионите наоколу.

10 Да, нека довикувањето оди помеѓу сиот народ: Разбудете се и станете да излезете да го пречекате Младоженецот; ете, и гледајте, Младоженецот доаѓа; одете напред да го пречекате. Подгответе се себеси за големиот ден на Господ.

11 Гледајте, затоа, зашто вие не го знаете ниту денот ниту часот.

12 Затоа, нека оние кои се помеѓу Неевреите избегаат до Сион.

13 И нека оние кои се од Јуда избегаат до Ерусалим, до планините на Господовиот дом.

14 Одете надвор од помеѓу нациите, дури и од Вавилон, од насреде пакоста, која е духовен Вавилон.

15 Но вистина, така кажа Господ, нека вашиот избегање не биде пребрз, но нека сите нешта бидат подготвени пред вас; и тој што оди, нека не гледа назад освен ако ненадејно уништување не дојде врз него.

16 Чујте и почујте, О вие жители на земјата. Послушајте, вие старешини на Мојата црква заедно, и слушнете го гласот на Господ; зашто тој повикува врз сиот народ, и им заповеда на сите луѓе насекаде да се покајат.

17 Зашто ете, Господ Бог испратил ангели плачејќи на среде небесата велејќи: Подгответе начин за Господ, и направете ги неговите патишта прави, зошто часот на Негово доаѓање се ближи—

18 Кога Јагнето ќе стои врз Планината Сион, и со него сто четириесет и четири илјади, имајќи го името на Отецот напишано на нивните чела.

19 Затоа, подгответе се за доаѓањето на Младоженецот; одете, одете, да го пречекате.

20 Зашто ете, тој ќе стои врз планината на Оливет, и врз моќните океани, дури и големата длабочина, и врз островите на морето, и врз земјата на Сион.

21 И тој ќе изговара неговиот глас од Сион, и тој ќе говори од Ерусалим, и неговиот глас ќе биде помеѓу сите народи.

22 И ќе биде глас како гласот на многу води. И како гласот на силен гром, кој ќе ги скрши планините, и долините нема да бидат пронајдени.

23 Тој ќе ја заповеда големата длабочина, и ќе биде одведен назад во северните земји, и острови ќе станат една земја;

24 И земјата на Ерусалим и земјата на Сион повторно ќе се претвори во нејзини сопствено место, и земјата ќе биде како во деновите пред да беше поделена.

25 И Господ, дури и Спасителот, ќе стои на среде Неговиот народ, и ќе владее врз сето тело.

26 И тие кои се на северните земји ќе дојдат во сеќавање пред Господ; и нивните пророци ќе го слушнат Неговиот глас, и нема повеќе да останат себеси; и тие ќе ги удрат карпите, и ледот ќе падне и ќе тече долу во нивното присуство.

27 И еден пат ќе се појави на среде големата длабочина.

28 Нивните непријатели ќе станат плен за нив.

29 И во сувите пустини ќе се појават базени со жива вода, и пресушената земја повеќе нема да биде жедна.

30 И тие ќе ги донесат нивните големи богатства при децата на Ефрем, Моите слуги.

31 И границите на вечното ридови ќе треперат на нивно присуство.

32 И таму ќе паднат долу и ќе бидат крунисани со слава, дури и во Сион, преку рацете на слугите на Господ, дури и децата на Ефрем.

33 И ќе бидат исполнети со песни на вечна радост.

34 Ете, ова е благословот на вечниот Бог врз племињата на Израел, и побогати благослови врз главите на Ефрем и неговите другари.

35 И тие исто од племињата на Јуда, после нивната болка, ќе бидат осветени во светост пред Господ, да живеат во Неговото присуство дење и ноќе, засекогаш и секогаш.

36 И еве, вистина кажа Господ, дека овие нешта може да се знаат помеѓу вас, О жители на земјата, сум ви го испратил Мојот ангел летајќи на среде небесата, имајќи го вечното евангелие, кое се појавило пред некои и имаше посветено на човек, кој ќе се појави пред многумина кои живеат на земјата.

37 И ова евангелие ќе биде проповедано на секоја нација, и колено, и јазик, и народ.

38 И слугите на Бог ќе одат напред, велејќи со еден голем глас: Плашете се од Бог и дајте му слава, зашто часот на Неговата пресуда доаѓа;

39 И обожавајте го него кој ја создаде небесата, и земјата, и морето, и фонтаните со води—

40 Повикувајќи врз името на Господ дење и ноќе, велејќи: О да може ти да ја здробиш небесата, да дојдеш долу, за планините да лебдат долу во Твое присуство.

41 И ќе биде одговорено врз нивните глави, зашто присуството на Господ ќе биде како стопувачки оган кој гори, и како огнот кој предизвикува водите да вријат.

42 О Господе, Ти ќе се симнеш да им го објавиш Твоето име на Твоите непријатели, и сите нации кои ќе треперат на Твое присуство—

43 Кога Ти правиш ужасни нешта, нешта кои не ги бараат:

44 Да, кога ќе дојдеш долу, и планините течат во Твое прсуство, го сретнеш тој што се радува и делува со праведност, кој се сеќава на Тебе во Твоите патишта.

45 Зашто од почетокот на светот луѓето ниту слушале ниту согледувале преку увото, ниту било кое око видело, О Боже, покрај Тебе, колку големи нешта Ти си подготвил за тој што те чека Тебе.

46 И ќе биде кажано: Кој е ова што доаѓа долу од Бог во небесата со обоени облеки; да, од регионите кои не се познати, облечен во Неговата величествена наметка, патувајќи со големина на Неговата сила?

47 И тој ќе каже: Јас сум тој што зборува во праведност, семоќен да спасам.

48 И Господ ќе биде во црвено во неговата наметка, и неговите облеки како тој кој е натопен во винова нијанса.

49 И толку голема ќе биде славата на негово присуство што сонцето ќе го скрие неговото лице во срам, и месечината ќе ја задржи нејзината светлина, и ѕвездите ќе бидат изместени од нивните места.

50 И неговиот глас ќе биде слушнат: Јас сум ја прегазил виновата преса сам, и сум донел пресуди за сиот народ; и ниту еден не беше со Мене;

51 И Јас сум ги прегазил со Мојот бес, сум ги газал со Мојот гнев, и сум ја испрскал нивната крв на Моите облеки, и ги натопил сите Мои навлаки; зашто ова беше денот на одмазда кој беше во Моето срце.

52 И сега годината на Моите искупени доаѓа; и тие ќе споменат за прекрасната љубезност на нивниот Господ, и сè што тој беше подарил врз нив според Неговата добрина, и според Неговата прекрасна љубезност, секогаш и засекогаш.

53 И во сите нивни неволји Тој беше погоден. И ангелот на неговото присуство ги спаси; и во неговата љубов, и во неговиот жал, тој ги искупи, и ги носеше нив, и ги одведе нив во деновите од минатото;

54 Да, и Енох исто, и тие што беа со него; пророците кои беа пред него; и Ное исто, и тие што беа пред него; и Мојсеј исто, и тие што беа пред него;

55 И од Мојсеј до Илија, и од Илија, до Јован, кои беа со Христос во неговото восреснување, и светите апостоли, со Авраам, Исак, и Јаков, ќе бидат во приуство на Јагнето.

56 И гробиштата на светците ќе бидат отворени; и тие ќе дојдат напред и ќе стојат на десна рака на Јагнето, кога Тој ќе стои врз Планината Сион, и врз светиот град, Нов Ерусалим; и тие ќе ја пејат песната на Јагнето, дење и ноќе секогаш и засекогаш.

57 И за оваа цел, за народот да стане земачи од славите кои беа откриени, Господ ја испрати целината на неговото евангелие, неговото бескраен завет, одекнувајќи со јаснотија и едноставост—

58 Да ги подготви слабите за оние нешта кои следуваат на земјата, и за задачата на Господ на денот кога слабите ќе ги збунат мудрите, и малите стануваат силна нација и два ќе ги стават нивните десетици илјади да полетаат.

59 И преку слабите нешта на земјата Господ ќе ги подели нациите преку моќта на Духот.

60 И за оваа цел овие заповеди беа дадени; на нив им беше заповедано да се одржуваат од светот на денот кога беа дадени, но сега треба да одат напред при сите суштества—

61 И ова е според умот и волјата на Господ, кој владее врз сите суштества.

62 И на него кој се покајува и се осветува пред Господ ќе му биде даден вечен живот.

63 И врз нив кои не го слушаат гласот на Господ ќе биде исполнет тоа што беше напишано преку пророкот Мојсеј, дека тие ќе може да бидат отсечени од помеѓу народот.

64 И исто тоа беше напишано преку пророкот Малахија: Зашто, ете, денот доаѓа кој ќе гори како една рерна, и сите горди, да, и сите што прават пакости, ќе бидат плевел; и денот доаѓа кој ќе ги гори, кажа Господ на војските, дека нема да им остави ни корен ни гранка.

65 Затоа, ова ќе биде одговорот на Господ при нив.

66 На тој ден кога Јас ќе дојдам по Своето, ниту еден човек помеѓу вас не ме прими, и вие беа протерани.

67 Кога Јас повторно повикав ниту еден од вас не одговори, сепак Мојата рака не беше скратена воопшто така што не би можел да се искупам, ниту Мојата моќ да се избави.

68 Ете, на Мој прекор Јас го сушам морето. Јас ги правам реките дивина; нивната риба смрди, и умира за жед.

69 Јас ја облекувам небесата со црнило, и правам вреќа за нивна покривка.

70 И ова ќе го имате од Моја рака—вие ќе лежите долу во тага.

71 Ете, и гледај, не постои никој да ве избави; зашто не го послушавте Мојот глас кога Јас ве повикав од небесата; вие не верувавте на Моите светци, и кога беа испратени при вас не ги примивте.

72 Затоа, тие го запечатија сведоштвото и го врзаа законот, и бевте предадени при темнина.

73 Овие ќе си одат во надворешната темнина, каде што има плачење, и жалење, и крцкање со забите.

74 Ете, Господ вашиот Бог го кажал тоа. Амин.