Генерална Конференција
Мирот на Христос ја укинува взаемната анимозност
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Мирот на Христос ја укинува взаемната анимозност

Кога Христовата љубов ги обвива нашите животи, на несогласувањата им пристапуваме со кротост, трпение и љубезност.

Почитувани мои браќа и сестри, за време на стрес-тестот за вежбање, обемот на работа на срцето е зголемен. Срцата што можат да се справат со одењето, можеби имаат потешкотии да ги исполнат барањата за трчање по нагорнина. На овој начин, стрес-тестот може да ја открие основната болест која инаку не е очигледна. Тогаш може да се отстранат било какви идентификувани проблеми пред тие да предизвикаат сериозни проблеми во секојдневниот живот.

Пандемијата КОВИД-19 сигурно беше еден глобален стрес тест! Тестот покажа измешани резултати. Развиени се безбедни и ефикасни вакцини.1 Медицинските професионалци, наставниците, негователите, и останaтите херојски се жртвуваа—и продолжуваат со истото темпо. Многу луѓе прикажаа великодушност и добрина—и продолжуваат да го прават истото. Сепак, станаа очигледни темелните недостатоци. Ранливи поединци страдаа—и продолжуваат да страдаат. Оние кои работат на решавање на овие очигледни недостатоци треба да се охрабрат и да им се заблагодари.

Пандемијата е и духовен стрес за Црквата на Спасителот и нејзините членови. Резултатите исто така се помешани. Нашите животи се благословени со тоа што служиме на „повисок и посвет начин,“2 преку прирачникот, Дојдете, Следете Ме како и преку насоченото кон домот, црковно-поддржано проучување на евангелието. Многумина дадоа и продолжуваат да даваат сочувствителна помош и утеха во овие тешки времиња и продолжуваат да го прават тоа .3

Сепак, во некои случаи, духовниот стрес тест покажа тенденции кон расправија и поделеност. Ова налага дека треба да работиме на тоа да ги промениме нашите срца и да станеме обединети како вистински следбеници на Спасителот. Ова не нов предизвик, но е критичен.4

Кога Спасителот ги посети Нефитите, тој поучуваше, „Ќе нема спорови помеѓу вас. … Тој што има дух на расправии не е од мене, туку од ѓаволот, кој е таткото на расправиите, и ги распалува срцата на луѓето да се натпреваруваат во лутина, еден кон друг“.5 Кога се натпреваруваме во лутина еден кон друг, Сатаната се смее а небесниот Бог плаче.6

Сатаната се смее и Бог плаче поради најмалку две причини. Прво, расправијата го заслабнува нашето колективно сведоштво кон светот за Исус Христос и откупувањето што доаѓа преку Неговите „заслуги, … милостивост, и милост.“7 Спасителот рече: „Нова заповед јас ви давам , Да се љубите еден со друг. … По тоа ќе ве препознаат сите луѓе дека вие сте Мои ученици, ако имате љубов еден кон друг.“8 Обратното е исто така точно—сите знаат дека ние не сме Негови следбеници кога не покажуваме љубов еден кон друг. Неговото дело во подоцнежните-дни е осрамотено кога расправии или анимозност9 постојат помеѓу Неговите следбеници.10 Второ, расправијата е духовно нездрава за нас како поединци. Ние сме лишени од мирот, радоста, и покојот а нашата способност да го почувствуваме Духот е осрамотена.

Исус Христос објасни дека Неговото учење не е „да ги распалува срцата човечки едни против други во гнев; туку [дека неговото] учење [е] дека таквите работи треба да се отстаранат.“11 Ако јас брзо се навредувам или со осуда одговарам на различните мислења, јас „паѓам“ на духовниот стрес тест. Овој паднат тест не значи дека сум безнадежен. Наместо тоа, посочува дека треба да се променам. И добро е да се знае тоа.

По Спасителовата посета на Американските земји, народот беше обединет; „немаше расправии по целата земја.“12 Дали мислите дека народот беше обединет бидејќи тие сите биле исти, или бидејќи немале различни мислења? Се сомневам. Наместо тоа, расправиите и непријателството исчезнале бидејќи тие го поставиле своето учење за Спасителот над сѐ друго. Нивните разлики избледеле во споредба со нивната заедничката љубов кон спасителот, и тие биле обединети како „наследници на царството Божје.13 Резултатот беше дека „ не може да има посреќен народ … создаден од Божјата рака.“14

Обединетоста бара напор.15 Се развива кога ја негуваме Божјата љубов во нашите срца16 и се фокусираме на нашата вечна судбина.17 Обединети сме преку нашиот заеднички, примарен идентитет како Божји деца18 и преку нашата посветеност кон вистините на обновеното евангелие. За возврат, нашата љубов за Бога и нашата ученост за Исус Христос создаваат вистинска грижа за другите. Го вреднуваме шаренилото на квалитети, перспективи и таленти на другите.19 Ако не сме во можност да го поставиме нашето учење за Исус Христос над личните интереси и погледи на свет, треба да ги преиспитаме нашите приоритети и да се промениме.

Можеби сме склони да кажеме, „Секако дека може да имаме единство—само доколку се сложите со мене!“ Подобар пристап е да прашаме, „Што можам Јас да сторам за да го поттикнам единството? Како можам Јас да одговорам за да и помогнам на оваа личност да се приближи до Христос? Што можам да сторам за да ги намалам расправиите и да изградам сочувствитена и грижлива црковна заедница?“

Кога љубовта кон Христос ги обвива нашите животи,20 пристапуваме кон разиките во мислења со кроткост, трпение и љубезност.21 Помалку се грижиме за нашите сопствени чувствителности а повеќе за чувствата на нашиот сосед. Ние „се обидуваме да најдеме умерени и обединети луѓе.“22 Не се впуштаме во „сомнителни спорови“, не ги судиме оние со кои не се согласуваме, или не се обидуваме да ги натераме да се сопнат.23 Наместо тоа, претпоставуваме дека оние со кои не се согласуваме, максимално ги користат своите животни искуства.

Мојата сопруга работеше како адвокат повеќе од 20 години. Како адвокат, таа често работеше со други лица кои експлицитно имаа спротивставени ставови. Но таа научи да не се согласува без да биде груба или лута. Таа може да му каже на противничкиот адвокат, „Гледам дека нема да се согласиме по ова прашање. Ми се допаѓате. Го почитувам вашето мислење. Се надевам дека можете да ми ја понудите истата љубезност.“ И покрај разликите, ова честопати овозможуваше меѓусебно почитување, па дури и пријателство.

Дури и поранешните непријатели може да бидат обединети во нивната ученост за Спасителот.24 Во 2006, јас присуствував на посветувањето на Храмот Хелскинки во Финска во чест на мојот татко и баба и дедо, кои беа меѓу првите преобратени лица на Црквата во Финска. Финците, вклучувајќи го и татко ми, сонуваа за храм во Финска со децении. Во тоа време, храмскиот округ би ги опфатил Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Белорусија и Русија.

На инагурацијата, научив нешто изненадувачки. Првиот ден од општата операција беше препуштен на членовите од Русија за да ги изведат храмските обреди. Тешко е да се објасни само колку беше ова запрепастувачки. Русија и Финска водеа многу војни низ вековите. Мојот татко не и веруваше на Русија ниту пак ги сакаше Русите. Тој толку страсно ги изразуваше своите чувства, а неговите чувства беа типични за Финско непријателство кон Русија. Ги заеше на памет епските песни кои даваа хронологија на војната од 19-ти век помеѓу Финците и Русите. Неговите доживувања за време на II Светска Војна, кога Финска и Русија беа повторно антагонисти, не сторија ништо за да ги промени своите ставови.

Една година пред посветувањето на храмот Хелсинки во Финска, храмскиот совет, составен исклучиво од фински членови, се сретна за да разговара за плановите за осветувањето. За време на тој состанок, некој примети дека Светите од Русија би требало да патуваат неколку дена за да присуствуваат на осветувањето и можеби се надеваат дека ќе ги примат своите храмски благослови пред да се вратат дома. Првиот човек на советот, Брат Свен Екланд, сугерираше дека Финците може да чекаат уште малку, дека Русите би можеле да бидат првите членови што извршиле храмски обреди во храмот. Сите членови на одборот се согласија. Верните Светци од Подоцнежните дни од Финска ги одложија своите храмски благослови за да им отстапат место на Руските Светци.

Претседателот на Областа кој беше присутен на тој состанок на одборот, Старешина Денис Б. Нојеншвандер, подоцна напиша: „Никогаш не сум бил погорд на Финците отколку во тој момент. Тешката историја на Финска со нејзиниот источен сосед … и нивната возбуда за конечна изградба на [храм] на своја почва беа оставени настрана. Дозволувајќи им на Русите да влезат во храмот први [беше] изјава за љубов и подготвеност за жртвување.“25

Кога го известив за оваа љубезност мојот татко, неговото срце се стопи и тој плачеше, многу ретка појава за тој стоички Финец. Од тогаш па сѐ до неговата смрт, три години подоцна, тој никогаш повеќе не изрази негативни чувства кон Русите. Инспириран од примерот на неговите следбеници Финците, мојот татко избра да го постави своето учење за Исус Христос над сите други размислувања. Финците не беа помалку Финци; Русите не беа помалку Руси; ниту една култура не ја напушти својата култура, историја или искуства за да го прогони непријателството. Тие немаа потреба од тоа. Наместо тоа, тие избраа нивната ученост за Исус Христос да стане нивно примарно внимание.26

Ако тие можат да го направат тоа, можеме и ние. Можеме да го донесеме нашето наследство, култура и искуства во Црквата на Исус Христос. Самоил не се срамел од своето потекло како Ламанец,27 ниту пак Мормон бегал од сопственото како Нефит.28 Но секој од нив си поставил на прво место да го следи Спасителот.

Ако не сме едно, не сме Негови.29 Мојот повик е да се биде храбар во поставување на нашата љубов за Бога и ученост за Спасителот над сите други разбирања.30 Дозволете ни да го сочуваме заветот својствен за нашето учење—заветот да бидеме едно.

Ајде да го следиме примерот на Светите од целиот свет кои успешно стануваат следбеници на Христос. Ние можеме да се ослониме на Исус Христос, кој е „нашиот мир, кој … ја сруши средната преграда меѓу нас; откако со своето тело [помирувачка жртва] ја уништи анимозноста.“31 Нашето сведоштво за Исус Христос на светот ќе се зајакне, и ќе останеме духовно здрави.32 Јас сведочам дека кога „избегнуваме расправии“ и „стануваме истомисленици со Господ во љубов и се соединуваме со Него во вера“, Неговиот мир ќе биде наш.33 Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види “The First Presidency Urges Latter-day Saints to Wear Face Masks When Needed and Get Vaccinated Against COVID-19,” Редакција, авг. 12, 2021, newsroom.ChurchofJesusChrist.org; “Vaccines Explained,” World Health Organization, who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/covid-19-vaccines/explainers; “Safety of COVID-19 Vaccines,” Centers for Disease Control and Prevention, септ. 27, 2021, cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/vaccines/safety/safety-of-vaccines.html; “COVID-19 Vaccine Effectiveness and Safety,” Morbidity and Mortality Weekly Report, Centers for Disease Control and Prevention, cdc.gov/mmwr/covid19_vaccine_safety.html.

  2. Расел М. Нелсон, “Sisters’ Participation in the Gathering of Israel,” Liahona, ное. 2018, 69.

  3. Види Doctrine and Covenants 81:5.

  4. Многу апостоли и пророци се повикуваа на обединетост и натпревар во текот на годините. Види, на пример, Марвин Џ. Аштон, “No Time for Contention,” Ensign, мај 1978, 7–9; Мерион Џ. Ромни, “Unity,” Ensign, мај 1983, 17–18; Расел М. Нелсон, “The Canker of Contention,” Ensign, мај 1989, 68–71; Расел М. Нелсон, “Children of the Covenant,” Ensign, мај 1995, 32–35; Хенри Б. Ајринг, “That We May Be One,” Ensign, мај 1998, 66–68; Д.Тод Кристоферсон, “Come to Zion,” Liahona, ное. 2008, 37–40; Џефри Р. Холанд, “The Ministry of Reconciliation,” Liahona, ное. 2018, 77–79; Квентин Л. Кук, „Срца Сплотени во Праведност и Единство,“ Liahona, ное. 2020, 18–22; Гери Е. Стивенсон, „Испреплетени Срца,“ Liahona, мај 2021, 19–23.

  5. 3 Нефи 11:28–29.

  6. Види Мојсеј 7:26, 28, 33. Ова не значи дека Спасителовата помирувачка жртва продолжува или дека Тој продолжува да страда; Исус Христос го заврши Помирувањето. Сепак, Неговата бесонечна и совршена емпатија и сочувство за која тврдеше додека ја завршуваше својата помирувачка жртва Му дозволуваат да чувствува разочарувње и тага.

  7. 2 Нефи 2:8.

  8. Јован 13:34, 35.

  9. Непријателство е состојба или чувство на активно спротивставување на некого или на нешто; тоа значи одбивност, соперништво, анимозитет, омраза, длабоко вкоренета аверзија или злоба. Грчкиот збор преведен како „enmity“ е исто така преведен како „омраза“. Тоа е спротивно на agape, што во превод значи „љубов.“ Види Џејм Стронг, The New Strong’s Expanded Exhaustive Concordance of the Bible (2010), Грчки дел од речникот, број 2189.

  10. Види Јован 17:21, 23.

  11. 3 Нефи 11:30.

  12. 4 Нефи 1:18.

  13. 4 Нефи 1:17.

  14. 4 Нефи 1:16.

  15. Претседателот Расел М. Нелсон рече, „Господ сака напор“ (во Џои Д. Џонс, „An Especially Noble Calling,“ Liahona, мај 2020, 16).

  16. Види 4 Нефи 1:15. Има и такви кои постигнале ваков вид на единство. Во Еноховото време, “Господ го нарекувал својот народ Сион, зашто тоа биле луѓе со едно срце и мисла, и живееле во праведност; и немало сиромапни помеѓу нив“ (Мојсеј 7:18).

  17. Види Мосија 18:21.

  18. Види Дела 17:29; Псалми 82:6.

  19. Види 1 Коринтјаните 12:12–27.

  20. Види Морони 7:47–48.

  21. Види Doctrine and Covenants 107:30–31.

  22. Далин Х. Оукс, “Defending Our Divinely Inspired Constitution,” Liahona, мај 2021, 107.

  23. Види Римјаните 14:1–3, 13, 21.

  24. Спасителот ги критикуваше Своите „древни ученици, [кои] бараа повод едни против други и не си простуваа еден на друг во своите срца; и за ова зло беа измачувани и долго казнувани. Затоа, „Исус ги опоменал Неговите ученици од подоцнежните-дни, „Ви велам вас, дека мора да си простувате едни на други“ (Doctrine and Covenants 64:8–9).

  25. Старешина Денис Б. Нојеншвандер, лична комуникација.

  26. На типичен Фински начин, кога Брат Екланд водел расправа за оваа одлука, тој рекол дека тое е едноставно логично. Наместо да ја пофали великодушноста на Финците, тој изразил благодарност за Русите. Финците биле благодарни за овој значаен придонес на Русите на сработеното дело во храмот Хелсинки во Финска. (Брат Свен Екланд, лична комуникација.)

  27. Види Хеламан 13:2, 5.

  28. Види 3 Нефи 5:13, 20.

  29. Види Doctrine and Covenants 38:27.

  30. Види Лука 14:25-33.

  31. Ефесјаните 2:14–15.

  32. Види Ефесјаните 2:19.

  33. Види Расел М. Нелсон, “The Canker of Contention,” Ensign, мај 1989, 71.