Генерална Конференција
Потребата за Црква
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Потребата за Црква

Светото писмо јасно поучува за потеклото и потребата за црква со која управува и дава овластување нашиот Господ, Исус Христос.

Пред многу години, Старешина Марк Е. Петерсен, член на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, започна еден говор со овој пример:

„Кенет и неговата сопруга, Лусил, се добри луѓе, искрени и исправни. Сепак, тие не одат во црква, и чувствуваат дека можат да бидат доволно добри и без неа. Тие ги поучуват своите деца на искреност и на доблесност и си велат самите на себе дека тоа е сѐ што Црквата би ги научила.

„И, во секој случај, инсистираат дека викендите им требаат за семејна рекреација … [и] одењето во црква само ќе ги попречи во нивната работа.“1

Денес, мојата порака се однесува на оние толку добри и религиозно-настроени луѓе кои престанале да доаѓаат или да земаат учество во црковните активности.2 Кога велам „црквите“, тука ги вклучувам синагогите, џамиите, или останатите религиозни организации. Загрижени сме што присуството во сите овие е значително намалено, ширум државата.3 Ако од било која причина, престанеме да ги негуваме нашите цркви, го загрозуваме нашиот личен духовен живот, и многумина што се одвојуваат од Бога ги намалуваат Неговите благослови за нашите нации.

Посетеноста и активностите на црквата ни помагаат да станеме подобри луѓе и подобро влијае на животите на другите. Во црквата нѐ учат како да ги примениме религиозните принципи. Ние учиме едни од други. Убедлив пример е помоќен од проповед. Зајакнуваме дружејќи се со други истомисленици. Како што вели Библијата, кога одиме во црква и учествуваме, нашите срца се, „соединети во љубов.“4

I.

Светите писма што Бог им ги даде на Христијаните во Библијата и во современите откровенија јасно укажуваат на потребата за црква. И двете покажуваат дека Исус Христос ја организирал црквата и размислувал дека црквата ќе ја продолжи Неговата работа после Него. Ги повикал Дванаесетте Апостоли и им дал овластување и клучеви за управување. Библијата поучува дека Христос е „главата на црквата“5 а нејзините службеници се дадени „за усовршување на светите во делото на служење, за работата на свештеничката служба, и за изградување на Христовото тело.“6 Секако, Библијата е јасна во поглед на потеклото на црквата и за потребата од неа во овој момент.

Некои велат дека присуството на црковните состаноци не им помага. Некои велат, „ништо не научив денес“ или „никој не се однесуваше пријателски кон мене“ или „јас бев навреден“. Личните разочарувања никогаш не треба да нѐ оддалечуваат од учењата за Христос, кој нѐ научи да служиме, а не да ни служат.7 Имајќи го ова на памет, друг член го опиша центарот на интерес на неговото присуство во Црквата:

„Пред неколку години го променив сопствениот став за одење во црква. Повеќе не одам во црква за себе, туку за да мислам на другите. Сакам да ги поздравам луѓето кои седат сами, да им посакам добредојде на посетителите, … да се пријавам доброволно за извршување на задача …

„На кратко, одам во црква секоја недела со намера да бидам активен, а не пасивен, и да направам позитивни промени во животите на луѓето.“8

Слика
Добредојде во црква

Претседателот Спансер В. Кимбал поучуваше дека „ние не одиме на Сакраменталните средби за да нѐ забавуваат или дури само да бидеме упатени. Одиме да му служиме на Господ. Тоа е индивидуална одговорност. … Ако службата не ви е успешна, вие не сте успешни. Никој не може да служи место вас; сами мора да чекате на Господа.“9

Црковното присуство може да ни ги отвори срцата и да ги освети нашите души.

Слика
Состанок на советот на оддел

Во црква, ние едноставно не служиме сами, ниту по сопствен избор ниту по сопствено убедување. Вообичаено служиме во тим. Во службата наоѓаме испратени од небото можности за да се издигнеме над индивидуализмот на нашето време. Црковно-насочената служба ни помага да ја надминеме личната себичност што може да го забави нашиот духовен развој.

Постојат и други важни предности што треба да се споменат, макар и за кратко. Во црквата се дружиме со прекрасни луѓе кои се трудат да му служат на Бога. Ова нѐ потсетува дека не сме сами во нашите религиозни активности. Сите ние имаме потреба од дружење со другите, а црковните здруженија се едни од најдобрите што можеме да ги доживееме, за себе и за нашите придружници и децата. Без овие здруженија, особено помеѓу децата и верните родители, истражувањето покажува дека станува сѐ потешко за родителите да ги воспитуваат децата во вера.10

II.

Досега, зборував за црквите воопштено. Сега ќе се позанимавам со посебните причини за членство, присуство и учество во Спасителовата обновена Црква на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

Слика
Храмот Солт Лејк

Ние, секако, потврдуваме дека светите писма, древни и современи, јасно даваат поука за потеклото и потребата за црква што е управувана и овластена од нашиот Господ, Исус Христос. Ние исто така сведочиме дека обновената Црква на Исус Христос беше воспоставена за да се научи целосноста на Неговото учење и за богослужба под Негово свештенско овластување за извршување на обредите неопходни за влегување во царството Божје.11 Членовите кои се откажуваат од црковното присуство и се ослонуваат само на себе духовно се одвојуваат од овие евангелски основи: моќта и благословите на свештенството, целосноста на обновеното учење, и мотивациите и можностите за да се практикува тоа учење. Тие ја губат шансата да се квалификуваат за да го овековечат своето семејство за вечноста.

Друга голема предност на обновената Црква е што таа ни помага духовно да созрееме. Созревањето значи промена. Во духовна смисла ова значи покајување и приближување поблиску до Господ. Во обновената Црква ние имаме учење, процедури, и инспиративни помагачи што ни помагаат да се покаеме. Нивната цел, дури и во членските совети, не е казнувањето, како што е исходот од кривичниот суд. Советите на црковни членови со љубов ни помагаат да се квалификуваме за простувањето овозможено преку Помирувањето на Исус Христос.

Слика
Мисионерски пар
Слика
како Оди кон храмот

Индивидуалната духовност ретко може да овозможи мотивација и структура за несебично служење што го овозможува обновената Црква. Одлични примери за ова се младите мажи и жени и постарите кои ги оставаат своите школски или пензионерски активности за да ги прифатат мисионерските повици. Тие работат како мисионери за непознати лица на непознати места што не ги избрале. Истото е вистина и за верните членови кои учествуваат во несебичната служба што ние ја нарекуваме „храмска работа“. Ниту една таква служба не би била можна без Црквата што ја промовира, ја организира и води.

Религиозната вера и црковната служба на нашите членови ги научија како да работат со заеднички напори за доброто на пошироката заедница. Таквото искуство и развој не се случува во индивидализмот толку распространет во практиките на сегашното општество. Во географските организации од нашите локални оддели, ние се дружиме и работиме со луѓе што инаку не би ги избрале, луѓе од кои учиме и кои нѐ ставаат на тест.

Ова не само што ни помага да научиме за духовните квалитети како љубов, сочувство, трпение и простување, туку ни дава можност да научиме како да работиме со луѓе од многу различни професии и преференци. Оваа придобивка им помогна на многумина наши членови, и многу организации се благословени од нивното учество. Светците од подоцнежните дни се познати по својата способност да водат и да се обединат во кооперативни напори. Оваа традиција потекнува од нашите храбри пионери кои го колонизираа Интерпланинскиот Запад и ја воспоставија нашата негувана традиција на несебична соработка за заедничко добро.

Слика
Проект на „ Раце за Помош“

Повеќето хуманитарни и добротворни напори треба да се постигнат преку здружување и управување со индивидуалните ресурси во голем обем. Обновената Црква го прави ова со своите огромни хуманитарни напори ширум светот. Овие вклучуваат дистрибуција на едукативни и медицински потребштини, хранење на гладните, грижа за бегалците, помош во поништување на ефектите од зависностите, и мноштво други. Нашите Црковни членови се познати по своите проекти „Раце за помош“ при природни катастрофи. Црковното членство ни дозволува да бидеме дел од вакви големи по обем зафати. Членовите исто така плаќаат посни прилози за да им помогнат на сиромасите во својата средина.

Слика
Земање на сакрамент

Покрај тоа што чувствуваат мир и радост од дружбата со Светиот Дух, нашите членови од Црква ги уживаат плодовите од евангелскиот живот, како што се благословите да се живее Словото на Мудроста и матерјалниот и духовен просперитет ветен со следење на животот на законот на десеток. Ние исто така го имаме благословот да нѐ советуваат инспирирани водачи.

Како круна на сето ова се овластените свештенички обреди неопходни за вечноста, вклучувајќи го сакрементот што го примаме секој Сабат-ен ден. Врвниот обред во обновената Црква е вечниот завет на бракот, кој овозможува овековечување на славните семејните односи. Претседател Расел М. Нелсон поучуваше за овој принцип на незаборавен начин. Тој рече: „Ние не можеме да посакаме да влеземе во присуство на Бога. Ние треба да се покоруваме на законите врз кои [овој благослов се] темели.“12

Еден од овие закони е да се богослужи во црквата секој Сабат-ен ден.13 Нашата богослужба и воведување на вечните принципи нѐ приближуваат до Бога и го зголемуваат нашиот капацитет за сакање. Парли П. Прат, еден од првобитните Апостоли од оваа евангелска епоха, опишува како се чувствувал додека пророкот Џозеф Смит ги објаснувал овие принципи: „Се чувствував како да Бог беше мојот небесен Отец секако; како Исус да беше мојот брат и како да жената од моите гради беше бесмртна, вечна сопатничка: љубезен ангел, кој служи, предаден на мене како утеха, и круна на славата за век векови. На кратко, јас можев сега да сакам со дух и со разбирање исто така.“14

За крај, ги потсетувам сите дека ние не веруваме дека добрина може да биде постигната само преку црквата. Независно од црквата, гледаме како милиони на луѓе поддржуваат и спроведуваат безброј добри дела. Индивидуално, Светците од Подоцнежните Дни учествуваат во многу од нив. Ги гледаме овие нешта како манифестација на вечната вистина дека „Духот дава светлина до секој човек што доаѓа на овој свет.“15

И покарј добрите дела што може да се постигнат без црквата, поседувањето на клучевите за моќ и благослов и нејзините спасителни и возвишувачки обреди се достапни само во обновената Црква. Покрај тоа, Црковната посета ни дава сила и ни ја зајакнува верата што доаѓа од дружењето со другите верници и богослужење заедно со оние кои исто така се стремат да останат на заветниот пат и да бидат подобри следбеници на Христа. Се молам за да останеме непоколебливи во овие црковни искуства додека го бараме вечниот живот, најголемиот од сите дарови на бога, во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Марк Е. Петерсон, “Eternal Togetherness,” Ensign, ное. 1974, 48.

  2. Види Д.Тод Кристоферсон, “Why the Church,” Liahona, ное. 2015, 108–11.

  3. Види Џефри М. Џоунс, “U.S. Church Membership Falls Below Majority for First Time,” Gallup, мар. 29, 2021, news.gallup.com/poll/341963/church-membership-falls-below-majority-first-time.

  4. Колосјаните 2:2.

  5. Види Ефесјаните 5:23–24.

  6. Ефесјаните 4:12.

  7. Види Јаков 1:27.

  8. Марк Скаузен до Далин Х. Оукс, 15 фев. 2009.

  9. Teachings of Presidents of the Church: Spencer W. Kimball (2006), 173–74.

  10. Види Елизабет Вајс Озотак, “Social and Cognitive Influences on the Development of Religious Beliefs and Commitment in Adolescence,” Journal for the Scientific Study of Religion, том 28, бр. 4 (Dec. 1989), 448–63.

  11. Види Јован 3:5.

  12. Расел М. Нелсон, “Now Is the Time to Prepare,” Liahona, мај 2005, 18.

  13. Види Doctrine and Covenants 59:9.

  14. Autobiography of Parley P. Pratt, из. Парли П. Прат Јун. (1938), 298.

  15. Doctrine and Covenants 84:46; додаден акцент; види исто така Doctrine and Covenants 58:27–28.