Генерална Конференција
Куќа на Последователен Ред
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Куќа на Последователен Ред

„Последователниот редослед-Редот“ е едноставен, природен и ефикасен начин за Господ да нѐ научи, на важните принципи, како Негови деца.

Во мојот професионален живот и во мојата црковна служба, сум го направил ова илјадници пати—само никогаш претходно 15 мажи не седеле директно позади мене. Ги чувствувам вашите молитви и нивните.

Браќа и сестри, потекнувам од Крлството Тонго од Јужниот Пацифик но сум израснал во Северна Америка. Пандемијата спречи стотици, можеби илјадници млади Тонгански мисионери на служба ширум светот да се вратат во својата сакана татковина поради затворените граници. Некои Тонгански старешини беа на мисија три години а сестрите над две години! Тие чекаа трпеливо со вера, по што нашиот народ е препознатлив. Во меѓувреме, не бидете премногу вознемирени ако неколку од нив што служат во вашите оддели и колови сѐ повеќе наликуваат на мене—остарени и побелени. Ние сме благодарни за мисионерите насекаде за нивната посветена служба, дури и кога е подолга или пократка отколку што се очекуваше поради пандемијата.

Една недела кога јас бев ѓакон, бев во фоајето со послужавникот со вода додавајќи го сакраментот, кога една жена влезе во зградата. Совесно, и пристапив и ѝ го подадов послужавникот. Таа кимна, се насмевна и си зеде чашка вода. Пристигна предоцна за да земе од лебот. Кратко по ова доживување, мојот домашен учител, Нед Бримли, ме научи дека многу аспекти и благослови од евангелието на Исус Христос се дадени во последователен редослед.

Подоцна истата недела, Нед и неговиот содружник дојдоа во нашиот дом со незаборавна лекција. Нед нѐ потсети дека има ред во тоа како Бог ја создал земјата. Господ одлично се погрижил објаснувајќи му на Мојсеј по кој редослед Ја беше создал земјата. Прво, Тој започнал со одвојување на светлината од темнината, потоа водата од сувата земја. Тој додал растенија и животни пред да ја воведе на новоформираната планета нејзината најголема краеција: човештвото, започнувајќи од Адам и Ева.

„Така Бог го создаде човекот според неговиот лик, според ликот на Бога тој го создаде него; машки и женски создаде тој. …

„И Бог виде сѐ што тој создаде, и видете, тоа беше многу добро“ (Битие 1:27, 31).

Господ беше задоволен. И се одмори на седмиот ден.

Последователниот редослед по кој е создадена земјата ни дава идеја не само за она што е најважно за Бога, туку и зошто и за кого ја беше создал земјата.

Слика
Нед Бримли и семејството

Нед Бримли ја подвлече својата инспитративна лекција со едноставна изјава: „Ваи, Божјата куќа е куќа со ред. Тој очекува да го живеете животот со ред. По соодветен редослед. Тој сака да служите мисија пред да стапите во брак.“ До овој момент, црковните водачи во моментот поучуваат дека „Господ очекува секој млад маж да биде подготвен да служи. … Младите жени … кои посакуват да служат треба исто така да се подготват” (General Handbook: Serving in The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints, 24.0, ChurchofJesusChrist.org). Брат Бримли продолжи: „Бог сака вие да стапите во брак пред да имате деца. И Тој сака вие постојано да ги развивате вашите таленти додека стекнувате образование.“ Доколку изберете да го живеете вашиот живот надвор од овој редослед, животот ќе ви стане многу потежок и хаотичен.

Брат Бримли исто така нѐ поучуваше дека преку Неговото помирувачко жртвување, Спасителот ни помага да го обновиме редот во нашите животи кој станал хаотичен или без редослед поради сопствените или пак лошите избори на други луѓе.

Од тогаш навака, јас сум воодушевен од „последователниот редослед.“ Развив навика да барам последователни примери во животот и во евангелието.

Старешина Дејвид А. Беднар поучуваше за овој принцип: „додека проучуваме, учиме и го живееме евангелието на Исус Христос, редоследот често пати е поучен. Помислете на пример, на поуките што ги учиме за духовните приоритети и редоследот на големите настани што се случуваат откако целосноста на Спасителовото евангелие беше обновена во овие подоцнежни денови.“

Старешина Беднар ги наброја Првата Визија и Морониевото иницијално појавување на Џозеф Смит како прво поучување на детето пророк, природата и карактерот на Бога, проследени со улогата што Книгата на Мормон и Илија би ја одиграле во собирањето на Израел од двете страни на превезот во оваа последна евангелска епоха.

Старешина Беднар заклучува: „Овој инспиративен редослед е поучен за духовните работи што се од највисок припритет за Божеството“ (“The Hearts of the Children Shall Turn,” Liahona, ное. 2011, 24).

Еден поглед на нештата што го направив е дека „последователниот редослед“ е едноставен, природен и ефикасен начин Господ да нѐ научи, како Негови деца на важните принципи.

Ние дојдовме на земјата за да учиме и да стекнеме искуство што во друг случај не би го имале. Нашиот развој е единствен за секој од нас поединечно и е основна компонента од планот на Небесниот Отец. Нашиот физички и духовен развој започнуваат постепено и се развиваат споро додека последователно стекнуваме искуство.

Алма дава моќна проповед за верата—извлекувајќи ја аналогијата со семето, кое, доколку правилно се негува и храни, изникнува од младо стебленце до потполно зрело стебло што произведува вкусен плод (види Алма 32:28-43). Лекцијата е дека нашата вера ќе се зголеми кога отстапувате место и го храните семето—или зборот Божји—во вашите срца. Вашата вера ќе расте додека Божјиот збор започнува „да набабрува во вашите гради“ (стих 28). Дека тоа „набабрува, изникнува и започнува да расте“(стих 30) е и видливо и поучно. Тоа исто така е последователно.

Господ нѐ поучува поединечно според нашата способност да учиме и како учиме. Нашиот раст зависи од нашата подготвеност, природна љубопитност, ниво на вера и разбирање.

Нефи беше поучуван за она што Џозеф Смит би го научил во Киртланд, Охајо, повеќе од 2,300 години подоцна: „Зашто, ете, така вели Господ: Јас ќе им дадам на децата човечки ред по ред, уредба по уредба, малку по малку; и благословени се оние кои ги слушаат моите уредби и го слушаат мојот совет, зашто ќе научат мудрост“ (2 Нефи 28:30).

Тоа што ние учиме „ред по ред, уредба по уредба, тука малку и таму малку“ е повторно последователно.

Размислете за следните изјави што ги слушаме во текот на најголемиот дел од нашиот живот: „Прво најважните работи“ или „Нахранете ги со млеко пред да им дадете месо.“ Што мислите за „Треба да научиме да чекориме пред да трчаме“? Секоја од овие аксиоми опишува нешто што е последователно.

Чудата се случуваат според последователен редослед. Чуда се случуваат кога прв пат практикуваме вера. Верата е претходник на чудата.

И младите мажи се ракополагаат во канцелариите за Ароново Свештенство во редослед, според возраста на оној што е ракоположен: ѓакон, учител а потоа свештеник.

Уредбите за спасение и егзалтација се последователни по природа. Крстени сме пред да го примиме дарот на Светиот Дух. Храмските обреди се слично последователни. Секако, како мој пријател Нед Бримли толкму мудро ме научи, сакраментот е последователен—започнува со леб, а потоа следи вода.

„И додека јадеа, Исус го зеде лебот, го благослови, го искрши и им го даде на своите следбеници, и рече, Земете, јадете; ова е моето тело.

„И тој ја зеде чашата, се заблагодари, и им ја даде ним, велејќи, Пијате сите од неа;

„Зашто ова е мојата крв од новиот завет, што е пролеана за простување на гревовите“ (Матеј 26:26-28).

Во Ерусалим и во Америка, Спасителот го воспостави сакраментот по истиот редослед.

„Ете, мојот дом е дом од ред, вели Господ Бог, а не куќа на збрка“ (Doctrine and Covenants 132:8).

Покајувањето е последователно. Започнува со вера во Исус Христос, дури и само мало делче. Верата бара послушност, што е основен елемент за да се има „скршено срце и покајнички дух.“ (2 Нефи 2:7).

Секако, и првите четири принципи на евангелието се последователни. „Ние веруваме дека првите принципи и уредби на Евангелието се: прво, Вера во Господ Исус Христос; второ, Покајание; трето, Крштавање преку потопување за откупување на гревовите; четврто, Ракополагање за дарот на Светиот Дух“ (Поставки на Верата 1:4).

Кралот Бенџамин го поучувал својот народ на оваа важна вистина: „И видете дека сите овие нешта се направени во мудрост и редослед; зашто не е потребно човек да трча побрзо отколку што има сила. И повторно, треба да бидете вредни за да освоите награда; сите нешта мора да бидат направени по ред“ (Мосија 4:27).

Нека си го живееме животот со ред и да бараме да го следиме редоследот што Господ ни го одредил за нас. Ќе бидеме благословени додека бараме и го следиме примерот и редоследот по кој Господ поучува што е најважно за Него. Во светото име на Исус Христос, амин.