Генерална Конференција
Вера да се Дејствува и да се Стане
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Вера да се Дејствува и да се Стане

Преку молитва, проучување на светите писма и дејствување можеме да ги отклучиме благословите на небесата и да станеме подобри следбеници на Спасителот Исус Христос.

Наскоро откако бев повикан да служам како Генерална Власт од Седумдесетте, имав можност да го посетам Претседателот Расел М. Нелсон неколку минути. Беше непланирана средба во кафетеријата, и тој беше толку љубезен да го поканби Старешина Марк Палмер и мене да седнеме и да ручаме со него.

„За што разговараме за време на ручек со пророкот?“ беше мислата што ми падна на памет Затоа одлучив да го прашам Претседател Нелсон дали има некој совет или упатство за мене, бидејќи само што го започнав мојот повик. Неговиот одговор беше многу едноставен и директнен; тој ме погледна и кажа, „Старешина Шмеил, повикан сте за тоа за кое можете да станете.“ Јас се оддалечував од тоа искуство размилсувајќи што Господ би сакал да станам. Како што размислував за ова, сватив дека тој сака јас да станам подобар сопруг, татко, и син и подобар слуга. Јас потоа сватив дека сето ова може да биде исполнето додека работев да станам подобар учител на Спасителот Исус Христос.

На последната генерална конференција, Претседателот Нелсон рече: „За било што да се направи добро потребен е напор.Да се прави се добро е потребно напор. Да се стане вистински ученик на Исус Христос не е исклучок.“1 Претседател Нелсон не повикува да работиме напорно за да станеме подобри ученици на Исус Хруистос. Тој ни кажа за да станеме повеќе како Спасителот, мораме да ја зацврстиме нашата вера прашувајќи, дејствувајќи, и студирајќи покрај другите нешта.

1.Прашајте

Тој рече, „Побарајте од вашиот Небесен Отец, во името на Исус Христос, помош.“2 Барање преку молитва е еден од клучевите до сознанието како да се стане подобар следбеник на Исус Христос.

Кон крајот на Неговата служба помеѓу Нефитите во Американските земји, Исус Христос се вознесе на небото. Подоцна, Неговите ученици се собраа , „обединети во моќна молитва и пост. И Исус повторно им се покажа, зашто тие се молеа на Отецот во негово име.“3 Зошто Исус им се покажал на Неговите ученции? Бидејќи тие се молеа; тие прашуваа.

Потоа Тој продолжи:

„Сеге одам кај Отецот. И вистина ви велам, што и да го прашате Отецот во мое име ќе ви биде дадено на вас.

„Затоа, прашувајте, и ќе добиете; чукнете и ќе ви биде отворено; бидејќи тој што прашува, добива; и на оној кој чука, ќе му биде отворено.“4

Ние мораме да прашаме со вера за да ја знаеме вољата Господова, и да го прифатиме дека Господ знае што е подобро за нас.

2.Дејствувајте

Дејствување е уште еден основен клуч да се стане подобар следбеник на Исус Христос. Додека дејствуваме, Тој ќе не води и насочи долж патот. Сигурен сум дека Нефи бараше водство од Господ да знае како да ги добие плочите од месинг од Лабан, сепак тој и Неговите браќа се обидоа два пати без успех. Но тие дејствуваа, и Господ ги насочуваше долж патот. На крајот, Нефи беше успешен по третиот пат. Тој се потсети, „Јас бев воден од Духот, не знаејќи предвреме за нештата кои треба да ги правам.“5

Така делува Господ кога вложуваме напор и дејствуваме, дури и кога не сме сигурни што да направиме. Господ му кажа на Нефи што да стори: оди и земи ги плочите. Но Тој не му кажа на Нефи како да го стори тоа. Тој му дозволи на Нефи да свати и да побара помош од Господ—и така Господ често делува во нашите животи. Додека дејствуваме со вера, Господ не води и упатува.

3.Проучувајте

Во 3 Нефи, учениците споменати на Спасителот дека таму постоеле оспорувања помеѓу народот во врска со името на Црквата. Како одговор, Спасителот поучуваше важен пример кога праша, „Зарем не ги читале светите писма?“6 Дејствување е суштински клуч да се стане подобар ученик на Исус Христос. Молитва и поучување на светите писма одат рака до рака. Тие делуваат заедно за наша корист. Ова е процесот кој Господ го беше воспоставил. „Прославете се на зборовите Христови; зашто видете, зборовите на Христос ќе ви ги кажат сите нешта што треба да ги направите“7

Спасителот поучиваше исто така дека не треба само да ги објаснето светите писма туку исто така и да поучиваме од нив, како што им покажа на Нефитите: „И сега се случи кога Исус беше ги собрал сите свети писма во едно, кои тие ги беа напишале, тој им заповеда дека треба да ги објаснето овие нешта кои ги собра за нив.“8

Ова е една од причините зошто беше толку важно за Нефи да се врати назад и да ги земе плочите од месинг: неговото семејство им требаа светите писма не само да им помогнат на нивното патување во ветената земја туку исто да им помогнат со нивните деца. И ние исто така мораме да бараме водство од светите писма за нашето патување, и мораме да поучуваме од нив во нашите домови и Црковни повици.

4.Дејствувајте да Станете

Многу пати одговорите на молитвата нема да дојдат веднаш. Но мораме да имаме вера да продолжиме, да дејствуваме во праведност, и да бидеме упорни како Нефи кога се обидуваше да ги земе плочите од месинг. Господ ќе ни покаже по малку по малку; додека ги проучуваме светите писма, Господ ќе ни ги даде одговорите или силата што ни е потребна за да поминеме уште еден ден, уште една недела, и да се обидеме уште еднаш. Старешина Ричард Г. Скот кажа: „Бидете благодарни што понекогаш Бог ви доволува да е борите долг период пред одговорот да дојде. Тоа предизвикува твојата вера да се зголеми и вашиот карактер да расте.“9

Преку молитва и проучување на светите писма, Господ секогаш ми дава сила да дејствувам и да издржам уште еден ден, уште една недела, и да се обидам уште еднаш. Многу пати одговорите не доаѓаа веднаш. Имам прашања кои сеуште не биле одговорени, но продолжувам да прашувам и да учам, и сум среќен дека Господ ми дава сила да дејствувам додека ги чекам другите.

Старешина Скот исто така рече, „Додека одите до границате на вашето разбирање и практикувате вера во самракот на неизвесноста, ќе бидете наведени да најдете решенија што инаку не би ги добиле.“10

Да се стане подобар следбеник на Спасителот Исус Христос е животно патување, и сите ние сме во различни стази, движејќи се со различен чекор. Мораме да имаме на ум дека ова не е натпреварување, и овде сме да се сакаме и помагаме едни со други. Мораме да дејствуваме за да овозможиме Спасителот да работи во наште животи.

Ззборувајќи за Сидни Ригдон, Гопсод го кажа следното: „Те гледав тебе и твоите дела. Ги слушнав твоите молитви, и те подготвив за поголемо дело“11 Јас сведочам дека Господ ги слуша и одговара на нашите молитви; Тој не познава; Тој има голема работа за секој еден од нас. Преку молитва, проучување на и постапки, можеме да ги отклучиме благословите на небесата и да станеме подобри следбеници на Спасителот Исус Христос.

Претседател Далин Х. Оукс поучуваше дека „Последниот Суд не е само оцена за тоталниот збир на добрите и злобнте дела—што сме ги направиле. Тоа е признание за последниот ефект за нашите дела и мисли—тоа што сме станале.”12

Јас сум благодарен за пророци, јасновидци, и откровители; тие се чуварите на кулата. Тие гледаат нешта кои ние не ги гледаме. Јас сведочам дека преку нивните зборови, можеме да станеме подобри следбеници на Спасителот Исус Христос и да постигнеме наш потенцијал. Јас сведочам дека Христос живее и го познава секој од нас поединечно. Ова е Негова Црква. Во светото име на Исус Христос, амин.