Генерална Конференција
Едноставно Убаво—Прекрасна Едноставност
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Едноставно Убаво—Прекрасна Едноставност

Ајде да го задржиме евангелието едноставно кога ги превземаме врз нас нашите божествено назначени одговорности

Вовед

Јас нудам добредојде на сите вие што присуствувате на оваа конференција.

Денес се надевам да опишам два елемента од вечното еванагелие на Исус Христос, следено од четири потикнувачки извештаи од Светци од Подоцнежните Дни низ светот кои демонстрираат примена на овие принципи. Првиот елемент на обновеното евангелие—Божјата рабора за спасение и возвишување—се фокусира на божествено назначеи одговорности. Вториот елемент не потсетува дека евангелието е чисто, скапоцено, и едноставно.

Божествено Назначени Одговорности

За да се добие вечен живот, мораме „да дојдеме кај Христос, и да сме совршени во него.“1 Додека доаѓаме кај Христос и им помагаме на другите да го направат истото, Ние учествуваме во Христовото дело на спасение и возвишеност, што се фокусира на божествено назначени одговорности.2 Овие божествени одговорности се усогласуваат со свештенските клучеви обновени од Мојсеј и Илија, како што е запишано во 110-тиот дел од Учења и Завети,3 и втората голема заповед дадена од Исус Христос да го сакаме нашиот сосед како самите себе.4 Тие се наоѓаат на првите две страни од ажурираниот General Handbook, достапен на сите членови.

Ако слушањето на зборовите „Генерален Прирачник“ или „божествено назначени одговорности“ предизвикува да затреперите од страв поради сложеноста, ве молам немојте. Овие одговорности се едноставни, инспиративни, мотивирачки, и изведливи. Еве ги:

  1. Да се живее евангелето на на Исус Христос

  2. Грижа за Оние на Кои имаат потреба од тоа

  3. Да се повикаат сите да го примат евангелието

  4. Да се обединат семејствата за Вечност

Можете да ги гледате како што ги гледам јас: како патна карта за враќање назад кај нашиот сакан Небесен Отец.

Слика
Елементи на делото на спасение и возвишеност

Евангелието е Обично, Скапоцено, и Едноставно

Кажано е дека евангелието на Исус Христос е „едноставно убаво и убаво а едноставно.5 Светот не е. Тој е компликуван, комплексен и исполнет со превирања и расправии. Благословени сме кога грижливо вежбаме за да не дозволиме сложеностатолку вообичаено во светот, да навлезе во начинот на кој го примаме и практикуваме евангелието.

Претседателот Далин Х. Оукс запази: „Не поучуваат на мали и едноставни нешта во евангелието на Исус Христос. Имаме потреба да нѐ потсетат дека се на се и одвреме навреме, овие наизглед мали нешта доведуваат до реализација на големи нешта.“6 Исус Христос лично опиша дека Неговиот јарем е лесен, и Неговиот товар исто така.7 Зошто сите се трудиме да го правиме ова евангелие едноставно—во нашите животи, во семејствата, во нашите класови и кворуми, и во нашите оддели и колови.

Кога ги слушате следните приказни што ќе споделам со вас, препознајте дека тие се внимателно избрани да бидат инспиративни и информативни. Делата на сите овие Светци од Подоцнежните дни станува пример за сите нас во примена на евангелието на обични, скапоцени, и едноставни начини додека ја исполнуваме една од божествено назначените одговорности тукушто претставени.

Живеење на Евангелието на Исус Христос

Прво, да се живее евангелието на Исус Христос Јенс од Данска се моли секој ден за да го живее евангелието и за да ги забележи поттикнувања од Светиот Дух. Тој беше научил да дејствува брзо кога ќе почувствува дека е упатен од Духот.

Слика
Јенс од Данска

Јенс го сподели следното:

„Живееме во мала, идилична, полудрвена куќа со сламен покрив, во центарот на пријатно мало село, во близина на селското езерце.

Слика
Идилично село
Слика
Селско езерце

„Оваа ноќ со најубавото данско лето време што можете да си го замислите, вратите и прозорците беа отворени, и сѐ дишеше мир и тишина. Поради нашите славно светли и долги ноќи, не брзав да ја заменам изгорената сијалица во нашата помошна просторија.

Слика
Светлото во помошната соба

„Одненадеж, ме облеа силно чувство дека треба да ја променам веднаш! Во исто време, ја слушнав мојата сопруга, Маријан, како ме повикува мене и децата да ги измиеме рацете зашто вечерата беше готова!

„Доволно долго време бев во брак за да знам дека ова не е време да се започне со работа на било што друго освен да се измијат рацете, но се слушнав себе си како и довикувам на Маријан дека ќе претрчам до продавница за да купам нова сијалица. Почувствував силен нагон да заминам веднаш.

„Продавницата со артикли беше од другата страна на езерцето.“ Вообичаено одевме пешки, но денес го зграбив велосипедот. Возејќи покрај езерцето, со аголот на моето око забележав мало дете, околу две години, како оди само по самиот раб на езерцето, многу блиску до водата—одеднаш тоа падна внатре! За момент беше таму—а веќе следниот го снема!

„Никој не виде дека ова се случува освен мене. Го фрлив мојот велосипед на земјата, потрчав и скокнав во езерцето со вода до половината. Површината на водата веднаш се замати од алгите, и беше невозможно да се гледа низ неа. Тогаш осетив движење од едната страна. Бркнав во водата, се фатив за маицата и го извлеков детето нагоре. Тој почна да бревта, да кашла и да плаче. Набргу потоа момчето беше заедно со своите родители.“

Слика
Јенс и семејството

Кога брат Јенс се моли секое утро за помош да може да ги препознае поттикнувањата од Светиот Дух, дури и кога тоа е нешто невообичаено како веднаш да се промени сијалицата, тој исто така се моли за да може да биде искористен како алатка да се благословат Божјите деца. Јенс го живееше евангелието барајќи божествена насока секој ден, стремејќи се да биде достоен, потоа давајќи сѐ од себе да ја следи таа насока кога ќе дојде.

Грижа за оние кои имаат потреба од тоа

Еве еден пример за грижа за оние што имаат потреба од тоа. Еден ден претседателот на Кукута колот во Колумбија се придружи на претседателот на Млади Жени за да посетат две млади жени—и нивниот постар брат тинејџер—кои минуваа низ некои ужасни борби. Неодамна почина татко, а нивната мајка почина една година претходно. Трите деца сега беа оставени сами во нивното мало скромно засолниште. Ѕидовите беа направени од сурово дрво обложено со пластични кеси, а брановидниот лимен покрив ја покриваше само областа каде што спиеја.

После нивната посета, овие водачи знаеја дека на децата им треба помош. Преку одделенскиот совет, започна поставување на план за помош. Водачите на оддел и кол—Здржението за Помош, кворумот н старешини, Млади Мажи, Млади Жени—и многу семејства сите си поставија за задача да го благословат ова семејство.

Слика
Куќа се гради
Слика
Куќа во изградба

Организациите на одделот контактираа неколку членови од одделот кои работат со градежништво. Некои помагаа со дизајн, други донираа време и работа, трети правеа оброци, и други донираа потребни материјали.

Слика
Завршен дом

Кога малата куќа беше завршена, тоа беше радосен ден за оние кои помагаат и за трите млади членови на одделот. Овие деца без родители ја почувствуваа топлата и охрабрувачка врска со своите птитенички семејства за да знаат дека не се сами и дека Бог е секогаш тука за нив. Оние што посегнаа ја почувствуваа љубовта на Спасителот кон ова семејство и дејствуваа како Неговата рака служејќи им.

Повикајте ги Сите да го Примат Евангелието

Мислам дека ќе уживате во овој пример на повикување на сите да го примат евангелието. Седумнаесетгодишниот Клејтон од Зеленортскиот остров не насетуваше што би можело да се случи како резултат на влегувањето на час во одделот еден ден. Но неговиот живот и животите на другите би биле засекогаш променети поради неговото доаѓање.

Клејтон, заедно со мајката и постариот брат, беа кртсени во Црквата нешто порано, а сепак семејството престана да ја посетува. Неговио единствен чин да присуствува на часот треба да се покаже како столб за семејството.

Другите млади во класот беа топли и со полни со чувство дека е добредојден. Тие направија Клејтон да се чувствува како дома и го охрабрија да присуствува и на друга активност. Тој го стори тоа и започна да присуствува и на другите Црковни состаноци. Еден мудар епископ виде духовен потенцијал во Клејтон и гму понуди да биде негов асистент. „Од тој момент натаму,“ вели епископ Круз, „Клејтон стана пример и имаше влијание на другите млади луѓе.“

Првата личност која Клејтон ја повика да се врати во црква беше неговта мајка, потоа неговиот постар брат. Потоа тој го рашири својот круг на пријатели. Еден од овие пријатели беше млад човек на негова возраст, по име Вилсон. За време на првата средба со мисионерите, Вилсон ја изрази неговата желба да биде крстен. Мисионерите беа импресионирани и вчудовидени колку Клејтон веќе беше споделил со Вилсон.

Слика
Млади мажи на Зеленортските острови
Слика
Покајнувајќи други да дојдат во црква
Слика
Растечка група на активни млади

Напорите на Клејтон не запреа таму. Освен што го сподели евангелето со пријателите од другите вери, тој им помогна на други помалку активни членови да се вратат. Денес одделот има 35 активни млади, со успешна програма, и тоа благодарение на голем дел од Клејтоновите напори за љубов, споделување, и покана. Клејтон и неговиот постар брат, Клебер, се подготвуваат за отслужување мисии со полно работно време.

Обединување на Семејствата за Вечност

На крај, дозволете ми да споделам еден убав пример за обединување на семејства за вечност. Лидија од Карков, Украина, најнапред дозна за храмот од мисионерите. Лидија веднаш почувствува огромна желба да го посети храмот, и по крштевањето ги започна подготовките за примање на храмска препорака.

Лидија го посети храмот Фрајбург во Германија за да го прими дарувањето а потоа мина неколку денови вршејќи крштевања за други. После посветувањето на Храмот во Украина, Лидија доби шанса почесто да посетува храм. Таа и нејзиниот сопруг Анатолиј, таму беа запечатени за вечност а подоцна и повикани да служат како мисионери во храмот. Заедно тие пронашле повеќе од 15000 имиња на предци и работеле да обезбедат храмски обреди за нив.

Слика
Украинска двојка во храм

Кога беше запрашана за нејзините чувства во врска со работата на храмот, Лидија вели, „Што примив во храмот? Склопив нови завети со Бог. Моето сведоштво беше зајакнато Научив да добивам лично откровение. Јас сум во состојба да изведувам обреди за спасение за моите починати предци. И можам да ги сакам и да им служам на другите луѓе. Таа заврши со оваа точна реченица: „Господ сака да не види во храмот често.“

Заклучок

Јас сум инспириран од добрината на овие Светци од Подоцнежните Дни, секој со различно и разновидно потекло, кои се централни во овие четири приказни. Многу може да се научи од чудесните резултати добиени со едноставна примена на едноставни евангелски принципи. Сѐ што направија и нам ни е на дофат.

Ајде да го сочуваме евангелието едноставно додека ги превземаме врз нас божествено назначените одговорности: Да се живее евангелието на Исус Христоос за да бидеме чувствителни на поттикнувања, како што направи Јенс во Данска. Да се грижиме за оние кои имаат потреба, како што е прикажано од членовите на Кукута колот во Колумбија кои обебедија засолниште за безродителните деца членови на нивниот оддел. Да се повикаат сите да го примат евангелието, на начин на кој Клејтон од Африканската островска држава Зеленортските острови го направи тоа со своите пријатели и семејството. Конечно, да се обединат семејства за вечност, како што е претставено од сестра Лидија од Украина преку нејзините сопствени храмски обреди, напорите за семејна историја, и службата во храмот.

Тоа сигурно ќе ви донесе мир и радост. За ова јас ветувам и сведочам—и за Исус Христос како наш Спасител и Откупител—во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Морони 10:32.

  2. Види General Handbook: Serving in The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints, 1.2, ChurchofJesusChrist.org.

  3. Види Учење и Завети 110:11-16. Види исто така Далин Х. Оукс, “The Melchizedek Priesthood and the Keys,” Liahona, мај 2020, 70: “После Following посветувањето на првиот храм од оваа евангелска епоха во Китланд Охајо, трите пророци—Мојсеј, Илија и Илија—ги обновија ‘клучевите на оваа евангелска епоха,’ вклучувајќи ги клучовите кои се однесуваат а собирањето на Израел и работата во храмовите на Господ.” Види исто така Квентин Л. Кук, “Prepare to Meet God,” Liahona, мај 2018, 114: “Древните пророци ги обновија свештеничките клучеви за обредите за вечно спасение на евангелието на Исус Христос. … Овие клучеви ја овозможуваат ‘моќта од височините’ [Учење и Завети 38:38] за божествено назначените одговорности што ја сочинуваат основната цел на Црквата.”

  4. Види Матеј 22:36-40.

  5. Во Matthew Cowley Speaks: Discourses of Elder Matthew Cowley of the Quorum of the Twelve of The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints (1954), xii.

  6. Далин Х. Оукс, “Small and Simple Things,” Liahona, мај 2018, 89.

  7. Види Матеј 11:30,