Генерална Конференција
Спасителовото Трајно Сочувство
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Спасителовото Трајно Сочувство

Изразувањето на сочувство за другите е суштината на евангелието на Исус Христос.

Еден од највпечатливите принципи поучуван од Спасителот за време на Неговата земна служба беше третирање на другите со сочувство. Ајде да размислиме за овој принцип и неговата практична примена земајќи го во предвид записот за Исусовата посета на домот на Симон Фарисејот.

Евангелието на Лука поврзува една одредена жена, која се смета за грешник, која влегла во домот на Симон додека Исус беше таму. Со скромен чекор, жената му се доближи на Исус, ги изми неговите стапала со нејзините солзи, ги избриша со нејзината коса, и потоа ги бакна и помаза со специјално масло1 Гордиот домаќин, кој се чувствувал морално спериорен кон жената, си размислувал самиот со прекор и арогантност, „Овој човек, тој да беше пророк, би знаел кој и каков вид на жена е ова која го допре: зашто таа е грешник.“2

Ставот на Фарисејот дека е посвет од тебе го водеше да суди неправедно и Исус и жената. Но во Неговата сезнајност, Спасителот знаеше за умот на Симон и, во голема мудрост, го оспори Симоновиот супериорен став, а исто така го предупреди за недостаток на гостопримство при пречекување на специјални гости како Спасителот во нивниот дом. Всушност, директниот прекор на Исус на Фарисејот служеше како сведоштво дека Исус навистина поседувал дар на пророштво и дека неговата жена, со скромно и покајничко срце, беше покајник и и беа простени гревовите.3

Како и многу други настани за време на Исусовото земно служење, овој запис покажа уште еднаш дека Спасителот дејствувал сочуствително кон сите што би дошле при Него—без разлика—а посебно спрема оние кои најмногу имаат потреба од Неговата помош. Сожалувањето и почитуваната љубов покажана кон Исус од жената беа сведоштво за нејзиното искрено покајание и желба да се добие опростување за нејзините гревови. Како и да е, Симоновиот супериорен комплекс, во пар со неговото стврднато срце,4 го спречи да покаже покакајание за таа покајничка душа, и тој дури и му посочи на Спасителот на светот со рамнодушност и презир. Неговиот став покажа дека Неговиот начин на живот не беше ништо повеќе од строго и свето запазувaње на правилата и надворешни манифестации на неговите убедувања преку самовозвишување и лажна светост.5

Сочувствителната и лична служба на Исус во овој запис дава совршен модел за тоа како треба да комуницираме со нашите соседи. Светите писма имаат безброј примери за тоа како Спасителот, трогнат од Неговото длабокото и трајно сочувство, комуницира со луѓето од Неговите денови и им помага на оние кои страдаат и на оние кои „се онесвестиле, и беа раселени, како овци без пастир.“6 Тој ја испружи Неговата милостива рака на оние на кои им треба олеснување од нивните товари, и физички и духовно.7

Сочувствувачкиот став на Исус е вкоренет во Неговото милосрдие,8 имено, во Неговата чиста и совршена љубов, која е суштина на Неговата помирувачка жртва. Сочувството е фундаментална особина на оние кои тежнеат кон осветување и оваа божествена особина се испреплетува со други Христијански особини како што е жалење со оние кои тагуваат и имање емпатија, милост, и љубезност.9 Изразот за сочувство кон другите е, всушност, суштината на еванглието на Исус Христос и ознален доказ за нашата духовна и емоционална блискост на Спасителот. Понатаму, го покажува нивото на влијание кое Тој го има на нашиот живот и демоснтрира величина на нашите духови.

Корисно е да се напомене дека Исусовите сочувствителните дела не беа повремени или мандатни манифестации, базирани на список на задачи што треба да се завршат, туку секојдневни изрази на Неговата реална чиста љубов за Бога и Неговите деца и трајната желба да им се помогне.

Исус можеше да ги забележи потребите на луѓето од далеку. Така, не е изненадувачки, на пример, дека веднаш откако исцелил одреден слуга на центурион,10 Исус патуваше од Капернаум до градот наречен Наин. Таму Исус изведе едно од најмилите чуда на Неговото земно служење кога заповеда на еден мртов млад човек, единствениот син на вдовица мајка, да стане и да живее. Исус го почувствува не само тешкото страдање на оваа сиромашна мајка туку и тешките околности во нејзиниот живот, и Тој беше поттикнат од вистинско сочувство кон неа.11

Исто како и грешната жена и вдовицата од Наин, многу луѓе во нашиот круг на влијание бараат удобност, внимание, вклучување, и било каква помош која можеме да ја понудиме. Сите ние можеме да бидеме инструменти во Божјите раце и да дејствуваме сочувствувачки кон оние загрозените, исто како што направи Исус.

Слика
Catarina Justinano Menossi and Danilo Menossi

Знам една мала девојка која беше родена со многу сериозни расцепени усни и расцепени непце. Таа мораше да ја направи првата од серијата многу операции на вториот ден од нејзиниот живот. Поттикната од искреното сочувство за оние кои го доживеале истиот предизвик, ова девојче и нејзините родители настојувале да дадат поддршка, разбирање и емоционална поддршка на другите кои се соочуваат со оваа потешкотија во реалноста. Неодамна ми пишаа и споделија: „Преку предизвикот на нашата ќерка, имавме можност да се запознеме со прекрасни луѓе на кои им беше потребна утеха, поддршка, и охрабрување. Пред некое време, нашата ќерка, која има 11 години сега, зборуваше со родителите за едно бебе со истиот предизвик. За време на оваа конверзација, нашата ќерка моментално ја симна маската која ја носеше за време на пандемијата па родителите би можеле да видат дека постои надеж, дури иако тоа бебе сеуште има долг пат да помине до наредните неколку години за да го реши проблемот. Се чувствуваме многу благодарни за нашата емпатија за оние кои страдаат, како што Спасителот го прави тоа за нас. Чувствуваме дека ја олеснуваме нашата болка секогаш кога ќе ослободиме нечија туѓа болка.“

Мои драги пријатели, додека намерно се стремиме да ги вклучиме како сочувствителни ставови во нашиот наќин на живот, како што е со пример на Спасителот, ќе станеме почувствителни на потребите на луѓето. Со таа интензивна сензитивност, чувства за автентична интерест и љубов ќе продрат со секое дело. Господ ќе ги препознае нашите напори, и ние сигурно ќе бидеме благословени со можности да бидеме алатка во Неговите раце за омекнување на срцата и за носење на олеснување на оние чии „раце … висат надолу.“12

Исусовата опомена до Симон Фарисејот исто така јасно стави до знаење дека никогаш не смееме да носиме непријатни и сурови одлуки за нашите соседи, затоа што сите ние имаме потреба за разбирање и милост за нашите несовршености од нашиот сакан Небесен Отец. Зарем тоа не беше токму она што Спасителот во друга прилика кога рече, „Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а гредата во своето око не ја чувствуваш?“13

Мора да земеме во предвид дека не е лесно да разбереме за сите околности кои допринесуваат за нечија ситуација и став односно реакција. Изгледите можат да бидат измамнички и честопати не претставуваат прецизна мерка за нечие однесување. За разлика од тебе и од мене, Христос е способен за јасно да ги види сите страни на дадената ситуација.14 Дури знаејќи за сите слабости како што ги знае, Спасителот не нѐ осудува избрзано туку продолжва да разботи со нас сочувствително со текот на времето, помагајќи ни да ја отстраниме раската во окото. Исус секогаш гледа на срцето, а не на надворешноста.15 Тој Самиот изјави, „Не судете според изгледот.“16

Еве, земете го во предвид мудриот совет за дванаесетте Нефити ученици во врска со ова прашање:

„И дали знаете дека ќе бидете судии на овие луѓе, според судењето кое же ви го дадам при вас, кое ќе биде само праведно. Затоа, каков вид на луѓе треба да бидете? Вистина ви велам, таков каков што сум.“17

„Затоа би сакал да бидете совршени, како и јас, или како што е совршен Отецот ваш кој е на небото.“18

Во овој контекст Господ одредува пресуди врз оние кои преземаат врз себе да судат за претпоставените недостатоци на другите неправедно. Со цел да се квалификуваме за да донесеме праведни одлуки, мораме да се стремиме да бидеме како Спасителот и да гледаме на несовршеностите на другите сочувствително, и тоа преку Неговите очи. Земајќи во предвид дека имаме долг пат да поминеме за да достигнеме совршеност, можеби би било подобро ако стоиме пред Исусовите стапала и преколнуваме за милост за сопствените несовршености, како жената покајник во Фарисејската куќа, и не трошеше толку време и енергија фиксирајќи се на согледаните несовршености на другите.

Мои драги пријатели, јас сведочам дека додека се стремиме да го вклучиме Спасителовиот совршен пример во нашите животи, нашата способност да ги пофалиме доблестите на нашите соседи ќе се зголеми и нашиот природен инстикт за проценка на нивните несовршености ќе се намали. Нашата блиска врска со Бога ќе расте, и секако наште животи ќе станат послатки, нашите чувства понежни, и ние ќе пронајдеме бескраен извор на среќа. Ќе бидеме познати како миротворци,19 чии зборови се нежни како роса на пролетното утро.

Се молам да станеме повеќе долготрпеливи и потолерантни кон другите и дека Господовата милост во совршена благост, ќе ја смири нашата нетрпеливост со нивните несовршености. Ова е покана на Спасителот за нас. Јас сведочам дека Тој живее. Тој е совршен модел на милостив и трпелив ученик. За овие нешта јас сведочам во светото име на Спасителот Исус Христос, амин.