Генерална Конференција
Да се стане Повеќе во Христос: Параболата на наклонот
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Да се стане Повеќе во Христос: Параболата на наклонот

Според Господово одредено време, најважно е каде сме тргнале а не каде сме започнале.

Како младо момче, имав големи аспирации. Еден ден после училиште прашав: „Мамо, што да бидам кога ќе пораснам: професионален кошаркар или рок ѕвезда?“ За жал, Кларк „беззабестото чудо“ не прикажа знаци на иден атлета или пак доживеа музичка слава. И покрај бројните напори, постојано ми беше одбиван приемот во напредната академска програма во моето училиште. Моите учители на крај предложија дека би требало едноставно да се држам до стандарните часови. Со тек на времето, јас развив дополнителни навики за учење. Но непосредно пред моето заминување на мисија во Јапонија заблежав дека моите интелектуални и духовни можности почнаа да се зголемуваат. Продолжив да работам напорно. И за прв пат во мојот живот, јас систематски го вклучив Господ во мојот развој, а тоа направи голема разлика.

Слика
Старешина Гилберт како младо момче
Слика
Старешина Гилберт како мисионер

Браќа и сестри, во оваа Црква, ние веруваме во божествениот потенцијал на сите Божји деца и во нашата способност да станеме повеќе во Христа. Според Господово одредено време, најважно е каде сме тргнале а не каде сме започнале.1

За да го прикажеме овој принцип, јас ќе пристапам кон основна математика. Сега, не паничете кога ќе го слушнете зборот математика на генералната конференција. Нашиот факултет по математика на БЈУ-Ајдахо ме увери дека дури и почетник ќе го свати овој централен концепт. Започнува со формулата за права. Пресекот, за наши цели, е почеток на нашата права. Пресекот може да има или висока или ниска почетна точка. Наклонот на правата може да биде наклонет позитивно или негативно.

Слика
Slopes and intercepts

Сите ние имаме различни пресеци во животот—започнуваме на различни места со различни животни дарувања. Некои се родени со високи пресеци, полни со можности. Други се соочуваат со почетни околности кои се полни со предизвици и изгледаат неправедно.2 Тогаш ние напредуваме по косина на личен напредок. Нашата иднина ќе биде предопределена далеку помалку од нашата почетна точка а многу повеќе од нашата косина-падина. Исус Христос гледа божествен потенцијал без разлика каде почнавме. Тој го виде во питачот, грешникот, и немоќниот. Тој го виде во рибарот, собирачот на данок, дури и занесениот. Без разлика од каде започнуваме, Христос размислува што ние правиме со она што ни е дадено.3 Додека светот се фокусира на нашето вкрстување, Бог се фокусира на нашата косина-падина. Според Господовите пресметки, Тој ќе стори сѐ што може да ни помогне нашите косини да ги насочиме кон небесата.

Овој принцип треба да им даде утеха на оние кои се борат со невољи, и малку одмор на оние кои се чини дека ги имаат сите предности. Дозволете ми да започнам со обраќање до луѓето со тешки почетни матерјални услови, вклучувајќи сиромаштија, ограничен пристап до образование и предизвикувачки семејни ситуации. Други пак се соочуваат со физички предизвици, ограничувања на менталното здравје или силни генетски предиспозиции.4 За сите оние кои се борат со тешки појдовни точки, ве молам препознајте дека Спасителот ги знае нашите борби. Тој „[ги презема] врз него [вашите] слабости, за да неговата утроба биде исполнета со милост, … за да тој [може] да знае … како да [ни] помогне во согласност со [нашите] слабости.”5

Да споделам две области на охрабрување за оние кои се соочуваат со тешки почетни околности. Најпрво, фокусирајте се на тоа каде сте тргнале а не на она каде започнавте. Би било грешка да ги игнорирате вашите околности—тие се вистински и треба да се ословат. Но пренагласувањето на тешката почетна точка може да предизвика таа да ве дефинира па дури и да ја принуди вашата способност за избор.6

Слика
Млади мажи во Бостон

Пред неколку години, јас служев со група млади луѓе во центарот на градот Бостон, Масачусетс, кои во голема мера не беа запознаени со евангелието и очекувањата на Црквата. Беше примамливо да се помеша моето сочувство и грижа за нивната ситуација со желба да се намалат Божјите стандарди.7 На крајот сватив дека најсилниот начин да ја покажам мојата љубов е никогаш да не ги намалам моите очекувањата. Со сѐ што знаев да направам, се фокусиравме на нивниот потенцијал, и секој од нив започна да го подига сопствениот наклон. Нивниот раст во евангелието беше постепен но стабилен. Денес тие отслужјиа мисии, матурираа на колеџ, се венчаваат во храм, и водат извонреден впечатливи личен и професионален живот.

Слика
Млади мажи од Бостон пораснаа

Второ, вклучете го Господ во процесот на подигнување на вашата падина. Додека служев како Претседател на Програмата БЈУ—Патвеј Ширум Свет, се сеќавам дека седев на голема молитвена сесија во Лима, Перу, каде Старешина Карлос А. Годој беше говорникот. Додека гледаше над конгрегацијата, се чинеше дека е презадоволен што виде толку многу верни универзитетски студенти од првата генерација. Можеби размислувајќи за сопствениот пат низ вакви тешки околности, старешина Годој започна емотивно: Господ ќе „ви помогне повеќе отколку што може да си помогнете. [Затоа] вклучете го Господ во овој процес.“8 Пророкот Нефи поучуваше дека „по благодат се спасуваме, бидејќи сторивме сѐ што можевме.”9 Мора да дадеме се од себе ,10 што вклучува покајание, но само преку милоста Господовата можеме да го реализираме нашиот божествен потенцијал.11

Слика
БЈУ–Патека молитвена сесија во Лима, Перу
Слика
Старешина Годој говори во Лима, Перу

На крај, дозволете ми да споделам две области на совет за оние со повишени почетни точки. Прво, дали можеме да покажеме малку смирение за околностите што можеби не сме ги создале самите? Како што поранешниот Претседател на БЈУ Рекс Е. Ли цитираше на своите ученици, „Сите ние сме пиеле од кладенци што не сме ги ископале, и сме се загревале од огнови што не сме ги запалиле“.12 Претседател Ли потоа ги повика своите ученици да се вратат и да ги исполнат образовните кладенци што поранешните пионери ги ископале. Неуспехот повторно да се засеат полињата со семиња засадени од другите може да биде еквивалент на враќање на талент без зголемување.

Второ, фокусирањето на повисока стартна точка често може да направи да се чувствуваме дека напредуваме кога во реалноста нашата падина може прилично да стагнира. Харвардскиот професор Клејтон М. Кристенсен поучуваше дека најуспешните луѓе се најсмирените бидејќи се доволно самоуверени за да бидат поправени и да учат од секого.13 Старешина Д. Тод. Кристоферсон нѐ советува „доброволно [да пронајдеме начини] за да прифатиме па дури и да бараме исправки.“14 Дури и кога се чини дека работите одат добро, мора да најдеме можности за да се подобриме преку молитвена барања.

Без разлика дали започнуваме во изобилство или тешки околности, ќе го реализираме нашиот краен потенцијал само кога ќе го направиме Бог наш партнер. Неодамна разговарав со национално истакнат едукатор кој се распрашуваше за успехот на БЈУ програмата Патека Тој беше бистар и неговото испрашување беше искрено, но тој јасно очекуваше секуларен одговор. Јас ги споделив со него нашите програми за лојалност и напори за менторство. Но заклучив велејќи: „Сите овие се добри практики, но вистинската причина поради која нашите студенти напредуваат е поради тоа што ги учиме на нивниот божествен потенцијал. Замислете дека целиот ваш живот ви кажувале дека никогаш не би можеле да успеете. Потоа размислете за ефектите од тоа да ве научат дека сте вистински син или ќерка Божја со божествена можност.“ Тој паузираше, потоа едноставно одговори, „Тоа е моќно.“

Браќа и сестри, едно од чудата на оваа, Господовата Црква, е што секој од нас може да стане нешто повеќе во Христос. Не знам за ниту една организација што им дава на своите членови повеќе можности да служат, да возвраќаат, да се покајат, и да станат подобри луѓе. Без ралика дали почнуваме со обилни или тешки околности, дозволете да го задржиме погледот и падините кон небото. Додека го правиме тоа, Христос ќе не издигне на повисоко место. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Кларк Г. Гилберт, “The Mismeasure of Man” (БЈУ–Патека, молитвена сесија ширум светот, јан. 12, 2021), byupathway.org/speeches. Во оваа порака испитував како светот често неправилно го мери човечкиот потенцијал. Дури и добронамерните индивидуи кои се потпираат на важната работа на водечките психолози се залагаат за концептите на храброст (Ангела Дакворт) и ментален раст (Керол С. Двек), ја потценуваат вистинската човечка способност, потпирајќи се на научените стереотипи и го игнорираат нашиот божествен потенцијал во Христос.

  2. Види Дејл Г. Ренлунд, „Разгневувачка Неправда,“ Liahona, мај 2021, 41–45.

  3. Види Матеј 25:14-30. Во параболата со талентите секој слуга добил одреден број на таленти од нивниот господар. Но судот не бил одреден од она што тие примиле туку според начинот на управување. Тоа беше зголемување што го натера Господ да каже, „Добро сработено, добар и верен слуго: Во малку беше верен, над многу ќе те поставам“ (Матеј 25:21).

  4. Види Мосија 3:19. Една импликација може да биде дека нашата изложеност на повлекување на природниот човек може да биде различна со оглед на различните генетски предиспозиции. Исто како што сите ние сме дарувани со разлилчни таленти, имаме и различни физички, ментални, и емоционални предизвици што мора да научиме како да ги совладаме и и да ги надминеме.

  5. Алма 7:11–12. Христос не само што ни помага да ги надминеме нашите гревови преку покајание, туку Тој знае како да не утеши во нашите животни тешкотии бидејќи преку Помирувањето, Тој го почувствува и го надмина сето човечко страдање.

  6. Старешина Дејвид А. Беднар нѐ потсетува дека ние сме тие кои носат одлуки и мора да дејствуваме сами за себе. Кога се дефинираме себе си според етикетите на светот, го ограничуваме нашиот божествен потенција и правејќи го тоа, ја ограничуваме нашата способноста да избираме. (Види Дејвид А. Беднар, “And Nothing Shall Offend Them,” Liahona, ное. 2006, 89–92.)

  7. Види Расел М. Нелсон “The Love and Laws of God” (Молитвена сесија на Брингам Јанг Универзитетот, септ. 17, 2019), speeches.byu.edu. Во оваа БЈУ молитвена сесија, Претседателот Нелсон поучува дека бидејќи Бог и Неговиот Син нѐ сакаат, Тие ни дадоа закони и очекувања што ќе ни помогнат. Божјите закони се одраз на Неговата совршена љубов за секој од нас. Неговите закони не чуваат духовно безбедни и ни помагаат вечно да напредуваме“ (страна 2).

  8. Карлос А. Годој, БЈУ—Патека, Конференција за Врски Лима, Перу, 3 мај 2018.

  9. 2 Нефи 25:23.

  10. Моите родители воспоставија проширено мото за семејството Гилберт „НАПРАВЕТЕ ГО НАЈДОБРОТО.“ Друг начин за да се искористи параболата на наклонот е да се нагласи дека ако го правиме најдоброто, можеме да веруваме дека Бога ќе влезе и ќе направи разлика.

  11. Види Кларк Г. Гилберт, “From Grit to Grace” (БЈУ —Патека Молитвена сесија ширум Светот, септ. 25, 2018), byupathway.org/speeches. Во оваа порака ја истражувам идејата дека иако мора да учиме и да развиваме ефикасни модели на дисциплина, за да го сватиме вистинскиот потенцијал во Исус Христос, мора да научимеда црпиме од Неговата милост.

  12. Рекс Е. Ли, “Some Thoughts about Butterflies, Replenishment, Environmentalism, and Ownership” (Универзитет Брингам Јанг Молитвена сесија, 15 септ. 1992), 2, speeches.byu.edu; види исто така Второзаконие 6:11.

  13. Види Клејтон м. Кристенсен, “How Will You Measure Your Life?,” Harvard Business Review, јул-авг. 2010, hbr.org. Оваа порака првично беше дадена како обраќање за Класен Ден врзана за дипломирање на Харвард Бизнис школата Во својата порака, професорот Кристенсен, ги предупреди своите студенти да не ја одвојуваат довербата од понизноста, потсетувајќи ги дека за да продолжат да напредуваат во текот на животот, ќе треба да бидат доволно скромни за да бараат исправка и да учат од другите.

  14. Д. Тод Кристоферсон, “As Many as I Love, I Rebuke and Chasten,” Liahona, мај 2011, 97.