Свети Писма
Мојсеј 7


Глава 7

(Декември 1830)

Енох поучува, го води народот, и поместува планини—Градот Сион е воспоставен—Енох го претскажува доаѓањето на Синот на Човекот, Неговата помирувачка жртва, и воскреснувањето на Светците—Тој го претскажува Обновувањето, Собирањето, Второто Доаѓање, и враќањето во Сион.

1 И се случи дека Енох го продолжи неговиот говор, велејќи: Ете, нашиот татко Адам ги поучуваше овие нешта, и многу веруваа и станаа синови на Бог, и многумина не веруваа, и исчезнале во нивните гревови, и гледаат со страв, во измачување, за жестокото негодување од бесот на Бог да биде излеан врз нив.

2 И оттогаш натаму, Енох започна да пророкува, велејќи на народот, дека: Додека јас патував, и стоев врз местото Махуџа, и го повикував Господ, се појави глас од небесата, велејќи—Заврти се ти, и качи се на планината Симеон.

3 И се случи дека се завртев и се качив на планината; и додека стоев врз планината, јас здогледав како небесата се отвора, и бев облечен во слава;

4 И јас го видов Господ; и Тој стоеше пред моето лице, и Тој збореше со мене, и тоа како што еден човек зборува со друг, лице во лице; и Тој ми кажа на мене: Погледни, и Јас ќе ти го покажам на тебе светот за период од многу поколенија.

5 И се случи дека јас ја здогледав долината Шум, и ете, еден голем народ кој живееше во шатори, кои беа народот на Шум.

6 И повторно Господ ми кажа на мене: Погледни; и јас погледнав кон северот, и ги здогледав народот на Канаан, кој живееше во шатори.

7 И Господ ми кажа на мене: Пророкувај; и јас пророкував, велејќи: Ете народот на Канаан, кои се бројни, ќе одат во борба против народот на Шум, и ќе ги убијат така што ќе бидат целосно уништени; и народот на Канаан ќе се поделат себеси во земјата, и земјата ќе биде празна и неплодна, и ниту еден друг народ нема да живее таму освен народот на Канаан;

8 Зашто ете, Господ ќе ја проколне земјата со многу жештина, и нејзината голотија ќе биде засекогаш; и се појави црнило кое дојде врз децата на Канаан, така што беа презирани помеѓу сиот народ.

9 И се случи дека Господ ми кажа на мене: Погледни, и јас погледнав, и ја здогледав земјата на Шарон, и земјата на Енох, и земјата на Омер, и земјата на Хени, и земјата на Шем, и земјата на Ханер, и земјата на Хананиха, и сите нивни жители;

10 И Господ ми кажа на мене: Оди кај овој народ, и кажи им на нив—Покајте се, за да не излезам Јас и ги удрам со клетва, и тие да умрат.

11 И тој ми даде на мене заповед дека јас треба да крштавам во името на Отецот, и на Синот, кој е полн со благодат и вистина, и со Светиот Дух, кој сведочи за Отецот и за Синот.

12 И се случи дека Енох продолжи да го повикува сиот народ, освен народот на Канаан, да се покајат;

13 И толку голема беше верата на Енох што тој го водеше Божјиот народ, и нивните непријатели дојдоа да се борат против нив; и тој го проговори Господовото слово, и земјата се тресеше, и планините се поместија, дури и според Неговата заповед; и реките со вода го променија нивниот тек; и рикањето на лавовите беше слушнато во дивината; и сите нации се плашеа премногу, толку моќно беше словото на Енох, и толку беше моќта на јазикот кој Бог беше му го дал.

14 Исто така се појави земја надвор од длабочината на морето, и толку голем беше стравот на непријателите на Божјиот народ, што тие избегаа и стоеја од далеку и се искачија на земјата која се издигна од длабочината на морето.

15 И џиновите на земјата, исто, стоеја од далеку; и се појави клетва врз сиот народ кој се бореше против Бог;

16 И оттогаш натаму постоеја војни и крвопролевање помеѓу нив; но Господ дојде и живееше со Неговиот народ, и тие живееја во праведност.

17 Стравот од Господ беше врз сите нации, толку голема беше славата на Господ, која беше врз неговиот народ. И Господ ја благослови земјата, и тие беа благословени врз планините, и врз високите места, и расцветаа.

18 И Господ го нарече Неговиот народ Сион, бидејќи тие беа од едно срце и еден ум, и живееја во праведност; и не постоеше сиромашен помеѓу нив.

19 И Енох го продолжи проповедањето во праведност при народот на Бог. И се случи дека во неговите денови, тој да изгради град кој беше наречен Градот на Светоста, и тоа Сион.

20 И се случи дека Енох зборуваше со Господ; и тој му кажа на Господ: Секако Сион ќе живее во безбедност секогаш. Но Господ му кажа на Енох: Сион го благословив, но остатокот од народот Јас го проколнав.

21 И се случи дека Господ му ги покажа на Енох сите жители на земјата; и тој ги здогледа, и ете, Сион, во текот на времето, беше издигнат горе на небесата. И Господ му кажа на Енох: Ете го Моето живеалиште засекогаш.

22 И Енох исто гоздогледа остатокот од народот кои беа синовите на Адам; и тие беа мешавина од сето потомство на Адам освен потомството на Каин, зашто потомството на Каин беше црно, и немаше место помеѓу нив.

23 И откако Сион беше кренат горе на небесата, Енох здогледа, и ете, сите нации на земјата беа пред него;

24 И се појавуваше поколение по поколение; и Енох беше високо и кренат, и тоа до градите на Отецот, и на Човечкиот Син; и ете, моќта на Сатаната беше врз сето лице на земјата.

25 И тој виде ангели како се спуштаат од небесата; и тој слушна еден голем глас како велеше: Тешко, тешко на жителите на земјата.

26 И тој го здогледа Сатаната; и тој имаше еден голем синџир во неговата рака, и го покри целото лице на земјата со темнина; и тој погледна нагоре и се смееше, и неговите ангели се радуваа.

27 И Енох, здогледа Ангели како се спуштаат од небесата, сведочејќи за Отецот и Синот; и Светиот Дух се спушти врз многу, и тие беа вознесени преку моќите на небесата во Сион.

28 И се случи дека Богот на небесата погледна на остатокот од народот, и тој плачеше; и Енох сведочеше за тоа, велејќи: Како тоа небесата плаче, и лее нејзини солзи како дождот врз планините?

29 И Енох му кажа на Господ: Како тоа можеш да плачеш, гледајќи дека си свет, и од вечност до сета вечност?

30 И беше ли возможно еден човек да ги изброи честичките на земјата, да, милиони земји како оваа, нема да е почеток на бројот на Твоите созданија; и Твоите завеси се сè уште раширени; а сепак Ти си таму, и градите Твои се таму; и Ти си исто праведен; Ти си милостив и љубезен засекогаш;

31 И Ти го зема Сион при Твоите сопствени гради, од сите твои созданија, од сета вечност до сета вечност; и ништо освен мир, правда, и вистина е живеалиштето на Твојот трон; и милоста ќе оди пред Твоето лице и нема да има крај; Како тоа Ти можеш плачеш?

32 Господ му кажа на Енох: Ете овие се твоите браќа; тие се изработката од Моите сопствени раце, и Јас им дадов на нив нивно знаење, на денот кога Јас ги создадов; и во Едемската Градина, Јас му го дадов на човекот неговиот избор;

33 И при вашите браќа Јас реков, и исто дадов заповед, дека тие треба да се љубат еден со друг, и дека треба да ме одберат Мене, нивниот Отец: но ете, тие се без приврзаност, и тие ја мразат нивната сопствена крв;

34 И огнот на Моето негодување е распален против нив; и при Моето жешко незадоволство Јас ќе ги испратам поплавите врз нив, зашто Мојот жесток гнев е распален против нив.

35 Ете, Јас сум Бог; Човек на Светост е Моето име; Човек за Совет е Моето име; и Бескраен и Вечен е Моето име, исто.

36 Затоа, јас можам да ги испружам Моите раце и да ги држам сите созданија кои Јас ги создадов; и Моето око може да ги пробие исто, и помеѓу сета изработка од Моите раце не постоела толку голема пакост како помеѓу твоите браќа.

37 Но ете, нивните гревови ќе бидат врз главите на нивните татковци; Сатаната ќе биде нивен татко, и мизеријата ќе биде нивна пропаст; и сета небеса ќе плаче за нив, и тоа сета изработка од Моите Раце; затоа зарем небесата нема да плаче, гледајќи дека тие ќе страдаат?

38 Но ете, овие врз кои се насочени вашите очи ќе исчезнат во поплавите; и ете, Јас ќе ги затворам; еден затвор Јас подготвив за нив.

39 И тој што Јас го одбрав се заземаше пред Моето лице. Затоа, Тој страдаше за нивните гревови; онолку колку што тие ќе се покајат на денот кога Мојот Одбран ќе се врати при Мене, и до тој ден тие ќе бидат измачувани;

40 Затоа, за ова небесата ќе плаче, да, и сета изработка од Моите раце.

41 И се случи дека Господ му говореше на Енох, и му кажа на Енох за сите постапки на човечките деца; затоа Енох знаеше, и гледаше врз нивната пакост, и нивната мизерија, и плачеше и ги рашири неговите раце, и неговото срце се набабри широко како вечност; и неговите утроби копнееја; и сета вечност се затресе.

42 И Енох исто го виде Ное, и неговото семејство; дека потомството на сите синови на Ное треба да биде спасено со привремено спасение;

43 Затоа Енох виде дека Ное изгради една арка; и дека Господ се насмевна на тоа, и го држеше во Неговата сопствена рака; но врз остатокот од пакосните поплавите дојдоа и ги проголтаа.

44 И додека Енох го гледаше ова, имаше горчина во душата, и плачеше врз своите браќа, и ѝ кажа на небесата: Јас ќе одбијам да бидам утешен; но Господ му кажа на Енох: Крени го твоето срце, и радувај се; и погледни.

45 И се случи дека Енох погледна; и од Ное, тој ги здогледа сите семејства на земјата; и тој му довикуваше на Господ, велејќи: Кога ќе дојде денот на Господ? Кога крвта на Праведните ќе биде пролеана, за сите тие кои оплакуваат да може да бидат осветени и да имаат вечен живот?

46 И Господ кажа: Ќе биде во зенитот на времето, во деновите на пакост и одмазда.

47 И ете, Енох го виде денот на доаѓањето на Синот на Човекот, и тоа во тело; и неговата душа се радуваше, велејќи: Праведниот е кренат, и Јагнето е убиено од основањето на светот; и преку вера јас сум во градите на Отецот, и ете, Сион е со мене.

48 И се случи дека Енох погледна врз земјата; и слушна глас од нејзините утроби, велејќи: Тешко, тешко на мене, мајката на луѓето; јас сум во болка, јас сум изморена, поради пакоста на моите деца. Кога јас ќе одмарам, и бидам исчистена од валканоста која излезе од мене? Кога мојот Создавач ќе ме освети, за да можам да одмарам, и праведноста за некое време да биде врз моето лице?

49 И кога Енох ја слушна земјата како оплакува, тој плачеше, и довикуваше при Господ, велејќи: О Господе, зарем нема да имаш сочувство врз земјата? Зарем нема да ги благоловиш децата на Ное?

50 И се случи дека Енох продолжуваше да довикува кон Господ, велејќи: Јас те молам тебе, О Господе, во името на твојот Единороден, и тоа Исус Христос, да имаш милост врз Ное и неговото потомство, дека земјата може никогаш повторно да не закрепне од поплавите.

51 И Господ не можеше да се воздржи; и Тој се завети со Енох, и му даде заклетва, дека Тој ќе ги запре поплавите; дека ќе ги повика децата на Ное;

52 И Тој испрати непроменлива одредба, дека остаток од Неговото семе треба секогаш да биде пронајдено помеѓу сите нации, додека земјата постои;

53 И Господ кажа: Нека е благословен оној низ чие потомство Месијата ќе дојде; зашто тој кажа—Јас сум Месија, Царот на Сион, Карпата на Небесата, која е широка како вечност; кој и да влегува низ портата и се качува горе преку Мене никогаш нема да падне; затоа, благословени се тие за кои Јас сум говорел; зашто тие ќе излезат напред со песни за вечна радост.

54 И се случи Енох да му довикуваше на Господ, велејќи: Кога Човечкиот Син ќе дојде во телото, дали земјата ќе одмара? Јас ти се молам не Тебе, покажи ми ги овие нешта.

55 И Господ му кажа на Енох: Погледни, и тој погледна и го здогледа Човечкиот Син кренат на крстот, според начинот на човекот;

56 И тој слушна силен глас; и небесата беше прекриена; и сите созданија на Бог оплакуваа; и земјата стенкаше; и карпите беа здробени; и светците станаа, и беа крунисани на десната рака на Човечкиот Син, со круни на слава;

57 И онолку од духовите колку што беа во затвор излегоа, и застанаа на десната рака на Бог; а остатокот беа задржани во синџири на темнината сè до судот на големиот ден.

58 И повторно Енох плачеше и довикуваше на Господ, велејќи: Кога земјата ќе одмара?

59 И Енох го здогледа Човечкиот Син како се воздигнува при Отецот; и тој го повика Господ, велејќи: Зарем нема да дојдеш повторно на земјата? Онолку колку што си Бог, и јас те знам Тебе, и Ти си ми се заколнал на мене, и ми заповеда дека јас треба да прашам во името на Твојот Единороден; Ти ме создаде, и ми даде право на Твојот трон, и не за себеси, туку преку Твојата сопствена благодат; затоа, јас те прашувам Тебе дали нема да дојдеш на земјата повторно.

60 И Господ му кажа на Енох: Додека Јас живеам, и така Јас ќе дојдам во последните денови, во деновите на пакост и одмазда, да ја исполнам заклетвата која сум ја дал при вас во врска со децата на Ное;

61 И денот ќе дојде кога земјата ќе почива, но пред тој ден небесата ќе биде затемнета, и еден превез од темнина ќе ја покрие земјата; и небесата ќе се тресе, и исто земјата; и големите неволји ќе бидат помеѓу човечките деца, но Мојот народ Јас ќе го заштитам;

62 И праведните Јас ќе ги испратам надвор од небесата; и вистината Јас ќе ја испратам надвор од земјата, да сведочи за Мојот Единороден; Неговото воскреснување од мртвите; да, и исто воскреснувањето на сите луѓе; и праведноста и вистината ќе предизвикам да ја исчистат земјата како поплава, да да ги соберат Моите одбрани од четирите краишта на земјата, во едно место кое Јас ќе го подготвам, еден Свет Град, за Мојот народ да може да ги опашаат нивните бедра, и да го очекуваат времето на Моето доаѓање; зашто таму ќе биде Мојот табернакл, и ќе биде наречен Сион, еден Нов Ерусалим.

63 И Господ му кажа на Енох: Тогаш ти и сиот твој град ќе ги сретне таму, и ќе ги примиме при нашите гради, и тие ќе не видат; и ќе им паднеме во прегратка, и тие ќе ни паднат во прегратка, и ние ќе се бакнеме едни со дури;

64 И таму ќе биде Мојот дом, и ќе биде Сион, кој ќе се појави од сите созданија кои Јас сум ги создал; и за период од илјада години земјата ќе одмара.

65 И се случи дека Енох го виде денот на доаѓањето на Синот Човечки, во последните денови, да живее на земјата во праведност за период од илјада години;

66 Но пред тој ден тој виде големи неволји помеѓу пакосните; и тој исто го виде морето, и беше вознемирено, и човечките срца потфрлаа, гледајќи со страв од пресудите на Семоќниот Бог, кој треба да дојде врз пакосните.

67 И Господ му ги покажа на Енох сите нешта, и тоа до крај на светот; и тој го виде денот на праведните, часот на нивното иксупување, и прими целина на радост;

68 И сите денови на Сион, во деновите на Енох, беа триста шеесет и пет години.

69 И Енох и сиот негов народ чекореа со Бог, и тој живееше насреде Сион; и се случи дека Сион не постоеше, зашто Бог го прими во сопствените гради; и оттогаш се појави кажувањето, Сион Избега.