Генерална Конференција
Срца Сплотени во Единство
Април 2021 Генерална Конференција


Срца Сплотени во Единство

Ако ја зголемите вашата љубезност, грижа и сочувство, ви ветувам дека ќе ги подигнете рацете што висат и ќе исцелувате срца.

Вовед

Зарем не е фасцинантно што значајни научни откритија се понекогаш инспирирани од настани што се толку едноставни како јаболко да падне од дрво?

Денес, дозволете ми да споделам со вас едно научно откритие што се случи заради примерочна група на зајаци.

Во 1970-тите, истражувачите поставија експеримент за да ги проучат ефектите на начинот на исхрана врз здравјето на срцето. Во период од неколку месеци, тие хранеа контролирана група на зајаци со диета со многу маснотии и го следеа нивниот крвен притисок, пулсот и холестеролот.

Како што и се очекуваше, многу од зајаците покажуваа зголемени масни наслаги во внатрешноста на нивните артерии. Сепак тоа не беше сѐ! Истражувачите открија нешто што имало малку смисла. Иако сите зајаци имаа задебелување, изненадувачки една група имаше и до 60 проценти помалку од останатите. Се чинеше како да гледаат во две различни групи на зајаци.

За научниците, ваквите резултати може да предизвикаат несоница. Како е тоа можно? Зајаците потекнуваа од исто легло од Нов Зеланд, од практично идентичен базен на гени. Секој еден од нив примаше еднакви количини од истата храна.

Што би можело тоа да значи?

Дали резултатите ја направија студијата неважечка? Имаше ли недостатоци во експериметалното поставување?

Научниците се трудеа да го разберат овој неочекуван исход!

На крај, се свртеа кон истражувачкиот тим. Дали беше можно истражувачите да направиле нешто за да влијаат врз резултатите? Кога го следеле ова, откриле дека секој зајак со помалку масни наслаги бил згрижен од еден истражувач. Таа ги хранела зајаците со истата храна како и сите други. Но, како што известил еден научник, „таа била невообичаено љубезна и грижлива личност.“ Додека ги хранела зајаците, „им зборувала, ги гушкала и ги галела. … Иако знаела дека тоа не е добро, не можела да престане. Едноставно, беше таква каква што беше.“1

Слика
Љубезен истражувач со зајак

Таа направила повеќе од едноставно хранење на зајаците. Им даваше љубов!

На прв поглед, се чинеше малку веројатно дека ова би можело да биде причина за драматичната разлика, но истражувачкиот тим не виде друга веројатност.

Затоа, тие го повториле експериментот—овој пат строго контролирајќи за секоја друга варијабла. Кога ги анализираа резултатите, се случи истото! Зајаците за кои се грижела истражувачката кој им пружала љубов имале значително повисоки здравствени исходи.

Научниците ги објавиле резултатите од оваа студија во престижниот журнал Science.2

Години подоцна, наодите од овој експеримент и понатака се чинат влијателни во медицинската заедница. Во последните години, Др. Кели Хардинг објавил книга насловена како The Rabbit Effect(Зајачки ефект) која го добила името според експериментот. Нејзиниот заклучок: „Земете еден зајак со нездрав начин на живот. Зборувајте со него. Држете го. Дајте му нежност. … Врската направила разлика. … На крај“, заклучува таа, „она што влијание врз нашето здравје на најосмислени начини има исто толку врска со тоа како комуницираме едни со други, како живееме и како размислуваме за тоа што значи да се биде човек.“3

Во секуларниот свет, мостовите кои ја поврзуваат науката со евангелските вистини понекогаш се чинат малубројни. Сепак за Христијаните, следбеници на Исус Христос, Светите од Подоцнежните Дни, резултатите од оваа научна студија може да изгледаат повеќе интуитивни отколку запрепастувачки. За мене, ова поставува само уште една цигла врз основата на љубезност како основен, исцелувачки евангелски принцип—таков што може да ги исцелува срцата емотивно, духовно, и како што е прикажано тука, дури и физички.

Срца Сплотени во Единство

Кога запрашан, „Господару, која е големата заповед?“ Спасителот одговорил да „го сакаш Господ твојот Бог со сето свое срце“, по што следи, „Сакај го својот ближен како себе си“.4 Спасителовиот одговор за зајакнува нашата небесна должност. Еден древен пророк заповеда „не треба да има несогласувања едни со други, но дека [ние] треба да гледаме кон иднината … , имајќи ги [нашите] срца сплотени во единство и во лубов едни кон други.“5 Светото писмо, понатака нѐ поучува дека „моќта или влијанието … треба да се одржува … со нежност и кротост, … со љубезност, … без лукавштина.”6

Верувам дека овој принцип има универзална примена кај сите Свети од Подоцнежните Дни: возрасни, млади и деца.

Имајќи го ова на памет, дозволете ми за момент да ви се обратам директно вам, на децата од Основно.

Вие веќе разбирате колку важно е да се биде љубезен. Рефренот на една од вашите песни за Основно, „Се обидувам да Бидам како Исус,“ поучува:

Сакајте се еден со друг како што Исус ве сакал.

Обидете се да покажете љубезност во сѐ што правите.

Бидете нежни и полни со љубов во делата и мислите,

Зашто ова се нештата за кои Исус поучува.7

Дури и да е така, на моменти може да биде тешко. Еве една приказна што може да ви помогне во врска со едно дете од Основно по име Минчан Ким од Јужна Кореа. Неговото семејство се приклучи на Црквата пред неполни шест години.

Слика
Минчан Ким

„Еден ден на училиште, неколку од моите сокласници се потсмеваа со друг ученик довикувајќи го со имиња. Изгледаше како забавно, па така и јас им се придружив неколку недели.

„Неколку недели подоцна, детето ми кажа иако се преправаше дека не му е грижа, дека нашите зборови го повредиле и дека плачеше секоја ноќ. Скоро се расплакав кога ми кажа. Ми падна многу жал и сакав да му помогнам. Следниот ден налетав на него ја ставив раката на неговото рамо и се извинив, велејќи, „Навистина ми е жал што те исмејав.“ Климна со главата на моите зборови, а неговите очи се исполнија со солзи.

„Но другите деца сѐ уште се потсмеваа со него. Потоа, се сетив на она што го научив на час во Основно: да го изберам правилното. Па ги замолив моите соученици да престанат. Повеќето од нив решија да не се менуваат, и ми беа лути. Но едно од другите момчиња кажа дека и нему му е жал, и така ние тројцата станавме добри пријатели.

„Иако неколку луѓе сѐ уште го исмеваат, тој се чувствува подобро благодарение на нас.

„Го одбрав правилното со тоа што му помогнав на пријател кој има потреба од помош.“8

Слика
Портрет на Минчан Ким

Зарем не тоа добар пример за вас да се обидете да станете како Исус?

Потсмевањето со другите може да стане многу опасно за младите мажи и младите жени, додека стареат. Вознемиреноста, депресијата и уште полошо се чести придружници на насилничкото однесување. „Додека насилничкото однесување не е нов концепт, социјалните медиуми и технологијата го донесоа до едно ново ниво. Тоа станува попостојана, секогаш-присутна закана—сајбернасилство.“9

Јасно, противникот го користи ова за да ја повреди вашата генерација. Нема место за него во вашиот сајбер простор, соседствата, училиштата, кворумите или за време на часовите. Ве молам сторете сѐ што можете овие места да ги направите пољубезни и побезбедни. Доколку пасивно набљудувате или учествувате во било што од ова, јас не знам за подобар совет од оној претходно даден од Старешина Дитер Ф. Ухтдорф:

„Кога станува збор за омраза, озборување, игнорирање, потсмев, држење лутина, или желба да се предизвика штета, ве молам применете го следното:

„Престанете!“10

Дали го слушнавте тоа? Престанете! Ако дигитално ширите љубезност, грижа и сочувство, ви ветувам дека ќе ги подигнете рацете што висат надолу и ќе исцелувате срца.

По разговорот со децата од Основно и младите, сега ги насочувам моите забелешки кон возрасните од Црквата. Ние ја имаме основната одговорност да го поставиме тонот и да бидеме примери на љубезност, вклученост и цивилизираност—да ја поучуваме генерацијата што расте за Христолко однесување во она што го зборуваме и во начинот на однесување. Ова е особено е важно кога гледаме значително поместување во општеството кон поделби во политиката, социјалните класи и во скоро секоја друга вештачки наметната разлика.

Претседателот М. Расел Балард исто така поучуваше дека Светите од Последните Дни треба да бидат љубезни не само еден кон друг, туку кон сите околу нас. Тој примети: „Одвреме навреме слушам дека нашите членови ги навредуваат оние од другите вери не обрнувајќи им внимание или изоставувајќи ги. Ова може да се случи особено во заедниците каде нашите членови се мнозинство. Слушнав за тесно-гради родители кои им кажуваат на своите деца дека не смеат да си играат со одредено дете во соседството едноставно бидејќи неговото семејство не и припаѓа на нашата Црква. Овој вид на однесување не е во согласност со учењата на Господ Исус Христос. Не можам да сватам зошто било кој член на нашата Црква би дозволил вакви работи да се случуваат. … Никогаш не сум слушнал членовите на оваа Црква да бидат поттикнати на ништо друго освен да бидат исполнети со љубов, да бидат љубезни, толерантни и благонаклонети кон нашите пријатели и соседи од другите вери.“11

Господ очекува од нас да поучуваме дека вклучувањето е позитивно поле за единството а дека исклучувањето води кон поделби.

Како следбеници на Исус Христос, ние сме згрозени кога слушаме за тоа како децата на Бог се малтретирани врз основа на нивната раса. Бевме скршени кога слушнавме за неодамнешните напади врз луѓе кои се Црнци, Азијати, Латино или од било која друга група. Предрасудите, расните тензии, или насилството никогаш не треба да имаат простор во нашите соседства, заедниците или во Црквата.

Нека секој од нас, без разлика на возраста, настојува да биде најдобриот.

Сакај го Својот Непријател

Додека се обидувате да ја проширите љубовта, почитта и љубезноста, без сомнение ќе бидете повредени или негативно погодени од лошите избори на другите. Што да правиме во тој случај? Ние ја следиме Господовата опомена да „ги сакаме нашите непријатели … и да се молиме за оние кои очајно не искористуваат.“12

Правиме сѐ што можеме за да ги надминеме потешкотиите што ни се наоѓаат на нашиот пат. Се стремиме да издржиме до крај, молејќи се постојано Господовата рака да ги промени нашите околности. Нудиме благодарност за оние кои ни Ги поставил на нашиот пат за да ни помагаат.

Слика
Чудото во Квинси, Илиноис

Ме трогна еден ваков пример од нашата поранешна Црковна историја. Во текот на зимата 1838 год., Џозеф Смит и останатите црковни водачи беа приведени во затворот Либерти кога Светите од Подоцнежните-дни беа насилно истерани од своите домови во државата Мисури. Светите беа сиромашни, оставени без пријатели и многу страдаа поради студот и недостатокот на ресурси. Гледајќи ја нивната очајна ситуација, жителите на Квинси, им пристапија со сочувство и пријателство.

Вандл Мејс, жител на Квинси, подоцна се присети дека за прв пат ги видел Светите во импровизирани шатори по должината на реката Мисисипи: „Некои од нив распнаа чаршави за да направат мало засолниште од ветрот, …децата трепереа околу огнот што ветрот го разнесуваше наоколу па тоа им донесе малку корист. Сиромашните Свети ужасно страдаа.“13

Гледајќи ја несреќната ситуација на Светите, жителите на Квинси се собраа заедно да обезбедат помош, некои од нив дури помагаа да се пренесат нивните нови пријатели преку реката. Мејс продолжи, „[Тие] слободно донираа; трговците меѓусебно се натпреваруваа околу тоа кој би можел да биде најлиберален … со … свинско, … шекер, … обувки и облека, се што им беше потребно на овие сиромашни бегалци.“14 Наскоро, бегалците ги надминаа бројчано жителите на Квинси, кои ги отворија своите домови и ги споделија со нив своите сиромашни ресурси со голема лична пожртвуваност.15

Многу Свети од Подоцнежните Дни ја преживеаја острата зима само заради сочувството и великодушноста на жителите на Квинси. Овие земни ангели ги отворија своите срца и домови, носејќи спасоносна храна, топлина и—можеби најважното—рака на пријателство кон страдалните Свети. Иако нивниот престој во Квинси беше релативно краток, Светите никогаш не го заборавија својот долг на благодарност кон нивните блиски соседи, и Квинси стана познат како „градот на бегалците.“16

Кога невољи и страдања ќе ни бидат нанесени преку критични, негативни, па дури и дејствија на злобен-дух, можеме да избереме да се надеваме во Христа. Оваа надеж доаѓа од Неговата покана и ветување да „бидете со добра воља, зашто Јас ќе ве водам по патот“17 и дека Тој ќе ви ги освети страдањата за ваша корист.18

Добриот Овчар

Да заклучиме од каде започнавме: сочувствителна негодавателка, ја проширува својата љубезност со негувателски дух, и неочекуван исход—лекувајќи ги срцата на животните со кои управувала. Зошто? Бидејќи, таа едноставно беше таква!

Кога ќе погледаме низ евангелски очила, препознаваме дека ние исто така сме под надзор на сочувствителниот негодавател, кој ја проширува сопствената љубезност и негователски дух. Добриот Овчар нѐ познава секој еден од нас по име и покажува личен интерес за нас.19 Самиот Господ Исус Христос кажал: „Јас сум добриот овчар, и ги познавам моите овци. … И јас [ќе] го положам мојот живот за овците“.20

Слика
Пронаоѓање на изгубената овца

На овој свет Велигденски викенд, пронаоѓам траен мир знаејќи дека „Господ е мојот овчар“21 и дека секој од нас е познат по Него и по Неговото љубезна грижливост. Кога им се спротивставуваме на животните ветришта и дождливи бури, болести и повреди, Господ—нашиот Овчар, нашиот Негодавател—ќе не храни со љубов и добрина. Ќе ни ги исцелува срцата и обнови нашите души.

За ова јас сведочам—и за Исус Христос како наш Спасител и Откупител—во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Кели Хардинг, (Kelli Harding, The Rabbit Effect (2019), xxiv.)

  2. Види Роберт М. Нерим, Муриња Ј. Ливерскју и Ј. Фредерик Корнхил, (Robert M. Nerem, Murina J. Levesque, and J. Frederick Cornhill, “Social Environment as a Factor in Diet-Induced Atherosclerosis,” Science, vol. 208, no. 4451 (June 27, 1980), 1475–76.)

  3. Хардинг, (Harding, The Rabbit Effect, xxiv, xxv.)

  4. Види Матеј 22:36-39.

  5. Мосија 18:21; додаден акцент.

  6. Учење и Завети 121:41-42.

  7. „Се обидувам да бидам како Исус“ (“I’m Trying to Be like Jesus,” Children’s Songbook, 79.)

  8. Преработено од Минчан К., (Adapted from Minchan K., “The Apology,” Friend, Jan. 2020, 35.)

  9. Франсис Даломба, (Frances Dalomba, “Social Media: The Good, the Bad, and the Ugly,” Lifespan, lifespan.org.)

  10. Дитер Ф. Ухдорф, (Dieter F. Uchtdorf, “The Merciful Obtain Mercy,” Liahona, May 2012, 75.)

  11. М. Расел Балард, (M. Russell Ballard, “Doctrine of Inclusion,” Liahona, Jan. 2002, 41.)

  12. Лука 6:27–28.

  13. Вендл Мејс, (Wandle Mace, Autobiography, circa 1890, typescript copy, 32–33, Church History Library, Salt Lake City.)

  14. Вендл Мејс, (Wandle Mace autobiography, 33; spelling and capitalization standardized.)

  15. Види Види Ричард Е. Бенет, (Richard E. Bennett, “‘Quincy—the Home of Our Adoption’: A Study of the Mormons in Quincy, Illinois, 1838–40,” Mormon Historical Studies, vol. 2, no. 1 (Spring 2001), 110–11.)

  16. Види Сузан Истон Блек, (Susan Easton Black, “Quincy–A City of Refuge,” Mormon Historical Studies, vol. 2, no. 1 (Spring 2001), 83–94.)

  17. Учење и Завети 78:18.

  18. Види 2 Нефи 2:2.

  19. Види Џејм Е. Талмаж (James E. Talmage, Jesus the Christ (1916), 417.)

  20. Јован 10:14, 15.

  21. Псалми 23:1.