Генерална Конференција
Нашиот Личен Спасител
Април 2021 Генерална Конференција


Нашиот Личен Спасител

Заради Неговата помирувачка жртва, Спасителот има моќ да нѐ прочисти, да нѐ исцели и да нѐ зајакне еден по еден.

Благодарен сум што сум тука со вас ова прекрасно Велигденско утро. Кога помислувам на Велигден, сакам да си ги повторувам во моите мисли зборовите на ангелите упатени до оние што беа на гробот во градината: „Зошто барате живи помеѓу мртвите? Тој не е тука, туку е воскреснат.“1 Јас сведочам дека Исус од Назарет воскреснал и дека Тој живее.

Што мислите за Христос?

Пред триесет и четири години, мојот придружник мисионер и јас сретнавме и поучувавме еден многу интелектуален човек кој беше соработник на локалниот весник во градот Давао, Филипини. Уживавме додека го поучувавме бидејќи имаше многу прашања и многу ги почитуваше нашите верувања. Најзапеметеното прашање што тој ни го постави беше „Што мислите за Христос?“2 Ние секако возбудено ги споделивме нашите чувства и сведочевме за Исус Христос. Подоцна објави статија на истата тема која содржеше прекрасни зборови и фрази за Спасителот. Се сеќавам дека бев импресиониран, но не нужно и возвишен. Текстот имаше добри податоци но се чувствуваше празнина и му недостасуваше духовна моќ.

Сѐ повеќе да го Запознавам

„Што мислите вие за Христос?“ Доаѓам до сознание дека колку поинтимно го запонавам Спасителот толку тоа значително влијае на мојата способност да Го слушам и како соодветно да одговорам. Пред неколку години, Старешина Дејвид А. Беднар ги поставил следните прашања како дел од неговите забелешки: „Дали ние само дознаваме за Спасителот, или пак, постепено Го спознаваме? Како да го запознаеме Господ?3

Додека проучував и размислував, сватив дека она што го знам за Спасителот е многу поголемо од тоа колку навистина Го познавам. Тогаш одлучив да вложам повеќе напор за да Го запознаам. Многу сум благодарен за светите писма и сведоштвата на верните мажи и жени ученици на Исус Христос. Моето сопствено патување во изминатите неколку години ме одведе до многу патишта на проучување и откривање. Се молам Светиот Дух да ви пренесе денес многу поголема порака од несоодветните зборови што ги напишав.

Прво, треба да препознаеме дека запознавањето на Спасителот е најважниот стремеж во нашите животи. Ова, треба да го превземе приоритетот над сѐ останато.

„А животот вечен е тоа, да Те познаваат тебе единствениот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос.“4

„И Исус му рече: Јас сум патот, вистината, и животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку мене.“5

„Јас сум светлината на светот: тој кој врви по мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината на животот.“6

Второ, како што сѐ подобро го запознаваме Спасителот, пасусите од светите писма и зборовите на пророците стануваат толку интимно значајни за нас што ги сметаме за наши зборови. Не станува збор за копирање на зборовите, чувствата и доживувањата на другите колку што станува збор за запознавање на самиот себе, на наш единствен начин, експериментирајќи над зборовите7 и примајќи сведоштво од Светиот Дух. Како што пророкот Алма изјавил:

„Дали не претпоставувате дека јас и самиот знам за овие нешта? Ете, јас ви сведочам дека знам за нештата за кои што говорев дека се вистина. И претпоставувате ли како јас знам за нивната вистинитост?

„Ете, јас ви велам дека тие ми се открија преку Светиот Дух на Бог. Видете, јас постев и се молев многу денови за да може да ги знам овие нешта за себе. И сега знам дека се вистина; зашто Господ Бог направи да ми бидат прикажани преку Светиот Дух; а ова е духот на откровение кој е во мене.“8

Трето, зголеменото разбирање дека Помирувањето на Исус Христос се однесува за нас лично и поединечно ќе ни помогне да Го запознаеме. Честопати полесно ни е да размислуваме и да зборуваме за Христовото помирување преку општи термини отколку да го препознаеме неговото лично значење во нашите животи. Помирувањето на Исус Христос е бесконечно и вечно и сеопфатно по својата широчина и длабочина, но многу лично и индивидуално по својот ефект. Поради Неговата помирувачка жртва, Спасителот има моќ да нѐ прочисти, исцелува и да нѐ зајакнува еден по еден.

Единствената желба на Спасителот, Неговата единствена цел од самиот почеток, беше да ја исполни вољата на Отецот. Вољата на Отецот беше Тој да помогне во „[надминување] на смртноста и вечниот живот на луѓето“9 станувајќи наш „застапник кај Отецот.“10 Оттаму, „иако тој беше Син, сепак научи да биде послушен преку страдањата; и кога стана совршен, тој стана автор на вечното спасение за сите кои му се покоруваат.“11

„И тој ќе оди напред, трпејќи болки и страдања и искушенија од секаков вид. …

„И ќе ја првеземе врз себе смртта, за да ние можеме да ги изгубиме врските со смртта … и ќе ја превземе врз себе нивната немоќ, за да утробата му биде исполнета со милост, … за да преку телото знае да му помага на својот народ според неговата немоќ.

“… Синот на Бога истрпе по телото за да може да ги превземе на себе гревовите на својот народ, за да ги избрише нивните престапи според моќта на неговото ослободување.“12

Сакам да споделам едноставно доживување што ја илустрира борбата што понекогаш ја имаме за да ја прифатиме личната природа на Господовото Помирување.

Пред неколку години, на покана на мојот претседател, ја прочитав Книгата на Мормон од корица до корица и ги обележав стиховите што се повикуваат на Господовото Помирување. Мојот водач исто така ме повика да подготвам резиме од една страница за она што го научив. Си реков самиот на себе, „Една страна? Секако, тоа е лесно.“ На мое изненадување, сепак, сметав дека задачата е крајно тешка, и се откажав.

Оттогаш заклучив дека не успеав бидејќи го пропуштив маркирањето и имав неточни претпоставки. Прво, очекував дека резимето ќе биде инспиративно за сите. Резимето беше наменето единствено за мене и за никој друг. Треба да ги долови моите чувства и емоции за Спасителот и она што Тој го направил за мене, за да секогаш кога ќе го прочитам, ќе ги извлече на површина прекрасните, трогателни и лични духовни доживувања.

Второ, очекував резимето да биде одлично и да елаборира и да содржи големи зборови и фрази. Но никогаш не стана збор за големи зборови. Беше наменето да биде јасна и едноставна декларација на осуда. „Зашто мојата душа ужива во јаснотија; зашто така Гопод бог дејствува помеѓу децата човечки. Зашто Господ Бог дава светлина за разбирањето.“13

Трето, очекував тоа да биде совршено, резиме кое ќе им стави крај на сите резимеа—конечно резиме во кое што не може и не смее да се додава—наместо недовршена работа во која може да се додаде збор тука или фраза таму како што моето разбирање на Помирувањето на Исус Христос созрева.

Сведоштво и Покана

Како млад човек, научив многу од разговорите со мојот епископ. За време на овие нежни години, научив да ги сакам овие зборови од омилената химна:

Стојам воодушевен од љубовта која Исус ми ја понуди,

Збунет од милоста која толку ме нуди.

Треперам што знам дека за мене тој беше распнат,

Дека за мене, грешникот, тој настрада, крвареше и почина.

Ох, колку е прекрасно што тој треба да се грижи за мене

Доволно за да почине за мене!

О, прекрасно е, прекрасно за мене!14

Пророкот Морони нѐ повика: „А сега, ви заповедам да го барате овој Исус за кого пророците и апостолите пишуваат.“15

Претседателот Расел М. Нелсон вети дека „ако [ние] продолжиме да учиме сѐ [што] можеме за Исус Христос, …[нашата] способност да се оттргнеме од гревот ќе се зголеми. [Нашата] желба да ги одржуваме заповедите ќе се вивне“.16

На оваа Велигденска недела, исто како што Спасителот излезе од Својот камен гроб, може да се рабудиме од нашата духовна дремка и да се издигнеме над облаците на сомнежот, канџите на стравот, горливата гордост и смиреноста на задоволството. Исус Христос и Небесниот Отец живеат. Јас сведочам за Нивната совршена љубов кон нас. Во името на Исус Христос, амин.