Генерална Конференција
Притискајќи Кон Знакот
Април 2021 Генерална Конференција


Притискајќи Кон Знакот

Не се работи толку за тоа што правиме во животот, туку она што стануваме.

Додека ја читам книгата Дела во посланието на Павле, изненаден сум од тоа како Павле беше воден од љубовта и благодарноста при служењето, учењето, и сведочењето за Исус Христос. Како може таква личност да служи, со таква љубов и блгодарност, особено земајќи ги во предвид неговите големи страдања? Што го мотивираше Павле да служи? “Јас притискам кон знакот за награда за вискоиот повик од Бог во Исус Христос.”1

Да се трча кон целта - значи верно да се продолжи кон „правиот и тесен пат што води до вечен живот“2 со нашиот Спасител и Отец на Небеса. Павле мисли дека стардања на сегашното време како „не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.“3 Павловото писмото до Филипјаните кое го напиша додека беше затвореник е писмо на прекумерна радост и радување, и охрабрување за сите нас, особено во ова тешко време на несигурност. Сите ние треба да се охрабриме од Павле: „Сметам дека се друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ: поради Кого се одреков од се, и се сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос.“4

Додека ја гледаме службата на Павле, ние сме инспирирани и воздигнати од нашите сопствени „Павлиња“ од наше време, кои исто така служат, поучуваат, и сведочат со љубов и благодарност на среде предизвиците со кои се соочуваат во нивните животи и во животите на нивните сакани. Едно искуство кое го имав на 9 години ми помогна да ја сфатам важноста на трчањето кон целта.

Во 2012, кога за прв пат присуствував на сесијата на генералната конференција, не можев а да не се чувствувам презаситен и несоодветен/додека чекорев за првпат до лидерски состанок на генералната конференција, не можев да се воздржам бидејќи се чувствував совладан и неадекватен. Имаше глас во моите мисли кој упорно повторуваше, „Ти не припаѓаш овде! Беше направена сериозна грешка!“ Само што тргнав да пронајдам место за седење, кога Старешина Џефри Р. Холанд ме забележа. Тој ми пријде и ми кажа, „Едвард, добро е што си тука,“ и нежно ме потчукна по лицето. Се почувстував како бебе! Неговата љубов и прегратка ме стоплија и ми помогнаа да го почувствувам духот на припадност, духот на братството. Следниот ден, го набљудував Старешина Холанд како го прави истото тоа што ми го нaправи мене претходниот ден, топло го потчукна по лицето на Старешината Далин Х. Оукс, кој е дури постар од негода прави исто нешто што ми го направил на мене претходниот ден, топло да ме гали старешина Далин Х. Оукс, кој е постар од него.

Во тој момент ја почувствуавав Божјата љубов низ овие мажи кои ние ги поддржуваме како пророци, јасновидци и откровители. Старешина Холанд, преку неговите љубезни природни дејствија, ми помогна да ја надминам мојата самобендисаност и даа го победам чувството на неадекватност. ми помогна да се фокусирам на светата и радосна работа за која бев повикан—да донесам души при Христа. Тој, како и Павле од старите времиња, ме насочи да потрчам кон целта.

Интересно, Павле не опоменува да туркаме напред, , додека не повикува да заборавиме тоа што се крие позади тоа—нашите минати стравови, минато фокусирање, минатите неуспеси, и минатата тагажност. Тој не повикува, исто како и нашиот почитуван пророк, Претседателот Расел М. Нелсон, „кон понов и посвет пристап“5 Ветувањето на Спасителот е вистинско: „Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде.“6

Во моето прво обраќање на генерална конференција, споделив едно доживување за тоа како мојата мајка ме учи да работам во полето. „Никогаш не гледај назад,“ кажа таа. “Гледај напред што имаме да сработиме!”7

Кон крајот на нејзиниот живот, додека мајка се бореше со рак, таа живееше со Науме и мене. Една ноќ го слушнав како липа во нејзината спална. Нејзината болка беше интензивна, иако ја зема последната доза на морфин пред само 2 часа.

Јас влегов во нејзината соба и липав со неа. Се молев на глас да добие моментално олесување на нејзината болка. И потоа го направи истото што го направи кога беше на полето пред неколку години: таа запре и ме научи една лекција. Никогаш нема да и го заборавам лицето во тој момент: скршено, погодено, и целосно со болка, гледајќи со сожалување на нејзиниот тажен син. Таа се насмеа низ нејзините солзи, погледна директно во моите очи и кажа, „не зависи од тебе или било кој друг туку зависи од Бог дали оваа болка ќе замине или не.“

Седев тивко. Таа исто така седеше тивко. Сцената остана жива во мојата глава. Таа ноќ, преку мојата мајка, Господ ме научи една лекција која ќе остане со мене засекогаш. Додека мојата мајка го изразуваше нејзиното прифаќање на Божјата волја, се сетив на причината зошто Исус Христос страдаше во Гетсеманската Градина и на крстот на Голгота. Тој кажа: „Ете ви го дадов моето евангелие, и ова е мое евангелие ое ви го дадов—дека јас дојдов во овој свет да ја чинам волјата на Отецот, бидејќи Отецот ме прати.“8

Слика
Христос во Гетсиманија

Се потсеќам на нашиот драг пророк Претседател Нелсон и пророкувачките прашања за нас на последна генерална конференција. Претседател Нелсон праша: Дали вие сте спремни да дозволите Бог да надвладее во вашиот живот? Дали вие сте спремни да дозволите Бог да го има најважното влијание во вашиот живот? Ќе дозволите ли Неговиот глас да превземе предност пред секоја друга амбиција? Дали сте подготвени вашата волја да биде проголтана во Неговата?9 Мојата мајка ќе одговореше со емоционално но цврсто „да,“ и други верни членови од Црквата низ светот исто така ќе одговореа со емоционално но цврсто „да.“ Претсеател Нелсон, ви благодарам што не инспирирате и возвишувате со овие пророчки прашања.

Неодамна, имав разговор во Преторија, Јужна Африка, со епиксоп кој ја погреба својата сопруга и неговата возрасна ќерка на ист ден. Нивните животи беа земени од оваа пандемија од корона вирисот. Прашав како му оди. Одговорот на Епископот Теди Табет ја зајакна мојата решеност да ги следам зборовите и советите на Господовите пророци, јановидците, и откровителите. Епископ Тебет одговори дека секогаш постои надеж и утеха знаејќи дека Спасителот превземал врз себе болки на Неговиот народ, за да знае како да им помогне.10 Со длабока вера тој сведочеше, „Благодарен сум за планот на спасение, планот на среќа.“ Потоа тој ми постави прашање, „Не е ли ова тоа што нашиот пророк се обидуваше да не поучи на оваа последна конференција?“

Додека преизвикот на смртност ќе дојде кај сите нас на овој или оној начин, да се фокусираме на целта да „потрчаме кон целта,“ што е наградата на горното призвание од Бога во Исус Христос.“11

Мојата скромна покана на сите нас е никогаш да не се откажуваме! Ние сме повикани да „да ја оставиме настрана секој тежина и гревот што толку лесно не опседнува, и да трчаме со трпение на трката која е поставена пред нас, гледајќи кон Исус авторот и писателот на нашата вера.“12

Не се работи толку за тоа што правиме во животот, туку она што стануваме. Постои радост во трчањето напред. Сведочам дека oној што победил се ќе ни помогне додека гледаме кон Него. Во името на Исус Христос, амин.