Генерална Конференција
Гробот не ја Понесе Победата
Април 2021 Генерална Конференција


Гробот не ја Понесе Победата

Преку откупеното Помирување и славното Воскресение на Исус Христос, скршените срца може да бидат исцелувани, маката може да стане мир, а очајот да стане надеж.

На оваа величествена велигденска недела, нашите деца радосно пееја, „Во златната пролет, Исус Христос се разбуди и го напушти гробот каде што беше легнат; ги скина оковите на смртта.“1

Благодарни сме за нашето знаење за Воскреснувањето на Исус Христос. И сепак, во одреден момент од нашите животи, ќе се чувствуваме скршени откако ќе изгубиме некој што многу го сакаме. Поради сегашната тековна глобална пандемија, многу од нас ги изгубија своите сакани—било тоа да се членови на семејството или пријатели.2 Се молиме за оние кои тагуваат за ваквата загуба.

Претседателот Расел М. Нелсон рече:

„Без оглед на возраста, тагуваме за саканите и изгубените. Тагувањето е едно од најдлабоките изрази на чиста љубов. …

„Згора на тоа, не би можеле да ги цениме радосните повторни обединувања подоцна без сегашните насолзени разделби. Единствениот начин да се оттргне тагата од смртта е да се изземе љубовта од животот.“3

Слика
Жени следбенички како го оплакуваат Исус.

Можеме да замислиме како Исусовите пријатели, кои Го следеа и Му служеа,4 се чувствуваа откако присуствувале на Неговата смрт.5 Ние знаеме дека „тие тагуваа и лиеја солзи.“6 На денот на Распетието, не знаејќи што ќе се случи во недела, преплавени од вознемиреност, се прашуваа како ќе продолжат без својот Господар. Сепак, продолжија да му служат дури и во смртта.

Јосиф од Ариматеја го преколнувал Пилат да му го даде Исусовото тело. А Јосиф штом го зеде телото, го завитка во чисто платно, го положи во неговиот нов гроб, и постави голем камен над гробната врата.7

А дојде и Никодим, и донесе смирна и алој. Му помогна на Јосиф да го земе Исусовото тело и го завиткаа во платното со мирисите.8

Марија Магдалена и други жени ги следеа Јосиф и Никодим, гледаа каде тие го положија Исусовото тело, и подготвија слатки зачини и масла за да го миропомазаат.9 Според строгите закони за тој ден, приготвија мириси и миро, а во саботата одмараа според заповедта, бидејќи беше ден за Сабат.10 Потоа, рано наутро во недела, жените заминаа до гробот. Откако сватиле дека телото на Спасителот не е таму, заминаa да им кажат на учениците кои се Исусовите Апостоли. Апостолите дошле со нив до гробот и виделе дека е празен. Сите, освен Марија Магдалена на крајот си заминале, прашувајќи се што се случило со телото на Спасителот.11

Марија Магдалена останала сама на гробот. Само неколку дена претходно, таа ја видела трагичната смрт на нејзиниот пријател и Господар. Сега Неговиот гроб беше празен, а таа не знаеше каде Тој се наоѓа. Беше премногу за неа да го прифати тоа, и липаше. Во тој момент, воскреснатиот Спасител и пријде и ја запраша зошто липа и кого бара. Мислејќи дека градинарот ѝ зборува, прашала дали можеби тој го извадил телото на нејзиниот Господар, да и каже каде е за да си го земе.12

Слика
Марија Магдалена

Јас си замислувам дека Господ може ѝ дозволил на Марија Магдалена да жали и да ја изрази својата болка.13 Тој потоа ја повикал по нејзиното име, и таа се свртела кон Него и Го препознала. Го видела воскреснатиот Христос и била сведок на Неговото славно Воскресение.14

Како и вие, на некој начин можам да се соживеам со маката што Марија Магдалена и нејзините пријатели ја чувствувале додека жалеле за смртта на нивниот Господар. Кога имав само девет години, го изгубив брат ми за време на разорниот земјотрес. Бидејќи се случи неочекувано, ми требаше малку време да ја сватам реалноста за тоа што се случи. Бев скршена од тага, и се прашував, „Што се случи со мојот брат? Каде е тој? Каде замина? Дали повторно ќе го видам?“

Во тоа време, јас не знаев ништо за Божјиот план за спасение, а сакав да знам од каде доаѓаме, која е целта на нашиот живот, и што се случува со нас откако ќе умреме. Зарем сите ние ги немаме овие копнежи кога ќе изгубиме некој кој го сакаме или кога минуваме низ потешкотии во нашите животи?

Неколу години подоцна, започнав да размислувам за мојот брат на поинаков начин. Би го замислил како тропа на нашата врата. Би ја отворила вратата, тој би стоел пред неа, и би ми кажал, „Јас не сум мртов. Јас сум жив. Не можев да дојдам, но сега ќе останам со тебе и никогаш нема да заминам повторно.“ Оваа замислување, скоро сон, ми помогна да се справам со болката што ја чувствував кога го изгубив. Мислата дека тој ќе биде со мене ми доаѓаше на памет повторно и повторно. Понекогаш ќе зјапав во вратата, надевајќи се дека тој ќе тропне и повторно ќе го видам.

Скоро 40 години подоцна, за време на Велигден, размислував за Исус Христос и започнав да размислувам за мојот брат. Во тој момент, нешто ми падна на памет. Се сеќавам дека замислував како доаѓа да ме види.

Тој ден сватив дека Духот ми даде утеха во едно тешко време. Примив сведоштво дека духот на мојот брат не е мртов; тој е жив. Тој сѐ уште напредува кон неговото вечно постоење. Јас знам дека „[мојот] брат ќе воскресне“15 во тој величествен момент кога, поради Воскресението на Исус Христос, сите ќе воскреснеме. Дополнително, Тој го направи тоа возможно за сите нас, да бидеме повторно обединети како семејства и да имаме вечна радост во присуство на Бога доколку одбереме да склучиме и да ги одржуваме светите завети со Него.

Претседателот Расел М. Нелсон поучуваше:

„Смртта е неопходна компонента од нашето вечно постоење. Никој не знае кога таа ќе се случи, но е суштинска за Божјиот голем план за среќа. Благодарение на Помирувањето на Господ, евентуалното воскресение е реалност а вечниот живот е можност за целото човештво.…

„… За тагувањето по најблиските кои останале зад нас … убодот на смртта го ублажува постојаната вера во Христа, совршен сјај на надеж, љубов кон Бога и кон сите луѓе, и длабока желба да им се служи. Оваа вера, оваа надеж, оваа љубов ќе ни овозможи да дојдеме во светото присуство на Бога и, со нашите вечни придружници и семејствата, да живееме со Него засекогаш.“16

Слика
Гробот во градината

Јас сведочам дека „ако Христос не станеше од мртвите или не ги раскинеше оковите на смртта, тогаш гробот не требаше да има победа, и смртта немаше да има убод, немаше да има воскресение.

„Но воскресение има, затоа гробот не ја понесе победата, а убодот на смртта со Христос е надвладеан.

„Тој е светлината и животот на светот; да, светлина што е бескрајна, што никогаш нема да потемни, да, а животот е бесконечен, за да нема повеќе смрт.“17

Слика
Воскреснатиот Спасител

Исус Христос Самиот изјавил, „Јас сум воскресението, и животот: тој што верува во мене, и да умре, ќе живее.“18

Јас сведочам дека преку откупното Помирување и славното воскресение на Исус Христос, скршените срца може да бидат исцелувани, маката може да се смири, а очајот да стане надеж. Тој може да нѐ прегрне со Неговите раце на милост, утеха, зајакнување, и исцелување за сите нас. Во името на Исус Христос, амин.