Генерална Конференција
Личното Патување на Чедото Божје
Април 2021 Генерална Конференција


Личното Патување на Чедото Божје

Како заветни деца на Бога, ние ги сакаме, почитуваме, негуваме, заштитуваме и го поздравуваме доаѓањето на духовите кои пристигнуваат од претсмртниот свет.

Секој од нас е засегнат од светската пандемија, бидејќи семејството и пријателите неочекувано ја надминаа смртноста. Дозволете ми да признаам три кои многу ми недостасуваат, а се репрезенти на сите оние што оние толку многу ги сакаме.

Слика
Брат и Сестра Нсонди

Ова е брат Филипе и Сестра Џермеин Нсонди. Брат Нсонди служеше како патријарх на Бразавил, Република Конго Колот кога почина. Тој беше доктор по медицина кој несебично ги споделуваше своите таленти со другите.1

Слика
Клара Руано де Виљареал

Ова е Сестра Клара Елајза Руано де Виљареал од Тулкан, Еквадор. Таа го прегрна обновеното евангелие на 34 години и беше многу сакан водач. Нејзиното семејство се збогуваше пред смртта, пеејќи ѝ ја нејзината омилена химна, „I Know That My Redeemer Lives, (Јас знам дека мојот Откупител живее).“2

Слика
Реј Туино и неговото семејство

Ова е Брат Реи Туино од Јута, со неговото прекрасно семејство. Неговата сопруга, Жулиет, рече, „Сакам [моите момчиња] да [се сеќават дека нивниот татко] секогаш се обидуваше да го постави Бог на прво место“.3

Господ кажа, „Живеј заедно во љубов, така да „плачеш поради загубата на оние кои умираат“.4

Додека ни течат солзи од лицето, се радуваме на славното Воскресение на нашиот Спасител. Заради Него, нашите најмили и пријателите ќе го продолжат своето вечно патување. Како што појасни Претседателот Џозеф Ф. Смит: „Не можеме да ги заборавиме; не престануваме да ги сакаме. … Тие напредуваа; ние напредуваме; ние растеме како што тие растеа“.5 Претседателот Расел М. Нелсон рече, „Нашите солзи на тага … се претвораат во солзи на исчекување“.6

Ние Знаеме за Животот пред Раѓањето

Нашата вечна перспектива не само што го проширува нашето разбирање за оние кои го продолжуваат своето патување подалеку од смртноста, туку исто така го отвора нашето разбирање за оние кои подраниле со своето патување и само што влегуваат во смртност.

Секое лице кое доаѓа на земјата е единствен Божји син или ќерка.7 Нашето лично патување не започна со раѓањето. Пред да се родиме, бевме заедно во светот на подготовка во кој „ги примивме [своите] први лекции во светот на духовите.“8 Јехова му кажа на Еремија, „И пред да те обликувам во утробата, те познавав; и пред да излезеш од утробата,те осветив“.9

Некои можеби се прашуваат дали животот почнува, со формирање на ембрион, или кога срцето почнува да чука, или кога бебето може да живее надвор од матката, но за нас, нема сомнеж дека Божјите ќерки и синови се наоѓаат на сопствените лични патувања доаѓајќи на земјата за да примат тело и за да доживеат смртност.

Како заветни деца на Бога, ние ги сакаме, почитуваме, негуваме, заштитуваме и го поздравуваме доаѓањето на духовите кои пристигнуваат од претсмртниот свет.

Неверојатниот Придонес на Жените

За една жена, да се има дете може да биде огромна жртва физички, емотивно, економски. Ги сакаме и почитуваме неверојатните жени од оваа Црква. Со интелигенција и мудрост, вие ги носите товарите на вашето семејство. Вие сакате. Вие служите. Вие се жртвувате. Вие ја зајакнувате верата, служејќи им на оние кои имаат потреба од тоа, и во голема мера придонесувате за општеството.

Светата Одговорност на Заштитата на Животот

Пред години, Претседателот Гордон Б. Хинкли им се обрати на жените од Црквата, чувствувајќи длабока загриженост за бројот на абортуси во светот, со зборови што се релевантни за нас денес. Тој рече: „Вие кои сте сопруги и мајки сте сидра на семејството. Вие ги раѓате децата. Колку огромна и света одговорност е тоа. … Што се случува со нашето ценење на светоста на човечкиот живот? Абортусот е зло, остро и вистинско и одбивно, што ја замачкува земјата. Пледирам со жените од оваа Црква да го избегнуваат, да застанат над него, и да се држат настрана од компромитирачките ситуации што го прават пожелен. Може да постојат неколку околности под кои тој може да се случи, но тие се крајно ограничени.10 … Вие сте мајките на синовите и ќерките на Бога, чиишто животи се свети. Заштитата на нивните животи е божествено дадена одговорност што не може лесно да биде занемарена.“11

Старешина Маркус Б. Неш ја сподели со мене приказната за една почитувана 84-годишна жена која, за време на нејзиното крштално интервјуирање, „признала абортус [пред многу години]“. Со длабоко почувствувана емоција, таа рекла: „Го носев товарот за абортирање на дете секој ден од мојот живот цели четириесет и шест години. … Ништо што направив не ги одземаше болката и чувството на вина. Бев безнадежна сѐ додека не ме научија на вистинското евангелие на Исус Христос. Научив како да се покаам … и одеднаш бев исполнета со надеж. Конечно сватив дека може да ми биде простено, доколку навистина се покајав за своите гревови“.1214

Колку сме благодарни за божествените дарби на покајание и на прошка.

Што Може да Направиме?

Каква е нашата одговорност како мирољубиви ученици на Исус Христос? Ајде да ги живееме Божјите заповеди, да ги поучуваме нашите деца според нив, и да ги споделуваме со другите кои се спремни да слушаат.13 Дозволете ми да ги споделиме нашите најдлабоки чувства за светоста на животот со оние кои носат одлуки во општеството. Тие можеби нема да го ценат во потполност она во што ние веруваме, но се молиме да разберат подобро зошто, за нас, овие одлуки одат и подалеку од она што еден човек го сака за сопствениот живот.

Ако се очекува непредвидено дете, ајде да посегнеме со љубов, охрабрување, и, кога е потребно, финансиска помош, преку зајакнување на мајката дозволувајќи ѝ нејзиното дете да биде родено и да го продолжи својот пат во смртноста.14

Убавината на Присвојувањето

Во нашето семејство, бевме неизмерно благословени, кога пред две децении, млада 16-годишна девојка, дозна дека очекува дете. Таа и таткото на бебето не беа во брак, и не можеа да пронајдат начин да продолжат заедно. Младата жена веруваше дека животот што го носи е драгоцен. Таа роди мало девојче и дозволи праведно семејство да ја присвои како свое. За Брис и Жолин, таа беше одговор на нивните молитви. И дадоа име Емили и ја научија да верува во Небесниот Отец и во Неговиот Син, Исус Христос.

Слика
Емили и Кристијан

Емили порасна. Колку сме само благодарни што Емили и нашиот внук, Кристијан, се вљубија и се венчаа во куќата на Господ. Емили и Кристијан сега имаат свое мало девојче.

Слика
Емили со ќерка

Емили неодамна напиша: „Во текот на овие последни девет месеци на бременост, имав време да се навратам на настаните [од] моето сопствено раѓање. Размислував за мојата родена мајка, која имаше само 16 години. Додека ги чувствував болките и промените што ги носи бременоста, можев само да замислам колку ѝ било тешко на младата девојка од 16 години. … Солзите ми течат дури и сега кога ќе помислам на мојата родена мајка, која знаеше дека нема да може да ми даде живот [каков што посакуваше за мене и несебично ме смести] за присвојување. Не можам да проникнам низ што таа минуваше во текот на тие девет месеци—да биде гледана со осудувачки очи додека нејзиното тело се менуваше, тинејџерските доживувања што ги пропуши, знаејќи дека на крајот од ова дело на мајчинска љубов, ќе го остави своето дете во туѓи прегратки. Јас сум толку многу благодарна за нејзиниот несебичен избор, што не одбра да го искористи своето право на избор на начин што ќе го одземеше мојот сопствен.“ Емили заклучува, „Толку многу сум благодарна за божествениот план на Небесниот Отец, за моите неверојатни родители кои [ме сакаа и се грижеа за] мене, и за храмовите каде ние можеме да бидеме запечатени со нашите семејства засекогаш.“15

Слика
Фото колаж

Спасителот „зеде дете, и го постави на средината помеѓу нив: го прегрна и им рече, Кој прима едно од [ваквите] деца во мое име, Мене ме прима“.16

Кога Праведни Желби Сѐ Уште Не Се Реализирани

Ја изразувам мојата љубов и сочувство за праведните парови кои стапуваат во брак а не се во можност да имаат деца што толку со нетрпение ги очекуваат, и за оние жени и мажи кои немале можност да бидат венчани според Божјиот закон. Нереализираните сништа за живот се тешко разбирливи само доколку се набљудуваат од перспектива на смртност. Како Господов слуга, ви ветувам дека кога сте верни на Исус Христос и на вашите завети, ќе примате компензирачки благослови во овој живот и вашите праведни желби во вечната временска рамка на Господ.17 Може да има среќа на патувањето на смртноста дури и кога сите наши праведни надевања не се реализираат.18

После раѓањето, децата продолжуваат да имаат потреба од наша помош. На некои таа им е очајно потребна. Секоја година преку грижливите епископи животот на милиони и милиони деца е благословен од вашите несебични придонеси за посни прилози и хуманитарни фондови. Првото Претседателство неодамна објави дополнителни 20 милиони УСД за да му помогне на УНИЦЕФ во нивните глобални напори да придонесат со две милијарди вакцини.19 Децата се сакани од Бога

Светата Одлука да се Има Дете

Загрижувачки е што дури и во некои од најбогатите држави во светот, се раѓаат сѐ помалку деца.20 „Останува на сила Божјата заповед кон Неговите деца да се размножуваат и да ја надополнуваат земјата.“.21 Кога да се има дете, и колку деца да се имаат се лични одлуки кои треба да се донесат помеѓу мажот и жената и Господ. Со вера и молитва, овие свети избори може да бидат убави, искуства на откровение.22

Ја споделувам приказната на семејството Леинг од Јужна Калифорнија. Сестра Ребека Леинг пишува:

Слика
Семејството на Леинг

„Летото 2011, животот во нашето семејство беше навидум совршен. Бевме среќно венчани со четири деца—на возраст 9,7,5 и 3. …

„Мојата бременост и породувањето [беа] високо ризични … [и] ние се чувствувавме [многу] благословени што имаме четири деца, [мислејќи] дека нашето семејство е комплетно. Во октомври додека ја слушавме генералната конференција, имав непогрешливо чувство дека ќе имаме уште едно бебе. Додека Легранд и јас размислувавме и се молевме, … знаевме дека Бог има поинаков план за нас отколку што ние имавме за нас.

„После уште една тешка бременост и породување, бевме благословени со едно убаво девојче. И дадовме име Бриела. Таа беше чудо од дете. Неколку моменти откако таа се роди, додека сѐ уште во [породилната сала], го слушнав безгрешниот глас на Духот: „Има уште едно.“

„Три години подоцна, уште едно чудо, Миа. Бриела и Миа се огромна радост за нашето семејство.“ Таа заклучува, „ Да се биде отворен кон Господовото упатство и да се следи Неговиот план за нас, секогаш ќе донесе поголема среќа отколку … да се потпреме на нашето сопствено разбирање“.23

Слика
Бриела и Миа Леинг

Спасителот го сака секое скапоцено дете.

„И тој ги зеде нивните мали деца, едно по едно, и ги благослови, …

„И … тие ги вперија очите кон небото,, …и видоа ангели како слегуваат од небото, …во средината на огнот; и [ангелите] … ги опколија овие најмалите, … и ангелите им служеа ним.“24

Јас сведочам дека вашето лично патување како дете на Бог не започна со првиот доток на воздух на земјата што навлезе во вашите бели дробови, и нема да заврши кога ќе го вдишете последниот здив на смртност.

Може да паметиме секогаш дека секое духовно дете на Бога доаѓа на земјата на свое сопствено лично патување.25 Да го поздравиме нивното доаѓање, да ги заштитиме и секогаш да ги сакаме. Додека ги примате овие драгоцени деца во името на Спасителот и им помагате на нивното вечно патување, ветувам дека Господ ќе ве благослови и ќе ја истури својата љубов и одобрување врз вас. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Лична комуникација.

  2. Лична комуникација. Види „Знам дека мојот Избавител живее“, (“I Know That My Redeemer Lives,” Hymns, no. 136.)

  3. Лична комуникација.

  4. Учење и Завети 42:45.

  5. Џозеф Ф. Смит, (Joseph F. Smith, in Conference Report, Apr. 1916, 3.)

  6. Претседателот Нелсон споделува Порака за Вечен Живот на Погребот на Неговата Ќерка во, (In “‘A Fulness of Joy’: President Nelson Shares Message of Eternal Life at His Daughter’s Funeral,” Church News, Jan. 19, 2019, thechurchnews.com.)

  7. Види “Семејството: Проглас кон Светот,” ChurchofJesusChrist.org.

  8. Учење и Завети 138:56.

  9. Еремија 1:5. Новиот Тестамент кажува за неродениот Јован Крстител како скока во мајчината утроба, додека Елизабета се среќава со Марија, која го очекува бебето Исус (види Лука 1:41).

  10. Официјалната позиција на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни:

    „Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни верува во светоста на човечкиот живот. Оттаму, Црквата се спротивставува на изборен абортус заради лична или социјална погодност, и ги советува своите членови да не се потчинуваат, да не изведуваат, ниту пак да поттикнуваат, да плаќаат за или да договараат вакви абортуси.

    „Црквата дозволува можни исклучоци за своите членови кога:

    „Бременоста е резултат на силување или инцест, или

    „Надлежниот лекар не одреди дека животот или здравјето на мајката е во сериозна опасност, или

    „Надлежниот лекар не одреди дека фетусот има тешки недостатоци што не дозволуваат бебето да преживее по раѓањето.

    „Црквата ги поучува своите членови дека дури и во овие ретки исклучоци не го оправдува автоматски абортусот. Абортусот е најсериозна работа и треба да се зема во предвид само откако лицата кои се вклучени се консултирале со своите локални црковни водачи и чувствуваат преку лична молитва дека нивната одлука е исправна.

    „Црквата не дава предност ниту пак се спротивставува на било какви законски предлози или јавни демонстрации во врска со абортусот“ (“Abortion,” Newsroom, newsroom.ChurchofJesusChrist.org; види исто General Handbook: Serving in The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints, 38.6.1, ChurchofJesusChrist.org).

  11. Гордон Б. Хинкли, (Gordon B. Hinckley, “Walking in the Light of the Lord,” Ensign, Nov. 1998, 99; Liahona, Jan. 1999, 117.)

    Претседателот Гордон Б. Хинкли рече:

    „Абортусот е грда работа, обезвреднувачка работа, работа која неизбежно носи каење, тага и жалост.

    „Додека го осудуваме, даваме дозвола под такви околности кога бременоста е резултат на инцест или силување, кога животот или здравјето на мајката се проценети од компетентно медицинско лице како сериозно загрозени, или кога фетусот според надлежниот медицински орган има сериозни недостатоци кои нема да му дозволат на бебето да преживее по породувањето.

    „Но ваквите примери се реткост, и постои само занемарлива веројатност тие да се случат. Во овие околности од оние кои соочуваат со прашањето се бара да ги консултираат своите локални црковни водачи и да се молат со огромна сериозност, за да добијат потврда преку молитва пред да продолжат“ (“What Are People Asking about Us?,” Ensign, Nov. 1998, 71; Liahona, Jan. 1999, 83–84).

  12. Види Нил Л. Андерсен, (Neil L. Andersen, The Divine Gift of Forgiveness (2019), 25.

    Во една прилика во Франција, за време на крштално интервјуирање, една жена ми раскажа за нејзиниот абортус од пред многу години. Јас бев благодарен за нејзината добрина. Таа беше крстена. Неполна година подоцна, примив повик. Оваа прекрасна жена во годината од нејзиното крштавање беше поучена од Светиот Дух. Ме повика липајќи: „Дали се сеќаваш … дека ти кажав за абортусот од години наназад? Ми беше жал за тоа што го сторив. Но [оваа] измината година ме промени. … Моето срце се свтри кон Спасителот. … Толку ме боли сериозноста на престапот што не гледам начин да се обнови.“

    Ја почувствував Господовата неизмерна љубов за оваа жена. Претседателот Бојд К. Пакер кажа: „Обновувањето на она што не може да се обнови, исцелувањето на она што не може да се исцели, поправање на она што не може да се поправи е самата цел на Христовото помирување. Кога вашата желба е цврста вие сте подготвени да платите „со последната пара“, [види Матеј 5:25–26], законот на воспоставување е суспендиран Вашата обврска е пренесена на Господ. Тој ќе ви ги расчисти сметките“ (“The Brilliant Morning of Forgiveness,” Ensign, Nov. 1995, 19–20). Јас ја уверив во Спасителовата љубов. Господ не само што го тргна гревот од неа; Тој го зајакна и го прочисти нејзиниот дух Види Нил Л. Андерсен, (Neil L. Andersen, The Divine Gift of Forgiveness, 154–56.)

  13. Види Далин Х. Оукс, (Dallin H. Oaks, “Protect the Children,” Liahona, Nov. 2012, 43–46.)

  14. Заштитата на животите на Божјата ќерка или син е исто така одговорност и на таткото. Секој татко има емотивна, духовна, и финансиска одговорност да го поздрави доаѓањето, да го сака и да се грижи за детето кое доаѓа на земјата.

  15. Лична комуникација.

  16. Марко 9:36–37.

  17. Види Нил Л. Андерсен, (Neil L. Andersen, “A Compensatory Spiritual Power for the Righteous” (Brigham Young University devotional, Aug. 18, 2015), speeches.byu.edu.))

  18. Види Далин Х. Оукс, (Dallin H. Oaks, “The Great Plan of Happiness,” Ensign, Nov. 1993, 75); види исто Расел М. Нелсон, (Russell M. Nelson, “Choices,” Ensign, Nov. 1990, 75.)

  19. Види “Bishop Caussé Thanks UNICEF and Church Members for COVID-19 Relief,” Newsroom, Mar. 5, 2021, newsroom.ChurchofJesusChrist.org.

  20. На пример, ако Соединетите Држави ја одржуваа стапката на плодност во 2008, пред само 13 години, ќе имаше 5.8 милиони повеќе живи деца денес види Лајман Соун, (Lyman Stone, “5.8 Million Fewer Babies: America’s Lost Decade in Fertility,” Institute for Family Studies, Feb. 3, 2021, ifstudies.org/blog).

  21. Семејството: Проглас кон Светот“, ChurchofJesusChrist.org. Во Светите писма е запишано дека „децата се наследство на Господ“ (Псалми 127:3). Види Расел М. Нелсон, (Russell M. Nelson, “How Firm Our Foundation,” Liahona, July 2002, 83–84); види исто Далин Х. Оукс, (Dallin H. Oaks, “Truth and the Plan,” Liahona, Nov. 2018, 27).

  22. Види Нил Л. Андерсен, (Neil L. Andersen, “Children,” Liahona, Nov. 2011, 28.)

  23. Лична кореспонденција, мар. 10, 2021.

  24. 3 Нефи 17:21, 24.

  25. „Во реалноста, сите ние сме патници—дури и истражувачи на смртноста. Немаме корист од претходното лично искуство. Мора да преминеме преку стрмните бездни и надојдените води на нашето сопствено патување овде на земјата“ Томас С. Монсон, (Thomas S. Monson, “The Bridge Builder,” Liahona, Nov. 2003, 67).