Генерална Конференција
Тие не Можат да Надвладеат; Ние не Можеме да отпаднеме
Април 2021 Генерална Конференција


Тие не Можат да Надвладеат; Ние не Можеме да отпаднеме

Ако ја изградиме нашата основа на Исус Христос, не можеме да отпаднеме!

Нашиот почитуван пророк, Претседателот Расел М. Нелсон кажа на нашата последна генерална конференција: „За време на овие опасни времиња за кои Апостол Павле пророкуваше, Сатаната веќе не се ни обидува да ги сокрие неговите напади на Божјиот план. Многу зли идеи има во изобилство. Затоа, единствениот начин да преживееме духовно, е да бидеме одлучни и да дозволиме Бог да надвладее во нашите животи, да научиме да го слушаме Неговиот глас, и да ја користиме нашата енергија за да помогнеме да се собере Израел.”1

Додека ја земаме во предвид поканата на пророкот да научиме да го слушаме Божјиот глас, дали нашите срца се решителни или стврднати? Ајде да го запамтиме советот даден во Јаков 6:6: „ Да, денес, ако го слушнете неговиот глас, не ги стврднувајте срцата; зашто зошто да умрете?“ Ајде да бидеме одлучни за да дозволиме Бог да надвладее во нашите животи.

Како можеме да дозволиме Бог да надвладее во нашите животи а не противникот? Во Учења и Завети 6:34 читаме, „Затоа, не плашете се, мали стада; правете добрина; дозволете земјата и пеколот да се здружат против вас, зашто ако сте создадени врз цврста основа, тие нема да можат да надвладеат.“ Тоа е големо ветување. Иако земјата и пеколот може да се здружат против вас, тие не може да надвладеат ако одбереме да му дозволиме на Бога да надвладее, засновајќи ги сопствените животи врз Неговата карпа.

Зборувајќи им на своите следбеници, Исус Христос поучувал за мудриот и будалестиот човек, запишани во Матеј Матеј поглавје 7 од Новиот Завет. Многумина од вас сте слушнале за песната од Основно „Паметниот и Будалест Човек.“2 Ако одвоите време да ги споредите четирите стиха од песната, ќе откриете дека стих 1 и 2 се многу слични со стиховите 3 и 4. И двајцата и мудриот и будалестиот човек граделе куќа. И двајцата сакале да си го обезбедат семејството со безбеден и удобен дом. Посакувале да живеат среќно заедно засекогаш како семејство, исто како и вие и јас. Ситуацијата во опкружувањето била иста:„ Дождови те паѓаат, а поплави те надоаѓаат.“ Пееме шест пати кога ја пееме таа песна. Единствената разлика е што мудриот човек ја изградил својата куќа врз цврста основа и куќата сѐ уште стои, додека пак будалестиот човек ја изградил својата куќа врз песок и неговата куќа беше однесена од водата. Затоа, каде се наоѓа нашата основа е навистина важно, и ова има одлучувачки ефект на конечниот исход и засекогаш.

Се надевам и се молам сите ние да пронајдеме и останеме на цврста основа додека го градиме нашиот иден живот. Потсетени сме во Хеламан 5:12: „А сега, мои синови, запамтете, запамтете дека мора да ја соѕидате вашата основата врз карпата на нашиот Откупител, кој е Христос, Синот на Бог; за да кога ѓаволот ќе ги испрати своите јаки ветрови, да, своите стрели во виорот, да, кога целиот негов град и јака бура удрат по вас, нема да можат да имаат никаква моќ над вас и да ве повлечат надолу во бездната на бедата и бесконечното лелекање, поради карпата на која сте соѕидани, која е стабилен темел, темел врз кој ако луѓето градат нема да паднат“.

Тоа е ветувањето од Бога! Ако ја изградиме нашата основа на Исус Христос, не можеме да отпаднеме! Кога верно издржуваме до крај, Бог ќе ни помогне да ги воспоставиме нашите животи врз Неговата карпа, „и портите на пеколот нема да надвладеат против [нас]“ (Учење и Завети 10:69). Можеби нема да можеме да бидеме во можност да го промениме сето она што доаѓа, но можеме да одбереме како да се подготвиме за она што доаѓа.

Некои од нас можеби ќе помислат, „Евангелието е добро, затоа треба да го поставиме во нашите животи, можеби еднаш неделно.“ Самото одење во црква еднаш неделно не е доволно да се соѕида основата. Целиот наш живот треба да биде исполнет со евангелието на Исус Хритос. Евангелието не е дел од нашиот живот, но нашиот живот е во суштина дел од евангелието на Исус Христос. Размислете за тоа. Дали тоа не е вистина? Нашиот смртен живот е само дел од целиот план за спасение и егзалтација.

Бог е нашиот Небесен Отец. Тој нѐ сака сите нас. Тој го знае нашиот потенцијал многу подобро отколку што ние се знаеме себе си. Тој не ги знае само деталите од нашите животи. Бог ги знае деталите од деталите од деталите на нашите животи.

Ве молам следете го мудриот совет на Претседателот Нелсон, нашиот жив пророк. Како што е забележано во Учење и Завети 21:5–6:

„Зашто неговиот збор ќе го примиш, како од мојата сопствена уста, со сета трпеливост и вера.

„Зашто правејќи ги овие нешта портите на пеколот нема да надвладеат над вас; да, и Господ Бог ќе ги расее моќите на темнина од пред вас, и ќе предизвика небесата да се стресат за ваше добро, и за славата на неговото име.“

Од таа причина, тие неможат да надвладеат, и ние не можеме да отпаднеме!

Ви сведочам дека Христос ќе дојде повторно по втор пат исто како што дојде првиот пат, но овој пат тоа ќе биде со голема слава и величественост. Се надевам и се молам за да бидам подготвен да го примам Него, без разлика дали тоа ќе биде од оваа или од онаа страна на превезот. Додека прославуваме во оваа прекрасна Велигденска сезона, јас се надевам, преку Помирувањето на Исус Христос и моќта на Неговото Воскресение (види Морони 7:41), дека ќе бидам во можност да дојдам горе и да се сретнам со мојот Творец и да кажам, „Ви благодарам.“ Во името на Исус Христос, амин.