Генерална Конференција
„На патот на нивната Должност“
Oктомври 2023 Генерална Конференција


На патот на нивната Должност

Вие кои денес притискате напред по патот на вашата должност сте силата на Спасителотвата обновена Црква.

Искрено се молам Светиот Дух да ми помогне додека ја изразувам својата љубов, восхит и благодарност до членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ширум светот.

Тие од Последниот Вагон

Во 1947 година се одбележаа 100 години од пристигнувањето на првите пионери на Светците од Подоцнежните Дни во долината Солт Лејк. Во текот на оваа година беа одржани многу комеморации и беа понудени безброј изрази на благодарност кон посветените следбеници на Исус Христос кои трасираа патеки, изградија домови, создаваа оази и населуваа заедници.

Претседателот Џ. Рубен Кларк, Прв советник во Првото Претседателство, ја даде една од најнезаборавните и најтрогателни почести на овие верни пионери на генерална конференција во октомври 1947 година.

Во својата порака, Претседателот Кларк накратко им оддаде признание на добро-познатите водачи кои ја водеа миграцијата кон запад, како Брингам Јанг, Хебер К. Кимбал, Вилфорд Вудруф, Парли П. Прат и многу други. Сепак, неговата основна цел не беше да ги преброи достигнувањата на овие извонредни личности. Наместо тоа, тој ги насочи своите забелешки на лојалните души чии имиња ниту се познати ниту официјално запишани во црковната историја. Поучниот наслов на неговата порака е, „Тие од Последниот Вагон“.1

Претседателот Кларк многу детално ги опиша особините и предизвиците на мигрантите кои патувале во последниот покриен вагон на секој од долгите вагонски возови што ја преминаа долината. Им оддава почит на овие анонимни и непрославени херои кои, ден за ден, недела за недела, и месец за месец, се гушеа во прашината што се подига од сите вагони кои се тркалаа пред нив, и кои ги надминуваа немислосрдните препреки на кои наидуваа по патот.

Претседателот Кларк изјави, „Тие од последниот вагон притискаа напред, истоштени и уморни, со рани на нозете, понекогаш речиси безнадежни, охрабрени и зајакнати од верувањето дека Бог ги сака, дека обновеното евангелие е вистина и дека Господ ги води и насочува Браќата кои предводат”.2

Тој ја заврши својата порака со оваа возбудлива пофалба: „На овие скромни души, големи во верата, големи во работата, големи во праведното живеење, големи во модернизација на нашето непроценливо наследство, јас понизно им ја возвраќам мојата љубов, почит, и длабоко признание.“3

Не Помалку Пресретливи

Во 1990, Претседателот Хауард В. Хантер, тогашен претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, пренесе порака за незаменливиот придонес на безброј црковни членови кои служат вредно и верно, и кои добиваат малку или не добиваат јавно признание или акламација.

Претседател Хантер објаснил:

„За храбриот и млад Капетан Морони беше кажано:

„‘Да беа сите луѓе како Морони, ете, самите сили на пеколот ќе беа разнишани засекогаш; да, ѓаволот никогаш нема да има моќ над срцата на децата човечки’. (Алма 48:17).

„Каков комплимент до славниот и моќен човек. … Два стиха понатаму е изјава за Хеламан и брат му, кој одиграле помалку забележителна улога од Морони, која вели:

“‘Сега ете, Хеламан и неговите браќа не беа помалку услужливи кон народот од Морони’(Алма 48:19).”

Претседателот Хантер продолжи, „Со други зборови, иако Хеламан не беше толку или впечатлив како Морони, тој беше еднакво пресретлив; што значи, беше еднакво услужлив и корисен како Морони”.4

Претседателот Хантер тогаш не советуваше сите нас да бидеме не помалку пресретливи. Тој рече, „Доколу чувствувате дека голем дел од она што го правите оваа година или во годините што доаѓаат не ве прави многу познати, разведрете се. Повеќето од најдобрите луѓе кои некогаш живееле исто така не биле познати. Служеле растеле, верно и тивко”.5

На патот на нивната Должност

Благодарен сум за огромниот број на црковни членови кои денес доаѓаат кај Спасителот6 и се движат напред по заветениот пат во последните вагони на нашите современи вагони–и кои навистина не се помалку пресретливи. Вашата силна верба во Небесниот Отец и Господ, Исус Христос и вашата непретенциозност, осветениот живот ме инспирираат да бидам подобар човек и следбеник.

Ве сакам. Ви се восхитувам. Ви благодарам. Ве пофалувам.

Изјавата на Самуил, Ламанит во Книгата на Мормон, најдобро ги сумира моите чувства за вас.

„Видете поголемиот дел од нив се на патот на својата должност, и претпазливо одат пред Бога, и тие се држат и ги одржуваат Неговите заповеди и уредби и судови. …

„Да, ви велам, повеќето од нив го прават тоа и со неуморна трудољубивост се обидуваат да ги доведат останатити браќа свои до спознание за вистината”.7

Верувам дека фразата „на патот на нивната должност“ опишува остроумни браќа и сестри кои бараат и седат до луѓе кои се сами на црковните средби и во различни други амбиенти. Тие постојано се стремат да ги тешат оние на кои им е потребна утеха,8 без очекување за признание или награда.

Фразата „на патот на нивната должност“ ги опишува сопружниците и децата кои поддржуваат придружник, родител или дете кое служи на раководна позиција во Господовата обновена Црква. Нивното постојано, тивко и генерално непрепознаено влијание овозможува да се благословат многу поединци и семејства на начини што ќе бидат целосно познати само во вечноста.

Фразата „на патот на нивната должност“ опишува поединци, кои, откако се оддалечиле од Бога, понизно се-вртат кон Него повторно,9 каејќи се своите гревови, и трагајќи по прочистувачката и исцелителна моќ на Спасителотвото Помирување. Доаѓањето кај Христа10 со враќање на заветниот пат од грешните убедувања и „забранети патишта“11 е духовна основа и ригорозно праведно. Кога притискаат напред со вера и без умор од правење добрина, поставуваат основа за големо дело во нивниот индивидуален живот,12 “за сите генерации и за вечноста.”13

Фразата „на патот на нивната должност“ опишува праведни поединци кои копнеат да го земат јаремот на Спасителот преку овластени завети и обреди на Неговото евангелие–но кои можеби се спречени да го направат тоа од фактори кои се вон нивна контрола. Ви ветувам дека вашата лична болка ќе биде олеснета, а вашата послушност и верност трпеливо да му ја предадете вашата волја на Бога, ќе биде наградена „во Господово време“.14 „Плачот трае само една ноќ, но утрото носи голема радост“.15

Фразата „на патот на нивната должност“ ги опишува инспирираните преведувачи и тумачи ширум светот кои му служат на Господ со тоа што им помагаат на пријателите и членовите да „го слушнат целото евенгелие на [свој] говор, и на [нивниот] мајчин јазик”.16 Нивните гласови, гласовниот јазик и преведените документи ја пренесуваат вечната вистина, а сепак малкумина им ги знаат имињата или некогаш им изразиле благодарност. Преку дарот за јазици со кој се благословени, преведувачите и толкувачите служат вредно, несебично, и најчесто, анонимно за да им помогнат на луѓето да го добијат духовниот дар на вера преку читање и слушање на Божјото слово.17

Фразата „на патот на нивната должност“ опишува верници венчани мажи и жени кои ја почитуваат својата заветна одговорност да ја множат и полнат земјата, и кои се благословени со сила и издржливост да се борат со своите деца на сакраменталните средби. Во сѐ поконфузен свет опкружен со катастрофи и погрешно поставени приоритети, овие храбри души не се осврнуваат на секуларните гласови кои ја возвишуваат егоцентричноста; тие ја почитуваат светоста и важноста на животот во планот на Небесниот Отец за среќа на Неговите чеда.

Многу брачни двојки имаат доверба во Бог дури и кога праведните желби на нивните срца не се остваруваат како или кога што се надевале или сонувале. Тие „чекаат на Господ“18 и не бараат од Него да ги запази нивните смртни рокови. „Зашто од создавање на светот, човек не чул, ниту видел, ниту примил со уво, ниту со око видел, о Боже, освен тебе, колку големи работи си им подготвил на [оние] што те чекаат”.19

Фразата „на патот на нивната должност“ ги опишува илјадниците и илјадници водачи на градинките и учителите во основно кои ги сакаат и поучуваат децата за Црквата секоја недела на Сабат.

Размилете за вечното влијание на службата што ја вршат овие посветени следбеници–и прекрасние благослови ветени на оние кои им служат на децата.

„И [Исус] зеде едно дете, го постави меѓу нив: го гушна, и им рече,

„Кој прима едно такво дете во мое име, мене ме прима: а кој Ме прима Мене, не ме прима мене, туку оној Кој ме пратил”.20

Фразата „на патот на нивната должност“ опишува посветени деца кои нежно се грижат за своите постари родители, ненаспана мајка која го теши своето дете додека како „лавица на вратата“ стражари во свјот дом,21 членовите на Црквата кои пристигнуваат рано и остануваат до доцна за да ги постават и да ги тргнат столиците, и инспирирани поединци кои го канат семејството, пријателите и соработниците да дојдат и да видат, да дојдат и да помогнат, и да дојдат и да останат.22

Опишав само неколу избрани примери на посветени следбеници на Исус Христос кои се држат до заветот како вас, кои притискаат напред „по патот на [вашата] должност“. Милиони други примери на светци од подоцнежните дни кои му ја принесуваат „сета своја душа“23 на Бога се наоѓаат во семејствата во кои Христос е во центарот на нивниот дом и во црковните единици ширум светот.

Вие сакате и служите, слушате и учите, се грижите и тешите, и поучувате и сведочите со силата од Светиот Дух. Постите и се молите често, станувате сѐ посилни и посилни во понизноста, и сѐ поцврсти и поцврсти во верата Христова, „до исполнување на [вашите] души со радост и утеха, да, дури и за да ги исчистите и осветите [вашите] срца, а тоа осветување доаѓа поради … препуштањето на [вашите] срца на Бог“.24

Ветување и Сведоштво

Тие од последниот вагон, сите оние кои не се ништо помалку пресретливи, и вие кои денес се притискате напред по патот на вашата должност сте силата на обновената Црква на Спасителот. И Господ вети, „сите престоли и владенија, кнжевства и моќи, ќе бидат откриени и ќе им бидат објавени на сите оние кои храбро истрајале за евангелието на Исус Христос“.25

Радосно сведочам дека Небесниот Отец и Неговиот Возљубен Син живеат, и Нивните ветувања се сигурни, во светото име на Господ Исус Христос, амин.