Генерална Конференција
Моќта на Исус Христос во Нашите Животи Секој Ден
Oктомври 2023 Генерална Конференција


Моќта на Исус Христос во Нашите Животи Секој Ден

Изворот на нашата сила е верата во Исус Христос како што намерно бараме да дојдеме кај Него секој ден.

Почитувани браќа и сестри, ова е Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни. Каква радост е да се собереме како Негова Црква. Благодарен сум што Претседателот Расел М. Нелсон често нѐ потсетува да го користиме правилното име на Господовата Црква за да се сеќаваме чија е оваа Црква и чии учења следиме.

Претседателот Нелсон изјави: Во деновите што претстојат, ќе бидеме сведоци на најголемите манифестации на Спасителовата моќ што светот некогаш ги видел. … Тој ќе ги дарува верниците со безброј привилегии, благослови и чуда“.1

Една од најголемите привилегии за мене и за мојата сопруга Рене, е да се среќаваме Светците каде што служиме. Ги слушаме нивните приказни, сведоци сме на нивните загуби, ја споделуваме нивната тага и се радуваме на нивните успеси. Сме биле сведоци на многу благослови и чуда со кои Спасителот ги дарува верниците. Запознавме луѓе кои минале низ невозможното, кои претрпеле незамисливо.

Слика
Претседателот Батала и неговата сопруга, Сестра Валериа Батала.
Слика
Флавија Крузадо и нејзиниот татко.

Сме виделе манифестација на Спасителовата моќ кај една вдовица која го изгубила сопругот додека биле на Господова мисија во Боливија.2 Сме ја виделе кај една млада жена во Аргентина која била турната под воз и ја изгубила ногата, само поради тоа што некој се обидел да и го украде нејзиниот мобилен телефон.3 И кај нејзиниот самохран татко, кој сега мора да ги собира парчињата и да ја зацврсти ќерка си по таква необјаснива суровост. Сме ја виделе кај семејствата кои ги загубија своите домови и сѐ што поседуваат за време на пожарите во Чиле, само два дена пред Божик во 2022 година.4 Ја видовме и кај оние кои страдаат по трауматски развод и кај оние кои се невини жртви на злоупотреба.

Слика
Пожарите во Чиле.

Што им дава сила да поминат низ тешки работи? Што им дава дополнителна сила да продолжат кога сѐ изгледа изгубено?

Открив дека изворот на оваа сила е верата во Исус Христос како што намерно бараме да дојдеме кај Него секој ден.

Пророкот Јаков поучуваше, „И тој дојде на овој свет за да ги спаси сите луѓе ако го послушаат неговиот глас; зашто ете, ги претрпе болките на сите луѓе, да, болките на сите живи суштества, на мажите, жените и децата кои припаѓаат на семејството на Адам“.5

Понекогаш верата во Исус Христос изгледа како нешто невозможно, речиси недостижно. Можеби мислиме дека за да дојдеме до Христос потребна е сила, моќ и совршенство што ги немаме и едноставно не можеме да собереме енергија за да го направиме сето тоа. Но, она што го научив од сите овие луѓе е дека верата во Исус Христос ни дава енергија да го започнеме патувањето. Понекогаш може да си помислиме, „Треба да си го средам животот пред да дојдам кај Исус“, но вистината е дека доаѓаме кај Исус за да ги средиме нашите животи преку Него.

Не доаѓаме кај Исус бидејќи сме совршени. Доаѓаме кај Него затоа што имаме недостатоци и во Него можеме да „бидеме усовршени“.6

Како да почнеме да практикуваме малку вера секој ден? За мене тоа почнува наутро: Кога ќе се разбудам, наместо да погледам во телефонот, кажувам молитва. Понекогаш дури и едноставна молитва. Потоа читам стих од некое свето писмо. Ова ми помага во мојот неделен завет што го склучувам додека учествувам во делењето сакрамент „секогаш да си помнам за него.“7 Кога го започнувам денот со молитва и стихови, можам да „ се сетам на Него“ кога ќе погледнам во мојот телефон. Можам да си „помнам за Него“ кога се соочувам со проблеми и конфликти, и се обидувам да се соочам со нив како што би сакал Исус.

Кога „се сеќавам на Него“, чувствувам желба да се променам, да се покаам. Го наоѓам изворот на енергија да се држам до своите завети и го чувствувам влијанието на Светиот Дух во мојот живот „и да ги одржувам неговите заповеди што [ми] ги даде; за [јас] да го имам секогаш неговиот Дух“.8 Тоа ми помага да истраам до крај.9 Или барем до крајот на денот! И во тие дни кога не стигнувам да се сетам на Него по цел ден, Тој сѐ уште е таму, ме сака и ми вели, „Тоа е во ред; Може да се обидеш повторно утре“.

Дури и кога не успеваме да се сеќаваме на Него, нашиот сакан Небесен Отец секогаш успева да се сеќава на нас.

Една од грешките што често ги правиме е да мислиме дека држењето до заветите или ветувањата што му ги даваме на Бога, е некаков вид трансакција што ја склучуваме со Него: Јас се покорувам, а Тој ме заштитува од што било лошо да се случи. Плаќам десеток и никогаш нема да останам без работа или пожар никогаш нема да ми ја зафати куќата. Но кога работите не се одвиваат како што очекуваме, викаме кон Господа, „Зар не ти е грижа што јас загинувам?“10

Нашите завети не се само трансакциски; тие се трансформирачки.11 Преку моите завети ја добивам осветувачката и зајакнувачка моќ на Исус Христос, која ми овозможува да станам нова личност, да простувам што изгледа непростиво, да го надминам невозможното. Намерното сеќавање на Исус Христос е секогаш моќно; ми дава дополнителна сила да „се држам до заповедите што [ми] ги даде тој.”12 Ми помага да бидам попријатен, да се смеам без причина, да бидам миротворец,13 да избегнувам конфликт, да дозволам Бог да надвладее во мојот живот.14

Кога нашата болка или болката на некој кој го сакаме е толкава што не можеме да ја поднесеме, сеќавањето на Исус Христос и доаѓањето кај Него може да го олесни товарот, да го омекне срцето и да ја ублажи болката. Ова е силата што му овозможи на таткото, да ја поддржи ќерката надвор од неговите природни способности низ физичката и емоционалната болка поради губењето на ногата.

Слика
Флавиа Крузадо со Старешина Улисис Соарес.

Кога Старешина Соарес ја посети Аргентина минатиот јуни и се заинтересира за Флавиа и за нејзината трагична несреќа, таа верно одговори, „Доживеав превирања, горчина, гнев и омраза кога [тоа се случи]. Она што ми помогна беше што не прашував, ‘зошто јас?’ туку ‘за што?’ … Несреќата ме приближи до другите и до Господ. … Наместо да се оддалечам од Него, бев приморана да се држам до Него“.15

Претседателот Нелсон поучи: „Наградата за одржувањето на заветите со Бога е небесната сила—моќ што нѐ зајакнува подобро да ги издржиме нашите искушенија, предизвици и болки во срцето . … Така, чуварите на заветот имаат право на посебен вид на почивка.”16 Ваков вид на мир и спокој видов во очите на вдовицата, и покрај секојдневната болка што ја чувствуваше во срцето од загубата на нејзиниот сопруг.

Слика
Бура на Галилејското море.

Новиот Завет раскажува за времето кога Исус и Неговите ученици биле на брод:

„И се подигна голема бура, и брановите се префрлаа во коработ. …

„Тој пак беше … и спиеше на возглавницата: го разбудија и му рекоа, Учителе, зар не ти е грижа што загинуваме?

„А Тој стана, му се заповеда на ветерот, и му рече на морето, молкни, престани. …

Па им рече, Што сте толку плашливи? Зар сѐ уште немате вера?“17

Отсекогаш ме интригирала оваа приказна. Дали Господ очекувал од нив да ја искористат својата вера за да ја смират бурата? Да ги скротат ветриштата? Верата во Исус Христос е чувството на смиреност потребно за да се преброди бурата, знаејќи дека нема да загинеме затоа што Тој е во коработ со нас.

Таква вера видовме кога ги посетивме семејствата по пожарите во Чиле. Нивните куќи беа изгорени до темел; тие изгубија сѐ. Сепак додека одевме низ нивните пранешни домови и тие ни раскажуваа за своите доживувања, се чувствувавме како да стоиме на свето тло. Една од сестрите и кажа на сопругата, „Кога водов дека соседните куќи горат, имав впечаток дека и ќе ни изгори куќата, дека ќе загубиме сѐ. Наместо очај, почувствував неописливо чувство на мир. На некој начин, чувствував дека сѐ ќе биде во ред“. Вербата во Бога и одржувањето на заветите склучени со Него и носи моќ на нашата слабост и утеха за нашата тага.

Благодарен сум за можноста Рене и јас да запознаеме некои од овие извонредни Светци, за нивните многубројни примери на вера, сила и упорност. За срцепарателните приказни и разочарувањето што веројатно никогаш нема да стигнат до насловната страница на некој весник или да се прошират. За фотографиите што не се направени од пролеани солзи и молитви што се нудат по трауматска загуба или развод, за објавите што никогаш не се објавени од страв, за тагата, за болката што станува поднослива благодарение на верата во Исус Христос и Неговото Помирување. Овие луѓе ја зајакнаа мојата сопствена вера и јас сум им длабоко благодарен.

Јас знам дека ова е Црквата на Исус Христос. Јас знам дека Тој стои подготвено да нѐ обдари со Неговата моќ ако ние доаѓаме кај Него секој ден. Во името на Исус Христос, амин.