Генерална Конференција
Колку Голема Ќе Биде Вашата Радост
Oктомври 2023 Генерална Конференција


Колку Голема Ќе Биде Вашата Радост

Сега ве поканувам да го земете вашето знаење, заедно со вашите сведоштва од минатото, и да заминете на мисија.

Почитувани мои браќа и сестри, моите мисли денес се насочени кон собирот на Израел, она што претседателот Расел М. Нелсон го нарекува „најважното нешто што се случува на земјата денес. Ништо друго не е споредливо по големина, по важност, по величественост.”1

Собирот е најголемото признание дека „достојноста на душите е голема во очите на Бога“.2 Тоа е толку едноставно. Ги собираме Божјите деца во овие последни денови за да можат да имаат „ благослови излеани врз нивните глави“3 и ветување за „богатствата на вечноста.”4 Следи дека за да го собереме Израел ни требаат мисионери - многу повеќе отколку што служат.5 Денес, јас им зборувам на многуте искусни постари членови на Црквата кои би можеле да служат како мисионери. Господ има потреба од вас. Ние имаме потреба од вас во Њујорк и Чикаго, Австралија и Африка, Тајланд и Мексико и насекаде помеѓу.

Дозволете ми да ве навратам на 2015 година. Бев новоповикан член на Кворумот на Дванаесетте Апостоли. Една од прекрасните одговорности што ги носиме како апостоли е да доделуваме задачи на мисионерите на нивните област на работа. Учествував како член на Седумдесетте во процесот,6 но сега, како апостол, ја почувствував целата тежина на задачата. Почнав со молитва и поставив голем број млади старешини и сестри, еден по еден, во мисии низ светот. Потоа, се свртев кон постарите двојки. На списокот имаше десет. Не многу. Изненаден, го прашав мојот соработник од Мисионерскиот оддел: „Колкумина ни требаат оваа недела за да ги исполниме барањата?

Тој одговори: „300“.

Тој отрезнувачки момент остана со мене: 10 парови да пополнат 300 барања.

Претседателот Расел М. Нелсон ги охрабри двојките „да клекнат на колена и да го прашаат Небесниот Отец дали е вистинското време да служат мисија заедно“.7 Од сите квалификации, рече тој, “ желбата да се служи можеби е најважна.“8

Како што велат светите писма: „Ако имате желба да му служите на Бога, повикани сте за на работата“.9 Таа работа е за законот на жетвата. Во Јован читаме, “та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.”10

Го видов исполнувањето на законот на жетвата во моето семејство.

Пред неколку години, бев во посета на семејство кога епископот ме замоли да ја завршам богослужбата.11 Додека се симнував од плтаформата за стоење, ми пријде една жена со нејзините седум деца и се претстави како Сестра Ребека Гузман.

Таа праша: „Старешина Расбанд, дали ги познавате ли Рулон и Верда Расбанд?

Јас блеснав и одговорив: „Тие се мои родители“.

Можете да насетите каде ова води. Со дозвола на Ребека, која е тука со семејството во Конференцискиот центар, ја споделувам нејзината семејна приказна.12

Слика
Сестра Верда и Старешина Рулон Расбанд.

Моите родители, Старешината Рулон и Сестрата Верда Расбанд, служеа како постар пар во мисијата Форт Лодердејл на Флорида.13 Тие без преобратеници и водени од божествено водство затропаа на вратата од куќата на Ребека. Таа беше тинејџерка и сакаше да ја слуша музиката на Осмондс, особено, мојот пријател Дони - кој исто така е овде денес.14 Ги слушаше нивните интервјуа за медиумите и дозна дека се членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни. Чувствуваше дека има нешто посебно во нив, и мислејќи дека тоа можеби е нивната религија, Ребека помина две години истражувајќи ги верувањата на Црквата во училишната библиотека. Така, кога еден пар со пријателски изглед тропна на вратата на нејзиното семејство и се претстави како мисионери од Подоцнежните Светци, таа била изненадена.

„Мајка ми ми рече да се ослободам од нив“, напиша Ребека подоцна, „но моето срце рече „Не“. Погледнав во нивните лица и почувствував многу топлина и љубов. Сеќавањето сè уште ми носи солзи на очите и длабоки емоции во моето срце“.15

Ребека ги покани внатре, а моите родители мисионери споделија порака со неа, со нејзините две помали сестри и, и покрај нејзините приговори, со нејзината мајка.

Ребека ми опиша: „Двајцата твои родители беа прекрасни во објаснувањето на сите прашања што ги имавме. Сè уште можам да ги видам нивните лица како да има светлина околу нив. Секогаш ја гушкавме мајка ти кога таа заминуваше а таа секогаш изјавуваше дека треба да се погрижам и мојата мајка да се чувствува удобно и почитувано. Твојот татко секогаш имаше сјај во очите додека нè поучуваше за Исус Христос. Се обиде да го вклучи татко ми во дискусиите и евентуално да го освои. Татко ми беше готвач во локален селски клуб и почна да готви вечери за твоите родители, вклучувајќи ја и омилената, клучна пита со лимета на татко ти“.16

Кога Старешината и Сестра Расбанд ги замолија Ребека и нејзиното семејство да ја прочитаат Книгата на Мормон, Ребека го стори тоа за пет дена. Сакала веднаш да се крсти, но другите членови на семејството не биле подготвени. По четири месеци, Ребека инсистирала да биде крстена и да се приклучи на вистинската Црква. Таа се присеќа: „Секое влакно од мојата душа знаеше дека е вистина“.17 На 5 април 1979 година, мисионерите ја крстија 19-годишната Ребека, нејзината мајка и двете сестри. Татко ми беше сведок на крштевањето.

Кога ги запознав Ребека и нејзиното семејство во црквата, се сликавме нејзиното семејство и јас. Ја понесов дома кај мојата постара мајка и ја зема при срце. Тогаш таа ми рече: „Рони, ова е еден од најсреќните денови во мојот живот“.

Слика
Гузманови, Расбанд, и Осмондови.

Одговорот на мајка ми го поставува прашањето за нашите постари: „Што правите вие ​​во оваа фаза од животот?“ Има толку многу начини на кои постарите мисионери можат да го направат она што никој друг не може. Вие сте извонредна сила за добро, искусни во Црквата и подготвени да ги охрабрувате и спасувате Божјите деца.

Некои од вас можеби размислуваат: „Но, што е со оставањето на внуците? Би ги пропуштиле семејните настани, родендените, пријателите, па дури и домашните миленици.“ Да ја прашав мајка ми зошто таа и тато заминаа на мисија, знам дека ќе речеше: „Имам внуци. Сакам да знаат дека татко ти и јас служевме теренска мисија, сакавме да поставиме пример за нашите потомци и бевме благословени, толку многу благословени“.

Додека ги посетував мисиите низ светот, ја видов извонредната служба на нашата легија на постари мисионери. Јасно е дека тие се среќни што ја вршат „Господовата волја“ и се занимаваат со „Господовата работа.“18

За некои, а се надеваме и илјадници од вас, полновремената мисионерска служба на друг агол на светот ќе биде вистинското место.19 За други, служењето мисија во Црквата во местото каде живеете може да биде подобро. Поради здравствени проблеми и други околности, има и такви кои не можат да служат. Ги разбираме ваквите ситуации и се надевам дека ќе најдете начини да ги поддржите оние што служат. Следете го советот на пророкот и молете се за да знаете што сака Господ да направите.

Теренската мисја ширум светот молат за ваша помош. Претседателот Расел М. Нелсон изјави за нашите постари мисионери: „Тие се млади по дух, мудри и подготвени да работат“.20

На терен, имате еден куп можности: можете да служите во мисионерски канцеларии или храмови, да ги зајакнувате младите мисионери, да ги зајакнувате малите гранки, да работите во центри за семејна историја или на историски локалитети, да предавате во институт, да обезбедувате хуманитарна служба, да работите со млади возрасни лица, да помогнете во центри за вработување или на Црковни фарми. Деталите за начините на служење, она што најмногу ви одговара, онаму кадешто сте потребнии како можете да се подготвите да заминете се наведени на веб-страницата „Постари Мисионери“.21 Можете исто така да разговарате со вашиот епископ или претседател на гранка.

Повикав многу парови да служат и гледав како Христовата Светлина ги исполнува нивните лица.22 При нивното враќање, тие опишаа како се зближуваат со Господ и еден со друг, чувствувајќи го Господовиот Дух како се излева врз нив и знаејќи дека направиле промена.23 Кој не би го сакал тоа?

Мисијата може да биде најголемото поглавје во животот на една двојка. Добар наслов може да биде „Мојот Господ ќе има потреба од мене.”24 Можеби сте на непознат терен; сепак, силата на Духот ќе ве натера да се чувствувате како дома.

Моите родители и десетици илјади вратени мисионерски парови создале сведоштво за радоста на мисионерската работа. Господ рекол во стих од подоцнежните денови: „И ако работите сите ваши денови за да измолите покајание за овој народ, и да донесете само една душа при Мене, колку голема ќе биде вашата радост со него во царството на Мојот Отец!25

Исаија ни даде поетски опис за тоа што значи да се служи „теренска“ мисијата. Стих ни вели „нивата е овој свет“.26 Овој голем древен пророк напишал: „И така, вие ќе излезете во веселба и ќе бидете испратени со мир; горите и ридовите ќе пеат песна пред вас, и сите дрвја во полето ќе ракоплескаат.“27 Горите, ридовите, полињата и дрвјата може да се споредат со претседатели на мисии, епископи, водачи на области, членови и оние кои ја бараат вистината, но „не знаат каде да најдат.”28 Тие ќе сведочат дека постарите мисионери го менуваат самиот релјеф со нивното сведоштво за нашиот Спасител и Искупител, Исус Христос.

Како апостол на Господ Исус Христос, ве молам да служите како мисионер во собирањето на Израел и можеби повторно да служите. Имаме потреба од вас - Имаме потреба од вас. Ние сме ви благодарни на вас постарите, за животите што ги водевте и за примерите што го дадовте во вашите домови, оддели и колови. Сега ве поканувам да го земете вашето знаење, заедно со вашите сведоштва од минатото, и да заминете на мисија. Се молам, дека кога следниот пат кога ќе седнам да назначам постара двојка, стотици од вас нетрпеливо ќе го чекаат вашиот повик.

Исто така, ветувам додека служите, ќе ја почувствувате љубовта на Господ во вашиот живот, ќе Го познавате, Тој ќе ве познава и „колку голема ќе биде вашата радост“.29 Вашата посветена служба на Исус Христос ќе го инспирира и благослови вашето семејство, вашите внуци и правнуци. „Мирот и љубовта [ќе] се множат“30 во нивните животи во годините што доаѓаат. Ветувам. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Расел М. Нелсон, “Hope of Israel” (светска молитвена сесија за млади, 3 јуни, 2018), Евангелска Библиотека.

  2. Учења и Завети 18:10.

  3. 3 Нефи 10:18.

  4. Учење и Завети 78:18.

  5. Црквата има 71.000 полновремени мисионери во 414 мисии низ светот од Северна и Јужна Америка до Европа и Африка, Азија и Австралија/Океанија. Има 34.000 постари мисионери-на служба во Црковната служба. (Податоци од Мисионерски Оддел, Сеп. 2023.)

  6. Види Роналд А Расбанд, ”The Divine Call of a Missionary [Божествен Повик на Мисионер],” Liahona [Лиахона], Maј 2010, 52–53.

  7. Расел М. Нелсон, “Senior Missionary Moments [Постари Мисионерски Моменти],” Liahona [Лиахона], Aпр. 2016, 27.

  8. Расел М. Нелсон, “Senior Missionaries and the Gospel [Постари Мисионери и Евангелие],” Liahona [Лиахона], Ноември 2004, 81.

  9. Учења и Завети 4:3.

  10. Јован 4:36.

  11. Бев во Њујорк, САД, каде присуствував на крштевањето на внуката Бруклин и на давање име на внуката Ела, Април 2006.

  12. Letter from Rebecca Guzman to Elder Ronald A. Rasband, Sept. 8, 2009.

  13. Моите родители служеа во мисијата Форт Лодердејл на Флорида во 1979 година.

  14. Семејството Осмонд беше популарна американска музичка група позната по своите поп песни. Групата го достигна врвот на славата во средината на 1970-тите, настапувајќи на телевизиски естрадни емисии. Дони и Мари продолжија со телевизија со сценски кариери додека браќата настапуваа со децении како кантри уметници во Бренсон, Мисури.

  15. Писмо од Ребека Гузман, Сеп. 8, 2009.

  16. Писмо од Ребека Гузман, Сеп. 8, 2009.

  17. Писмо од Ребека Гузман, Сеп. 8, 2009.

  18. Учење и Завети 64:29.

  19. Постарите мисионерски можности имаат многу форми, а паровите или постарите сестри може да наведат список со преференци, како и полновремени и задачи со за Цркона служба. Последен, пророкот на Црквата издава повик за полновремена служба. Претседателите на територија издаваат задачи за Црковна служба. Службата може да се движи од 6 месеци до 23 месеци, а постарите мисионери имаат поголема флексибилност и помалку напорна активност од младите мисионери. Види seniormissionary.ChurchofJesusChrist.org.

  20. Расел М. Нелсон, “Senior Missionaries and the Gospel [Постари Мисионери и Евангелие],” Liahona[Лиахона], Ноември 2004, 79.

  21. Види seniormissionary.ChurchofJesusChrist.org.

  22. Види Алма 5:14. „Лицето“ може да се опише како одраз на духовниот став и состојбата на умот на поединецот.

  23. Види Евреите 1:22; Мосија 4:3.

  24. “I’ll Go Where You Want Me to Go,” Hymns, no. 270.

  25. Учење и Завети 18:15.

  26. Господ објасни: „Нивата е овој свет; … жетвата е крајот на светот“ (Матеј 13:38–39).

  27. Исаија 55:12.

  28. Учење и Завети 123:12.

  29. Учење и Завети 18:15.

  30. Евреите 1:2.