Свети Писма
Алма 48


Глава 48

Амаликија ги поттикнува Ламанитите против Нефитите—Морони го подготвува неговиот народ да ја брани целта на Христијаните—Тој се радува во слобода и ослободување и е моќен Божји човек. Околу 72 п.н.е.

1 И сега се случи, штом Амаликија беше го добил царството, тој започна да ги инспирира срцата на Ламанитите против народот на Нефи; да, назначи луѓе да им зборуваат на Ламанитите од нивните кули, против Нефитите.

2 И така ги иснпирираше нивните срца против Нефитите, толку многу што во доцниот крај од деветнаесеттата година од владеењето на судиите, тој беше ги исполнил неговите желби то тогаш, да, беше станал цар на Ламанитите, исто така сакаше да владее врз целата земја, да, и врз целиот народ кој беше во земјата, Нефитите а исто така и Ламанитите.

3 Затоа беше го исполнил неговиот план, бидејќи беше ги закоравил срцата на Ламанитите и ги заслепил нивните умови, и ги наведе на гнев, толку многу што собра заедно бројна војска да оди да се бори против Нефитите.

4 Зашто беше одлучен, поради големината на бројот на неговиот народ, да ги совлада Нефитите и да ги доведе во ропство.

5 И така беше назначил главни капетани помеѓу Зорамитите, тие како најзапознаени со силата на Нефитите, и со нивните засолништа, и со најслабите делови на нивните градови; затоа беше ги назначил да бидат главни капетани на неговите војски.

6 И се случи тие да го земат кампот, и се преселија напред кон земјата Зарахемла во дивината.

7 Сега се случи додека Амаликија така беше добивал моќ преку измама и мамење, Морони од другата страна, беше ги подготвувал умовите на неговиот народ да бидат верни на Господ нивниот Бог.

8 Да, беше ги зацврстувал војските на Нефитите, и креваше мали тврдини, односно места за засолниште; кревајќи насипи од земјата наоколу за да ги огради неговите војски, и исто така градејќи камени ѕидови за да ги опколи, наоколу нивните градови и границите на нивните земји; да, насекаде околу земјата.

9 А во најслабите нивни тврдини тој стави голем број на војници; и така ја утврди и зацврсти земјата која беше поседувана од Нефитите.

10 И така тој се подготвуваше да ја поддржи нивната слобода, нивните земји, нивните жени, нивните деца, и нивниот мир, и за тие да можат да живеат кај Господ нивниот Бог, и да можат да го одржат тоа што беше наречено од нивните непријатели целта на Христијаните.

11 И Морони беше моќен и силен човек; беше човек со совршено разбирање; да, човек кој не се воодушевуваше во крвопролевање; човек чија душа се радуваше во слободата и слободата на неговата земја, и неговите браќа од заробување и ропство;

12 Да човек чие срце се полнеше со благодарност за неговиот Бог, за многуте привилегии и благослови што Тој му ги даруваше на неговиот народ; човек кој премногу работеше за благосостојбата и безбедноста на неговиот народ.

13 Да, и беше човек кој беше цврст во верата во Христос, и се заколна со заклетва да го брани неговиот народ, неговите права, и неговата земја, и неговата религија, и тоа до губење на неговата крв.

14 Сега Нефитите беа поучени да се бранат против нивните непријатели, и тоа до крвопролевање ако беше потребно; да, и исто така беа поучени никогаш да не навредуваат, да, и никогаш да не го креваат мечот освен ако е против непријател, освен ако беше да ги зачува нивните животи.

15 И ова беше нивната вера, дека правејќи така Бог ќе ги унапреди во земјата, или до други зборови, ако се верни во одржување на заповедите на Бог дека Тој ќе ги унапреди во земјата; да, предупредете ги да избегаат, или да се подготват за војна, според нивната опасност;

16 И исто така, дека Бог ќе им открие дали треба да одат и да се бранат против нивните непријатели, и правејќи така, Господ ќе ги избави; и ова е верата на Морони, и неговото срце славеше; не во пролевањето на крвта туку во правењето добро, зачувувајќи го неговиот народ, да, во одржување на заповедите на Бог, да, и спротивставувајќи се на беззаконието.

17 Да, вистинина, вистина ви велам, ако сите луѓе биле, а беа, и некогаш ќе бидат како Морони, ете, самите моќи на пеколот ќе беа затресени засекогаш; да, ѓаволот никогаш не би имал моќ врз срцата на човечките деца.

18 Ете, тој беше човек како Амон, синот на Мосија, да, и дури другите синови на Мосија, да, и исто така Алма и неговите синови, бидејќи сите тие беа Божји луѓе.

19 Сега ете, Хеламан и неговите браќа беа не помалку услужни на народот од Морони; бидејќи го проповедаа Божјото слово, и ги крштаваа во покајание сите луѓе кои ги послушаа нивните зборови.

20 И така тие тргнаа напред, и луѓето се понизија поради нивните зборови, толку многу што беа многу благодатни кај Господ, и така беа слободни од војни и препирања помеѓу нив самите, да, дури и за период од четири години.

21 Но, како што реков, во доцниот крај на деветнаесеттата година, да, без оглед на нивниот мир помеѓу нив, беа принудени неодлучно да се препираат со нивните браќа, Ламанитите.

22 Да, и накратко, нивните војни никогаш не престануваа за период од многу години со Ламанитите, без оглед на нивната голема неодлучност.

23 Сега, им беше жал да земат оружја против Ламанитите, бидејќи не се воодушевуваа во пролевањето на крв; да, и ова не беше сѐ—им беше жал да бидат причина за праќање на нивните браќа од овој свет во вечен свет, неподготвени да го запознаат нивниот Бог.

24 Сепак, не би дозволиле да ги положат нивните животи, за нивните жени и деца да бидат масакрирани од варварската суровост на оние кои некогаш беа нивни браќа, да, и се тргнаа од нивната црква, и беа ги напуштиле, и беа заминале да ги уништат здружувајќи се со Ламанитите.

25 Да, не можеа да поднесат нивните браќа да се радуваат врз крвта на Нефитите, сѐ додека постои било кој што ќе ги одржува Божјите заповеди, бидејќи Господовото ветување беше, ако ги одржуваат Неговите заповеди ќе напредуваат во земјата.