Генерална Конференција
Следејќи го Спасителот: Да се биде Миротворец
Април 2022 генерална конференција


Следејќи го Спасителот: Да се биде Миротворец

Миротворците не се пасивни; тие се убедливи на начин на Спасителот.

Почитувани мои браќа и сестри, додека се соочуваме со отрезнувачки денови на возбуда, расправии, и за многумина длабоко страдање, нашите срца се исполнети со огромна благодарност за нашиот Спасител, и вечните благослови на обновеното евангелие на Исус Христос. Ние го сакаме и Му веруваме, и се молиме засекогаш да го следиме.

Предизвикот на Социјалните Медиуми

Моќното влијание на интернетот е благослов и предизвик, единствен за нашето време.

Во свет на социјални медиуми и информациски автопати, гласот на една личност може да се множи експоненцијално. Тој глас, без разлика дали е вистинит или лажен, праведен или пристрасен, добронамерен или суров, веднаш го обиколува светот.

Објавите на социјалните мрежи со промисленост и љубезност често остануваат тивко под радарот, додека зборовите на презир и гнев често грмат во нашите уши, било да е тоа политичка филозофија, луѓето во вестите, или мислења за пандемијата. Никој или ниту еден субјект, вклучувајќи го тука и Спасителот и Неговото обновено евангелие, не останува имун на овој општествен феномен на поларизирани гласови.

Да се стане Миротворец

Проповед на Гората е порака за сите но посебно им била дадена на учениците на Спасителот, оние кои избрале да го следат Него.

Господ поучуваше како да се живее, некогаш и сега во презирен свет. „Блажени се миротворците,“ Тој изјави, „зошто тие ќе бидат наречени Божји чеда.“1

Преку штитот на нашата вера во Исус Христос, ние стануваме миротворци, кои гаснат—што значи смируваат, ги ладат или ги згаснуваат—сите вжештени стрели на лукавиот.2

Ако го извршиме нашиот дел, Тој ветува дека ќе бидеме наречени „Божји чеда.“ Секоја личност на земјата е „потомството“3 на Бога, но да се биде нарекуван „Божјо чедо“ значи многу, многу повеќе. Кога доаѓаме кај Исус Христос и се заветуваме со Него, ние стануваме „неговото потомство“ и „наследници на царството,“4 „чеда Христови, неговите синови, и неговите ќерки.“5

Како миротворецот ги смирува и лади огнените стрели? Секако не преку повлекување пред пред оние кои нѐ омаловажуваат. Наместо тоа, имаме доверба во нашата вера, споделувајќи ги нашите верувања со увереност, но секогаш без гнев или злоба.6

Неодамна, откако видов цврсто формулиран став за мислење во еден дел од натпис што беше критичен за Црквата, Пречесниот Амос С. Браун, национален водач за човекови права и пастор на Третата Баптистичка Црква во Сан Франциско, им одговори:

„Ги почитувам искството и перспективата на поединецот кој ги напишал тие зборови. Готово, и да не го гледам она што тој го гледа.“

„Сметам дека ми е една од најголемите животни радости да ги познавам овие водачи [на Црквата], вклучувајќи го и Претседателот Расел М. Нелсон. Тие, според моја проценка, се олицетворение на најдоброто лидерство што може да го понуди нашата држава.

Слика
Претседателот Нелсон со Пречесниот Браун

Потоа додаде: „Можеме да се жалиме за начинот на кој работите одеа. Можеме да одбиеме да ја признаеме сета добрина што во моментот се случува. … Но овие пристапи нема да ги излечат нашите национални поделби. … Како што Исус поучуваше, нема да го искорениме злото со повеќе зло. Сакаме великодушно и живееме милосрдно, дури и кон оние за кои мислиме дека се наши непријатели.“7

Пречесниот Браун е миротворец. Тој смирено и со почит ги олади огнените стрели. Миротворците не се пасивни; тие се убедливи на Спасителовиот начин.8

Што е она што ни дава внатрешна сила да ги оладиме, смириме и изгасиме огнените стрели насочени кон вистините што ги сакаме? Силата доаѓа од нашата вера во Исус Христос и нашата вера во Неговите зборови.

„Блажени сте вие, кога ќе ве срамат, … и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови, заради Мене.

„… Зашто голема е вашата награда на небесата: така ги гонеа и пророците што беа пред вас.“9

Важноста на Правото на Избор

Два важни принципи ја водат нашата желба да бидеме миротворци.

Прво, нашиот Небесен Отец му има дедено на секој поединец морално право на избор, со можност секој да си го избере сопствениот пат.10 Ова право на избор е едно од најголемите дарби од Бога.

Второ, со ова право на избор, нашиот Небесен Отец дозволува „спротивност во сите нешта.“11 „ Ние „го вкусуваме горкото, за да ја [ние] осознаеме вредноста на добрината.“12 Спротивставеноста не треба да нѐ изненади. Учиме да разликувме добро од зло.

Се радуваме на благословот за правото на избор, разбирајќи дека ќе има многумина кои нема да веруваат во она во што веруваме. Всушност, само неколкумина во овие подоцнежни денови ќе изберат да ја стават верата во Исус Христос во центарот на сѐ она што мислат и прават.13

Поради платформите на социјалните медиуми, еден глас на неверување може да изгледа како мноштво на негативни гласови,14 но дури и кога се работи за мноштво на гласови, ние го избираме патот на миротворците.

Господовите Водачи

Некои гледаат на Првото Претседателство и на Кворумот на Дванаесетмината како да имаат секуларни мотиви, како да се политички, деловни или културни лидери.

Меѓутоа, ние на нашите задачи им пристапуваме многу поинаку. Не сме изгласани или избрани преку апликации. Без посебна професионална подготовка, повикани сме и ракоположени да сведочиме за името на Исус Христос низ целиот свет сѐ до последен здив. Се трудиме да ги благословиме болните, осамените, срушените и сиромавите и да го зајакнеме царството Божјо. Ние бараме да ја знаеме Божјата волја, особено на оние кои бараат вечен живот15

Иако наша скромна желба е учењата на Спасителот да бидат почитувани од сите, зборовите на Господ преку Неговите пророци честопати се спротивни на размислувањата и светските трендови. Отсекогаш било така.16

Спасителот им рекол на Своите Апостоли:

„Ако светот ве [мрази], знајте дека мене светот уште пред вас ме замрази. …

“… Но сето ова ќе ви го прават … зошто не го знаат оној кој ме испрати.“17

Грижа за Сите

Искрено ги сакаме и се грижиме за сите наши соседи, без разлика дали тие веруваат како ние или не. Во параболата за Добриот Самарјанин, Исус не поучуваше дека луѓето од различни верувања треба искрено да посегнат да му помогнат на секој што има потреба, да бидат миротворци, и да се стремат кон добри и благородни цели.

Во февруари, еден наслов во Arizona Republic наведе, „Двопартискиот-нацрт закон поддржан од страна на Светците од Подоцнежни Дни ќе ги заштити хомосексуалците и трансродовите жители на Аризона.“18

Ние, како Светци од Подоцнежните Дни, сме „задоволни што сме дел од коалицијата за вера, бизниси, ЛГБТ заедницата и водачите за заедниците кои работат заедно во духот на доверба и взаемно почитување.“19

Претседателот Расел М. Нелсон еднаш досетливо праша „Зарем не можат граничните линии да постојат без да се претворат во бојни линии?“20

Ние се трудиме да бидеме „мирољубиви следбеници на Христос.“21

Времиња да не се Реагира

Некои од нападите врз Спасителот беа толку злобни што Тој не кажа ништо. „А главните свештеници и писарите … жестоко го обвинија … и му се потсмеваа,“ но Исус Не им одговори [ним] ништо.“22 Постојат времиња кога да се биде миротворец значи да се одолее на импулсивниот одговор а наместо тоа, достоинствено да се останеме тивки.23

За нас е трогателно кога остри или омаловажувачки зборови се употребуваат или објавуваат за Спасителот, неговите следбеници, и Неговата Црква од оние кои некогаш стоеле со нас, земале сакрамент со нас, или сведочеле со нас за божествената мисија на Исус Христос.24

Ова исто така се случи и за време на Спасителовата служба.

Некои од следбениците на Исус кои беа со Него за време на Неговите највеличествени чуда одлучија да „се повлечат и да не [одат] повеќе со него.“25 За жал, нема сите да останат цврсти во нивната љубов кон Спасителот и нивната одлучност да ги одржуваат Неговите заповеди.26

Исус нѐ поучуваше да се повлечеме од кругот на гнев и расправија. Во еден пример, откако Фарисеите се пресметаа со Исус и се советуваа како да го уништат, светите писма велат дека Исус се оддалечил од нив,27 и се случуваа чуда кога „големи мноштва го следеа, а тој ги излекува сите нив“.28

Благословување на Животите на Другите

И ние можеме да се одвоиме од кавгите и да ги благословиме животите на другите,29 без да се изолираме во нашиот сопствен агол.

Во Демократската Република Конго, во Мбуџи-Маји, на почетокот некои луѓе беа критични кон Црквата, не разбирајќи ги нашите верувања или не знаејќи ги нашите членови.

Пред извесно време, Кети и јас присуствувавме на специјална Црковна богослужба во Мбуџи-Маји. Децата беа облечени беспрекорно, со очи кои светат од задоволство и широки насмевки. Се надевав дека ќе им зборувам за нивното школување, но дознав дека многумина не посетуваат училиште. Нашите водачи, со многу симболични средства, пронајдоа начин да помогнат.30 Сега, повеќе од 400 студенти, момчиња и девојчиња, членови и неверници, се пречекани и поучени од 16 учители кои се членови на Црквата на Исус Христос.

Слика
Каланга Муја

Четиринаесет-годишната Каланга Муја рече, „[Имајќи малку пари,] јас поминав четири години без да посетувам училиште. … Толку сум благодарна за она што го направи Црквата. … Јас сега читам, пишувам и зборувам Француски.“31 Кога станува збор за оваа иницијатива, градоначалникот на Мбуџи-Маји рече, „Инспириран сум од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни зашто додека [другите] цркви се делат секоја во својот агол … [вие работите] со [другите] за да им помагате на заедниците кои имаат потреба од помош.“32

Да се сакаме едни со други

Секогаш кога ќе го прочитам Јован поглавје 13, се присетувам на Спасителовиот совршен пример како миротворец. Исус со љубов им ги изми нозете на Апостолите. Потоа, читаме „бил вознемирен по дух,“33 додека мислеше на некој што го сакаше а се подготвуваше да го предаде Него. Се обидов да ги замислам мислите и чувствата на Спасителот додека Јуда си замина. Интересно е што во тој отрезнувачки момент, Исус престанал да зборува за Своите „вознемирувачки“ чувства или за предавството. Наместо тоа, им зборувал на Своите Апостоли за љубовта, Неговите зборови каскаат низ вековите:

„Нова заповед ви давам, Да се љубите еден со друг; како што јас ве возљубив. …

„По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.“34

Да Го сакаме и да се сакаме едни со други. За да бидеме миротворци, за да не нарекуваат „Божји чеда,“ се молам во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Матеј 5:9.

  2. Види Послание до Ефесјаните 6:16; Doctrine and Covenants 3:8.

  3. Дела 17:28.

  4. Мосија 15:11.

  5. Мосија 5:7.

  6. Претседателот Далин Х. Оукс рече: „Следбениците на Христос треба да бидат примери на цивилизираност. Ние треба да ги сакаме сите луѓе, да бидеме добри слушатели, и да искажуваме загриженост за нивните искрени верувања. Иако можеби не се согласуваме, не треба да бидеме непријатни. Нашите ставови и комуникации на контраверзни теми не треба да бидат спорни“ („Loving Others and Living with Differences,“ Liahona, Nov. 2014, 27).

  7. „Amos C. Brown: Follow the LDS Church’s Example to Heal Divisions and Move Forward,“ Salt Lake Tribune, Jan. 20, 2022, sltrib.com.

  8. Старешина Дејл Г. Ренланд вели, „Кога Христовата љубов ќе ги обвитка нашите животи, им пристапуваме на несогласувањата со мекост, трпение и љубезност“ („The Peace of Christ Abolishes Enmity,“ Liahona, Nov. 2021, 84).

  9. Матеј 5:11–12.

  10. Види 2 Нефи 10:23.

  11. 2 Нефи 2:11.

  12. Moses 6:55.

  13. Види 1 Нефи 14:12.

  14. Неодамнешните податоци покажуваат дека 3 од 5 луѓе споделуваат наслов на сторија што ја немаат дури ни прочитано (види Caitlin Dewey, „6 in 10 of You Will Share This Link without Reading It, a New, Depressing Study Says,“ Washington Post, June 16, 2015, washingtonpost.com; Максим Габиелков и другите (Maksym Gabielkov and others, „Social Clicks: What and Who Gets Read on Twitter?“ [презентиран труд на Сигметрикс Меѓународна конференција за мерење и моделирање на Компјутерски науки, 14 јуни 2016], dl.acm.org).

  15. Не бидете изненадени доколку понекогаш вашите лични ставови првично не се во склад со учењата на Господовиот пророк. Овие се моменти на учење, понизност, кога паѓаме на колена во молитва Одиме напред со вера, со доверба кон Бога, знаејќи дека со тек на време ќе добиеме поголема духовна јасност од нашиот Небесен Отец.

  16. Види Doctrine and Covenants 1:14–16.

  17. Јован 15:18, 21; додаден акцент.

  18. „Bipartisan Bill Supported by Latter-day Saints Would Protect Gay and Transgender Arizonans,“ Arizona Republic, Feb. 7, 2022, azcentral.com.

  19. Why the Church of Jesus Christ Supports a New Bipartisan Religious Freedom and Non-discrimination Bill in Arizona,“ Feb. 7, 2022, newsroom.ChurchofJesusChrist.org.

  20. Russell M. Nelson, „Teach Us Tolerance and Love,“ Ensign, May 1994, 69.

  21. Морони 7:3. Претседателот Гордон Б. Хинкли рече: „Не само што мора да бидеме толерантни, туку мора да развиваме дух на позитивна благодарност кон оние кои не ги гледаат работите како што ние ги гледаме. На никаков начин не треба да ја компромитираме нашата теологија, нашите убедувања, нашето знаење за вечата вистина како што е откриено од Небесниот Бог. Можеме да ги презентираме нашите сопствени сведоштва за вистината, тивко, искрено, но никогаш на начин што ќеги навредува другите. … Мора да научиме да оддаваме благодарност и почит кон другите кои се искрени во нивните верувања и практики како што сме ние“ („Out of Your Experience Here“ [Brigham Young University devotional, Oct. 16, 1990], 6, speeches.byu.edu).

  22. Види Лука 23:9-11.

  23. Старешина Дитер Ф. Ухдорф рече: „Како следбеници на Исус Христос, ние го следиме [Неговиот] пример. Не ги засрамуваме или напаѓаме другите. Бараме да го сакаме Бога и да им служиме на ближните. Бараме радосно да ги одржуваме Божјите заповеди и да живееме според евангелските принципи“ („Five Messages That All of God’s Children Need to Hear“ [Brigham Young University Education Week devotional, Aug. 17, 2021], 5, speeches.byu.edu).

  24. Старешина Нил А. Максвел рече: „Црковните членови ќе живеат во оваа ситуација со пченица-и-плевел сѐ до Милениумот Некој вистински плевел се маскира како пченица, вклучувајќи неколку желни поединци кои ни држат предавања за Црковните доктрини во кои ни самите повеќе не веруваат. Ја критикуваат употребата на Црковните ресурси за кои тие повеќе не придонесуваат. Тие снисходливо бараат да ги советуваат Браќата што повеќе не ги поддржуваат. Конфронтирани, освен самите себе, тие ја напуштаат Црквата, но не можат да ја остават Црквата сама“ („Becometh As a Child,“ Ensign, May 1996, 68).

  25. Јован 6:66.

  26. „Задоволствата на гревот [се само] за една сезона“ (види Евреите 11:24–26).

  27. Види Матеј 12:1–15.

  28. Матеј 12:15.

  29. Види 3 Нефи 11:29–30.

  30. Со помош на фондацијата Дон Боско, училишната програма доби вредна експертиза во настава и матерјали.

  31. Мулека, родител, вели: „Ја сакам оваа програма бидејќи таа и обезбеди на мојата ќерка … шанса да … научи да чита и да пишува и даде надеж за подобра иднина. Не би можела да ја испратам на училиште бидејќи јас заработувам само од продажба на пченкарно брашно на пазарот … што е доволно само за храна. Многу сум и благодарна на Црквата за ова.“ Сестра Моника, учителка, вели: „Оваа програма дојде како голем благослов за овие деца. Во мојот клас … повеќето од децата се сирачиња. Тие го сакаат тоа, редовно посетуваат настава и ја извршуваат својата домашна задача“ (коментари и фотографии обезбедени од Старешина Џозеф В. Ситати, 24 фев. 2022).

  32. Градоначалникот Нтумба Луис Дор Тшиапота, напомена на една јавна средба во врска со проектот за описменување Мбуџи-Маји инициран од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 10 окт. 2021.

  33. Јован 13:21.

  34. Јован 13:34–35.