Генерална Конференција
Моќна промена на срцето.: „Немам Што Повеќе да дадам“
Април 2022 генерална конференција


Моќна промена на срцето:

„Немам Што Повеќе да дадам“

Оваа промена на срцето не е настан; потребно е вера, покајание, и постојана духовна работа за да се случи.

Вовед

Во петокот на 28 октомври 1588 година, откако го изгуби кормилото за да биде управуван само со весла, бродот La Girona, кој припаѓа наголемата шпанска Армада, се судри со карпите на Лакада Поинт во Северна Ирска.1

Бродот се преврте. Еден од исчезнатите кој се бореше да преживее носеше златен прстен што му беше даден неколку месеци претходно од неговата сопруга со натпис, „Немам што повеќе да ти дадам.“2

„Немам што повеќе да ти дадам,“— фраза и прстен дизајниран сорака која држи срце, како израз на љубов од сопругата кон нејзиниот сопруг.

Библиска Поврзаност

Додека ја читам оваа приказна, остава длабок впечаток врз мене, и помислувам на барањето на Спасителот: „И вие ќе ми понудите за жртва скршено срце и покајнички дух.“3

Јас исто така размислував за реакциите на луѓето поттикнати од зборовите на Царот Бенјамин: „Да, веруваме на сите зборови кои ни ги кажа нам … , што врежа моќна промена во нас, или во нашите срца, дека повеќе немаме склоност да правиме зло, туку да постојано добрина.”4

Лична Врска

Дозволете ми да споделам со вас едно доживување што го доживеав кога имав 12 години, а ефектите траат до ден денешен.

Мајка ми рече, „Едуардо побрзај. Доцниме на црковните состаноци.“

„Мамо, ќе останам со тато денес,“ одговорив.

„Дали си сигурен?“ Мора да присуствуваш на средбата на кворумот на свештеници,“ таа кажа.

Јас одговорив,„Кутриот тато! Ќе остане сам. Ќе останам со него денес.“

Тато не беше член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

Мојата мајка и сестрите заминаа на Неделните состаноци. Па, заминав да го сретнам тато во неговата работилница, каде што сакаше да биде во неделите, и како што и кажав на мајка ми, поминав некое време, односно, неколку минути со него, а потоа прашав, „Тато, дали е сѐ во ред?“

Тој го продолжи своето хоби да поправа радиа и часовници, и само ми се насмевна.

Потоа му реков, „Одам да играм со моите пријатели.“

Тато, без да го крене погледот нагоре, ми кажа, „Денес е недела. Зарем не треба да одиш во Црква?“

„Да, но денес и реков на мама дека нема да одам,“ одговорив. Тато си продолжи со својата работа, а за мене, тоа беше дозвола да си заминам.

Тоа утро имаше важен фудбалски натпревар и моите пријатели ми рекоа да не го пропуштам бидејќи моравме да победиме на тој натпревар.

Мојот предизвик беше што морам да поминам пред капелата за да стигнам, до фудбалското игралиште.

Одлучно, истрчав до фудбалското игралиште и застанав пред големиот камен на сопнување, капелата. Потрчав до спротивниот тротоар, каде имаше некои големи дрвја, и одлучив да потрчам помеѓу нив за никој да не ме види зашто тоа беше времето кога членовите пристигаа на средбите.

Пристигнав точно навреме за почеток на натпреварот. Можев да одиграм и да си одам дома пред мајка ми да пристигне дома.

Сѐ одше добро; нашиот тим победи, и бев воодушевен. Но тоа добро изведено трчање надвор од теренот не остана неприметено од советникот на кворумот на ѓакони.

Брат Феликс Еспиноза ме видел како трчам брзо од дрво на дрво, обидувајќи се да не бидам приметен.

На почетокот на неделата, брат Еспиноза дојде во мојата куќа и побара да зборува со мене. Не кажа ништо за она што го видел неделата, ниту пак ме праша зошто ја пропуштив средбата.

Едноставно ми го врачи прирачникот и рече, „Би сакал ти да предаваш на класот за свештеници во недела. Ти ја означив лекцијата. Тоа не е толку тешко. Сакам да ја прочиташ, и ќе дојдам по два дена да ти помогнам при подготовката на лекцијата.“ Откако го кажа ова, ми го врачи прирачникот и си замина.

Не сакав да предавам пред класот, но не можев да се наведам да му кажам не. Планирав таа недела повторно да останам со татко ми—што значи, имаше уште една важна фудбалска утакмица.

Брат Еспиноза беше личноста на која младите и се воодушевуваа.5 Го пронајде обновеното евангелие и го промени неговиот живот, или со други зборови, неговото срце.

Кога дојде сабота попладне, си помислив, „Па, можеби утре ќе се разбудам болен и нема да мора да одам во црква.“ Веќе не ме загрижуваше фудбалскиот натпревар; туку часот што треба да го водам, особено лекцијата за денот Сабат.

Неделата пристигна, а јас се разбудив поздрав од било кога. Немав оправдување—нема бегство.

Тоа беше прв пат да предавам лекција, но Брат Еспиноза беше таму покрај мене, и тоа беше денот на моќна промена во срцето за мене.

Од тој момент натаму, почнав да го одржувам Сабат свет ден, и со тек на време, според зборовите на Претседател Нелсон, денот Сабат стана уживање.6

„Господе, ти давам сѐ; немам што повеќе да ти дадам.“

Стекнување

Како стекнуваме моќна промена со срцето? Таа е иницрана и на крај се јавува

  1. кога ги проучуваме светите писма за да стекнеме знаење што ќе ја зајакне нашата вера во Исус Христос, што ќе создаде желба за промена;7

  2. ако ја негуваме оваа желба преку молитва или пост8

  3. кога дејствуваме, според наученото или примено слово, и склопуваме завет да му ги предадеме нашите срца Нему, исто како со народот на Царот Бенјамин.9

Признание и Завет

Како знаеме дека нашето срце се менува?10

  1. Кога сакаме да го задоволиме Бога во сите нешта.11

  2. Кога ги третираме другите со љубов, почит, и обѕир.12

  3. Кога гледаме дека атрибутите на Христос стануваат дел од нашиот карактер.13

  4. Кога постојано го чувствуваме водството на Светиот Дух.14

  5. Кога одржуваме заповед што ни била тешка за почитување и потоа продолжуваме да ја живееме.15

Кога внимателно го слушаме советот на нашите водачи и радосно одлучуваме да го следиме, зарем не сме искусиле моќна промена на срцето?

„Господе, Јас ти давам сѐ; немам што повеќе да ти дадам.“

Одржување и Корист

Како да ја одржиме моќната промена?

  1. Кога секоја недела учествуваме во сакраментот и го обновуваме заветот да се повикаме на името на Христос, и секогаш да се сеќаваме на Него, и да ги одржуваме Неговите заповеди.16

  2. Кога ќе ги свртиме нашите животи кон храмот.17 Редовното присуство во храмот ќе ни помогне да го одржиме ново и да го обновиме срцето кога учествуваме во обредите.

  3. Кога ги сакаме и им служиме на нашите соседи со преку организирање активности за служење и мисионерска работа.18

Тогаш на наша огромна радост, таа внатрешна промена е засилена и се шири се додека изобилува со добри дела.19

Оваа моќна промена на срцата ни носи чувство на слобода, верба, и мир.20

Оваа промена на срцето не е настан; потребно е вера, покајание, и постојана духовна работа за да се случи. Започнува кога посакуваме да ја подложиме нашата волја кон Господовата, а се матерјализира кога склопуваме и одржуваме завети со Него.

Оваа индивидуална акција има позитивен влијание и на нас и на луѓето околу нас.

Според зборовите на Претседателот Расел М. Нелсон, „Замислете колку брзо разорните конфликти ширум светот— и оние во нашите сопствени животи—ќе бидат разрешени ако избереме да го следиме Исус Христос и обрнуваме внимание на неговите учења.”21 Ова дејствие на следење на Спасителовите учења води кон моќна промена на срцето.

Почитувани браќа и сестри, млади луѓе и деца, додека присуствувамена конференцијата овој викенд, да дозволиме зборовите на нашите пророци, што ќе дојдат од Господа, да навлезат во нашите срца за да доживеат моќна промена.

За оние кои сѐ уште не се приклучиле на обновената Црква на Господ, Јас ве поканувам да ги слушате мисионерите со искрена желба да дознаете што Бог очекува од вас и да ја доживеете таа внатрешна трансформација.22

Денес е денот да одлучите да го следите Господ Исус Христос. „Господе, ти го давам срцето; немам што повеќе да Ти дадам.“

Исто како што прстенот беше извлечен од тој бродолом, кога му ги даваме нашите срца на Бога, спасени сме од разбеснетите мориња на овој живот; правејќи така се прочистуваме и оплеменуваме преку Помирувањето на Христос и стануваме „Христови чеда,“ кои се духовно „родени од Него“23 За ова јас сведочам, во името на Исус Христос, амин.