Генерална Конференција
Воздигнете ги вашите срца и Радувајте се
Април 2022 генерална конференција


Воздигнете ги вашите срца и Радувајте се

Бевме родени во ова време за божествена цел, собирањето на Израел.

Зборувајќи со Томас Б.Марш, неодамнешен преобратеник, Господ му кажа охрабрувачки, „Воздигнете ги вашите срца и Радувајте се“ (Учење и Завети 31:3).

Верувам дека оваа покана може да послужи како инспирација за сите членови на Црквата. На крајот на краиштата, секој од нас има мисија со која не задолжи нашиот Небесен Отец да го собереме Израел од двете страни на превезот.

„Тоа Собирање,“ вели Претседателот Расел М. Нелсон , „е најважното нешто што се случува на земјата денес. Ништо друго не се споредува со степенот, ништо не се споредува според важноста, ништо друго не се споредува според величенственоста.”1

Секако, постојат многу достојни каузи во светот. Невозможно е да се именуваат сите. Но зарем не би сакале да учествувате во големата кауза во ваш дофат каде што вашиот придонес ќе прави клучна разлика? Собирот прави вечни разлики за сите. Луѓе од сите возрасти може да учествуваат во оваа кауза без разлика на нивните околности и каде тие живеат. „Не постои нешто друго во светот што е посеопфатно.

Зборувајќи им конкретно на младите, Претседателот Нелсон кажа дека „нашот Небесен Отец задржал многу од Неговите најблагороднни духови—можеби … Неговиот најдобар тим—за оваа финална фаза.“ Тие благородни духови—тие најдобри играчи, тие херои—сте вие!”2

Да, вие сте биле подготвени од пред овој живот и родени сега да учествувате во големата работа на собирот на Израел од двете страни на превезот во овие подоцнежни денови ( види Учење и Завети 138:53–56).

Зошто оваа причина е толку битна? Поради “вредноста на душите е голема во очите на Бога” (Учење и Завети 18:10). И поради тоа што “кој и да верува во [Исус Христо], и е крстен истиот ќе биде спасен; и … ќе го наследи царството на Бога.” (3 Нефи 11:33). Понатаму, “се што има [на] Отецот ќе му биде дадено” на оние кои ги примаат Неговите обреди и ги одржуваат Неговите заповеди (Учење и Завети 84:38). Понатаму, „работници има малку“ (Лука 10:2).

Само во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ние ја наоѓаме моќта, овластувањето, и начинот да се понуди таков благослов на другите, било да се живи или мртви.

Како што кажа Претседател Нелсон: „Секој пат кога ќе направите нешто за да помогнете некому—од обете страни на превезот—правите чекор напред кон заветувањето со Бога, и примањето на основните крштални и храмски обреди, вие помагате да се собере Израел.“ Толку едноставно.“3

Додека постојат многу начини да се помогне во собирањето, би сакал да зборувам особено за едно: служењето како полновремен мисионер. За многумина од вас, ова ќе значи да се биде мисионер кој подучува. За многумина други, ова ќе значи да се биде дел од прозелистичка мисија враќајќи се дома пред очекуваниот датум. Но светот се обидува да ја одвлече младината од најсветата одговотност користејќи страв и несигурност.

Некои други одвлекувања може да бидат пандемија, напуштање на добра работа, одложување на образованието, или да се биде особено заинтересиран за некого романтично. Секој ќе има свој сет на предизвици. Такви предизвици може да се појават точно во времето на влегувањево службата на Господа, а изборите кои изгледаат очигледни подоцна не се секогаш толку лесни во моментот.

Од искуство го знам вознемирениот ум на толку млада личност. Кога се подготвував да одам на мисија, неколку изненадувачки сили се обидоа да ме обесхрабрат. Една беше мојот забар. Кога свати дека мојот закажан термин беше за да бидам мисисонер, се обиде да ме одврати од намерата. Не знаев дека мојот стоматолог беше против Црквата.

Прекинот на моето образование беше исто така комплициран. Кога побарав двегодишно отсуство од мојата универзитетска програма, бев информиран дека тоа е невозможно. Ќе го изгубам местото на универзитетот ако не се вратам после една година. Во Бразил, ова беше сериозно бидејќи единствениот критериум за прием во универзитетска програма беше многу тежок и конкурентен испит.

По постојано инсистирање, неволно бев информиран дека по една година отсутност, можам да аплицирам за исклучок по вонредна основа. Може да биде одобрено или не. Бев преплашен од идејата за повторно да го полагам тој тежок приемен испит по две години оддалеченост од студиите.

Јас исто така бев особено заинтересиран за една млада жена. Неколкумина од моите пријатели го делеја истиот интерес. Си помислив, „Ако заминам на мисија, ризикувам.“

Но Господ Исус Христос беше моја огромна инспирација да не се плашам од иднината додека се трудев да Му служам со сето мое срце.

Тој исто така имаше мисија да исполни. Со сопствени зборови, Тој објасни, „зошто јас слегов од небото не да ја извршувам мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој ме прати.“ (Јован 6:38). А дали Неговата мисија беше лесна? Секако не. Неговото страдање, што беше суштински дел од Неговата служба, Го предизвика, „како и Бог, најголемиот од сите, да треперам од болка, и да крварам од секоја пора, и моето тело и дух да страдаат—И сакав да не се напијам од таа горка чаша, и се згрозив—

„Сепак, нека биде слава на Отецот, јас [Тој] испив и ги довршив [Неговите] подготовки за синовите човечки“ (Учење и Завети 19:18–19).

Служењето полновремена мисија може да ни изгледа тешко. Можеби тоа бара да се откажеме од важни нешта за момент. Господ секако го знае ова, и Тој секогаш ќе биде на наша страна.

Всушност, во нивната порака до мисионерите во Проповедај го Моето Евангелие, Првото Претседателство ветува, „Господ ќе ве награди и богато благослови додека понзно и молитвено Му служите.“4 Точно е дека сите Божји чеда се благословени, на еден начин или друг, но постои разлика помеѓу да се биде благословен и да се биде богато благословен во Негова служба.

Се сеќавате на предизвиците за кои мислев дека се соочувам пред мојата мисија? Мојот стоматолог? Пронајдов друг. Мојот факултет? Направија исклучок за мене. Се сеќавате на таа млада жена? Се омажи со еден од моите добри пријатели.

Но Бог навистина ме благослови богато. И јас научив дека Господовите благослови може да дојдат на начини поинакви од оние кои ги очекуваме. На крајот на краиштата, Неговите мисли не се наши мисли (види Исаија 55:8–9).

Помеѓу многуте богати благослови што Toj ми ги даде за да Му служам како полновремен мисионер се поголема вера во Исус Христос и Неговото Помирување и зајакнато знаење и сведоштво за Неговите учења, за да не ме поколеба лесно „секој ветар на наука“ (Ефесјани 4:14). Го изгубив својот страв од предавање. Мојот капацитет да се соочувам со предизвиците со оптимизам се зголеми. Преку набљудување на поединци и семејства кои ги запознав и подучував како мисионер, научив дека учењата на Бог се вистина кога Тој вели дека послушноста кон Божјите заповеди ни помага на напредуваме и времено и духовно (види Мосија 2:41; Алма 41:10). И самиот научив дека Бог е Бог на чудата (види Мормон 9).

Сите овие нешта беа исклучително важни во мојата подготвка за живот како зрел човек, вклучувајќи можен брак и родителство, црковна служба, и професионален и заеднички живот.

После мојата мисија, добив корист од мојата зголемена храброст да се претставам себе си во сите околности и пред сите луѓекако верен следбеник на Исус Христос и Неговата Црква, дури и во споделувањето на евангелието со една убава жена која ќе стане мојата доблесна, мудра, забавна, и сакана вечна придружничка, сонцето на мојот живот.

Да, Бог ме благослови богато, далеку над она што го замислував, исто како што Тој ќе ги благослвои сите оние кои што „понизно и во молитва Му служат Нему.“ Јас сум вечно благодарен на Бога за Неговата добрина.

Мојата мисија целосно го обликува мојот живот. Научив дека вреди да се трудиме да имаме доверба во Бога, да имаме доверба во Неговата мудрост и милост и во Неговите ветувања. На крајот на краиштата, Тој е нашиот Отец, и без сомнеж, Го сака најдоброто за нас.

Почитувана младино ширум светот, ја упатувам истата покана што нашиот пророк, Претседателот Нелсон, им ја даде на сите вас „да се приклучат во Господовиот младински баталјон за да помогнат да се собере Израел.“ Претседател Нелсон рече:

„Нема ништо поважно. Апсолутно ништо.

„Ова собирање би требало да значи сѐ за вас. Ова е мисијата за која сте испратени на земјата.”5

Бевме родени во ова време за божествена цел, собирањето на Израел. Додека служиме како полновремени мисионери, ќе бидеме искушувани одвреме навреме, но Господ Лично е нашиот совршен пример и водач во такви околности. Тој разбира што е тешка мисија. Со Негова помош, можеме да извршиме тешки нешта. Тој ќе биде покрај нас (види Учење и Завети 84:88), и ќе не благослови многу кога понизно Му служиме.

Поради сите овие причини, не сум изненаден што Господ му кажа на Томас Б. Марш и на сите нас, „Воздигнете ги вашите срца и радувајте се, зашто дојде часот за ваша мисија.“ Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Расел М. Нелсон, “Надеж на Израел” (духовна молитвена сесија ширум светот 3 јуни 2018), Надежна Израел.ЦркванаИсусХристос.орг.

  2. Расел М. Нелсон, „Надеж на Израел.“

  3. Расел Н. Нелсон, „Надеж на Израел.“

  4. Проповедај го Моето Евангелие: Водич за Мисионерска Служба (2019), v.

  5. Расел М. Нелсон, “Надеж на Израел.”