Генерална Конференција
Да Го Исцели Светот
Април 2022 генерална конференција


Да Го Исцели Светот

Раните и разликите може да бидат разрешени па дури и исцелувани кога го почитуваме Бог, Отецот на сите нас, и Исус Христос, Неговиот Син.

Браќа и сестри, за време на оваа славна Велигденска сезона, ние сме толку благословени што ги среќаваме и примаме совет и насока од Божјите слуги.

Светото водство и учењата од нашиот Небесен Отец ни помагаат да се движиме низ животот во овие опасни времиња. Како што беше проречено, „пожари и бури,“ „војни, гласини за војни, и земјотреси на различни места,“ „и секакви гадости,“1 „чуми,“2 „глад и помор“3 опустошени семејства, заедници, па дури и нации.

Постои уште една неволја што го зафати светот: напад врз мојата и вашата слобода на вероисповед. Растечкиот сентимент бара да се отстрани религијата и верата во Бога од јавниот плоштад, училиштата, стандардите на заедницата и граѓанскиот дискурс. Противниците на слободата на вероисповед се обидуваат да ни наметнат ограничувања на изразувањето на искрени уверувања. Дури ги критикуваат и исмеваат верските традиции.

Таквиот став ги маргинзлизира луѓето, ги обезвреднува личните принципи, правичноста, почитта, духовноста, и мирната совест.

Што е слобода на веросисповед?

Тоа е слобода на вероисповед во сите нејзини облици: слобода на собирање, слобода на говор, слобода на дејствување според личните убедувања, и слобода на другите да го прават истото. Слободата на вероисповед дозволува секој од нас сам да одлучи во што веруваме, како живееме и постапуваме според нашата вера, и што Бог очекува од нас.

Напорите да се ограничи ваквата верска слобода не се нови. Низ историјата, луѓето со вера силно страдале од рацете на другите. Членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни не се разликуваат.

Од нашите почетоци, многумина кои го бараат Бога беа привлечени кон оваа Црква поради нејзините учења за оваа божествена доктрина, вклучително и верата во Исус Христос и Неговото Помирување, покајанието, планот за среќа, и Второто Доаѓање на нашиот Господ.

Отпорот, прогонството и насилството го измачуваа нашиот прв пророк од подоцнежните дни, Џозеф Смит, и неговите следбеници

Среде превирањата во 1842, Џозеф објави 13 основни принципи на растечката Црква, вклучувајќи го и ова: „Ние ја бараме привилегијата да се поклонуваме на Семоќниот Бог според налозите на сопствената совест и им ја даваме на сите луѓе истата привилегија, дозволувајќи им да богослужат како, каде или што сакаат.“4

Неговата изјава е инклузивна, ослободувачка, и полна со почит. Тоа е суштината на верската слобода.

Пророкот Џозеф Смит исто така изјави:

„Храбар сум да се изјаснам пред Небесата дека јас сум подготвен да умрам бранејќи ги правата на еден Пресбетеријанец, Баптист, или на некој добар човек од која било друга деноминација; зашто истиот принцип што би ги погазил правата на … Светците ќе ги погази и правата на Римокатолиците, или на било која друга деноминација која може да биде непопуларна и преслаба за да се одбранат себе си.

„Љубовта кон слободата е [таа] што ја инспирира мојата душа ‒ граѓанската и верската слобода за целата човечка раса.“5

Сепак, првите црковни членови беа нападнати и протерани илјадници милји, од Њујорк до Охајо до Мисури, каде што гувернерот издал наредба дека членовите на Црквата „мора да бидат истребени и протерани од од државата.“6 Тие избегаа во Илиноис, но агонијата продолжи. Една толпа го убила Проокот Џозеф Смит, мислејќи дека ако го уби него ќе ја уништи Црквата и ќе ги растера верниците. Но верните се држеа цврсто. Наследникот на Џозеф, Бригам Јанг, поведе илјадници луѓе во принуден егзодус 2100 километри западно од она што е сега државата Јута.7 Моите предци беа помеѓу овие рани пионери доселеници.

Од тие денови на интензивен прогонство, Господовата Црква постојано расте на речиси 17 милиони членови, од кои повеќе од половина кои живеат надвор од САД.8

Во Април 2020 нашата Црква ја прослави 200—годишнината од Обновувањето на евангелието со проглас до светот, подготвен од нашето Прво Претседателство и Кворумот на Дванаесетте Апостоли. Тоа започнува, „Ние свечено објавуваме дека Бог ги сака Своите чеда во секоја нација од светот.”9

Нашиот сакан пророк, Расел М. Нелсон, понатаму изрази:

„Веруваме во слободата, љубезноста, и правичноста за сите Божји чеда.

„Сите сме браќа и сестри, секој од нас е чедо на саканиот Отец на Небесата. Неговиoт Син, Господ Исус Христос, ги повикува сите да дојдат кај Него, ‘црни и бели, заветени и слободни, машки и женски’ (2 Нефи 26:33).”10

Придружете ми се во разгледувањето на четирите начини на кои општеството и поединци имаат корист од слободата на вероисповест.

Прво Религиозната слобода ги почитува првата и втората голема заповед, ставајќи го Бога во центарот на нашите животи. Читаме во Матеј:

„Возљуби го Господа својот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум.“11

„а втората е слична на неа, Возљуби го својот ближен како себе си.“12

Без разлика дали е капела, синагога, џамија, или колиба со лимен покрив, Христосовите ученици и сите истомисленици верници можат да изразат посвтеност кон Бога богослужејќи му и изразувајќи подготвеност да им служат на Неговите чеда.

Исус Христос е совршен пример за таква љубов и служба. Во текот на Неговата служба,, Тој се грижеше за сиромашните,13 ги исцели болните14 и слепите15 Ги нахрани гладните,16 им ги отвори рацете на малите деца,17 и им прости на оние што Му згрешија, па дури и Го распнаа .18

Библијата опишува дека Исус „одеше вршејќи добри дела.“19 Така мораме и ние.

Второ. Верската слобода поттикнува изразувања на вера, надеж и мир.

Како црква, ние се здружуваме со другите религии за да ги заштитиме луѓето од сите вери и верувања и нивното право да ги кажуваат своите верувања. Ова не значи дека ги прифаќаме нивните верувања, ниту тие нашите, туку имаме повеќе заедничко од оние кои сакаат да не замолчат.

Јас неодамна ја претставував Црквата на годишниот Г20 Меѓуверски Форум во Италија. Бев охрабрен, дури и духовно воздигнат, бидејќи се сретнав со владини и верски водачи од целиот свет. Сватив дека раните и разликите можат да бидат разрешени па дури и залечени кога го почитуваме Бога, , Отецот на сите нас, и Исус Христос, Неговиот Син. Големиот Исцелител на сите е нашиот Господ и Спасител, Исус Христос.

Имав интересен момент додека го завршував говорот. Претходните седум говорници не го завршија на начин типичен за нивната верска традиција или во името на Бога. Додека зборував си помислив, „Дали да кажам само благодарам и да седнам, или да завршам со ‘во името на Христос’?“ Се сетив кој сум, и знаев дека Господ ќе ме замоли да го кажам Неговото име за да ја завршам мојата порака. Така и направив. Гледајќи назад, тоа беше мојата можност да ја изразам мојата вера; и имав верска слобода да сведочам за Неговото свето име.

Трето. Религијата ги инспирира луѓето да им помагаат на другите.

Кога на религијата и се дава просторот и слобода да процвета, верниците изведуваат едноставен а понекогаш и херојски чин на служба. Древниот еврејски израз „tikkun olam“ што значи „да го поправи или исцелува светот,“ се рефлектира во напорите на многумина денес. Соработуваме со Католички Добротворни Организации, познати како Интернационален Каритас; Исламска Помош, и кој било број на Еврејски, Хинду, Будистички, Сикиски, и Христијански организации како Армијата на Спасението и Национална Христијанска Фондација. Заедно им служиме на многумина кои имаат потреба, неодамна помагајќи им на бегалците од војната со шатори, вреќи за спиење, и залихи со храна,20 и обезбедување вакцини, вклучувајќи полио,21 и КОВИД.22 Списокот на она се прави е долг, но и потребите исто така

Нема сомнеж, дека луѓето со вера, можат заедно, да направат многу важни интервенции. Во исто време, еден на еден службата често е ненајавена, но тивко ги менува животите.

Размислувам за примерот на Лука кога Исус Христос посегнал до вдовицата на Наин. Исус, придружуван од група на следбеници, дојде до погребната поворка на единствениот син на на вдовицата. Без него, таа се соочуваше со емоционална, духовна, па дури и финансиска пропаст. Исус, гледајќи го нејзиното насолзено лице, рекол, „Не плачи“23 Потоа ја допре кладата што го носеше телото и поворката запре.

„Момче,“Тој заповеда, „тебе ти велам, Стани.

„Мртовецот се подигна и седна, па почна да зборува И [Исус] го предаде на мајка му.“24

Оживување на мртвите е чудо, но секој чин на љубезност и грижа за некого што се бори е заветен начин за секој од нас да може исто така “[одеше] вршејќи добри дела,““зашто Бог [е] со [нас].”25

И четврто. Слободата на вероисповед делува како обединувачка и собирна сила за обликување на вредностите и моралот.

Во Новиот Завет читаме за многумина кои се оддалечуваат од Исус Христос, мрморат за Неговата доктрина, „Тешки се овие зборови; кој може да ги слуша?“26

Тој крик и денес го слушаат оние кои се обидуваат да ја избркаат религијата од дискурсот и влијанието. Ако религијата не е таму за да помогне да се обликува карактерот и се пребродат тешките времиња, тогаш кој е? Кој учи на чесност, благодарност, простување, и трпение? Кој ќе покаже милосрдие, сочувство и добрина за заборавените и понижените? Кој ќе ги прифати оние што се различни, но сепак заслужуваат, како сите Божји чеда? Кој ќе ги отвори нивните раце кон оние кои имаат потреба и нема да бараат ништо за возврат? Кој ќе ги почитува мирот и послушноста кон законот над трендовите на денот? Кој ќе одговори на молбата на Спасителот „Оди и ти направи така!“27

Ние! Да, браќа и сестри, ние ќе одговориме

Ве повикувам да застанете во одбрана на каузата за верска слобода. Тоа е израз на од Бога дадениот принцип на право на избор.

Слободата на вероисповест носи рамнотежа меѓу конкурентните филозофии. Доброто од религијата, нејзиниот опсег, и секојдневните чинови на љубов што се инспирирани од религијата само се множат кога ја штитиме слободата да се изразуваме и дејствуваме според основните длабоки уверувања.

Jас сведочам дека Претседателот Расел М. Нелсон е Божјиот жив пророк Јас сведочам дека Исус Христос ја предводи и води оваа ЦркваЈ. Тој ги искупи нашите гревови,, беше распнат на крст, и воскресна на третиот ден.28 Поради Него, можеме повторно да живееме за цела вечност; и оние кои посакуваат може да бидат со Отецот во Рајот. Оваа вистина ја објавувам на целиот свет. Јас сум благодарен за слободата да го направам тоа. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Мормон 8:29–31; види исто така 2 Тимотеј 3:1–7, 12–13; Учење и Завети 45:26–27.

  2. Учење и Завети 87:6.

  3. Матеј 24:7.

  4. Поставки на Вера 1:11.

  5. Учења на Претседатели на Црквата: Џозеф Смит (2007), 345.

  6. Лилбурн В. Богс писмо до Џон Б. Клерк, Окт. 27,1838, Мормонски Војни Хартии, Архиви од Државата Мисури, Џеферсон Сити, Мисури sos.mo.gov/archives/resources/Mormon.

  7. Види Светци: Приказна за Црквата на Исус Христос во Последните Денови, том. 2, Без Недозволена Рака, 1846–1893 (2020), 3–68.

  8. Број на Членови според Одделот за Статистичка евиденција за 2021 година-крај:16.8 милиони вклупен број членови; САД и Канада: 7 милиони членови; надвор од САД И Канада: 9.8 милини членови.

  9. Обновата на Целината на Евангелието на Исус Христос: Двеилјадагодишно Прогласување на Светот,”ЦркванаИсусХристос.орг прочитано од Претседател Расел М. Нелсон како дел од неговата Неделна утринска порака на 190-та Годишна Генерална Конференција, Апр. 5, 2020.

  10. Расел М. Нелсон, “Исус Кажа Љубете ги Сите,” Пријател, Апр. 2021, 2.

  11. Матеј 22:37.

  12. Матеј 22:39.

  13. Види Марко 10:21–22; 12:41–44; Лука 16:19–25.

  14. Види Лука 4:40; 8:43–48.

  15. Види Јован 9:1-7.

  16. Види Матеј 14:15–21; 15:32–38; Марко 6:31–44; 8:6–9; Јован 6:1–14.

  17. Види Матеј 19:13-15.

  18. Види Лука 23:33-34.

  19. Дела 10:38.

  20. Види Мери Ричардс, „Како Црквата Помага со Хуманитарна Помош во Источна Европа“, ,” Црковни Вести, Мар.3, 2022, thechurchnews.com.

  21. Види Сара Фергусон, „Диво Полио Елиминирано во Африка: Гигантски Чекор Поблиску до Истребување,“ УНИЦЕФ, Окт. 22, 2020, unicefusa.org.

  22. Види Пеги Флечер Стек, “„ЛДС Црквата Вложува 20 Милиони долари за Глобалната КОВИД акција за вакцинација,” Солт Лејк Трибун, Феб. 26, 2021, sltrib.com.

  23. Лука 7:13.

  24. Лука 7:14-15.

  25. Дела 10:38.

  26. Јован 6:60.

  27. Лука 10:37.

  28. Види 1 Коринтјаните 15:4.