Генерална Конференција
Умот на Алма се задржа на оваа мисла од Исус Христос.
Април 2023 генерална конференција


Умот на Алма се задржа на оваа мисла од Исус Христос.

Додека вие внимателно за задржувате оваа мисла на Исус Христос, Јас ви ветувам не само небесно водство туку и небесна моќ.

За време на оваа убава Велигденска сезона, јас ја одекнувам молитвата на оваа моќна химна, „Води не, O ти голем Јехова.“1

Една впечатлива приказна во Книгата на Мормон говори за еден млад човек од истакнато семејство наречен Алма кого светите писма го опишуваат како идолопоколнички неверник.2 Тој се изразуваше јасно и убедувачки, користејќи ласкање да ги убеди другите да го следат него. Запрепастувачки, еден ангел му се појави на Алма и неговите пријатели. Алма падна на земјата и беше толку слаб што беше носен беспомошно во домот на неговиот татко. Тој остана во навидум коматозна состојба три дена.3 Подоцна, тој објасни дека додека изгледаше несвесен за другите околу него, неговиот ум беше многу активен додека неговата душа жалеше, мислејќи за неговиот живот за неодржување на заповедите. Тој го опиша неговиот ум како да е „брануван од сеќавањето на [неговите] многу гревови“4 и „растргнат од вечно мачење.“5

Во неговиот длабок очај, тој се сети дека беше поучуван за „доаѓањето на еден Исус Христос, Син на Бог да помири за гревовите на светот.“6 Потоа тој ја даде оваа многу умствено провоцирачка изјава: „Додека мојот ум се задржа на оваа мисла, Јас довикував во моето срце: О Исусе, Ти Божји Сине, имај милост врз мене.“7 Додека тој се молеше за божествена моќ од Спасителот, нешто чудесно се случи: „Кога јас го помислив ова,“ тој кажа, „Јас не се сеќавав на моите болки повеќе.“8 Одненадеж тој почувствува мир и светлина. „Ништо не [беше] толку извонредно и слатко како што беше мојата радост,“9 тој објави.

Алма „се задржа на“ вистината на Исус Христос. Доколку ги користиме зборовите „се задржа на“ во физичка смисла, би можеле да кажеме, „Тој се задржа на заштитната ограда додека паѓаше,“ што значи дека тој посегна ненадејно и цврсто се прилепи себеси до нешто цврсто цементирано за сигурна основа.

Во случајот на Алма, неговиот ум посегна и цврсто осигура моќна вистина за помирувачката жртва на Исус Христос. Делувајќи во вера на таа вистина, и преку моќта и благодатта на Бог, тој беше спасен од очај и исполнет со надеж.

Додека нашите искуства може да не се толку драматични како тие на Алма, тие се сепак вечно значајни. Нашите умови исто така „се задржале на оваа мисла“ за Исус Христос и Неговата милостива жртва, и нашите души почувствувале светлина и радост кои следат.

Обезбедувајќи ја Мислата за Исус Христос

Мојата молитва за оваа Велигденска сезона е ние посвесно да ја обликуваме, и обезбедиме оваа најважна духовна мисла во одајите на нашата душа,10 дозволувајќи постојано и желно да тече во нашиот ум, водејќи не во тоа што го мислиме и правиме, и постојано носејќи слатка радост од љубовта на Спасителот.11

Иполнувајќи го нашиот ум со моќта на Исус Христос не значи дека Тој е единствената мисла која ја имаме. Туку тоа значи дека сите наши мисли се отцртани со Неговата љубов, Неговиот живот и учења, и Неговата помирувачка жртва и величествено Восреснување. Исус никогаш не е во заборавен агол, зашто нашите мисли за Него секогаш се присутни и „се што е во нас [го обожава] него!“12 Ние се молиме и преслушуваме во нашиот ум за искуствата кои не довеле поблиску за Него. Ние ги поздравуваме во нашиот ум божествените слики, свети писма, и инспирирани химни кои нежно ги галат безбројте дневни мисли кои јуришаат низ нашите зафатени животи. Нашата љубов за него не не заштитува од тагата и жалот во овој смртен живот, туку ни дозволува да чекориме низ предизвиците на животот со сила далеку поголема од нашата.

Исус, самата мисла на тебе

Со слаткост ги исполнува моите гради;

Но уште послатко ми е да го видам твоето лице

И во твое присуство одморам.13

Запомнете, вие сте духовно дете на Небесен Отец. Како што објаснува Апостолот Павле, ние сме „потомство од Бог.“14 Вие сте го живееле вашиот сопствен идентитет долго пред да дојдете на земјата. Нашиот Отец создаде совршен план за нас да дојдеме на земјата, научиме, и да се вратиме кај Него. Тој го испрати Неговиот Возљубен Син дека преку моќта на Неговото Неограничено Помирување и Восреснување, ние живееме преку гробот; и додека сме спремни да практикуваме вера во Него и да се покаеме за нашите гревови,15 на нас ни е простено и примаме надеж за вечен живот.16

Давајќи Им На Нашиот Ум и Дух Исклучително Внимание

Во овој смртен живот, нашиот ум и дух бараат особено внимание.17 Нашиот ум ни дозволува на живееме, да одбиране, и да распознаеме добро и зло.18 Нашиот дух добива потврдувачко сведоштво дека Бог е нашиот Отец, дека Исус Христос е Синот на Бог, и дека Нивните учења се наш водич за среќа овде и во вечнот живот вон гробот.

Умот на Алма се задржа на оваа мисла од Исус Христос. Го промени неговиот живот. Генералната конференција е време да се разбере што Господ сака да направиме и да станеме. Тоа е исто време да се одразиме на нашиот напредок. Додека моите задачи ме одведоа ширум светот, јас сум видел зголемена духовна моќ во праведните, посветени членови на Црквата.

Пред пет години, побараа од нас да го вклучиме Спасителот поистакнато во се што правиме користејќи го името на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.19 Ние го говориме неговото име почесно.

Пред четири години, преку намалување на средбата за сакрамент, ние го зголемивме нашиот фокус на земање на сакраментот од Господ. Ние мислиме повеќе на Исус Христос и сме посериозни во нашето ветување секогаш да го помниме Него.20

Со изолација на светска пандемија, и помошта на Дојдете, Следете Ме, учењата на Исус стануваат поистакнати во нашите домови, помагајќи му на нашето обожавање за Спасителот за време на неделата.

Со следење на Претседател Расел М. Нелсон и советот да „го слушнеме Него,“21 ние ја подобруваме нашата способност да ги препознаеме шепотењата на Светиот Дух и да гледаме на раката на Господ во нашите животи.

Со објавите и комплетирањето на храмови, ние почесто влегуваме во домот на Господ и примаме Негови ветени благослови. Ние се ја чувствуваме помоќно трансцедентната убавина на нашиот Спасител и Искупител.

Претседател Нелсон кажа: „Не постои ништо друго лесно или автоматски за да се стане [еден] моќен [ученик]. Нашиот фокус мора да биде вперен на Спасителот и Неговото евангелие. Тоа е ментално ригорозно да се стремиме да гледаме при Него во секоја мисла.”22

Со фокусирање на нашето внимание на Исус Христос, се друго околу нас—додека е сеуште присутно—се гледа преку нашата љубов за Него. Помалку важните одвлекувања на вниманието избледуваат, и ние ги отстрануваме тие нешта кои не ја одржуваат Неговата светлина и карактер. Додека вие внимателно се задржувате на оваа мисла за Исус Христос, верба во Него, и одржување на Неговите заповеди, не само што сте благословени со водство туку и со небесна моќ—моќ која носи сила за вашите завети, мир за вашите тешкотии, и радост за вашите благослови.

Следејќи го Исус Христос

Пред неколку недели, Кејти и Јас го посетивме домот на Мат и Сара Џонсон. На ѕидот стоеше слика од нивното прекрасно семејство, убава слика од Спасителот, и илустрација од храмот.

Нивните четири ќерки, Меди, Руби, Клер, и Џун, зборуваа среќно за тоа како ја сакаа нивната мајка.

Повеќе од една година Сара редовно беше ги закажувала Саботните средби за семејството да го посети храмот заедно за девојките да може да учествуваат во крштавања за членови на семејство кои живееле претходно.

Во Ноември минатата година, Сара закажа средба во храмот за семејството за последната недела од Декември во Четврток наместо во Сабота. „Се надевам дека се согласуваш со тоа, таа му кажа на Мат.

Сара беше дијагностицирана со рак, но докторите предвидоа дека таа ќе живее уште две до три години повеќе. За време на првата недела од Декември, на средба за сакраментот, Сара го сподели нејзиното моќно сведоштво, велејќи дека каков и да е исходот за неа, таа го љубеше Спасителот со сето нејзино срце, и дека „дека битката веќе била добиена“ преку Него. Додека декември напредуваше, неочекувано здравјето на Сара брзо се влошуваше, и таа беше примена во болница. Во раното утро во Четврток, 29 Декември, таа тивко си почина. Мат беше покрај Сара цело време преку ноќта.

Додека неговото срце се кршеше и комплетно беше исцрпен физички и емоционално, тој пристигна дома, тажејќи со неговите ќерки. Додека Мат гледаше кон неговиот телефон, тој го забележа потсетникот за невообичаениот храмски состанок во четврток кој Сара беше го закажала за подоцна тој ден. Мат кажа, „Кога прв пат го видов, Јас помислив, ова нема да успее.“

Но тогаш умот на Мат се задржа на оваа мисла: „Спасителот живее. Не постои место каде што попрво би биле како семејство отколку Неговиот свет дом.

Слика
Фамилија Џонсон

Мат, Меди, Руби, Клер, и Џун, пристигнаа во храмот за средбата која Сара беше ја закажала за нив. Со солзи кои му течеа од очите, Мат ги изведе крштевањата со неговите ќерки. Тие длабоко ја почувствуваа нивната љубов и вечна врска со Сара, и ја почувствуваа огромната љубов и утешителен мир од Спасителот. Мат нежно сподели, „Додека чувствувам длабока тага и жал, Јас извикувам за радост, знаејќи го прекрасниот план на мојот Отец за спасение.“

Во оваа Велигденска сезона, Јас сведочам за комплетната и абсолутна вистина за неспоредливата помирувачка жртва на Спасителот и Неговото величествено Восреснување. Додека вашиот ум се задржа цврсто и засекогаш на оваа мисла, и како што го фокусирате вашиот живот на оваа мисла, јас ви ветувам дека ќе ги почувствувате Неговата надеж, Неговиот мир, и Неговата љубов. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. „Води Не, О Ти Голем Јехова,“ Химни, бр. 83

  2. Види Мосија 27:8.

  3. Види Алма 36:10.

  4. Алма 36:17.

  5. Алма 36:12.

  6. Алма 36:17.

  7. Алма 36:18. Друg пат кога „задржи се“ е употребено е во книгата на Мормон која говори за оние кои се „задржаа за крајот на железната прачка“ (1 Нефи 8:24, 30).

  8. Алма 36:19.

  9. Алма 36:21.

  10. „Најголемата битка на животот се води во тивки одаји на сопствената душа“ (Дејвид О. Меккеј, во Извештај за Конференција, Апр. 1967, 84).

  11. „[Мислите] го спонзорираат секое дело. Нашите мисли се табела, контролна рачка која управува со нашите дела“ (Бојд K. Пакер, Сите Може Да Се Просветлени [1982], 33).

    Претседателот Оукс кажа: „Ние можеме да потиснеме злобни желби и да ги смениме со праведни. Ова вклучува едукација и практикување. Претседател Џозеф Ф. Смит поучуваше дека „образованието на … нашите желби е едно со најдалечно достижна важност“ (Чист во Срце [1988], 149).

  12. „Фалба до Господ, Семоќниот,“ Химни, бр. 72.

  13. „Исус, Самата Помисла на Тебе,“ Химни, бр. 141

  14. Дела 17:29.

  15. Види Учење и Завети 58:42-43.

  16. Види Учење и Завети 14:7.

  17. „Не постои никој друг освен Бог кој ги знае твоите мисли и намерите на твоето срце“ (Учење и Завети 6:16).

  18. „Еден добар човек од доброто богатство на неговото срце го носи тоа што е добро; а еден злобен човек од злобното богатство на неговото срце го носи тоа што е злобно: зашто од изобилството на неговото срце неговата уста говори.“(Лука 6:45).

  19. Види Расел М. Нелсон, “Точното Име на Црквата,“ Лиахона, Ное. 2018, 87-89.

  20. Нашиот завет секоја недела при сакраменталната молитва е дека ние „секогаш ќе се сеќаваме на Него“ (Морони 4:3; Учење и Завети 20:77). Книгата на Мормон не охрабрува нас со користење на зборот два пати, еден по друг: „сетете се, сетете се“ (Мосија 2:41; Алма37:13; Хеламан 5:9). Духовно сеќавање произлегува преку моќта на Светиот Дух: Тој ќе ве поучува на сите нешта, и ќе ги донесе сите нешта за ваше сеќавање“ (Јован 14:26).

  21. Расел М. Нелсон, “Слушнете го Него,” Лиахона,, Мај 2020, 90.

  22. Расел М. Нелсон, „Цртање на Моќите на Исус Христос во Нашите Животи,“ Лиахона, Мај 2017, 41. Претседателот исто кажа, „Радоста што [Светците од Подоцнежните Дни] ја чувствуваат сосема малку е поврзана со околностите на нашите животи а сосема многу поврзана со фокусот на нашите животи“ („Радост и Духовно Преживување“, Лиахона, Ное. 2016, 82).