Генерална Конференција
Едно во Христос
Април 2023 генерална конференција


Едно во Христос

Само со индивудуална лојалност и љубов кон Исус Христос во секој аспект од нашиот живот можеме да се надеваме дека ќе бидеме едно.

Како што забележа Претседателот Далин Х. Оукс, денес е почеток на Светата Недела, со што се одбележува триумфалното влегување на Господ во Ерусалим, Неговото страдање во Гетсиманија, неговата смрт на крстот само неколку дена подоцна, и Неговото славно Воскресение неделата на Велигден. Ајде да одлучиме никогаш да не заборавиме што Христос претрпе за да нѐ искупи.1 И никогаш да не ја изгубиме огромната радост што ќе ја почувствуваме повторно на Велигден додека размислуваме за Неговата победа над гробот и дарот на сеопшто воскресение.

Ноќта во пресрет на искушенијата и распнувањето што Го очекуваа, Исус се придружи на пасхалната вечера со Неговите апостоли. На крајот од оваа Тајна вечера, во света посредничка молитва, Исус го молеше својот Отец велејќи: „Оче свети, запази ги во Твоето име [моите апостоли] оние што си ми ги дал, за да бидат едно, како што сме и Ние.“2

Потоа, нежно, Спасителот го прошири Своето барање да ги вклучи сите верници:

„Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во мене;

„За да бидат сите едно; како што си ти Оче, во мене, и Јас во тебе, па така и тие да бидат во нас едно.“3

Да се биде едно е тема која се повторува во евангелието на Исус Христос и во Божјите постапки со Неговите чеда. Осврнувајќи се на градот Сион во деновите на Енох, се вели дека „тие беа со едно срце и една мисла4 За првите Светци од примитивната Црква на Исус Христос, Новиот Завет пишува, „А народот што поверува имаше едно срце и една душа.“5

Во нашата евангелска епоха, Господ предупреди, „Ви велам, бидете едно; зашто ако не сте едно не сте мои“6 Една од причините што Господ ја наведе, зошто првите Светци во Мисури не успеале да воспостават место за Сион, била што „тие не се обединети во поглед на единството што го бара законот на небесното царство.“7

Каде што Бог надвладува во сите срца и умови, народот се опишува како „едно, деца Христови“.8

Кога воскреснатиот Спасител му се појавил на древниот народ во Книга на Мормон, Тој забележал со неодобрување дека во минатото имало несогласувања меѓу народот за крштевањето и за другите работи. Заповедал:

„Да нема препирања меѓу вас, како што имаше досега; ниту пак да има препирања меѓу вас во поглед на суштината на моето учење, како што имаше досега.

Зашто навистина, вистина ви велам, оној кој има дух на препирање не е од мене, туку од ѓаволот кој е татко на препирањата.”9

Во нашиот крајно конфликтен свет, како да се постигне единство, особено во Црквата, каде што сме за да имаме „еден Господ, една вера, и едно крштевање“?10 Апостол Павле ни го дава клучот:

„Зашто сите што сте се крстиле во Христа, се облековте во Христа.

„Нема веќе ни Јудејци ни Елини, ни роб ни слободен, нема машко женско: зашто сите вие сте едно во Христос.“11

Премногу сме различни а понекогаш и премногу несогласни за да се здружиме како едно на која било друга основа или под кое било друго име. Само во Исус Христос можеме вистински да станеме едно- да се обединиме.

Станувањето едно во Христа се случува поединечно–секој почнуваме од себе. Ние сме двојни телесни и духовни суштества и понекогаш сме во војна со самите себе. Како што изјави Апостол Павле:

„Бидејќи според својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји;

„Но во [своите телесни делови] гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во гревовниот закон, кој е во моите органи.“12

И Исус беше суштество од тело и дух. Тој беше искушуван; Тој разбира; Тој може да ни помогне да постигнеме внатрешно единство.13 Затоа, потпирајќи се на светлината и благодатта Христова, се обидуваме да му дадеме на нашиот дух–и на Светиот Дух– власт над физичкото. И ако не успееме, Христос, преку Неговото Помирување ни даде дар на покајание и можност да се обидеме повторно.

Ако поединечно секој од нас „го облече Христос“, тогаш заедно можеме да се надеваме дека ќе станеме едно, како што вели Павле, „телото на Христос“.14 Секако, „облекувањето на Христос“ значи да ја исполниме Неговата „прва и најголема заповед“15 нашата прва и најголема определба и ако го сакаме Бога, ќе ги почитуваме Неговите заповеди.16

Единството со нашите браќа и сестри во телото Христово расте додека ја одржуваме втората заповед, нераскинливо поврзана со првата, да ги сакаме другите како себеси.17 И претпоставувам дека ќе се постигне уште посовршено единство ако го следевме повисокото и посвето изразување на оваа втора заповед на Спасителот: да се љубите еден со друг како Тој што нè возљуби.18 Накратко, тоа е „секој човек да го бара интересот на својот ближен и да прави сѐ со едно око за слава Божја.”19

Претседателот Мерион Г. Ромни, поранешен советник во Првото Претседателство, објаснувајќи како се постигнува траен мир и единство, вели:

„Ако едно лице, покорувајќи му се на Сатаната, е исполенето со телесни дела, тој војува со себе. Ако двајца се покоруваат, секој од нив војува со себе и се борат меѓусебно. Ако многу луѓе му се покоруваат, општеството [жнее] жетва на голем стрес и расправија. Ако владетелите на една земја се покоруваат, има несогласувања низ светот.

Претседателот Ромни продолжува: „Како што делата на грешната телесна природа имаат универзална примена, така е и со евангелието на мирот. Ако еден човек го живее евангелието, тој има мир во себе. Ако двајца луѓе го живеат, тие имаат мир во себе и меѓу себе. Ако граѓаните го живеат, нацијата има внатрешен мир. Кога има доволно нации кои уживаат во плодовите на Духот за да ги контролираат светските работи, тогаш, и само тогаш, нема да се развеат борбените знамиња и нема да бијат тапаните на војната. (See Alfred Lord Tennyson, „Locksley Hall“, The Complete Poetical Works of Tennyson, ed. W. J. Rolfe, Boston: Houghton-Mifflin Co., 1898, p. 93, lines 27–28.)“20

Кога го „облекуваме Христос“, станува возможно или да ги решиме или да ги оставиме настрана разликите, несогласувањата и споровите. Доста драматичен пример за надминување на поделбата се наоѓа во нашата црковна историја. Старешина Брингам Хенри Робертс (познат како Б. Х. Робертс), роден во Англија во 1857, служел како член на Првиот Совет на Седумдесетте – она што денес го нарекуваме Претседателство на Седумдесетмината. Старешина Робертс беше способен и неуморен застапник за обновеното евангелие и за Црквата во некои од нејзините најтешки времиња.

Слика
Младиот Б.Х. Робертс

Меѓутоа, во 1895 година, службата на Старешина Робертс во Црквата беше ставена во опасност од расправија. Б. Х. беше назначен како делегат на конвенцијата што го приготви нацрт уставот на Јута кога таа стана држава. Потоа, тој одлучи да стане кандидат за Конгресот на Соединетите Држави но не го извести, ниту пак побара дозвола од Првото Претседателство Претседателот Џозеф Ф. Смит, советник во Првото Претседателство, го цензурираше Б. Х. за таа грешка на состанокот на генерално свештенство. Старешина Робертс ги загуби изборите и почувтвува дека неговиот пораз се должи во голема мера на изјавите на Претседателот Смит. Тој ги критикуваше црковните водачи во некои политички говори и интервјуа. Се повлече од активната црковна служба. Во долгата средба во Храмот Солт Лејк Сити со членовите на Првото Претседателство и Советот на Дванаесеттмината, Б.Х. остана непопустлив во оправдувањето. Подоцна, „Претседателот [Вилфорд] Вудруф му даде на [Старешина Робертс] рок од три недели за да го преиспита својот став. Доколку не се покаеше, ќе го ослободеа од Седумдесетмината.“21

На претстојната приватна средба со Апостолот Хебер Џ. Грант и Францис Лајман, Б.Х. беше непопустлив, но на крајот љубовта и Светиот Дух надвладеаја. Солзите надојдоа на неговите очи. Двајцата апостоли беа во можност да одговорат на одредени согледани омаловажувања и навреди што го вознемирија Б. Х., и тие заминаа со искрена молба за помирување. Следното утро, после долга молитва, Старешина Робертс испрати белешка до Старешините Грант и Лајман во која укажува дека е подготвен повторно да се обедини со своите браќа.22.

Кога подоцна се сретна со Првото Претседателство, Старешина Робертс рече, „Отидов кај Господ и примив светлина и насока од Неговиот Дух да се потчинам на власта Божја.“23 Мотивиран од неговата љубов кон Бога, Б.Х. Робертс остана верен и способен црковен водач до крајот на својот живот.24.

Слика
Старешина Б.Х. Робертс

Од овој пример можеме исто така да заклучиме дека единството не значи едноставно прифаќање дека секој треба да прави што сака или да оди по својот пат. Можеме да бидеме обединети само ако ги насочиме сите наши напори на заедничката кауза. Тоа значи, според зборовите на Б. Х. Робертс, потчинување на Божјата власт. Ние сме различни делови од телото Христово, извршувајќи различни функции во различно време – ушите, очите, главата, дланката, стапалата – но сите сме едно тело.25 Затоа, нашата цел е „да нема поделба во телото; туку деловите треба да имаат еднаква грижа еден за друг.“26

Единството не бара сличност, но бара хармонија. Ние може да ги испреплетиме нашите срца во љубов, да бидеме единствени во верата и учењата, а сепак да не се согласуваме за различни политички прашања, да разговараме за целите и вистинскиот начин да ги постигнеме и многу повеќе. Но, никогаш не смееме да не се согласуваме или да се бориме еден со друг со лутина и презир. Кажа Спасителот:

„Зашто, навистина, вистина ви велам, оној кој го има духот на препирање не е од мене, туку од ѓаволот, кој е таткото на препирањата, и тој ги поттикнува срцата човечки за да се расправаат со гнев, едни кон други“.

„Ете, не е моја доктрина да ги поттикнувам срцата на луѓето да се лутат еден против друг; мојата доктрина е дека таквите работи треба да се отфрлат.”27

Пред една година, Претседателот Нелсон пледираше до нас со овие зборови: „Никој од нас не може да контролира народи или да ги контролира постапките на другите дури и на членовите на нашите семејства. Но, можеме да се контролираме самите себе. Мојот повик денес, почитувани браќа и сестри, е да се стави крај на конфликтите што беснеат во вашето срце, вашиот дом, и вашиот живот. Закопајте ги сите склоности за повредување на другите–без разлика дали тие склоности се темперамент, остар јазик, или огорченост кон некој што ве повредил. Спасителот ни заповеда да го свртиме другиот образ [види 3 Нефи 12:39], да ги сакаме своите непријатели, и да се молиме за оние кои презирно нѐ искористуваат [види 3 Нефи 12:44].”28

Повторувам дека само преку нашата индивидуална лојалност и љубов за Исус Христос можеме да се надеваме дека ќе бидеме обединети–обединети во себе, обединети дома, обединети во Црквата, на крај обединети во Сион, а над сѐ, обединети во Отецот и Синот и Светиот Дух.

Се навраќам на настаните од Светата Недела и крајниот триумф на нашиот Искупител. Воскресението на Исус Христос сведочи за Неговата божественост и дека Тој победил сѐ. Неговото Воскресение сведочи дека, сврзани со Него преку завет и ние можеме да ги надминеме сите работи и да станеме едно. Неговото Воскресение дава сведоштво дека преку Него, бесмртноста и вечниот живот се реалост.

Ова утро, јас давам сведоштво за Неговото буквално Воскресение и сѐ што тоа подразбира, во името на Исус Христос, амин.