Генерална Конференција
Никогаш не откажувај се од можноста да сведочиш за Христос
Април 2023 генерална конференција


Никогаш не откажувај се од можноста да сведочиш за Христос

Вистинската радост почива на нашата подготвеност да се приближиме до Христос и да сведочиме за себе.

На денешен ден пред пет години, ги кренавме рацете за да го поддржиме нашиот сакан пророк, Претседателот Расел М. Нелсон, како Претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни– кој зборува во името на Господ за оваа впечатлива сезона на раст и откровение. Преку него, добиваме безброј покани и ни беа ветени славни благослови доколку му дозволиме на Спасителот, Исус Христос да ги контролира нашите животи

Во 2011 година, додека со мојот сопруг служевме како водачи на мисија во убавата Курибита, Бразил, мојот телефон заѕвони за време на средбата. Брзајќи да го замолчам, забележав повик од татко ми. Брзо го напуштив состанокот за да одговорам: „Здраво, Тато!“

Неочекувано, неговиот глас беше исполнет со емоции: „Здраво Бони. Морам да ти кажам нешто. Ми беше дијагностицирана АLS(Amyotrophic lateral sclerosis).“

Во умот ми се вртеше од збунетост, „Чекај! Што е тоа ALS?

Татко ми веќе почна да ми објаснува, „Мојот ум ќе остане потполно свесен додека телото полека ќе ми замира“.

Чувствував како целиот мој свет се менува додека почнав да се борам со последиците од оваа тажна вест. Но, на овој незаборавен ден, неговата последна реченица најде трајно место во моето срце. Мојот почитуван татко сериозно рече, „Бони, никогаш не откажувај се од можноста да сведочиш за Христос.“

Размислував и се молев за советот на тато. Често се прашував себе си дали сфаќам што значи никогаш да не се откажеш од можноста да сведочиш за Исус Христос.

Како вас, понекогаш стоев во првата недела од месецот и сведочев за Христа. Многупати сведочев за евангелските вистини како дел од лекција. Смело ја поучував вистината и ја објавував божественоста на Христос додека бев мисионер.

Сепак, оваа молба се однесуваше лично на мене! Изгледаше како да вели, „Бони не дозволувај светот да ти го одвлекува вниманието! Остани верна на своите завети со Спасителот. Барај да ги доживееш Неговите благослови секој ден, и биди во можност да сведочиш преку Светиот Дух за Негоата моќ и присуство во твојот живот!“

Живееме во отпаднат свет, со одвлекувања на вниманието кои ни ги заведуваат очите и срцата надолу наместо кон небото. Многу слично на Нефитите во 3 Нефи 11, имаме потреба од Исус Христос. Можете ли да се замислите себе си таму, меѓу луѓето кои доживеале толку хаос и уништување? Како би било да се слушне Господовиот личен повик:

„Станете и дојдете кај мене за да ги ставите рацете на моите ребра, и да ги почувствувате лузните од клиновите на моите раце и нозе, за да може да знаете дека јас сум … Бог на целата земја, и дека бев убиен за гревовите на светот.

„[И] мноштвото излезе … еден по еден … и видоа со свои очи и почувствуваа со свои раце, и знаеја… и посведочија.“1

Овие Нефити со нетрпение тргнале напред да ги забодат нивните раце на Неговите ребра и да ги почувствуваат лузните од клиновите на Неговите раце и стапала, за да можат и самите да посведочат дека тоа е Христос. Слично на тоа, многу од верниците кои го проучуваа Новиот Завет оваа година со нетрпение го очекуваат Христовото доаѓање. Поради тоа, тие излегоа од нивите, работните клупи ги напуштија трпезите и тргнаа по Него, се притискаа до Него, го опколија и седнаа со Него. Дали сме желни да сведочиме самите за себе како мноштвото во светите писма? Дали благословите што ги бараме се помалку еопходни од нивните?

Кога Христос физички ги посетил Нефитите во нивниот храм, Неговата покана не била да стојат на растојание и да се угледаат на Него, туку да го допрат, за да ја почувствуваат за себе реалноста на Спасителот на човештвото. Како можеме да се приближиме доволно за да стекнеме лично сведоштво за Исус Христос? Ова е дел од она што татко ми се обидуваше да ме научи. Иако можеби нема да уживаме во истата физичка блискост како оние кои оделе со Христос за време на Неговата земна служба, преку Светиот Дух можеме да ја искусиме Неговата моќ секој ден! Токму колку што ни е потребна!

Младите жени ширум светот ме научија толку многу за барањето на Христос и за стекнувањето на секојдневно, лично сведоштво за Него. Дозволете ми да ја споделам мудроста на две од нив:

Ливи ја гледаше генералната конференција целиот свој живот. Всушност, во нејзината куќа традиционално се гледаат сите пет сесии како семејство. Во минатото, конференциите за Ливи значеа шкртање или бесцелно фаќање белешки или повремено заспивање. Но, генералната конференција од минатиот октомври беше поинаква. Таа стана лична.

Овој пат, Ливи одлучи да стане активен слушател. Таа ги замолчуваше известувањата на нејзиниот телефон и ги запишуваше впечатоците од Духот. Беше вчудоневидена кога почувствува конкретни работи што Бог сакаше да ги слушне од неа и да ги направи. Оваа одлука донесе промена во нејзиниот живот речиси веднаш.

Само неколку денови подоцна нејзините пријатели ја поканија на непристоен филм. Таа размислуваше, „Почувствував како зборовите и духот на конференцијата ми се враќаат во срцето, и се слушнав како ја одбивам нивната покана.“ Исто така имаше храброст да го сподели нејзиното сведоштво за Спасителот во нејзиниот оддел.

По овие настани таа изјави, „Неверојатно е што кога се слушнав себе си како сведочам дека Исус е Христос, почувствував дека Светиот Дух повторно ми го потврди тоа“.

Ливи не скокаше како камен над површината за време на конференцискиот викенд; таа се задлабочи во неа, со умот и духот, и таму го пронајде Спасителот.

А, има и една Меди. Кога нејзиното семејство престана да ја посетува црквата, Меди беше збунета и не беше сигурна што да прави. Свати дека нешто значајно недостасува. Така, на 13 годишна возраст, Меди почна сама да оди во црква. Иако понекогаш беше тешко и непријатно да се биде сама, таа знаеше дека може да го најде Спасителот во црквата и сакаше да биде таму каде што е и Тој. Таа рече, „Во црква мојата душа се чувствува како да е дома.“

Меди се држеше до фактот што нејзиното семејство е запечатено заедно за вечноста. Таа започнала да ги носи своите помлади браќа со себе во црква и заедно со нив да ги проучува светите писма дома. На крај нејзината мајка почнала да им се придружува. Меди ѝ кажала на мајка си за нејзината желба да служи мисија и ја прашала дали би била подготвена да присуствува во храмот со неа.

Денес Меди е во ЦОМ (центарот за обука на мисионери). Таа служи. Таа сведочи за Христос. Нејзиниот пример ѝ помогна да ги врати и двајцата родители во храмот и назад кај Христос.

Како Ливи и Меди, додека избираме да го бараме Христос, Духот ќе сведочи за Него во многу различни ситуации. Ова сведочи за појавување на Духот кога ние постиме, се молиме, чекаме и продолжуваме напред. Често восхитување на Бога во храмот, секојдневното покајание, проучувањето на светите писма, присуството во Црква и црковна семинарија, размислувањето за нашите патријаршки благослови, достојното прифаќање на обредите и почитување на светите обреди ја градат нашата блискост со Христос. Сите овие го повикуваат Духот да го просветли нашиот ум, и носат дополнителен мир и заштита. Но дали ги почитуваме како свети можности да се сведочи за Христос?

Присуствував во храмот многупати, но кога го величам во домот Господов, тоа ме менува. Некогаш додека постам, се чувствувам како да гладувам, но други пати, јас се гоштевам со Духот со цел. Понекогаш мрморев добро познати и рутински молитви, но исто така доаѓав желна да добивам совет од Господ преку молитва.

Има моќ во извршувањето на овие свети навики, но не доколку се извршат како список на работи што треба да ги завршам туку повеќе како сведоштво. Процесот ќе биде постепен, но ќе расте со секојдневно активно учество и целисходни искуства со Христос. Кога доследно дејствуваме врз Неговите учења, добиваме сведоштво; и градиме однос со Него и со нашиот Небесен Отец. Почнуваме да стануваме како Нив.

Противникот создава толку многу врева што станува тешко да се слушне Господовиот глас. Нашиот свет, нашите предизвици, нашите околности нема да станат потивки, но ние можеме и мораме да гладуваме и да жеднееме за Христовите работи за јасно да го „слушнеме Него“ .2 Сакаме да создадеме меморија за моторни вештини на учеништво и сведоштво што ја фокусира нашата доверба на Спасителот секој ден.

Мојот татко го нема повеќе од 11 години, но неговите зборови сѐ уште живеат во мене. „Бони, никогаш не откажувај се од можноста да сведочиш за Христос.“ Ве повикувам да ми се придружите во прифаќањето на оваа покана Барајте го Христос насекаде, ви ветувам дека Тој е тука!3 Вистинската радост почива на нашата подготвеност да се приближиме до Христос и да сведочиме за себе.

Знаеме дека во последните денови, „секое поколение ќе се поклони, и секој јазик ќе се исповеда“ дека Исус е Христосот.4 Се молам ова сведоштво да стане нормално и природно искуство за нас сега, да ја искористиме секоја прилика радосно да сведочиме: Исус Христос живее!

Ох, колку Го сакаме. Колку сме благодарни за Неговото бесконечно Помирување, кое го „направи вечниот живот и бесмртноста реалност за сите [нас]“.5 Јас сведочам за добрината на Спасителот и големата слава во Негово свето име, дури и Исус Христос, амин.