Генерална Конференција
Учења за Припадност
Октомври 2022 Генерална Конференција


Учења за Припадност

Доктрината на припадност се сведува на ова за секој од нас: Јас сум едно со Христос во евангелскиот завет.

Би сакал да зборувам за она што јас го нарекувам доктрина на припадност во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Оваа доктрина има три дела: (1) улогата на членството во собирање на Господовиот заветен народ, (2) важноста на службата и жртвата во членството, и (3) централноста на Исус Христос во припадноста.

Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во своите рани почетоци во најголем дел била составена од бели северно американски и северно европски светци со по неколку домородци, африканци и жители на пацифичките острови. Сега, осум години од 200-годишнината од основањето, Црквата е значително побројна и поразнолика во Северна Америка а уште повеќе во остатокот од светот.

Како што расте долго-пророкуваниот собир на подоцнежните дни на заветниот Господов народ, Црквата навистина ќе биде составена од членови од сите нации, племиња, јазици и народи.1 Ова не е пресметана или присилна разноликост туку природно настанат феномен што ќе го очекуваме, препознавајќи дека евангелската мрежа се собира од секоја нација и секоја народ.

Колку благословени сме што гледаме дека Сион се воспоставува истовремено на секој континент и во нашето сопствено соседство. Како што кажа Пророкот Џозеф Смит, божјиот народ во секоја доба со радосно исчекување го очекуваше овој ден, и ние сме омилениот народ што Бог го избра за да ја донесе славата на Подоцнежните Дни.“2

Имајќи ја оваа привилегија, не смееме да дозволиме било каков расизам, племенски предрасуди или други поделби за да постоиме во Христовата Црквата од подоцнежните дни. Господ ни заповеда, „Бидете едно; а ако не сте едно не сте мои.“3 Треба да бидеме трудољубиви во искоренувањето на предрасудите и дискриминацијата надвор од Црквата, надвор од нашите домови, и, што е најважно, надвор од нашите срца. Како што нашата црковна популација станува сѐ поразонолика, мора да расте и нашата гостопримливост, спонтаност и топлина. Имаме потреба едни од други.4

Во неговото прво послание до Коринтјаните, Павле изјавува дека сите оние кои се крстени во Црквата се едно во телото на Христос:

„И како што телото е едно, а има многу делови, и сите делови од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се: така и Христос.

„Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело, било да сме Јудејци или Елини, било робови или слободни; сите сме во еден Дух напоени. …

„… За да нема раздори во телото; но деловите подеднакво да се грижат едни за други.

„А кога страда еден дел, тогаш страдаат сите делови; и кога се слави еден од деловите тогаш со него се радуваат сите делови.“5

Сенсот за на припадност е важен за нашата физичка, ментална и духовна благосостојба. Сепак, сосема е можно секој од нас понекогаш да се чувствува како да не припаѓа. Во моменти на обесхрабреност, можеби чувствуваме дека никогаш нема да живееме според високите стандарди на Господ или очекувањата на другите. Може несвесно да им наметнуваме на другите—па дури и на самите себе— очекувања кои не се оние на Господ. Можеме да комуницираме на суптилни начини дека вредноста на душата се заснова на специфични достигнувања или повици, но тие не се мерка за нашата положба во очите на Господ „Господ гледа на срцето.“7 Тој се грижи за нашите желби и копнежи и за тоа што ние стануваме.8

Сестра Џоди Кинг пишува за нејзиното сопствено искуство од изминатите години:

„Никогаш не почувствував дека не припаѓам на црквата сѐ додека мојот сопруг, Камерон и јас не почнавме да се бориме со неплодност. Децата и семејствата кои вообичаено ми носеа радост што ги гледам во црква сега започнаа да ми предизвикуваат тага и болка.

„Без дете или торба со пелени во моите раце се чувствував јалово. …

„Најтешка недела ни беше првата во новиот оддел. Бидејќи немавме деца, нѐ прашуваа дали сме тукушто венчани и кога планираме да оформиме семејство. Давав прилично добри одговори на поставените прашања без да им дозволам да влијаат на мене—знаев дека не беа наменети да ме повредат.

„Сепак, во оваа конкретна недела, одговарањето на овие прашања беше особено тешко. Само што дознавме, откако се надевавме, дека—повторно—не сум трудна.

„Влетав на сакраменталната средба чувствувајќи се совладано, и ми беше тешко да одговорам на типичните прашања, оние од типот ‘да се запознаеме’ . …

„Но Неделната Школа беше онаа што навистина го скрши моето срце. Лекцијата—наменета да биде за божествената улога на мајките—брзо ја смени дискусијата и стана сесија за искажување на фрустрации. Моето срце потона и солзи тивко течеа по моите образи кога слушнав како жените се жалат за благословот за кој би дала сѐ.

„Излегов од црквата. Отпрвин, не сакав да се вратам. Не сакав повторно да го доживеам тоа чувство на изолација. Но таа ноќ, откако разговаравме со мојот сопруг, знаевме дека ќе продолжиме да одиме во црква не само затоа што Гопод ни го побара тоа, туку и затоа што и двајцата знаевме дека радоста што доаѓа од обновувањето на заветите и чувството на Духот во Црква ја надминува тагата што ја почувствував тој ден. …

„Во Црквата, има вдовици, разведени, и самохрани членови, оние чии членови на семејството отпаднале од евангелието; луѓе со хронични болести или финансиски проблеми; членови кои доживуваат истополова привлечност; членови кои работат на надминување на зависностите или сомнежите, неодамна преобратени; ново преселени; брачни партнери чии деца се отселени; и списокот продолжува и натаму. …

„Спасителот нѐ кани да доаѓаме кај Него—без разлика на околностите. Доаѓаме во црква за да ги обновиме нашите завети, да ја зголемиме нашата вера, да најдеме мир, и да постапиме како што Тој направил совршено во својот живот—да им служиме на другите кои чувствуваат дека не припаѓаат.“9

Павле објаснил дека Црквата и нејзините служители се од Бога дадени „за усовршување на светците, во делото на служењето, за изградување на телото Христово:

„Додека сите не дојдеме до единството на верата и спознанието на Божјиот Син, во совршен човек, во мерката на растот на полнотата Христова.“10

Затоа, тажна иронија е кога некој, чувствувајќи дека не го исполнува идеалот во сите аспекти на животот, заклучува дека тој или таа не припаѓа на самата организација создадена од Бога да ни помогне да напредуваме кон идеалот.

Ајде да ја оставиме пресудата во Божји раце и во рацете на оние кои Бог ги нарачал и да бидеме задоволни што сакаме и се однесуваме едни кон други најдобро што можеме. Ајде да побараме од Него да ни го покаже патот, ден по ден, да „ги донесе … бедните, слабите, куците и слепите”11—односно сите—за Господовиот голем празник.

Вториот аспект на доктрината на припадност има врска со нашите сопствени придонеси. Иако ретко размислуваме за тоа, голем дел од нашата припадност доаѓа од нашата служба и жртвите што ги правиме за другите и за Господ. Претерано фокусирање на нашите лични потреби или на нашата сопствена удобност може да го изневери тоа чувство на припадност.

Ние се трудиме да ја следиме доктрината на Спасителот:

„А кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга. …

„Зашто и Синот човечки не дојде за да Му служат, но да послужи, и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“12

Припадноста не доаѓа кога ние ја чекаме туку додека посегнуваме да си помогнеме едни на други.

Денес, за жал, да се посветиш на некоја кауза или да жртвуваш нешто за некој друг станува контракултурно. Во една статија за Списанието „Deseret“ минатата година, авторот Род Дрехер раскажуваше разговор со една млада мајка во Будимпешта:

„Се наоѓам во Будимпештански трамвај со … пријателка во раните 30-ти години—ајде да ја наречема Кристина—попатно сакаме да интервјуираме постара жена [Христијанка] која, со нејзиниот починат сопруг, го издржа прогонот од комунистичката држава. Додека се судираме по градските улици, Кристина зборува за тоа колку е тешко да се биде искрен со пријателите на нејзина возраст за тешкотиите со кои се соочува како жена и мајка на мало дете.

„Тешкотиите на Кристина се сосема обични за млада жена која учи како да биде мајка и сопруга—сепак преовладувачкиот став кај нејзината генерација е дека животните тешкотии се закана за нечија благосостојба и треба да се одбијат. Дали таа и нејзиниот сопруг понекогаш се расправаат? Тогаш таа треба да го остави, велат тие. Дали нејзините деца ја нервираат? Тогаш таа треба да ги испрати во дневен престој.

„Кристина е загрижена што нејзините пријатели не разбираат дека тешкотиите, па дури и страдањата, се дел од нормалниот живот—а можеби дури и добар живот, ако тоа страдање нѐ научи да бидеме трпеливи, љубезни и сакани. …

„… Социологот по религија од Универзитетот Нотр Дам, Кристијан Смит, во својата студија за возрасни [на возраст]18-23 откри деќа повеќето од нив веруваат дека општеството не е ништо повеќе од ‘збир на автономни поединци желни да уживаат во животот.’“13

Според оваа филозофија, што и да му е некому тешко “е форма на угнетување.”14

Спротивно на тоа, нашите пионери претци развија длабоко чувство на припадност, единство и надеж во Христос преку жртвите што ги дале за да служат мисија, градат храмови, да ги напуштат удобните домови под присила и да почнат отпочеток, и на многу други начини да се осветат себе си и своите добра на каузата на Сион. Беа подготвени да ги жртвуваат дури и своите животи доколку е потребно. Сите ние сме корисници на нивната издржливост. Истото важи и за многумина денес кои може да ги изгубат семејството и пријателите, да ги загубат можностите за вработување, или на друг начин да страдаат од дискриминација или нетолеранција како резултат на нивното крштевање. Сепак, нивната награда, е моќното чувство на припадност меѓу заветните луѓе. Било каква жртва што ја правиме во Господовото дело ни помага да го потврдиме нашето место со Него кој го даде Својот живот како откупнина за многумина.

Последниот и најважен елемент на доктрината на припадност е централната улога на Исус Христос. Ние не се приклучуваме на Црквата само за заедништво, колку и да е тоа важно. Се приклучуваме за откуп низ љубовта и милоста на Исус Христос. Се приклучуваме за обезбедување на обредите за спасение и возвишение за нас и оние кои ги сакаме од двете страни на превезот. Се приклучуваме за да учествуваме во одличен проект за воспоставување на Сион и подготовка за Господовото враќање.

Црквата е чувар на заветите за спасение и воздигнување кои Бог ни ги нуди преку обредите на светото свештенство.15 Токму со почитување на овие завети го добиваме највисокото и најдлабокото чувство на припадност. Претседателот Расел М. Нелсон неодамна напиша:

„Штом вие и јас еднаш се заветиме со Бога, нашиот однос со Него станува многу поблизок отколу пред нашиот завет. Сега сме врзани заедно. Поради нашиот завет со Бога, Тој никогаш нема да се измори во нашите напори да ни помогне, и ние никогаш нема да го измориме Неговото милосрдно трпение со нас. Секој од нас има посебно место во Господовото срце. …

„… Исус Христос стана посредник на овие завети (види Евреите 7:22; 8:6).”16

Ако се сеќаваме на ова, Господовите големи надежи за нас ќе нѐ инспирираат, и нема да нѐ обесхрабрат.

Можеме да чувствуваме радост додека тежнееме, индивидуално и заеднички „до мера на големината на Христовата полнота.“17 И покрај разочарувањата и неуспесите на патот, тоа е голема потрага. Се возвишуваме и охрабруваме еден со друг тежнеејќи кон нагорниот пат, знаејќи дека без разлика на турбуленциите и без разлика на одложувањето на ветените благослови, можеме „да имате мир во мене; [зашто Христос го] победил светот,“18 и ние сме со Него. Да се биде едно со Отецот, Синот и Светиот Дух без сомнение е врв на припадноста.19

Така, доктрината на припадност се сведува на ова—секој од нас може да каже: Исус Христос умре за мене; Ме најаде достоен за Неговата крв. Тој ме сака и може да промени сѐ во мојот живот; Ако се покаам, Неговата милост ќе ме преобрази. Јас сум едно со Него во евангелскиот завет; Јас припаѓам на Неговата Црква и царство; јас припаѓам на Неговата кауза за да донесам откуп за сите Божји деца.

Сведочам дека припаѓате, во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Откровение 5:9; види исто така 1 Нефи 19:17; Мосија 15:28; Учење и Завети 10:51; 77:8, 11.

  2. Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith (2007), 186.

  3. Учења и Завети 38:27.

  4. Еден остар набљудувач забележал:

    Религијата што е само приватна работа беше, сѐ до денешно време, непозната во аналите на човештвото—и тоа со добра причина. Таквата религија брзо се сведува на задоволство во затворен простор, еден вид на хоби на еден или повеќе поединци, како читање на книга или гледање на телевизија. Затоа, не е ни чудно што стремежот за духовност стана толку модерен. Тоа е она што поединци, ослободени од религија, очајно го бараат како замена.

    „Духовноста е несомнено интегрален дел на сите религии—но минорен дел, и не смее да биде замена за целината. Религијата не е некаков вид на физичка вежба што одвреме навреме нуди апстрактно доживување Таа или го обликува нечиј живот—сѐ во неговиот живот—или исчезнува, оставајќи зад себе вознемирени, празни души до кои не може да стигне ниту една психотерапија. А за да религијата обликува нечиј живот, таа треба да биде јавна и на заедницата; треба да биде поврзана со мртвите и неродените,“ (Irving Kristol, „The Welfare State’s Spiritual Crisis,“ Wall Street Journal, Feb. 3, 1997, A14).

  5. 1 Коринтјаните 12:12–13, 25–26.

  6. Види Russell M. Nelson, „Perfection Pending,“ Ensign, Nov. 1995, 86–88; and Jeffrey R. Holland, „Be Ye Therefore Perfect—Eventually,“ Liahona, Nov. 2017, 40–42.

  7. 1 Самуил 16:7.

  8. Како што рече Џефри Р. Холнд, „‘Дојдете такви какви што сте,’ љубен Отец му вели на секој од нас, но Тој додава, ‘Не планирајте да останете такви какви што сте.’ Се насмевнуваме и се потсетуваме дека Бог е решен да нѐ направи подобри отколку што мислевме дека можеме да станеме.” („Songs Sung and Unsung,“ Liahona, May 2017, 51).

  9. Jodi King, „Belonging in the Church through the Lens of Infertility,“ Liahona, Mar. 2020, 46, 48–49.

  10. Ефесјаните 4:12–13.

  11. Лука 14:21.

  12. Марко 10:43, 45; додаден акцент.

  13. Rod Dreher, „A Christian Survival Guide for a Secular Age,“ Deseret Magazine, Apr. 2021, 68.

  14. Dreher, „A Christian Survival Guide for a Secular Age,“ 68.

  15. Види Учење и Завети 84:19-22.

  16. Russell M. Nelson, „The Everlasting Covenant,” Liahona, Oct. 2022, 6, 10.

  17. Ефесјаните 4:13.

  18. Јован 16:33.

  19. Види Јован 17:20–23. „И еве ви препорачувам да го побарате тој Исус за кого пророците и апостолите пишуваат, за да благодатта на Бог Отецот, а и Господ Исус Христос, и Светиот Дух кој сведочи за нив, биде и да остане во вас засекогаш“ (Етер 12:41).