Генерална Конференција
Дозволете Правењето Добрина Да Биде Наша Нормалност
Октомври 2022 Генерална Конференција


Дозволете Правењето Добрина Да Биде Наша Нормалност

Ако сме цврсти и непоколебливи во правењето добрина, нашите обичаи ќе ни помогнат да останеме на заветниот пат.

Секогаш ќе бидам благодарен за моите задачи во Црквата што ме одведоа да живеам во различни држави. Во секоја од овие држави пронајдовме голема разноликост и исклучителни луѓе со различни обичаи и традиции.

Сите ние имаме обичаи и традиции кои се лични, од нашето семејство или од заедницата во која живееме, и се надеваме дека ќе ги задржиме сите оние кои се усогласени со евангелските принципи. Осветувањето на обичаите и традициите се во основата на нашите напори да останеме на заветниот пат, а оние што ни претставуваат пречка, ќе мора да ги отфрлиме.

Обичај е честа и вообичаена практика или начин на размислување на една личност, култура или традиција. Често, работите што ги мислиме и правиме на вообичаен начин се препознаваат како нормални.

Дозволете ми да го илустрирам ова: Патрисија, мојата сакана сопруга, сака да пие кокосова вода а потоа да го изеде кокосот. За време на нашата прва посета на Пуебла, Мексико, отидовме на место каде може да се купи кокос. Откако ќе ја испие водата, мојата сопруга бара да и го исечат кокосот и да и ја донесат внтрешноста за да ја изеде. Кога дојде, беше црвеникава. Тие го попрскале со чили! Сладок кокос со чили! Нам ни изгледаше тоа толку чудно. Но потоа дознав дека во суштина ние двајца сме чудните, кои не јадат кокос со чили. Во Мексико, ова не е реткост; тоа е толку нормално.

Во друга прилика јадевме во Бразил со пријателите и ни послужија авокадо. Само што сакавме да го посипеме со сол, нашите пријатели ни рекоа, „Што правите? Веќе ставивме шекер на авокадото!“ Авокадо со шекер! Тоа нам ни изгледаше толку чудно. Но потоа дознав дека во суштина ние двајца сме чудните, кои не јадат авокадо со шекер. Во Бразил, авокадото посипано со шекер е нормално.

Она што е нормално за некои може да биде чудно за други, во зависност од обичаите и традициите.

Кои обичаи и традиции се нормални во нашите животи?

Претседателот Расел М. Нелсон рече: „Денес често слушаме за ‘новото нормално.’ Ако навистина сакате да прифатите нова нормала, ве повикувам сѐ повеќе да го насочувате вашето срце, ум и душа кон нашиот Небесен Отец и Неговиот Син, Исус Христос. Ајде тоа да биде вашата нова нормалност“ („A New Normal,“ Liahona, Nov. 2020, 118).

Оваа покана е за сите. Не е важно дали сме сиромашни или богати, образовани или необразовани, стари или млади, болни или здрави. Тој нѐ повикува да им дозволиме на нормалните работи во нашите животи да бидат оние што ни помагаат да останеме на заветниот пат.

Ниту една држава не ја содржи севкупноста на она што е добро или восхитувачки. Затоа, како што поучија Павле и Пророкот Џозеф Смит:

„Ако постои нешто доблесно, привлечно, на добар глас или достојно за пофалба, ние ги бараме овие работи.“ (Поставки на верата 1:13).

„Ако има нешто за пофалба, само на тоа мислете“ (Филипјаните 4:8).

Забележете дека ова е предупредување, а не само коментар.

Би сакал сите ние да одвоиме еден момент за размислување за нашите обичаи и за начинот на кој тие влијаат на нашите семејства.

Меѓу чудесните навики што би требало да бидат нормални за членовите на Црквата се овие четири:

  1. Лично и семејно проучување на светите писма. За да станете преобратени кон Господ, Исус Христос секое лице е одговорно за учење на евангелието. Родителите имаат одговорност да ги подучуваат своите деца (види Учењата и Заветите 68:25; 93:40).

  2. Лична и семејна молитва. Спасителот ни заповеда секогаш да се молиме (види Учења и Завети 19:38). Молитвата нѝ дозволува да воспоставиме лична комуникација со нашиот Небесен отец во името на Неговиот Син, Исус Христос.

  3. Учество на неделните сакраментални средби (види 3 Нефи 18:1–12; Морони 6:5–6). Ова го правиме за да се сеќаваме на Исус Христос додека се причестуваме земајќи го сакараментот. Во овој обред, членовите на Црквата ги обновуваат својот завет да го земат врз себе името на Спасителот, секогаш да се сеќаваат на Него, и да ги одржуваат Неговите заповеди (види Учењата и Заветите 20:77, 79).

  4. Често учество во храмската работа и работење на семејната историја Оваа работа е средство за обединување и запечатување на семејствата за вечност (види Учења и Завети 128:15).

Како се чувствуваме кога ги слушаме овие четири нешта? Дали се тие дел од нашиот нормален живот?

Постојат многу други традиции што би можеле да бидат дел од нормалноста што сме ја присвоиле, дозволувајќи му на Бог на тој начин да надвладее во нашите животи.

На кој начин можеме да одредиме што ќе бидат нормалните нешта во нашиот живот и во семејството? Во светите писма наоѓаме одличен модел; во Мосија 5:15 се вели: „Би сакал да сте цврсти и непоколебливи, секогаш да изобилувате со добри дела.“

Ги сакам овие зборови бидејќи знаеме дека нештата што стануваат нормални во нашите животи се оние кои ги повторуваме одново и одново. Ако сме цврсти и непоколебливи во правењето добрина, нашите обичаи ќе одговараат на евангелските принципи и ќе ни помогнат да останеме на заветниот пат.

Претседателот Нелсон исто така советува: „Прифатете ја вашата нова нормалност преку секојдневно покајание. Настојувајте да бидете уште почисти во мислите, зборот и делата. Служете им на другите. Чувајте вечна перспектива. Направете го вашиот повик голем. И без оглед на вашите предизвици, почитувани мои браќа и сестри, живејте го секој ден така за да вие бидете поподготвени да се сретнете со вашиот Творец“ („A New Normal,“ 118).

Сега не е чудно ниту за мене ниту за мојата сопруга, Патриција, да јадеме кокос со чили и авокадо со шекер—всушност, нам ни се допаѓа тоа. Меѓутоа, егзалтацијата е нешто многу поапстрактно од чувството за вкус; тоа е тема поврзана со вечноста.

Се молам нашата нормалност да ни овозможи да ја доживееме таа состојба на „бескрајно блаженство“ која им е ветена на оние што ги одржуваат Божјите заповеди (Мосија 2:41), и притоа да можеме да кажеме, „И се случи дека живееме на среќен начин“ (2 Нефи 5:27).

Мои браќа и сестри, јас сведочам за 15 мажи што ги поддржуваме како пророци, видовити, откровители, вклучувајќи го и нашиот сакан пророк Претседателот Расел М. Нелсон. Јас сведочам дека Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни е вистина. Особено сведочам за Исус Христос, нашиот Спасител и Искупител, во името на Исус Христос, амин.