EnglishConnect for Missionaries
Прилог: Принципи на учење Вокабулар на нови зборови


„Прилог: Принципи на учење Вокабулар на нови зборови“, EnglishConnect 2 за Ученици (2022)

„Вокабулар на нови зборови“, EnglishConnect 2 за Ученици

Appendix

Principles of Learning Glossary

Принципи на учење Вокабулар на нови зборови

Agency

Слобода на Избор: Како Божји чеда, имаме слобода на избор, или моќ, самостојно да донесуваме одлуки. Можеме да избереме во што да веруваме, што да правиме и кој ќе станеме.

„Слобода на избор е способност и привилегија што Бог ни ја дава да избираме и самостојно да дејствуваме” (Евангелски Теми, „Слобода на Избор“, ЦркаватаНаИсусХристос.org).

„Бидејќи Тој нé сака, Бог ни даде слобода на избор, или слобода да носиме одлуки. Вашата слобода на избор ви овозможува да носите добри одлуки што водат кон среќа; таа исто така ве оспособува да преземете одговорност за лошите одлуки, што водат кон моментална или евентуална несреќа. Бог нема да се меша во вашиот избор; Тој ви дозволува самостојно да одлучувате и да учите од последиците. Сепак Тој ја нуди крајната помош за надминување на грешките и гревовите—спасоносната моќ на Исус Христос. Колку и да се лоши околностите или колку и да се погрешни изборите што сте ги направиле, секогаш може да изберете да се промените и да најдете мир преку Исус Христос” („Бог е Тука за Вас“, ДојдетеПриХриста.org).

Agent

Застапник: Застапник е лице кое има способност или моќ самостојно да дејствува. Како чеда на Бога, ние сме негови застапници, ја имаме слободата на избор, или моќта да самостојно да одлучуваме. Можеме да избереме во што да веруваме, што да правиме и кои ќе станеме.

Bible

Библија: „Библија е света книга што го содржи божјето слово. Светата Библија низ секоја нејзина страница нé поучува дека Бог никогаш не престанал да ги сака Своите чеда. …Кога ги следиме учењата најдени во Библијата дознаваме кој е Бог … и подобро разбираме како Тој сака ние да живееме. …”

„Исус Христос е Синот на Бог кој дојде на земјата да не спаси од гревот, тагата, осаменоста, болката, и многу повеќе. Додека беше на земјата Исус поучуваше прекрасни лекции во врска со служењето и сакањето и извршуваше многу чуда. Можеме да прочитаме за овие приказни во Библијата, и да почнеме да осознаваме како да ги надминеме тешкотиите со помoш на Исус („Што е Светата Библија?“, ДојдетеПриХриста.org).

Book of Mormon

Книга на Мормон: „Книгата на Мормон содржи свети пишувања од следбениците на Христос. Како што Бог им зборуваше на Мојсеј и Ное во Библијата, исто така им зборувал и на народите од американските земји. Овие мажи, наречени пророци, го напишале Божјото слово. Нивните записи на крајот биле собрани во една книга напишана од пророкот по име Мормон. …

„Книгата на Мормон е доказ дека Бог ги сака сите Свои чеда и е вклучен во нивните животи. Таа служи како сведоштво на вистините од Библијата и за божественоста и учењата на Исус Христос” („Што е Книгата на Мормон?“, ДојдетеПриХриста.org).

Doctrine and Covenants

Учењата и Заветите: „Учењата и заветите е книга на стихови што содржи откровенија од Господ до пророкот Џозеф Смит и до неколку други пророци од подоцнежните дни. Таа е уникатна и се разликува од другите свети писма бидејќи не е превод на древни документи.

„Учењата и заветите е една од четирите книги на светото писмо кои се користат во Црквата на Светците од Подоцнежните Дни (другите три се Библијата, Книгата на Мормон, и Скапоцениот Бисер)” (Евангелски Теми, „Учењата и Заветите“, ЦркватаНаИсусХристос.org).

Faith

Вера: „Вера е принцип на дејствување и моќ. Кога и да работиме кон достоинствена цел, ние практикуваме вера. Ја покажуваме нашата надеж за нешто што сé уште не можеме да го видиме“. …

„Да се има вера во Исус Христос значи целосно да се потпреме на Него—да веруваме во Неговата бескрајна Моќ, Неговата интелегенција и љубов. Тоа вклучува и да веруваме во Неговите учења. Тоа значи да веруваме дека дури иако не разбираме сé, Тој разбира. Бидејќи ги преживеал сите наши болки, страдања и немоќ, Тој знае како да ни помогне да се издигнеме над нашите секојдневни тешкотии. … (види Алма 7:11–12; Учењата и заветите 122:8)“.

„Верата е многу повеќе од пасивно верување. Ја искажуваме нашата вера преку дејствување—преку начинот на кој живееме. …”

„Верата е дарба од Бога, но ние мора да ја негуваме нашата вера за да ја одржиме силна. Верата е како мускул. Ако се практикува, таа зајакнува. Ако се остави неактивна, таа заслабува“ (Евангелски Теми, „Верата во Исус Христос“, ЦркватаНаИсусХристос.org).

God/Heavenly Father

Бог/Небесен Отец: „Бог Отецот е Натприродното Суштество во кое веруваме, на кое му се восхитуваме, и на кое му се молиме. Тој е крајниот Творец, Владетел и Заштитник на сé. Тој е совршен, ја има сета моќ, и ги знае сите работи” (Евангелски Теми, „Бог Отецот“, ЦркватаНаИсусХристос.org).

„Бог е нашиот сакан Отец на Небесата. … Тој е Отецот на [нашите] дух[ови]. … [Небесниот Отец] ги сака сите Свои чеда, вклучувајќи ве и вас. … Тој сака да воспостави однос со вас” („Божјата Љубов“, ДојдетеПриХриста.org).

Во светите писма, зборот Бог често се користи кога се мисли на Небесниот Отец или Исус Христос бидејќи тие се обединети во цел. Се молиме на нашиот Небесен Отец.

Holy Spirit

Светиот Дух: „Светиот Дух, е сведок за Бога и Исус Христос. … Светиот Дух ни дава утеха, ни помага да ја препознаеме вистината, и сведочи за Исус . … Еден од начините преку кои Бог комуницира со нас е преку Светиот Дух. Светиот Дух им зборува на нашиот ум и нашите срца преку мисли и чувства” („Светиот Дух“, ДојдетеПриХриста.org).

Jesus Christ

Исус Христос: „Исус е Спасителот на светот и нашиот совршен пример. Кога го следиме Него, наоѓаме поголема среќа во животот. …”

„Исус Христос е Синот на Бог. Нашиот Небесен Отец го испрати Својот Син, Исус Христос, да ги преземе на Себе, гревовите на сите што ќе живеат на земјата за да ни биде простено. …”

„Исус живееше совршен живот за да ни го покаже начинот на кој ќе се вратиме назад кај Небесниот Отец. …”

„Исус страдаше и умре за нашите гревови. Со доаѓањето на земјата Исусовата мисија беше да нé спаси од нашите гревови. Тој доброволно настрада и се жртвуваше за да ја плати цената за нашите грешки за да може да се покаеме и да ни биде простено“. …

„Исус беше воскреснат за да ние можеме да живееме повторно. Три дни по неговата смрт, Исус се крена од гробот и им се појави на многу од Неговите пријатели и следбеници. Тој беше првиот кој воскресна, што значи дека неговиот дух беше повторно обединет со неговото совршено физичко тело по смртта. Бидејќи Исус ја победи смртта, и ние ќе бидеме воскреснати еден ден” („Следете Го Исус Христос, Нашиот Совршен Пример“, ДојдетеПриХриста.org).

Prayer

Молитва: Молитва е „понизен разговор со Бога за време на кој човекот изразува благодарност и бара благослови. Молитвите се адресирани до нашиот Небесен Отец во името на Исус Христос” (Водич до Светите Писма, „Молитва“, ЦркватаНаИсусХристос.org).

„Бог е нашиот возљубен Отец на Небесата, и Тој сака да ве ислуша” („Како да се Молите“, ДојдетеПриХриста.org).

Prophet

Пророк: „Пророк е некој кој е повикан од Бога да му дава водство на целиот свет. Од Авраам и Мојсеј до живите пророци на денешницата, Бог го следи моделот на давање водство на Своите чеда преку пророците“ („Бог ни Зборува преку Пророците“, ДојдетеПриХриста.org).

Savior

Спасител: „Оној кој спасува. … ‚Спасителот’ е името и титулата на Исус Христос” (Водич до Светите Писма, „Спасителот“, ЦркватаНаИсусХристос.org).

Исус Христос е нашиот Спасител бидејќи Тој го даде Својот живот и беше воскреснат за да би можеле да ги надминеме последиците од гревот и смртта и да живееме со Бога повторно.

„Исус настрада и умре за нашите гревови. Со доаѓањето на земјата Исусовата мисија беше да нé спаси од нашите гревови. Тој доброволно настрада и се жртвуваше за да ја плати цената за нашите грешки за да може да се покаеме и да ни биде простено“. …

„Исус беше воскреснат за да ние можеме да живееме повторно. Три дни по неговата смрт, Исус стана од гробот и им се појави на многу од Неговите пријатели и следбеници. Тој беше првиот што ќе воскресне, што значи дека Неговиот дух беше повторно обединет со Неговото совршено физичко тело по смртта. Бидејќи Исус ја победи смртта, сите ние ќе бидеме воскреснати еден ден” („Следете Го Исус Христос, Нашиот Совршен Пример“, ДојдетеПриХриста.org).

Scripture

Свети писма: „Кога Божји луѓе пишува или зборуваат преку моќта на Светиот Дух, нивните зборови ќе бидат свето писмо, ќе бидат волјата Господова, ќе бидат умот Господов, ќе бидат гласот Господов, и моќта на Бога кон спасението’ (Учењата и заветите 68:4). …

„Главната цел на светото писмо е да сведочи за Христос и да ги води Божјите чеда за да можат да дојдат кај Него и да добијат вечен живот (види Јован 5:39; 20:31; 1 Нефи 6:4; Мосија 13:33–35)” (Евангелски Теми, „Свети Писма“, ЦркватаНаИсусХристос.org).