Учење англиски
Како да се Подготвам за Група за Развивање Говорна Вештина?


„Како да се Подготвам за Група за Развивање Говорна Вештина?“, EnglishConnect за Предавачи (2023)

„Како да се Подготвам за Групите за Развивање Говорна Вештина?“, EnglishConnect за Предавачи

Ученици се смеат во нивните Групите за Развивање Говорна Вештина

Како да се Подготвам за Група за Развивање Говорна Вештина?

Групатата за за Развивање Говорна Вештина е од суштинско значење за EnglishConnect искуството. Во групатата за Развивање Говорна Вештина, учениците имаат можности да вежбаат преку осмислени разговори. Додека се среќаваат, учениците може да стекнат доверба, да учат од Духот и да се поддржуваат едни со други.

Зборувањето англиски им помага на учениците да напредуваат и е важен начин да се бара дарот за јазици. Можете да водите Група за Развивање Говорна Вештина користејќи едноставен англиски. Доколку е потребно, учениците може да се повикаат на преводите на прирачниците EnglishConnect за ученици на нивниот мајчин јазик. Обезбеден е превод за целите, принципите на учење, вокабуларот и упатствата.

Пред да се сретне вашата Групата за Развивање Говорна Вештина за разговор, проверете го секој дел од прирачникот за ученици EnglishConnect. Подолу се некои од чекорите што ќе ви помогнат да се подготвите:

  1. Молете се и барајте Божја помош.

  2. Размислете како ќе ја зајакнете верата, заедништвото и напредокот во групата.

    1. Како можам да го поканам Духот?

    2. Како можам да им помогнам на учениците да ја бараат и препознаат Господовата помош?

    3. Како можам да им помогнам на учениците да се сакаат и да се поддржуваат?

    4. Како можам да им помогнам на учениците да зборуваат англиски и да се подобрат?

  3. Проучете го принципот на учење.

    1. Како го искусив овој принцип?

    2. Како можам да им помогнам на учениците да го применат овој принцип?

    3. Како можам да го применам овој принцип во моето предавање?

  4. Преиспитајте го вокабуларот и реченичните шеми.

    1. Можам ли самоуверено да го користам вокабуларот и реченичните шеми во некој разговор?

  5. Прочитајте ги активностите 1-3

    1. Како ќе ја демонстрирам секоја активност?

    2. Како ќе ги спарам учениците за да вежбаат?

    3. Како можам да им помогнам на учениците дoдека важбаат?

  6. Проверете го делот „Оценете“.

    1. Како ќе им помогнам на учениците да се чувствуваат успешно?

    2. Како ќе им помогнам на учениците да го користат „Следачот на Лично Проучување“ во прирачникот за ученици?

  7. Прегледајте го делот „Дејствувате со Вера за Секојдневно Вежбање англиски“.

    1. Како ќе ги охрабриме учениците да го изработат делот „Лично Проучување“ пред средбата на групата и секојдневно да вежбаат англиски?

    2. Како ќе ги охрабрам учениците да се потпираат на Господ?

Проверете го делот „Ресурси на Групата“ од овој прирачник. (Овие ресурси се исто така вклучени во прирачникот за ученици EnglishConnect.) Планирајте како ќе ги искористите овие ресурси. Делот „Фрази на Групата за Разговор“ вклучува едноставни фрази што можат да и помогнат на групата да комуницира на англиски. „Молење на англиски“ вклучува едноставни шеми за да им помогнат на учениците да се молат на англиски. Можете да ги поканите учесниците да го прегледаат овој дел за да се подготват да понудат молитва за отворање или за затворање.

Дополнителни ресурси за предавање и примери се наоѓаат во Евангелска Библиотека и на englishconnect.org/teacher.

Пријатели од Други Вери

двајца ученици вежбаат разговор на англиски

Фокусирањето на учење засновано врз верата е една од работите што го прави EnglishConnect единствен. Може да вклучите луѓе од различно верско потекло така што ќе им помогнете да размисуваат за тоа како принципот на учење може да се однесува на нив. Може да го користите „Поимник на Принципи за Учење“ во прирачниците EnglishConnect за ученици за да ви помогнат да ги разберете термините од евангелието. Како што ве води Духот, размислете да ги поканите да го споделат наученото кога разговарате за принципите на учење. Секогаш покажувајте почит кон верувањата на другите, додека отворено ја споделувате вашата вера дека Бог може да им помогне да научат англиски.

Може да најдете дополнителни идеи во воведот на прирачникот Проповедај го Моето Евангелие ; види го делот „Користење на Проповедај го Моето Евангелие од црковните членови“.

Работа со млади

млади жени се смеат

EnglishConnect може да им ги благослови животите на младите. Коловите, одделите и мисиите може да организираат групи соодветни за млади Ако групите за млади и возрасни се комбинирани, размислете да ги групирате младите заедно за да ги вежбаат вежбит.

Не заборавајте да ги следите Црковните политики за заштита на млади. Малолетните лица (на возраст од 18 години или помалку кои живеат дома) мора да имаат потпишан формулар со родителска согласност да присуствуваат во групата. Формуларите се достапни на различни јазици на интернет на englishconnect.org/resources/leader. Дополнително, курсевите, EnglishConnect мора да ја следат црковната политика дека најмалку две одговорни лица мора секогаш да бидат присутни за време на средбите на групата. Мора да ги следите овие политики дури и кога групите се среќаваат виртуелно.