Генерална Конференција
Културата на Христос
генералната конференција во Октомври 2020


Културата на Христос

Можеме, секако, сите да го цениме најдоброто од нашите индивидуални земјени култури и да бидеме целосни учеснициво вечната култура која доаѓа од евангелието на Исус Христос.

Во колку величествен свет живееме и споделуваме, дом на разновидни луѓе, јазици, обичаи, и истории—проширени низ стотици земји и илјадници групи, сите богати во култура. Човештвото има многу на што да биде гордо и да слави. Но иако учиме да се однесуваме—според тие нешта на кои сме изложени преку културите во кои растеме—може да служи како голема сила во нашите животи, исто така може, понекогаш, да стане значајна пречка.

Може да изгледа дека културата е толку небесно вметната во нашето размислување и однесување што е невозможно да се промени. Тоа е, после се, многу од тоа што не дефинира и од што чувствуваме чувство за идентитет. Може да биде толку силно влијание по што можеме да не успееме да ги видиме човечките слабости односно грешки во нашите култури, резултирајќи со неодлучност да се отфрлат некои од традициите на татковците. Прекумерната насоченост на нечиј културен идентитет може да води до одбивање на вредните—дури и божествени—идеи, својства, и однесување.

Познавав прекрасен господин, не пред многу години, кој помага да се илустрита оваа универзална слика за културна мијопија. Прв пат го запознав во Сингапур кога бев назначен да бидам семеен домашен учител. Истакнат професор на Сакнскрит и Тамил, тој доаѓаше од југот на Индија. Неговата прекрасна сопруга со двајца синови биле членови на Црквата, но тој никогаш не беше се придружил на Црквата ниту ги слушал многу учењата на евангелието. Тој беше среќен со начинот како неговата жена и деца се развиваа и ги поддржуваше целосно во нивните подвизи и Црковни одговорности.

Кога се понудив да го поучам за принципите на евангелието и да ги споделам нашите верувања со него, тој прво се двоумеше. Ми требаше некое време да откријам зошто: тој чувствуваше дека правејќи така би станал предавник на неговото минато, неговиот народ, и неговата историја. На неговиот начин на размуслување, тој одбиваше се што беше, се што неговото семејство го научи да биде, неговото само Индиско наследство. Во наредните неколку месеци, можевме да зборуваме за овие проблеми. Бев запрепастен (иако не изненаден) од тоа како евангелието на Исус Христос можеше да му ги отвори очите до различна точка.

Во повеќето човечки култури се пронаоѓа и добро и лошо, констуктивно и деструктивно.

Многу од нашите светски проблеми се директи судири помеѓу оние од различни идеи и обичаи кои се појавуваат од нивната култура. Но речиси сите конфликти и хаос брзо би избледели ако светот само ја прифати својата Оригинална Култура, таа што сите ние ја посдувавме пред не толку долго. Културата датира назад од нашето предсмртно постоење. Таа беше културата на Адам и Енок. Таа беше култура основана на учењата на Спасителот во Меридијанот на Времето, и е достапна за сите мажи и жени повторно во ова време. Таа е уникатна. Таа е најголемата од сите култури и доаѓа од големиот план на среќа, авториран од Бог, и владеен од Христос. Таа не обединува токолку што не разделува. Не исцелува отколку да не повреди.

Евангелието на Исус Христос не поучува дека постои цел на животот. Тоа што ние сме овде не е само некоја голема космичка случајност односно грешка. Овде сме со причина.

Оваа култура е приземјена со сведоштво дека нашиот Небесен Отец постои, дека Тој е вистински и не љуби сите нас лично. „Ние сме [Неговото] дело и неговата слава.“1 Таа култура го поддржува концептот за еднаква вредност. Нема препознавање на каста или класа. Сите ние сме, после се, браќа и сестри, духовни деца на нашите Небесни Родители—буквално. Нема предрасуда или „нас против нив“ менаталитет во „најголемата од сите култури.“ Сите ние сме „ние.“ Сите ние сме „нив.“ Ние веруваме дека сме одговорни и пресметливи за нас самите, еден со друг, Црквата, и нашиот свет. Одоговорноста и пресметливоста се важни фактори во нашиот раст.

Милосрдие, вистинско Христолико грижење, се карпата на сета култура. Чувствуваме вистинска грижа за потребите на другите, временски и духовни, и дејствуваме на тие чувства. Тоа ја трга предрасудата и омразата.

Уживаме во култура на откровение, центрирана на словото на Бог како што е добиена од пророците (и лично заверена еден со друг од нас преку Светиот Дух). Сето човештво може да ја знае волјата и умот на Бог.

Културата владее со принципот на слободен избор. Способноста да се одбира е многу потребна за нашето развивање и нашата среќа. Одбирајќи мудро е суштински важно.

Тоа е култура на учење и проучување. Бараме знаење и мудрост и најдоброто во сите нешта.

Тоа е култура на учење и покорност. Верата во Исус Христос е првиот принцип на нашата култура и резултира во покорност на Неговите учења и заповеди. Ова го издига самовладеењето.

Тоа беше култура на молитва. Веруваме дека Бог нема само да не слушне туку исто и ќе ни помогне.

Тоа е култура на завети и обреди, високи морални стандарди, жртва, прошка и покајание, и грижа за храмот на нашите тела. Сите од овие сведочат за нашата посветеност кон Бог.

Тоа е култура управувана од свештенството, власта да се делува во името на Бог, моќта на Бог да ги благословува Неговите деца. Тоа просветлува и овозможува на индивидуалци да бидат подобри луѓе, лидери, мајки, татковци, и придружници—и го осветува домот.

Вистинските чуда се придржуваат до ова, најстарата од сите култури, создадена преку вера во Исус Христос, моќта на свештенството, молитвата, самоподобрувањето, вистинското преобратување, и прошка.

Тоа е култура на мисионерска работа. Вредноста на души е голема.

Во кулрурата на Христос, жените се кренати на нивен соодветен вечен статус. Тие не се подложни на мажите, како во многу култури денес, туку еднакви и полноправни партнери овде и во светот што следи.

Културата ја цени светоста на семејството. Семејството е основна единица на вечност. Усовршувањето на семејството е вредно за било каква жртва бидејќи, како што беше поучено, „ниту еден друг успех не може да компензира за неуспехот во домот.“2 Домот е таму каде што нашата најдобра работа е направена и каде што најголемата среќа е постигната.

Во културата на Христос има перспектива—и вечен фокус и насока. Културата е во врска со нештата со постојана вредност! Доаѓа од евангелието на Исус Христос, кое е вечно, и објаснува „зошто,“ „што“ и „каде“ на нашето постоење. (Таа е инклузивна, а не ексклузивна.) Бидејќи оваа култура резултира од примена на учењата на Спасителот, тоа помага да се обезбеди исцелителен балзам од кој нашиот свет е од таква очајна потреба.

Каков благослов е да се биде дел од овој голем и благороден начин на живот! Да се биде дел од оваа, најголемата од сите култури, ќе бара промена. Пророците поучуваа дека е неопходно да се остави зад себе било што во нашите стари култури што не е во согласност со културата на Христос. Но тоа не значи дека треба да оставиме зад нас сè. Пророците исто така потенцираа дека сме поканети, еден и сите, да ги доведеме нашите вера, таленти, и знаење—сè што е добро во нашите животи и лични култури—со нас, и Црквата нека да „надополни“ на тоа преку пораката на евангелието.3

Црквата не е западно општество или американски културен феномен. Но е меѓународна црква, како што секогаш беше одредена да биде. Повеќе од тоа, таа е небесна. Нови членови од светот носат богатство, диверзитет, и возбуда во една постојано растечка фамилија. Светците од Подоцнежните Дни насекаде слават и ги почитуваат нивните наследства и херои, но сега тие се дел од нешто уште поголемо. Културата на Христос ни помага да се видиме какви што сме, и кога се гледаме преку леќите на вечноста, воздржани со праведност, служи да ни ја зголеми способноста да го исполни големиот план за среќа.

Па, што се случи со мојот пријател? Па, тој беше ги слушна лекциите и се приклучи на Црквата. Неговото емејството оттогаш беше запечатено за време и вечност во Храмот во Сиднеј. Тој се откажа од малку—и стекна потенциалот за сè. Тој откри дека сеуште може да ја слави својата историја, сеуште да биде горд на неговите предци, неговата музика и танц, и литература, неговата храна, неговата земја и народ. Тој откри дека нема проблем да се вклучи најдоброто од неговата локална култура во најголемата од сите култури. Тој откри дека носењето на тоа што е соодветно со вистина и праведност од неговиот стар живот во неговиот нов живот служи за да ја засили неговата дружина со Светците и да му помогне во обединување на сите како едно во небесно општество.

Можеме, секако, сите да го цениме најдоброто од нашите индивидуални земјени култури и сеуште да бидеме целосни учесници во најстарата култура од сите нив—оригиналната, најголемата, вечната култура која доаѓа од евангелието на Исус Христос. Какво зачудувачко наследство сите ние споделуваме. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки.

  1. Мојсеј 1:39.

  2. Џ. Е. Меккулох, во Учења на Претседателот на Црквата:Дејвид О. Меккеј (2011), 154.

  3. Види Учења на Претседателите на Црквата: Џорџ Алберт Смит (2011), xxviii; Гордон Б Хинкли, “Чудесната Основа на Вера,” Лијахона, Ное. 2002, 78–81.