Книги и Лекции
Основи на Евангелието: Час за нови членови и пријатели, Неделна Школа


Основи на Евангелието: Час за нови членови и пријатели, Неделна школа

Советите на оддел можат да изберат да организираат факултативен час за време на Неделна Школа наречен Евангелиски основи. Овој час е наменет да им помогне на новите членови и пријателите:

  1. Да се чувствуваат добредојдено, удобно, ценето и потребно во одделот или гранката.

  2. Да имаат доживувања што ќе ги подготват за доживотно учеништво во Црквата на Спасителот.

  3. Да ги научат основните вистини од обновеното евангелие на Спасителот.

Иако овој час е наменет за возрасни нови членови и пријатели, членовите кои се враќаат во Црква може исто така да се поканат да присуствуваат. Децата и младите обично посетуваат часови поделени во групи според возраста.

Овој курс вклучува теми за дискусија и искуства за да им помогнат на новите членови и пријателите да станат доживотни ученици на Исус Христос. Размислете дали не треба да се фокусирате на теми и искуства што ќе бидат најкорисни за учениците.

По два до четири месеци новите членови се приклучуваат на часовите од Неделна Школа Дојдете, Следете ме со сите други членови од одделот или гранката.