Лиахона
Нашата Светлинна во Дивината
Јануари 2024


„Наша Светлина во Дивината,“ Лиахона, Јан. 2024.

Месечна порака за јануари 2024 на Лиахона

Нашата Светлина во Дивината

Оние кои искрено ја читаат Книгата на Мормон, живеат според нејзините принципи, и се молат за нејзината вистинитост ќе го почувствуваат Светиот Дух и ќе им се зголеми верата, и сведоштвото за Спасителот.

Слика
Братот на Јаред со сјајни камења

Слика на братот на Јаред со сјајни камења од Норманди Пултер

Уште како младо момче, јас имав сведоштво за Книгата на Мормон. Се чувстував особено привлечен од приказната за братот на Јаред и за неговиот народ во нивното патување кон „ветената земја“ (Етер 2:9).

Сооен со можноста да патува во неосветлени бродови, братот на Јаред прашал, „Ете, О Господе, дали ќе дозволиш да ја преминеме оваа голема вода во темнина?“ Одговарајќи на прашањето, Господ рекол, „Што сакате да сторам Јас за да имате светлост во вашите бродови? (Етер 2:22, 23).

Братот на Јаред знаел дека Господ бил семоќен. Тој знаел дека Господ бил изворот на сета светлина. Тој знаел дека Господ му беше заповедал на својот народ да се повика на Него во време на оскудица. Поради тоа, за да практикува вера во Господ, братот на Јаред подготвил 16 мали камења. Се сеќавате дека тој подоцна побарал од Господ да ги допре камењата со својот прст, „за да можат да светат во темнината“ (Етер 3:4).

Сликата на Господ како ги допира овие камења беше изгравирана во мојот ум од моето прво читањр на приказната. Ја гледам таа сцена како да се случуваше пред моите очи. Можеби тоа е затоа што сликата на темнината што е растерана од светлината е реална за мене.

Кога не го чувствувам Светиот Дух, кога сум малку надвор од баланс со Господовиот Дух, јас чувствувам темнина. Но кога ја читам Книгата на Мормон, светлината се враќа. Книгата на Мормон беше за мене како блескав камен допрен од Господ. Го осветлуваше моето патување низ животот.

Светлина Засекогаш

Како оние доведени преку раката на Господ до древните Американски земји, сите ние се соочуваме со бури и мрачни денови за време на нашето патување до ветената земја на воздигнување. Но Господ ќе стори за нас тоа што Тој го стори за Јаредитите и за Нефитите. Тој ќе не води и нашата светлина на нашиот пат—ако му се покоруваме, практикуваме вера во Него, и молиме за Негова помош.

Господ му кажа на Нефи, „Јас ќе бидам твоја светлина во дивината; и јас ќе го подготвам патот пред тебе, ако биде да ти ги одржуваш моите заповеди; затоа, доколку ги одржуваше Моите заповеди вие ќе бидете видени кон ветената земја; и ќе знаете дека преку Мене сте водени“ (1 Нефи 17:13).

Господ му кажа на братот на Нефи, Јаков, „Јас ќе бидам светлина при нив засекогаш, што ги слушаат Моите зборови“ (2 Нефи 10:14).

За Спасителот, пророкот Абинади сведочеше, „Тој е светлината и животот на светот; да, една светлина што е бескрајна, која никогаш не може да се затемни“ (Мосија 16:9).

За Себеси, Спасителот сведочеше, „Јас сум светлината и животот на светот.“ Тој додаде, „Ете, јас сум светлината; јас имам пример за вас“ (3 Нефи 9:18; 18:16).

Слика
Претседател Расел М. Нелсон чекори

Чувствување на Светлината

Јас го сакам нашиот пророк Претседател Расел М. Нелсон Имам благослов да служам додека е тој пророк. Кога тој влегува во соба, таа станува посветла. Тој ја носи Светлината на Христос со него.

Светлина на Христос е вистинска. Тоа „е божествена енергија, моќ, односно влијание кое продолжува од Бог преку Христос и дава живот и светлина на сите нешта.“ Тоа е ценет духовен дар кој може да ги и децата на Бог до Светиот Дух и евангелието на Исус Христос.1 Читање на Книгата на Мормон ја засилува таа Светлина.

Понекгаш треба да погледнеме наназад во нашите животи за да се сетиме како ни било помогнато на нашето патување. Додека гледаме назад, можеме да го почувстуваме влијанието на Спасителот повторно. Кога светите писма велат, „Запомнете, запомнете“ (Хеламан 5:12), мислам дека ни велат, „Наместо само да се потсетувате на она што некогаш сте го знаеле или чувствувале; почувствувајте ја повторно истата светлина.„

За некои, чуватвувањето на духовна светлина доаѓа лесно. За други, духовна светлина можби е тешко да се почувствува поради личните борби или одвекувањата на светот. Но доколку сме верни, светлината ќе дојде—повремено на начини што не сме ги очекувале.

Претседател Нелсон, кој не советуваше „молитвено да ја проучуваме Книгата на Мормон секој ден,”2 сподели со нас неколку начини на кои Книгата на Мормон може да не приближи до Спасителот и да ни помогне да ја чувстуваме светлината, да ги прифатиме вистините за евангелието, и да живееме според учењата на евангелието.

Додека ја читаме Книгата на Мормон, вели Претседател Нелсон, нашето разбирање за неа, и благодарноста за Помирувањето на Исус Христос ќе порасне.

Ние ќе почувствуваме желба да „се родиме повторно“ (Мосија 27:25) додека книгата ни помага да искусиме промена на срцето (види Мосија 5:2).

Додека читаме и ги проучуваме учењата на Книгата на Мормон собирањето на Израел, ќе почувствуваме зголемена желба да ги побараме нашите мртви и да изведуваме обреди за спаение и возвишување за нив во храмот.

Ќе чувствуваме светлина додека примаме одговори на нашите прашања, водство додека носиме одлуки, и сила да се покаеме и да го издржиме злото.

И додека читаме за вистините пронајдени во Книгата на Мормон, ние ќе почувствуваме исцелување, утеха, препораѓање, помош, сила, утешување, и радост за нашата душа.3

„О тогаш, зарем ова не е вистинско? Алма, праша во врска со семето на знаењето и сведоштво кое никнува и расте. „Јас ти велам на тебе, Да, зашто тое е светлината; и каква и да е светлината, е добра, затоа што е распознавачка, затоа мора да знаете што р добро“ (Алма 32:35).

Слика
портрет на Исус Христос

Сликата на Христос, Хајнрих Хофман

Пронајдете го Спасителот во Темнината

Кога мојот пријателка Камрин имаше 10 годиим, таа се зарази со ретка но трајна очна болест која ја зафати рожницата на нејзиното десно око.4 Од време навреме, кога таа болка стана постојана и неподнослива, Камрин не можеше да поднесе никаква светлина. Нејзините родители, се исплашија дека може да ослепи, па затоа ги затемнуваа прозорците на нејзината спалнасоба обидувајќи се таа да се чувствува удобно. Мајката на Камрин, Јанна, се присети:

„Околу четири месеци по нејзината дијагноза, јас влегов во нејзината темна соба. Додека моите очи се прилагодуваа, можев да ја видам Камрин свиткана во фетална положба на нејзиниот кревет. Таа беше во толку голема болка што таа не се помести ниту заплака кога слушна дека доаѓам. Едноставно лежеше таму со двете очи отечени и затворени.

„Јас клекнав покрај нејзиниот кревет, ја земав нејзината рака во мојата, и ја притиснав три пати—нашиот таен код за ‘Те сакам тебе.‘ Нормално таа ќе одговореше со четирикратно притискање на мојата дланка во знак на ‘Јас те сакам повеќе,‘ но таа не одговори. Премногу ја болеше. Солзи ми течеа по образите, додека ја гледав мојата некогаш енергична 10 годишна ќерка стуткана во клопче. Срцето ми се скрши.“

Јана кажа една тивка, искрена молитва.

„Му реков на Небесниот Отец дека јас знам дека Тој знае што е најдобро, но го молев ,‘Те молам помогни и.‘ Додека седев таму молејќи се, бран топлина ме обзеде. Се почувстував смирено кога на ум ми падна мисла заСпасителот, Исус Христос: ‘Тој е светлината. Пронајди Го во темнината.‘“

Јана ја подигна главата и и дошепна на Камрин: „Мораш да го пронајдеш Спасителот во темнината.“

После тоа, Камрин заспа слушајќи ги химните и светите писма од апл црковнат библиотека.

Слика
девојка која носи преврзано око

Кога нејзината очна инфекција ќе се воспали, Камрин го пронаоѓа Спасителот во темнината.

Фотографија дадена од семејството на Камрина.

Болеста на Камрин главно останува латентна, но кога таа страда од воспаление, Јана и нејзиниот сопруг Дарин, ја тешат и повторно ги покриваат со ќебиња прозорците од нејзината спална соба. Во текот на овие болни времиња, Камрин вели, „Само го наоѓам Спасителот во темнината.“5

Кога животот изгледа како „една темна и мрачна дивина“ (1 Нефи 8:4), можеби ќе треба да го најдеме Спасителот во темнината. Јас сведочам дека Книгата на Мормонм со нејзиното сведоштво „дека Исус е Христос, Вечниот Бог,“6 ќе не одведе кај Него. Јас знам дека оние кои искрено ја читаат Книгата на Мормон, живеат според нејзините принципи и се молат за да ја дознаат нејзината вистинитост ќе го почувстуваат Светиот Дух и ќе им зајакне верата и сведоштвото за Спасителот.

Да ја покажеме нашата благодарност за оваа „најточна“ книга7 со тоа што ќе ја прочитаме, ќе ја негуваме, и ќе ја користиме за да ја зајакнеме нашата и верата на останатите во Светлината на Светот.

Белешки

  1. Видете ги Темите и Прашањата, „Светлината на Христос“, topics.ChurchofJesusChrist.org.

  2. Russell M. Nelson, “The Book of Mormon: What Would Your Life Be Like without It?,” Liahona, Nov. 2017, 62.

  3. See Russell M. Nelson, “The Book of Mormon: What Would Your Life Be Like without It?,” 62, 63.

  4. Вирусно запаление на рожницата

  5. Им благодарам на Јана Канон и нејзината ќерка Камрин за споделување на нивната приказна.

  6. Книгата на Мормон насловна страна.

  7. Поучувањата на Претседателите на Црквата: Џозеф Смит (2007), 64.