Генерална Конференција
Моли се, Тој е Таму
Поддршка на Генералната Власт, Седумдесетте на Област, и Генералните Службеници


Моли се, Тој е Таму

Ве канам да се молите за да знаете дека Небесниот Отец е таму, за да станете како Него, и за да ја покаже Неговата љубов за другите.

Браќа и сестри, чувствувам радост додека одговарам на предизвикот да им говорам на децата!

Девојчиња и момчиња, каде и да сте во светот, сакам да споделам нешто со вас.

Нашиот Небесен Отец ве сака! Вие сте Неговото чедо. Тој вѐ познава. Тој сака да ве благослови. Се молам со целото свое срце да ја почувствувате Неговата љубов.

Дали сакате да добивате дарби? Сакам да ви зборувам за една посебна дарба што Небесниот Отец ви ја дал за да ви помогне. Тоа е дарбата за молитва. Каков благослов е молитвата! Можеме да разговараме со нашиот Небесен Отец во било кое време, насекаде.

Слика
Исус со деца

Кога Исус беше на земјата, нѐ поучуваше да се молиме. Тој велеше, „Барајте, и ќе добиете“.

За какви дарби можете да се молите? Постојат многу, но денес сакам да споделам три:

  1. Молете се за да знаете.

  2. Молете се за да растете.

  3. Молете се за да покажете.

Ајде да разговараме за секоја од нив.

Прво, Молете се за да знаете

Што треба да знаете?

Има една песна за молитвата што децата од Основно ја пеат низ целиот свет. Започнува со прашање. Знаете ли која е таа песна? Кога би била навистина храбра, би ви ја отпеала!

“Heavenly Father, are you really there? („Небесен Оче, дали навистина си таму?) And do you hear and answer ev’ry child’s prayer?”(Ја слушаш ли и одговараш на секоја детска молитва?”)

Како може да знаете дека Небесниот Отец е навистина таму, дури и кога не можете да Го видите?

Претседателот Расел М. Нелсон ве покани да „го излеете вашето срце пред Небесниот Отец. … А потоа само слушајте!“ Слушнете го она што го чувствувате во срцето и мислите што ви паѓаат на памет.

Небесниот Отец има прославено тело од месо и коски и е Таткото на нашиот дух. Поради тоа што Небесниот Отец има моќ и ги знае сите работи, Тој може да ги види сите Свои чеда и може да ја слушне и да одговори на секоја молитва. Самите може да спознаете дека Тој е таму и дека Тој ве сака.

Кога знаете дека Небесниот Отец е вистински и дека Тој ве сака, можете да живеете со храброст и надеж! “Pray, he is there; Speak, he is list’ning.”(„Моли се, Тој е таму; Зборувај, Тој те слуша“)

Дали некогаш сте се чувствувале осамено? Еден ден, кога нашата внука Ешли имаше шест години, беше единствената која немаше пријателка со која би можела да си игра на игралиштето. Додека стоеше таму, чувствувајќи се неважна и невидена, една конкретна мисла и падна на памет: Чекај! Не сум сама! Го имам Исус!“ Ешли клекна на средината од игралиштето, ги свитка рацете, и му се помоли на Небесниот Отец. Оној момент кога ги отвори очите, едно девојче на нејзина возраст стоеше таму прашувајќи ја дали сака да си играат. Ешли дозна, „Ние сме му важни на Господ, и никогаш не сме навистина сами“.

Понекогаш можеби сакате да знаете зошто нешто тешко се случува во вашиот живот или зошто не сте го добиле благословот за кој сте се молеле. Често најдоброто прашање што треба да му го поставите на Небесниот Отец не е зошто туку што?

Се сеќавате ли кога Нефи и неговото семејство беа гладни додека патуваа во дивината? Кога Нефи и неговите браќа заминаа на лов по храна, Нефи го скрши лакот. Но тој не праша зошто.

Слика
Нефи го праша Лехи каде да најде храна.

Направи нов лак и го праша својот татко, Лехи, каде би требало да оди за да донесе храна. Лехи се молеше, а Господ му покажа каде Нефи би требало да оди. Небесниот Отец ќе ве води кога го прашувате Него што да направите и што да научите.

Второ, Молете се да Растете

Небесниот Отец сака да ви помогне да растете! Ве сака толку многу што Го испратил Својот Син, Исус Христос, да ни покаже како да живееме. Исус настрада, умре, и беше воскреснат за да ни биде простено за нашите гревови и да растеме за да наликуваме што повеќе на Него.

Дали сакате да расте вашата трпеливост или искреност? Дали сакате да развиете некоја вештина? Можеби сте срамежливи и сакате вашата храброст да порасне . “Pray, he is there”(„Моли се, тој е таму)!“ Преку Неговиот Дух, вашето срце може да се промени и да добиете сила.

Мојот нов пријател Јона напиша: „Науто, често се чувствувам нервозно на пат кон училиште. Ме загрижуваат работи како доцнење, заборавање нешто, и правење тестови. „Кога имав 10 години, почнав да се молам на пат кон училиште со мајка ми. Ја барав потребната помош, а се молев и за моето семејство. Исто така размислував за работите за кои сум благодарен. [Молитва кон Небесниот Отец] ми помогна. Понекогаш не ми олеснува веднаш штом ќе излезам од автомобилот, туку, кога ќе стигнам до училницата веќе чувствувам мир“.

Верата на Јона расте кога тој секојдневно се моли, а потоа продолжува напред.

Трето, Молете се за да Покажете

Можете да се молите за помош за да ја покажете љубовта на Небесниот Отец кон другите. Преку Неговиот Дух, Небесниот Отец ќе ви помогне да забележите некој што е тажен за да може да го утешите. Тој може да ви помогне да ја покажете Неговата љубов со тоа што ќе му помогнете некому. Тој може да ви даде храброст да му служите на некому и да му ставите до знаење дека е Божјо чедо. Можете да им помогнете на другите да го запознаат и сакаат Исус и Небесниот Отец како вие што го сакате.

Целиот свој живот се молев мојот татко да стане член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Уште како мало девојче, знаев колку благослови тој може да добие. Нашето семејство може да биде благословено со тоа што ќе биде запечатено за вечноста. Моето семејство, пријателите и јас често се молевме за него, но тој не се приклучи на Црквата. Небесниот Отец не принудува никого да донесе одлука. Тој може да ни испрати одговори на нашите молитви на други начини.

Слика
Претседателката Портер со нејзините родители и браќа.

Кога бев доволно возрасна, го добив мојот патријаршки благослов. Во благословот, патријархот ми појасни дека најдоброто нешто што би можела да го направам за да му помогнам на семејството да биде заедно на небесата беше да станам пример за евангелието на Исус Христос. Тоа е она што можам да го направам!

Татко ми доживеа 86 години. Пет дена по неговата смрт, добив свето чувство на радост. Небесниот Отец ми стави до знаење преку Неговиот Дух дека мојот татко сака да ги добие благословите од евангелието на Исус Христос. Никогаш нема да го заборавам денот кога клекнав околу олтарот во храмот со моите браќа за да се запечатам со моите родители. Почнав да се молам за овој благослов во Основно, а го добив кога станав баба.

Можеби во моментов се молите за благослови за семејството и за другите кои ги сакате. Но не се предавајте! Небесниот Отец ќе ви покаже што може да направите.

Споделете со Небесниот Отец што ви е во срцето. Ако искрено барате Негова помош, ќе го добиете Неговиот Дух да ве води. Секојдневното молење ќе ве исполни со љубов за Небесниот Отец и Исус Христос. Ова ќе ви помогне да сакате да Ги следите во текот на целиот живот!

Замислете што би се случило ако сите деца во Африка, Јужна Америка, Азија, Европа, Северна Америка и Австралија се молат секој ден. Целиот свет ќе биде благословен со дополнителна Божја љубов!

Слика
Децата ширум светот се молат.

Ве канам да се молите за да знаете дека Небесниот Отец е таму, за да станете како Него, и за да ја покаже Неговата љубов за другите. Знам дека Тој живее и весака. „Моли се, Тој е таму“. Во светото име на Исус Христос, амин.