2023
Нека ве води Духот
Октомври 2023


„Нека ве води Духот“, For the Strength of Youth, окт. 2023.

Месечна порака на For the Strength of Youth за октомври 2023

Нека ве води Духот

Од едно обраќање на генералната конференција април 2017 година.

Нашиот Отец на Небесата знаеше дека во смртноста ќе се соочуваме со предизвици, неволји и немири: Знаеше дека ќе се соочиме со прашања, разочарувања, искушенија и слабости. За да ни даде смртна сила и божествено водство, Тој ни го обезбеди Светиот Дух.

Преку божествена задача, Духот нѐ вдахнува, ни сведочи, нѐ поучува и нѐ поттикнува да чекориме во Господовата светлина. Ја имаме светата одговорност да научиме да го препознаваме и да одговориме на Неговото влијание во нашите животи.

Како го правиме тоа?

Прво, се трудиме да живееме достојно на Духот.

Второ, мора да бидеме подготвени да го примиме Духот.

Трето, мора да го препознаваме Духот кога тој доаѓа.

Четврто, мора да постапуваме на првото поттикнување.

Да го сфатиме сериозно Господовиот повик „радувајте се, зашто јас ќе ве водам“ (Учењата и Заветите 78:18). Тој нѐ води преку Светиот Дух. Нека живееме блиску до Духот, реагирајќи брзо на нашите први поттикнувања, знаејќи дека тие доаѓаат од Бога. Јас сведочам за моќта на Светиот Дух да нѐ води, чува и секогаш да биде со нас.