Известување за Приватност (Ажурирано 2021-04-06)

Во ова Известување ние, Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни и нејзините единки, ви обезбедуваме информации за тоа како ги обработуваме вашите лични податоци. Кога се повикуваме на „нас“ или „ние“ или „нашиот“, ние мислиме на Црквата и црковните единки.

1. Кој ги контролира вашите лични податоци?

ЦРКВАТА НА ИСУС ХРИСТОС НА СВЕТЦИТЕ ОД ПОДОЦНЕЖНИТЕ ДНИ дејствува преку своите претставници и преку црковните единки кога ги обработуваме вашите лични податоци. Кога ги споделувате сопствените лични податоци со нас, ги споделувате со Црквата преку црковните единики.

а. Црквата: ЦРКВАТА НА ИСУС ХРИСТОС НА СВЕТЦИТЕ ОД ПОДОЦНЕЖНИТЕ ДНИ („Црквата“) е заедница на луѓе кои веруваат во исто верско учење, практикуваат исти верски обреди и уредби и се управувани според црковни принципи. Локалните единици на Црквата, како што се одделите, гранките, коловите, окрузите, мисиите и областите, се само пододдели на оваа заедница на верници, а не се одделни правни единки; се применуваат ограничени исклучоци.

б. Црковни единки: За да се задоволат потребите за привремена работа и да се исполнат другите цели на Црквата, правна структура составена од неколку различни правни единки ја помага Црквата ширум светот. Овие различни правни единки (во понатамошниот текст „Црковни единки“) се правно одделени од Црквата. Една од овие црковни единки, ЦРКВАТА НА ИСУС ХРИСТОС НА СВЕТЦИТЕ ОД ПОДОЦНЕЖНИТЕ ДНИ, корпорација од едно лице од Јута, заедно со една или повеќе други црковни единки, ги обработуваат вашите лични податоци како одговорни заеднички контролори на податоци. Некои црковни единки може да примаат лични податоци како обработувачи на податоци за да им обезбедат услуги на оние црковни единки што делуваат како контролори на податоци. На ваше барање, ќе ви обезбедиме информација за тоа која црковна единка ги обработува вашите лични податоци.

2. Кои лични податоци ги собираме?

Собираме лични податоци што: (a) вие активно ни ги доставувате, (б) ние ги евидентираме и (ц) ги добиваме од трети лица. Ние може да ги обработиме вашите лични податоци со или без автоматизирани средства, вклучувајќи собирање, евидентирање, организација, структурирање, складирање, приспособување или менување, анализирање, вчитување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, ширење или на друг начин обезбедување, насочување или комбинација, ограничување, бришење или уништување на вашите лични податоци.

a. Активно доставени податоци. Вие ги доставувате вашите лични податоци кога се приклучувате на Црквата, барате црковни обреди, барате црковни материјали, побарувате пристап до црковните алатки или услуги или сте вклучени во други меѓусебни комуникации или комуникации со Црквата. Кога комуницирате со Црквата, ние обично ги обработуваме името, датумот на раѓање, местото на раѓање, телефонскиот број, е–маил адреса, адресата на живеење, фотографијата, полот, информации за донации/плаќања и така натаму. Можете да ни обезбедите дополнителни податоци за да самоиницијативно учествувате во анкети, натпревари и други активности или настани, вклучувајќи го учеството во создавање на видео или аудио записи како на пример, користење технологија за видео конференции. Учеството во анкети, натпревари и слични активности е факултативно. Ако не сакате да учествувате или да давате лични податоци во врска со такви активности, ова нема да влијае на вашиот членски статус или на можноста да ги користите достапните алатки или услуги на Црквата. Во секој случај, ќе бидете запознаени кои лични податоци ни ги давате бидејќи активно и доброволно ги поднесувате податоците.

б. Податоци што ги добиваме од трети лица и пасивно поднесени податоци. Доколку дозволува локалното законодавство, можете да давате лични податоци вклучително и контакт информации, за некој друг, освен вас, (со други зборови, трета страна) за да можеме да го контактираме тоа лице, да извршиме испорака или на друг начин да го исполниме вашето барање. Кога давате лични податоци за некој друг, најнапред треба да добиете согласност од ова лице, доколку неговата или нејзината согласност ја бара законот.

Ако вие или некој друг ни ги доставил вашите лични податоци за контакт и сакате да престанеме да ве контактираме, ве молиме да ги следите процедурите за отпишување или откажување на соодветната веб локација, билтен или известување преку е-пошта, или ве молиме контактирајте нѐ на www.ChurchofJesusChrist.org/DataPrivacy.

Можеме да ги обработиме или да ги направиме направиме јавно достапни личните податоци обезбедени од објавени извори. Можеме да обработуваме и објавуваме информации за живеење во согласност со важечките локални закони.

Вашите податоци за одредување на локација може да бидат собрани преку одредени мобилни апликации со цел да ви се помогне да ја пронајдете најблиската локација на храмот или куќата за средби или од слична причина. Можете да ги уредите поставките на уредот за се откажат услугите базирани на локацијата.

Кога посетувате некој од нашите ресурси, нашите сервери (користејќи датотеки за најавување или системи за филтрирање) може да собираат податоци што вашиот веб прелистувач ги испраќа секогаш кога посетувате веб страница. Овие податоци, меѓу другите ја вклучуваат вашата адреса на Интернет Протокол (IP адреса), тип на прелистувач, оперативен систем, приоритетен јазик, било која веб страна на која се повикувате а сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб страница, датата и времето на секое барање на посетителот, информации што сте ги побарале на нашите ресурси и други информации собрани преку колачиња или слични технологии. Ве молиме погледајте ја алатката за Приоритетни Колачиња („Алатка за Колачиња“) објавена на секоја од нашите мобилни апликации и веб страници за да дознаете повеќе за нашите колачиња, вклучително и типот на колачиња за да одредите кои колачиња ги користиме. Меѓутоа, ако не прифаќате колачиња, можеби нема да бидете во можност да користите некои делови или функции на нашите веб страници или апликации, како што е опишано во Алатката за Колачиња.

3. За која цел ги обработуваме личните податоци?

Ги обработуваме личните податоци за црковни, генеалошки, хуманитарни, социјални, мисионерски, наставни и други деловни и административни цели.

Ние користиме лични податоци за да обезбедиме црковни и други сродни услуги за да ја исполниме мисијата на Црквата. Ние може да ги користиме и анализираме личните податоци (вклучувајќи податоци за како да се користат алатки и услуги) за да (а) ве контактираме вас и другите, (б) за да ги создадеме и одржуваме членските записи, (ц) за да ги исполниме барањата што ги поставувате, (д) за да ги побараме вашите доброволни повратни информации, (е) за да ги прилагодиме или да ги персонализираме функциите или содржината на нашите алатки или услуги, (ф) за да ја процениме квалифицираноста за учество во храмски и други обреди, мисионерска служба, волонтерски или водечки позиции или (г) за да управуваме со црковно религиозното образование, благосостојбата, или другите црковни програми. Во овој контекст, правна основа за нашата обработка на вашите лични податоци е или потребата за извршување на договорни и други обврски кои ги имаме кон вас, или спроведување на нашите легитимни активности како Црква.

Ние исто така може да ги користиме вашите податоци поради почитување на постоечките закони и остварување на законските права како основа за нашата обработка на податоци.

Исто така можеме да ги употребиме вашите лични податоци за внатрешни цели, вклучувајќи ревизија, анализа на податоци, решавање на системски проблеми и истражување. Во овие случаи, обработката ја темелиме врз легитимните интереси при извршувањето на активностите на Црквата.

4. Со кого ги споделуваме личните податоци?

Вашите лични податоци ги споделуваме со други во следните околности:

a. Трети-лица како набавувачи. Ние може да пренесуваме лични податоци до трети лица за нивно процесирање во изведување на функции во наше име како обработувачи на податоци (на пример, обработка на плаќања, одржување, безбедност, анализа на податоци, услуги на поставување, мерења, податочно- управувана размена на пораки на социјалните медиуми, анкети и така натаму). Во такви случаи, во согласност со ова Известување и важечките закони, давателите на услуги се договорно обврзни да ги штитат личните податоци од дополнителна обработка (вклучувајќи за маркетиншки цели) и од пренесување.

б. Црковни единки. Можеме да ги пренесеме личните податоци до било која црковна единка за да ги исполниме целите на Црквата.

Вашите општи членски податоци (ако сте член на Црквата) и било какви изборни информации што може да ги дадете (на пример, адреса на е-пошта и фотографија или видео запис што го давате или што ние го доловуваме со ваша дозвола) може да биде споделен со членовите на Црквата од вашиот оддел или гранка и кол или округ, или со другите учесници во програмата во која вие учествувате, како што се бара за целите на Црквата наведени погоре. Некои од вашите податоци, може исто така да бидат видливи врз лимитирана и ограничена основа на нашите интернет ресурси, вклучувајќи ја ChurchofJesusChrist.org. Може да го откажете споделувањето на податоци или да го лимитирате споделувањето на податоците по слободен избор модифицирајќи ги вашите поставки на профилот на сопствените ресурси или контактирајќи не нас користејќи ги информациите обезбедени подолу.

ц. Законски барања. Можеме да пристапиме и да ги обелодениме вашите лични податоци, објави, записи во дневник, разговори на интернет, лични белешки, содржина или други поднесоци до кој било ресурс ако имаме добронамерно верување дека тоа е потребно со судска покана, преку судска или административна наредба, или доколку поинаку се бара со закон. Дополнително, ние може да ги објавиме вашите лични податоци и други информации: како што е наведено во законот или да ги оствариме или одбраниме законските права; да преземеме мерки на претпазливост против одговорноста; да ги заштитиме правата, сопственoста или безбедноста на ресурсот на кој било поединец или пошироката јавност; да се одржи и заштити безбедноста и интегритетот на нашите услуги или инфраструктура; да се заштитиме себе си и нашите услуги од лажни, погрдни или незаконски употреби; да истражуваме и да се одбраниме од барањата или наводите на трети лица; или да им помагаме на владините агенции да го преведат законот. можеме да ги откриеме вашите лични и други информации ако тоа законски се бара, или поради применување и одбрана на законските права; да преземеме мерки на претпазливост против одговорност; да ги заштитиме правата, сопственоста или безбедноста на изворот, поединецот или на јавноста воопшто; да ги одржиме и заштитиме безбедноста и интегритетот на нашите служби или инфраструктурата; да се заштитиме себеси и нашите служби од измамнички, навредливи или незаконски употреби; да истражиме и да се заштитиме себе си против тврдења или наводи на трети страни; или да им помогнеме на владините агенции при спроведувањето на законот.

5. Каде ги чуваме личните податоци?

Ние може да ги чуваме вашите лични податоци во центрите за податоци во Соединетите Држави, во решенија за складирање во облак, или во просториите на црковните единки. За да обезбедиме соодветна заштита на податоците што ги пренесуваме на другите области на делување, склучивме договори за трансфер и обработка на податоци помеѓу соодветните црковни единки и нивните даватели на услуги, чии договори вклучуваат Стандардни Договорни Клаузули одобрени од Европската Комисија во согласност со регулативата на ЕУ (што можеби ќе имате право да ја прегледате доколку не контактирате како што е предложено на крајот од ова Известување).

6. Како ги штитиме личните податоци?

Ние користиме технички и организациски мерки за да ги заштитиме личните податоци што ги добиваме од загуба, злоупотреба или неовластено менување и за да ја заштитиме нивната доверливост. Редовно ги прегледуваме нашите безбедносни процедури и ги земаме во предвид соодветните нови безбедносни технологии и методи. Ние исто така ја користиме најновата технологија за криптирање за да криптираме пренос на податоци на нашите страници за најавување. Меѓутоа, бидејќи не можеме да гарантираме целосна безбедност на овие технологии на криптирање, ве молиме бидете претпазливи кога поднесувате лични податоци на интернет.

7. Колку долго ги задржуваме личните податоци?

Ние ги чуваме собраните лични податоци, вклучувајќи информации собрани преку мобилни апликации и други поднесоци, во текот на разумен временски период, со цел да ги исполниме целите на обработка наведени погоре. Потоа ги архивираме на одредени временски периоди кои се потребни или се неопходни според закон или правни мислења . Кога архивирањето повеќе не е задолжително, ги бришеме личните податоци од нашата евиденција, со исклучок на ограничени историски информации за профилот, општи генеолошки записи и лични податоци што се чуваат како дел од траен генеолошки, членски или историски запис на Црквата.

8. Како можете да пристапите и да ги коригирате вашите лични податоци?

Се трудиме да ја задржиме точноста на личните податоци и се потпираме на вас за да осигураме дека вашите лични податоци се целосни и точни. Можете да побарате пристап до вашите лични податоци и да ги потврдите, исправите или прочистите (вклучувајќи и ажурирање), и да ги блокирате вашите лични податоци преку регистрација специфична за вашата веб страна, преку вашиот профил, и доколку е потребно преку вашата црковна корисничка сметка.

Ако сте член на Црквата, некои ваши лични податоци може да се ажурираат само со правење измени во записот за членство во Црквата. Таквите промени мора да се направат со контактирање на службеникот во вашата црковна единица и барање за промена.

Можете да контактирате со нас за да остварите дополнителни законски права, како што се преносливост на податоци, приговор во согласност со важечките закони, ограничување на обработката и бришење на вашите лични податоци. Вие исто така имате право да поднесете жалба до надзорен орган.

Ако имате проблеми со менувањето и ажурирањето на вашите лични податоци, можете да контактирате со нас како што е предложено на крајот од ова Известување.

9. Ефективен датум и промени.

Ова Известување стапува на сила на 6 април, 2021 година и може да се менува од време на време.

10. Контактирајте нѐ.

Прашања во врска со ова Известување или безбедноста на личните податоци што ние ги обработуваме може да се испратат преку нашата веб-страна, факс или е-пошта.

Веб-страна: www.ChurchofJesusChrist.org/DataPrivacy

Факс: +1-801-240-1187

Адреса: Data Privacy Office
50 East North Temple Street
Salt Lake City, UT 84150-0005
USA