Сите се добредојдени. Посетете некоја црква блиску до вас.
Најчесто поставувани прашања
Дали членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни се Христијани?
Да! Како членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни, ние веруваме дека Исус Христос е Синот Божји и Спасителот на светот. Тој нè сака повеќе отколку што можеме да замислиме. Ние се сметаме самите себе за приврзаници на Исус. Иако некои од нашите верувања се различни, ние веруваме дека преку Неговиот живот, служба, жртва и воскресение, Исус Христос нè спасува од гревот, страдањето и смртта.
Дознајте нешто повеќе за нашите верувања.
Како изгледаат Црковните служби?
Црковното време за служба варира од конгрегација до конгрегација. Како и да е, секогаш може да сметате на една главна богослужба за сите, проследена со часови за деца, млади, и возрасни.
Богослужбата за сите се нарекува „сакраментална средба“. Оваа средба се состои од песни, молитви, и проповеди (односно „говори“) дадени од различни членови на конгрегацијата секоја недела. Но најважниот дел од средбата е кога го земаме сакраментот (кој е сличен со причеста) за да се сеќаваме на Спасителот.
Дознајте нешто повеќе за неделните служби или најдете црква блиску до вас.
Зошто Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни има храмови?
За Светците од Подоцнежните Дни, храмот се разликува од другите Црковни објекти. Храмот е место каде Светците од Подоцнежните Дни добиваат посебни упатства за Бог и Исус Христос. Во храмот, членовите склучуваат вечни завети (или ветувања) со Бога. Ова ги вклучува: ветувањето за почитување на заповедите, за живеење на Евангелието на Исус Христос, за верност во бракот и помагањеи грижа едни за други со тоа што ќе го споделиме она што го имаме.
Исто така, бидејќи веруваме дека семејствата се вечни, голем дел од работата извршена во храмовите е семејните врски да станат уште посилни. Браковите во храмот се склучуваат за да траат вечно, а не само „додека смртта не ве раздели“. Родителите и децата стануваат вечни семејства во храмовите. Предците исто така можат да ги добијат сите благослови на храмот ако некој ги извршува светите обреди во нивно име и тие го прифаќаат тој чин на служба. Храмовите се места каде има многу луѓе и активности!
Што е Книгата на Мормон?
Книгата на Мормон е книга на инспиративни свети стихови кои нè поучуваат за Бог и Исус Христос. Таа ни помага да добиеме насока во нашите лични животи и може да ни помогне да се чувствуваме поблиску до Исус Христос. Од каде доаѓа името? Пред стотици години, древен пророк по име Мормон составил запис за неговиот народ. Тие се соочиле со истите предизвици како и ние што се соочуваме. И, како и нас, тие пронаоѓале сила кога ќе се завртеле кон Исус Христос. Добијте претставување на Книгата на Мормон од мисионери..
Книгата на Мормон ја дополнува Библијата како уште едно сведоштво за Исус Христос и Неговата божествена мисија како Спасител и Искупител на светот. Заедно, Библијата и Книгата на Мормон овозможуваат поголемо разбирање за големата љубов на Бог за сите нас и може да ни помогне да се приближиме до Него.
Дознајте повеќе за тоа како Библијата и Книгата на Мормон се надополнуваат..
Дали веруваме во Библијата?
Да. Библијата е словото Божје, том на свето писмо, а следењето на нејзините учења ни носи радост во нашите животи. Заедно со Библијата, ние исто така наоѓаме инспирацијаво други книги единствени за Црквата На Исус Христос на Светците од Подцнежните Дни. Сите тие работат се во функција да нè научат на важни вистини за Бог и Исус Христос.
Дознајте нешто повеќе за нашето верување во Библијата.
Развијте интимен однос со Бога Сретнете се со Мисионерите.
Запознајте се на интернет или лично. Ќе ви одговориме вашите прашања и ќе ве претставиме на вашата локална црковна заедница.
Порака за надеж
Заедница на верата фокусирана на Исус Христос
Добивај ги најновите вести од Црквата.
Добри работи се случуваат низ целиот свет. Добивај најнови актуелности за Црковните проекти, настани, напори за помош при катастрофи и многу други.